Кајгана: Facebook од денеска почнува да го крие бројот на лајкови на објавите

Откако мерката првично беше најавена за на Instagram, и Facebook од денеска почнува со криење на лајковите на објавите, прво во Австралија, а потоа и во други земји.

Сопствениците на корисничките профили и понатаму ќе имаат увид во бројот на лајкови и реакции на објавите, но не и нивните пријатели и следачи.

Целта на ограничувањето на видливоста на бројот на лајкови е да се направи Facebook мрежа на која веќе нема да биде важно кој има повеќе лајкови, односно кој е попопуларен, пишува Кајгана.

Извор: www.kajgana.com  27. СЕПТЕМВРИ 2019 – 10:10 | А.С.

Целиот текст прочитајте го тука