Самостојниот синдикат на клинички центар на фудбалерите и на стручниот штаб на фудбалската федерација на Македонија им ја честита победата над Грузија и пласманот на Европското првенство во фудбал во 2021 година.
Со големо срце, храброст, заедништво и верба во себе докажавте дека и највисоко поставените цели и желби можат да станат реалност.
Со оваа голема победа не само што ги израдувавте граѓаните на Македонија во ова тешко време, туку им влеавте надеж и верба во подобра иднина.
Она што особено фасцинира во Вашата работа и пристап е посветеноста, сплотеноста, заедништвото и вербата во успех, без оглед на етничката, верска, партиска и било каква припадност во настапите за репрезентацијата на Македонија.
На овој начин на дело го покажувате единствениот можен начин за успешна работа на секоја институција во РС Македонија.
Заедништвото и сплотеноста на своите членови е едно од основните начела и во работата на ССКЦ.
Со овој историски успех, на членовите на ССКЦ, и на сите други вработени во јавните и приватните здравствени установи во РС Македонија им дадовте дополнителен мотив и енергија да издржат и да ја добијат битката со пандемијата со Ковид 19.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ.
ССКЦ 12.11.2020 год.