Кога здравствените работници се изложени на ризик, сите сме во опасност

                        Изјава на Директорот на СЗО,                           Тедрос Аданом Гебрејсус

Особено сме загрижени од големиот број на инфекции пријавени кај здравствените работници. Во некои земји има извештаи за повеќе од 10 проценти од здравствените работници кои се заразени. Ова е алармантен тренд. Кога здравствените работници се изложени на ризик, сите сме во опасност.

Искуствата од Кина, Италија, Сингапур, Шпанија и САД ни помагаат да разбереме зошто се случува ова и што можеме да сториме за тоа.

Податоците покажуваат дека некои здравствени работници се заразени надвор од здравствените установи, во нивните домови или заедници.

Во здравствените установи, вообичаени проблеми се доцното препознавање на КОВИД-19 или недоволна обука или неискуство во справувањето со респираторните вируси.

Многу здравствени работници исто така се изложени на голем број на пациенти при долги смени со несоодветен период за одмор.

Податоците исто така покажуваат дека инфекциите можат да се спречат, доколку здравствените работници носат лична заштитна опрема на адекватен начин. Овие факти ја потврдуваат важноста на здравствените работници да им се достапни соодветни маски, ракавици, наметки и други лични заштитни средства кои им се потребни за да ги извршуваат своите работи безбедно и ефикасно.

Извор:  Изјава на генералниот директор на СЗО на брифингот за медиуми за КОВИД-19                                10 април 2020 година