Администрацијата за храна и лекови на САД издаде Овластување за итна употреба на вакцината на Pfizer-BioNTech за Ковид 19

 На 11 декември 2020 година, Администрацијата за храна и лекови на САД издаде Овластување за итна употреба на вакцината на Pfizer-BioNTech за Ковид 19 кај лица постари од 16 години. Бидејќи снабдувањето со вакцината за Ковид 19 во Соединетите држави на почетокот ќе биде ограничено, Американскиот центар за превенција и контрола на болестите (Centers for Disease Control and Prevention – CDC) препорачува првичните залихи на вакцината да бидат распределени на здравствениот персонал и на лица сместени во установи за долготрајна грижа . Овие препораки се дадени со следните цели: Да се намали смртноста и сериозните заболувања; Да се зачува функционирањето на системот и Да се намали товарот што го носи Ковид 19 врз луѓето кои веќе се соочуваат со диспаритети.

Американскиот систем за безбедност на вакцините гарантира посигурна примена на сите вакцини.        Се применуваат 2 дози од вакцината за Ковид 19. Втората доза се аплицира 3 недели по првата со цел да се постигне најголема можна заштита што ја пружа вакцината. Вакцините за американските граѓани ќе бидат бесплатни.

Извор: CDC 14.12.2020