Коронавирусот ја инфицира устата и може да се шири преку плунка

Истражувачите велат дека пронашле докази дека коронавирусот ја инфицира устата, вклучително и внатрешноста на образите, непцата и плунковните жлезди. Кога луѓето ќе проголтаат заразена плунка, тие можат да го шират вирусот и во други делови од нивните тела.

Студијата, објавена во списанието „Nature Medicine“ , може да објасни зошто толку многу заразени го губат чувството за вкус и сугерира дека устата е важен извор на ширење на „Ковид-19“. Претходно беше познато дека тестирањето на плунка е добар начин да се открие инфекцијата, но истражувачите не бараа да видат зошто.

„Кога ќе се проголта заразената плунка или се вдишат ситни честички од неа, мислиме дека може потенцијално да го пренесе САРС-CoV-2 понатаму во грлото, белите дробови или дури и во цревата“, вели д-р Кевин Бирд од Американското здружение за стоматолози и Институт за истражување, кој работеше на студијата.

Устата, носот, синусите, грлото и белите дробови се поврзани, а вирусот може да се прошири низ сите места каде слузта се цеди или се искашлува. Вирусот е откриен во околу половина од плунковните жлезди кај примероци на орално ткиво од луѓе кои починале од Ковид-19.

Студијата исто така откри докази дека луѓето кои имаат негативен тест од брис од нос, понекогаш продолжуваат да бидат позитивни на тест на плунка, нагласувајќи дека дури и ако вирусот се исчисти од назофаринксот, тој би можел да опстојува во плунка.

Извор: Coronavirus Update 26.03.2021