Зошто вакцината за Ковид-19 е толку важна?

Ковид-19 сè уште го опустошува светот. Како што доаѓа зимата, стапката на инфекција се зголемува.

Притоа, светот со месеци е исцрпен од задолжително носење маска, социјално дистанцирање, полициски час и рестрикции. Вакцината е најмоќниот начин за спречување на болеста.

Кога луѓето се вакцинираат против одреден вирус, се активира имунолошкиот систем кој  реагира веднаш доколку лицето биде изложено на тој вирус во иднина и го уништува со створени антитела против него, и на тој начин спречува развој на болест.

Откако ќе се вакцинираат доволно луѓе од популацијата, вирусот ефективно ќе престане да се шири со стекнување на тн. „имунитет на стадо“.

Вреди да се напомене дека од почетокот на пандемијата, во многу земји се споменува „имунитетот на стадо“ , но во контекст на изложување на луѓето на вирусот, а не преку вакцинирање. Според Светската здравствена организација (СЗО) тој пристап е „научно и етички проблематичен“.

„Да се ​​остави вирусот да циркулира неконтролирано значи да се дозволат непотребни инфекции, страдања и смрт“, изјави СЗО.

Постарите луѓе и оние со хронични болести се изложени на најголем ризик од тешко заболување и смрт. Истовремено, луѓе од сите возрасти биле заразени и починале.

Низ историјата, луѓето развиле вакцини за голем број болести опасни по живот, вклучувајќи менингитис, тетанус, сипаници и детска парализа. Но, честопати се потребни години, па дури и децении за да се развие ефикасна вакцина.

Со цел да се обезбеди сигурност и ефикасност, вакцината обично поминува низ пред-клинички истражувања, три фази на клинички испитувања, регулаторно одобрување и производство пред да се пушти во промет. Истражувачите низ цел свет дадоа голем напор и превземаа низа мерки за забрзување на овој процес за справување на пандемијата со Ковид-19.

Од 22 декември, според СЗО во клинички студии беа вклучени 61 вакцина – кандидати за Ковид-19, од кои 16 се веќе во III Фаза на испитување, а пет од нив се од Кина.

Истражувањето за вакцини во Кина ја цени брзината и безбедноста. Усвои пет технолошки пристапи.

Во октомври, Кина се приклучи на COVAX, меѓународна иницијатива чија цел е да се обезбеди правичен глобален пристап до вакцините Ковид-19, ветувајќи дека „ќе ги направи вакцините развиени и распоредени од Кина како глобално јавно добро, што ќе им бидат дадени на земјите во развој како приоритет“.

Земјата најверојатно ќе произведе над 610 милиони дози вакцини за Ковид-19 до крајот на годината.

Иако вирусот мутирал во последните неколку месеци, здравствените експерти веруваат дека сегашните вакцини сепак можат да бидат ефикасни. Вакцините исто така лесно се прилагодуваат против мутациите.

За светот, пристапот до вакцините Ковид-19 носи надеж за враќање на животот на вистинскиот пат.

Извор: cgtn.com 29.12.2020