„Релаксацијата на мерките не требаше да биде подеднаква за сите.Имено таму каде што во тие региони каде што имаше и има, поголем број на заразени, таму мерките требаше да останат уште некое време.” – вели Проф. д-р Драган Даниловски.
Дополнително загрижува и вториот бран кој според власта не очекува во есенските месеци. Епидемиолозите предупредуваат дека токму сега го живееме вториот бран од вирусот тоа го потврдува и статистиката на Ворлдметерс, каде сме втори како држава и по заболени и по смртност. Даниловски апелира засилено да се тестира.
„Мојот апел одамна е, државата мора да врши како никогаш досега колку што е можно повеќе тестирања. За што повеќе да се лоцираат заразените и оние невидливите асимптоматските.” – апелира епидемиологот Даниловски.
Даниловски апелира и за поголемо казнување на граѓаните доколку не се држат до препораките.
Целиот текс прочитајте го тука.
Извор: Magazin.mk Објавил: Катерина Крстиќ | 29 Мај, 2020 17:00