Глобалните образовни синдикати денеска го прославуваат Меѓународниот ден на младите

Меѓународната Федерација на синдикати од образование  – ЕИ денеска го прославува Меѓународниот ден на младите и се придружува на глобалното синдикално движење, стоејќи заедно и испраќајќи порака до младите работниците на сегашноста и иднината, како и на оние коишто ја поседуваат моќта во и над светот на работата. Образованието ги овозможува човечките права и јавните добра со потенцијал за трансформација на животите на индивидуите, општествата и државите.

Додека темата за Меѓународниот ден на младите 2019 година е „Трансформирање на образованието“, глобалното синдикално движење длабоко жали поради тоа што светот е „целосни вон насока“ и нема да успее да ги имплементира одржливите развојни цели (СДГ)4 – за квалитетно образование – на одржливо – развојната агенда до 2030 година.

Во нивното соопштение за 12 август, Меѓународниот ден на младите, глобалните синдикални организации низ сектори забележуваат дека: „денешната генерација на млади е најголема во историјата. Сепак многу често низ светот, можностите за младите луѓе за да се вклучуваат политички, економски и социјално се константно ограничени и потценети. Глобално, економското исклучување и невработеноста на младите остануваат двата најголеми предизвици со кои се соочуваме“.

„Младите се клуч во постигнувањето на одржливи општества“, истакна Генералниот Секретар на ЕИ, Дејвид Едвардс. „Едукаторите низ светот на ова сведочат секојдневно, го разбираат ова и поради се одлучни да создадат поквалитетно образование за сите. Нивните синдикати се силно посветени на работењето со јавните власти за да се осигура СДГ4 да бидат постигнати до 2030 година. На нашиот последен Конгрес кој се одржа во јули, ние бевме среќни да видиме толку многу млади образовни активисти кои искажаа подготвеност за да преземат одговорност во нивните синдикати и да водат кон иднината“.

Меѓународниот ден на просветните работници ќе се насочи кон младите

Во 2019 година, Меѓународниот ден на просветните работници ќе се прославува и ќе се поврзе со младите и образованието преку темата: „Млади просветни работници: Иднината на професијата – 5 октомври“. На овој ден ќе се адресираат некои од клучните проблеми за зачувување на најбистрите умови и младите таленти во професијата.

Позадина

Моментално има 1,8 билиони млади луѓе на возраст помеѓу 10 и 24 години во светот. Ова е најголемата популација на млади досега. Но, повеќе од половина од децата и адолесцентите на возраст од 6 до 14 години не знаат да читаат и немаат математички вештини, и покрај фактот што големиот дел од нив одат на училиште. Оваа глобална криза на учење се заканува сериозно да го наруши прогресот кон СДГ.

12 август бил прогласен за Меѓународен ден на младите од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации во 1999 година и служи како годишно прославување на улогата на младите жени и мажи како есенцијални партнери во промената и можноста да се зголеми свеста за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите.

Извор: www.rabotnik.com.mk  Aug. 12, 2019 at 9:52 am