Конвалесцентната плазма е неефикасна кај критично болните со Ковид-19, но можда има ефект кај имунокомпромитираните пациенти со Ковид-19

Во најраните денови на пандемијата со Ковид-19, медицинската заедница се сврте кон вековен третман: Земете крв од оздравените пациенти и дајте им ја на болните, се наведува во соопштението за печат издадено од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург (UPMC) на 4 октомври 2021 година.

Хипотезата беше дека компонентите во таканаречената „конвалесцентна плазма“ кои еднаш ја спречиле болеста, можат повторно да го сторат тоа, што функционираше и кај други болести, како што е еболата.

Меѓународен истражувачки тим, во кој беа вклучени лекари-научници и пациенти на UPMC, ја истраѓуваше ефикасноста на третманот со конвалесцентна плазма.         

Клиничкото испитување од фаза 4 заклучи дека конвалесцентната плазма е „неефикасна“ во лекувањето на Ковид-19 кај повеќето критично болни пациенти.

Притоа, истражувачите не можеа да утврдат зошто конвалесцентната плазма не ги подобри резултатите кај повеќето критично болни пациенти.

„Имаше биолошки веродостојни причини да се свртиме кон конвалесцентната плазма рано во пандемијата на Ковид-19, кога стотици илјади луѓе се разболуваа, а третманите допрва требаше да се откријат“, вели ко-водечкиот истражувач Брајан Меквери, вонреден професор по пулмонална медицина, алергологија и интензивна медицина на UPMC.

„За жал, или се администрираше надвор од клиничките испитувања или во испитувања кои не беа фокусирани на критично болни пациенти, успорувајќи ја можноста да се утврди дали делува“.

„Конечно, со овие резултати, можеме да ставиме крај на употребата на конвалесцентната плазма за најкритичните болни со Ковид-19 и да се фокусираме на третманите за кои знаеме дека функционираат, како и на развојот и тестирањето на подобри и поефикасни терапии“.

Меѓутоа, резултатите беа поинакви кај 126 пациенти кои беа со ослабен имунитет.

Се чини дека оваа група реагира малку подобро на третманот со конвалесцентна плазма отколку стандардниот третман, но бројот на пациенти беше премногу мал за да даде конечна изјава.

Рандомизираните учесници во имуноглобулинскиот домен добија две единици конвалесцентна плазма со висок титар, компатибилни со АБО (вкупен волумен од 550 мл ± 150 мл) во рок од 48 часа по рандомизацијата.

„Можеби пациентите со оштетен имунолошки систем, кои не се во состојба да обезбедат ефективен имунолошки одговор, сепак би можеле да имаат корист од антителата присутни во крвната плазма од пациентите оздравени од Ковид-19, особено на почетокот на болеста“, рече Лисе Есткурт, д -р, вонреден професор по хематологија и трансфузиона медицина на Одделот за медицина во Редклиф на Универзитетот Оксфорд и директор на Одделот за клинички испитувања на крв и трансплантација на Националната здравствена служба на Обединетото Кралство.

„Ова е нешто што дефинитивно бара понатамошно испитување“.

Извор: Коронавирус денес 06.10.2021