КОВИД-19 пациентите се најзаразни во првите пет дена

Кинетиката на вирусното оптоварување и времетраењето на отстранувањето на вирусот се важни детерминанти за пренесување на болеста.

Една мета-анализа на д-р Муге Севик и неговите сор. од Универзитетот во Сент Андрјус, Велика Британија објавена во „Лансет“ на 19 ноември 2020 година, открива дека „иако отстранувањето на РНК на САРС-КоВ-2 во респираторните примероци и во примероците од столицата може да е пролонгирано, вијабилниот вирус трае кратко.

Во систематскиот преглед беа пребарувани бази на податоци во кои беа вклучени MEDLINE, Embase, Europe PubMed Central, medRxiv, bioRxiv и сива литература, за истражувачки написи објавени помеѓу 1 јануари 2003 година и 6 јуни 2020 година.

Повеќето студии откриле дека врвот на вирусното оптоварување со САРС-CoV-2 е во текот на првата недела на болеста КОВИД-19. Наодите на оваа мета-анализа потенцираат дека „изолационите постапки треба да започнат веднаш со идентификување на било кој симптом на КОВИД-19“, како на пр. губење на мирис или вкус. „Иако се чини дека оптоварувањата на вирусни РНК во голема мерка се слични меѓу оние со и без симптоми, неколку студии сугерираат дека асимптоматските лица можат побрзо да го исчистат вирусниот материјал од нивните тела. Целата статија може да ја погледнете тука. Извор: The Lancet microbe 19.11.2020 година