Сања Ѓоревски од Струга осум години бара работа како лекар и никаде не ја примаат. Оваа 34 годишна лекарка од 2011 година до сега се пријавувала за работа на сите конкурси
(вкупно осум во Струга и Охрид), но секаде била одбиена без никакво образложение.
„Досега работа барав на 8 конкурси, од кои 3 во Општата болница во Струга, 1 во Заводот за нефрологија, 2 конкурси во Општата болница во Охрид и 2 во Здравствен дом во Струга. Секаде сум одбиена без никакво образложение, само ја добивав Одлуката со одбиените кандидати и толку“, изјави за НОВА, Сања Ѓоревски, лекарка која дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје.
Извор: Нова ТВ Менче Атанасова Точи ׀ July 17, 2019-10:00 am
Целиот текст прочитајте го тука