БиХ: На 10 септември генерален штрајк на докторите

Сојузот на Струковиот синдикат на докторите на медицина и стоматологија во Херцеговско – неретвинската жупанија одлучил дека поради непочитувањето на одредбите од Колективниот договор на членовите на синдикатот, во генерален штрајк ќе стапи од 10 септември.

Во изјава за Фена, Претседателката на синдикатот, Марина Берберовиќ потсетила дека минатата година со Владата на кантонот е потпишан нов колективен договор за вработените во здравството со кој е предвидено да се зголеми платата на докторите на медицина и стоматологија во три етапи.

Од 1.07.2019 година требало да започне втората фаза за зголемување на коефициентите за пресметка на платите, но не дошло до тоа, бидејќи, како што наведуваат од синдикатот, жупанската Влада во целост не го презела својот дел на обврски од Колективниот договор, а самите здравствени установи немаат доволно средства за да ги исплатат зголемените плати.

„Вечерва одлучивме да на 10 септември стапиме во генерален штрајк, се до исполнувањето на нашите барања. Ние немаме никакви нови барања, туку само сакаме да се испочитува тоа што е потпишано“, порачала Берберовиќ.

Според неа, синдикатот на почетокот на месецот ја потсетил кантоналната влада дека од 1.07 стапува новата етапа за зголемување на платите, како и побарано е да се одржи состанок доколку тоа е потребно. Меѓутоа, до ден денеска никој од кантоналната влада не реагирал и не се обратил на синдикалците, додала Берберовиќ.

Колективниот договор за правата и обврските на работодавачите и работниците од областа на здравството во жупанијата бил потпишан во јули минатата година. Во текот на чинот на потпишувањето, Претседателот на Владата на жупанијата, Невенко Херцег рекол дека спроведувањето а одредбите од новиот колективен договор бара издвојување на „значајни финансиски средства“, како и додал дека Владата е подготвена заедно со менаџментот на здравствените установи и сите оние кои имаат обврска кон здравствениот систем да ги осигураат тие средства.

Извор: www.rabotnik.com.mk  Aug. 21, 2019 at 1:16 pm