Бесплатни правни совети за членовите на Самостојниот синдикат на Клинички центри

Поради потребата на членството од правна помош, Извршниот одбор ја потврди претходно донесената одлука на Советот на Самостојниот синдикат на Клинички центри за потпишување договор со адвокатска канцеларија. Одлуката се реализира и во иднина членовите на Самостојниот синдикат на Клинички центри ќе можат да добиваат бесплатни правни совети, секоја среда од 13ч. и 30мин. до 15ч. и 30мин. во просториите на Синдикатот со претходно закажување кај Верче на тел. 02 3 147 116.