Илон Маск: Да се нападне Марс

Да се „нападне“ Марс сè уште e на списокот желби на Илон Маск.

Пред четири години, основачот и извршен директор на „Спејсекс“ во шоуто на  Стивен Колберт дискутираше за стратегијата за правење на Црвената планета „погодна за живот“: детонациски нуклеарни бомби над половите на Марс.  Експлозиите би испариле големо количество од мразот на Марс, ослободувајќи доволно водена пареа и јаглерод диоксид – и двата моќни гасови  за значително да ја загреат планетата и со создавање на ефект на стаклена градина би ја чувале водата на површината недозволувајќи и да замрзне или  испари.

Овој концепт за трансформирање на црвената планета за човечко живеалиште очигледно сè уште е во главата на Маск, затоа што во четвртокот (15 август), тој твитираше, навидум спонтано, „Nuke Mars!“

Elon Musk

@elonmusk

Nuke Mars!

253k

6:23 AM – Aug 16,2019

Неколку часови подоцна, следеше уште  еден твит: „Наскоро маица“.

Извор: Space.com by Mike Wall

Let’s Nuke Mars!