Германските компании масовно воведуваат скратено работно време

Скратеното работно време е се поприсутно во германските компании од секторот индустрија, покажуваат резултатите на истражувањето на минхенскиот институт ИФО.

Во производниот сектор 5,5 отсто од компаниите веќе вовеле скратено работно време, во споредба со севкупно 3,8 проценти во јуни, се наведува во соопштението на ИФО доставено на Танјуг.

Истовремено, дури 12,4 отсто од компаниите очекуваат дека во наредните три месеци ќе воведат скратено работно време, во однос на само 8,5 проценти во јуни.

„Тоа значи дека бројот на компании со скратено работно време сега го достигна нивото кое последен пат е забележано на врвот на рецесијата 2012/13 година. Тогаш бројот на работници со скратено работно време се зголемил на 100,000“, вели Тимо Волмершојзер, шеф на ИФО задолжен за економска прогноза.

Се наведува и дека работењето на скратено работно време е еден од избраните начини кога компаниите сакаат да ги задржат квалификуваните работници и покрај тешките економски времиња.

„А од економска перспектива, додатоците за скратено работно време се едни од автоматските стабилизатори кои државата барем делумно ги надоместува загубите на приходи по основ на данок и придонес на плата и заработка во текот на фазата на економската слабост“, оценил тој.

Скратеното работно време во германската индустрија моментално е сконцентрирано во седум сектори, според истражувањата на ИФО. Најтешко е погодена текстилната индустрија, каде 20 отсто од претпријатијата вовеле скратено работно време, потоа компаниите кои произведуваат електрична опрема (11 проценти), компаниите за производство и преработка на метал (10 проценти), како и компаниите кои прават производи од метал (9,0 проценти).

Кај компаниите од секторот машинство и кај произведувачите на автомобили тоа е 7,0 проценти, а 6,0 проценти кај тие што произведуваат хартија и картон.

Извор: www.rabotnik.com.mk   Sep. 26, 2019 at 2:40 pm