Жито Маркети

admin

Адресаул. Благој Ѓорев бр.166, Велес 
Тел. 070 375 405 Горан

Поволност: безготовинско плаќање на 2 рати без камата со Жито картичка   

Подигањето на производите, односно користењето на услугите на давателот на услугите, членот на Синдикатот може да го изврши само со приложување на кодирана Жито картичка.
ДПТУ,,ЖИТО,, на членот на Синдикатот ќе му изготви кодирана картичка со сериски број која ќе содржи податоци за корисникот на услугите и врз основа на која ќе се врши подигање на производи од Жито маркетите. Кодираните картички ќе се подигаат во Синдикатот.
Подигањето на производите корисникот на Жито картичка може да го врши во периодот од 01-ви до 30-ти односно 31-ви во месецот се до искористување на максималниот предвиден износ наведен во барањето.За купените производи корисникот на Жито картичка добива две потврди од кои едната останува за него, а другата потпишана од негова страна останува кај давателот на услугата.
Плаќањето на подигнатите производи е на две рати и тоа: првата рата е со запирање од првата наредна плата, а втората со запирање од втората наредна плата сметано од месецот во кој се купени производите.

Почитувани пријатели,
Од отворањето на првиот С.Т.Д. во Велес, во далечната 1988 година па се до денес „Жито“ маркети располагаат со 51 супермаркети распределени во повеќе општини во Македонија: Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Чашка,  Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино, Гостивар, Облешево, Кичево. Со своите преку 600 вработени претставуваме препознатлив бренд во својата област.
Многубројните признанија кои ги добиваме како она од 2010 година кога бевме прогласени за најдобар трговски објект во категоријата на супермаркети ни даваат дополнителен поттик во насока на секојдневно подобрување на квалитетот на услугата која ја нудиме.
Во ниту еден момент, како на почетокот кога беше приоритет да се имаат основните прехрамбени производи во доволни количини, така и денес кога конкуренцијата е огромна и треба да понудите нешто плус и поразлично, не одстапуваме од нашите основни постулати на кои се потпира целокупната наша концепција за работа: ниски цени, љубезност и квалитет.

За да ја користите поволноста за плаќање на рати, потребно е:

  • најпрво да пополните потврда, и да ја заверите во Вашата здравствена установа.
  • да пополните и потпишете две изјави (една за продавачот и една за Синдикатот).
.page-template-agents .penci-wide-content{ max-width: calc(100% - 300px); }