Германија бара стручњаци: По новиот закон граѓаните од Западен Балкан се привилегирани

Штефан Мајер, Секретар во Министерството за внатрешни работи на Германија за Дојче Веле зборувал за новиот закон и како ќе се постапува кога тој ќе стапи на сила, а сеуште е на сила правилото за Западен Балкан.

„Во средиштето на законот за вселување на стручна работна сила се стручњаците, односно квалификувани работници од земји кои не се членки на Европската Унија“, вели Мајер.

Според неговите зборови, во многу сегменти е забележан недостаток на стручњаци и затоа ќе се овозможи вселување во Германија поради вработување, како и доаѓање со цел за барање на работно место и места за стручна обука. Со овој закон по првпат се воведува едниствениот поим на стручњаци односно квалификувани работници.

Во иднина нема повеќе да се применува правилото по кое предност при вработување имаат државјаните на Германија или некоја друга земја на ЕУ. Ќе се укине и листата на таканаречените дефицитарни професии, така да сите групи на вработени ќе се третираат на ист начин.

На некој начин, граѓаните од Западен Балкан се привилефирани, рекол тој за ДВ.

Кој ги исполнува условите за вселување по двете правила може да го избере тоа што е за него поповолно. Ако некој не ги исполнува барањата за вселување по новиот закон, тогаш за таа личност сеуште постои можност за вселување во Германија на основа на правилата за Западен Балкан.

Правилото за вработување на граѓаните од Западен Балкан содржи и можност за вработување на полуквалифицирани и неквалификувани работници. Тоа довело да обработката за податоците на неквалификуваните работниците да трае долго.

„Не би рекол дека во сите преставништва ќе има гужви и застои, бидејќи новиот закон ги засега замо квалификуваните работници“, истакнал Мејер, но додава дека засилените навалувања врз дипломатските преставништва не се исклучени.

Тој нагласил и дека во Германија преку мерките за вработување од Западен Балкан дошле голем број на полуквалифукувани и неквалификувани работници, од кои најголемиот дел се постари луѓе. Според него, ова може да предизвика Германија да се соочи со додатно оптоварување поради пензијата на овие работници.

Извор: www.rabotnik.com.mk  Aug. 18, 2019 at 12:00 pm