Мерки за заштита од Ковид-19

Мерки за самозаштита

Често миење раце      

  • Мијте ги рацете често со сапун и вода најмалку 20 секунди, особено откако сте биле на јавно место, или откако ќе издувате нос, кашлате или кивате.
  • Ако сапун и вода не Ви се достапни, користете средства за дезинфекција кои содржат најмалку 60% алкохол или алкохолни марамчиња.
  • Опфатете ги сите површини на вашите раце и тријте ги додека не ги чувствувате суви.
  • Избегнувајте допирање на очите, носот и устата со неизмиени раце.

Избегнување близок контакт со луѓе

  • Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.
  • Држете растојание помеѓу себе и другите луѓе од 1,5 до 2м ако болеста е раширена во вашата заедница. Ова е особено важно за луѓето кои се изложени на поголем ризик од заболување, како и исходот на болеста.

Мерки за заштита на другите

Покријте ги носот и устата при кашлање или кивање

  • При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место.
  • Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.
  • Веднаш измијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди. Ако сапун и вода не Ви се достапни, исчистете ги рацете со средства за дезинфекција кои содржат најмалку 60% алкохол или со алкохолни марамчиња.

Постапка за патници кои доаѓаат од високоризични и средноризични земји

  • Сите патници кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик треба да се задржат во самоизолација од 14 дена во нивниот дом и да пријават на надлежните доколку почувствуваат симптоми.

Што доколку се сомневате дека сте заболени од КОВИД-19

  • Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, сите патници, кои пристигнуваат од ризичните региони, како и тие кои се во самоизолација, веднаш штом почувствуваат какви било симптоми, карактеристични за КОВИД-19 треба да се јават на телефоните за контакт при епидемиолошките служби, кои се достапни за територијата на целата држава.
  • Да не се оди на матичен лекар за да се избегнат ситуации во кои тие се ставаат во директен контакт и ризик со можно заболени пациенти.

Како до правилна домашна самоизолација

  • Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.
  • Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.
  • Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.
  • Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.
  • Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.
  • Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1,5 и 2 метри.
  • Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.
  • Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.

Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје.

Броеви за контакт доколку имате симптоми на КОВИД-19:

ИЈЗ Скопје 078 387 194​​​​​
ЗД Скопје – Ало докторе 02 15 123
ЦЈЗ Скопје 071 289 614
ЦЈЗ Битола 071 261 330
ЦЈЗ Тетово 075 240 464
ЦЈЗ Штип 078 365 613
ЦЈЗ Велес 071 219 278
ЦЈЗ Кочани 071 373 913
ЦЈЗ Куманово 070 215 851
ЦЈЗ Охрид 070 723 029
ЦЈЗ Прилеп 076 475 747
ЦЈЗ Струмица 072 235 543
ПЕ Гостивар 076 365 161
ПЕ Гевгелија 078 545 444

Чекори кои треба да ги превземете доколку сте заболени од КОВИД-19

При полесни симптоми
  • Останете дома: Доколку имате лесни симптоми може да се лекувате во домашни услови. Не излегувајте, освен при потреба од медицинска помош. Не посетувајте јавни места.
  • Бидете во контакт со вашиот лекар.
  • Бидете подалеку од другите луѓе во вашиот дом (домашна изолација). Доколку сте во можност користете посебна просторија и бања.
  • Ограничете го контактот со домашни миленици и животни. Иако нема извештаи за домашни миленици или други животни да се разболат со COVID-19, сепак се препорачува луѓето со вирусот да го ограничуваат контактот со животните сè додека не се знаат повеќе информации. Доколку е можно, друг член од Вашето семејство да се грижи за вашите животни додека сте болни. Доколку мора да се грижите за вашето домашно милениче или да бидете околу животни додека сте болни, измијте ги рацете пред и откако ќе бидете во контакт со нив.
  • Треба да носите маска за лице ако сте во близина на други луѓе (на пример, споделување просторија или возило) и пред да влезете во ординацијата на Вашиот доктор. Ако не сте во можност да носите маска за лице (на пример, затоа што Ви предизвикува проблеми со дишењето), при кашлање или кивање треба да ги покриете носот и устата со марамче за еднократна употреба или со внатрешната страна на лактот, а луѓето кои се грижат за Вас треба да носат маска за лице кога се во Ваша близина.
  • Треба да носите маска за лице ако сте во близина на други особи и пред да влезете во ординацијата на Вашиот доктор. Доколку не сте во можност да носите маска за лице (на пример, затоа што Ви предизвикува проблеми со дишењето), тогаш луѓето кои живеат во домот треба да бидат во друга просторија. Не се препорачуваат посетители, освен старатели. Кога старателите влегуваат во Вашата соба, треба да носат маска за лице.
При посериозни симптоми
  • Веднаш контактирајте го вашиот лекар. Јавете се пред да добиете лекарска помош. Ова ќе помогне на здравствениот персонал да се заштити себеси и да ги заштити другите пациенти.
  • Избегнувајте користење јавен превоз, возење со придружба (освен со старател) или такси.