DW: Кој се лечи во македонските болници

Македонските болници се празнат. Но не од пациенти туку од лекари. Профилот на македонскиот лекар емигрант е: маж, просечна возраст 39,7 години. Кои се причините за тоа?

Работни места за лекари во Германија, курсеви по германски јазик за медицински персонал се само дел од понудите на интернет со кои се привлекуваат младите македонски доктори по медицина да заминат во странство . Според податоците од истражувањето на Лекарската комора на Македонија вкупниот број емигрирани лекари е приближно 12% од лиценцираните лекари, со тренд на пораст. Најпожелни дестинации се: Германија, Словенија, Блискиот Исток, Северозападна Европа и Швајцарија. Најзначајни фактори што ја поттикнуваат емиграцијата се: невработеноста, немањето пристап до рана и квалитетна доедукација, обука и специјализација, како и финансиите.

Причината зошто Германија е главната дестинација на македонските лекари емигранти е преголемата апсорптивна моќ на Германија, можноста веднаш да се почне со платена работа додека се завршува т.н. пробација, можност за добивање платена специјализација, одлични услови за одмор, дополнителна работа, платени дежурства.

Без подобрување на статусот и стандардот, покрај во Хипократовата заклетва, младите лекари „ќе се колнат“ и во Германија.

Извор: DW.COM ǀ 08.08.2019

Целосниот текст можете да го прочитате тука