Канал 5 ТВ: Институтот за трансфузиона медицина со европски стандарди и нов начин за прибирање на крв

Институтот за трансфузиона медицина доби реновирани простории,  современа апаратура  и нови возила. Реновиран е одделот за продукција, просториите за процесирање на дарувана крв, чување на свежо смрзната плазма.

Со инвестицијата која чини 730 илјади евра се воведуваат европски стандарди за поголем квалитет во трансфузиологијата како една од најзначајните алки во здравствениот систем во државата, бидејќи крвта е драгоцена и спасува човечки животи, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Директорот на Институтот Садула Усеини информираше дека воведен е и нов метод т.н. „ладен ланец“, кој е современ начин за прибирање на крвта.

Извор: Канал 5 ТВ  Јана Јосифоска 14 септември 2019, 14:06

Целата објава погледајте ја тука