Дигитална алатка која предвидува кој пациент со КОВИД-19 има зголемен ризик од несакан исход – COVAS скор

Една нова студија во the American Journal of Emergency Medicine известува за алатка за проценка развиена од Kaiser Permanente researchers and physicians, која им помага на пациентите да добијат соодветна нега, кога им е потребна, со точно предвидување на веројатноста дека пациентите со симптоми на КОВИД-19 ќе доживеат тешка болест.

Алатката за проценка на Кајзер, наречена COVAS скор (The Kaiser assessment tool – the COVAS score) веќе е вметната во системот за електронски здравствени досиеја низ целиот Kaiser Permanente во Јужна Калифорнија, каде дава смерници за клиничките одлуки во одделите за итни случаи и во центрите за итна нега.

COVAS скорот ги користи следните варијабли: коморбидитети, дебелина / БМИ ≥40, витални знаци, возраст и пол,

Резултатите од овој скор може да дадат смерници за клиничките одлуки за тоа кои пациенти можат да имаат корист од понатамошно дијагностичко тестирање или од прием во болница.

Во оваа студија објавена на 4 ноември 2020 година, COVAS скорот точно ја предвиде веројатноста за потреба на пациент со КОВИД-19 за критична респираторна нега во наредните 7 дена.

„Бидејќи пандемијата повторно се зголемува, и хоспитализациите се зголемуваат, лекарите од првата линија често мора да донесат брзи одлуки за хоспитализација или отпуштање на пациенти со симптоми на КОВИД-19“, рече Адам Шарп, доктор по ургентна медицина, кој исто така е истражувач за Одделот за истражување и проценка на Kaiser Permanente во Јужна Калифорнија, во соопштение за јавноста.

„Создадовме проценка на ризик која опфаќа многу различни варијабли кај пациентот и со која може да се предвиди критичен лош исход – без никакво лабораториско или дијагностичко тестирање“.

Резултатите ги информираат здравствените системи и здравствените работници од првата линија за тоа кои пациенти со симптоми на КОВИД-19 како треска, кашлица, отежнато дишење и замор, се изложени на најголем ризик од смрт или респираторна декомпензација за која е потребна вентилација или кислород со голем проток.

Целиот труд погледајте го тука

Извор: the American Journal of Emergency Medicine 4.11.2020