Дејвид Јулиус и Ардем Патапутиан се добитници на Нобеловата награда за медицина или физиологија

Дејвид Јулиус (David Julius) и Ардем Патапутиан (Ardem Patapoutian) ја делат наградата за идентификување на рецептори кои им овозможуваат на клетките на телото да почувствуваат температура и допир.

Двајцата истражувачи кои ја открија молекуларната основа за способноста луѓето да чувствуваат температура и допир, ја освоија годинашната Нобелова награда за физиологија или медицина.

Физиологот Дејвид Јулиус од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско (UCSF) користеше капсаицин – соединение што им дава на лутите пиперки вкус – за да пронајде протеин наречен TRPV1 кој реагира на болна топлина. Молекуларниот невробиолог Ардем Патапутиан во Scripps Research во La Jolli, Калифорнија, идентификуваше рецептори во кожата и другите органи кои реагираат на механички сили, како што се оние кои настануваат со допир и притисок.

Покрај објаснувањето на основната биологија на сетилата, наодите имаат потенцијална медицинска примена: за борба против хроничната болка.

Извор: Nature 04.10.2021