Канал 5 ТВ: Д-р Даниловски: Во државата вкупниот број заразени е околу 13 илјади

Д-р Даниловски: Во светот се детектирани само околу 6% од реалниот број заразени, па така кај нас вкупниот број би бил околу 13 илјади заболени

Професорот Драган Даниловски, еден од нашите најеминентни епидемиолози, во интервју за ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија, контра ставот на светската здравствена организација, сугерира да се носи маска. Особено во затворен простор.
-Не мора да биде тоа којзнае каква маска, нека биде најобична крпа, марама. Докажано е
дека тоа за седумдесет проценти ќе ја намали можноста да се заразите, вели Даниловски.

Во прилог на овој негов став, тој денес објави, интересен јапонски експеримент со помош на високо сензитивна камера. После кашлање, исфрлените покрупни капки секрет паѓаат на тлото за околу една минута. Но, микро-капките остануваат и преку 20 минути!
Професор Масаши Јамакава (Masashi Yamakawa), Институт за технологија на Кјото: Ако нема струење на воздухот, тие ќе останат да лебдат одредено време.
Казухиро Татеда (Kazuhiro Tateda), претседател на Јaпонската асоцијација за инфективни болести: Важно е да имате отворено два влеза во просторијата.
Значи, многу важно е да обезбедиме струење на воздухот во секоја затворена просторија, преку предизвикување провев. Ова особено важи за болниците (посебно инфективните одделенија), каде што концентрацијата на вирусот е голема, преку постојано функционирање на системите за вентилација.

Извор: Канал 5 ТВ Само вистина 10.04.2020 18:30