Македонија со пад од 12 места на најздрави нации на светот

Шпанија е најздравата земја во светот, според Блумберговиот индекс за 2019 година. Ова е според Блумберговиот индекс за најздрава земја за 2019 година, кој рангира 169 економии кој ги зема предвид варијаблите, вклучително и животниот век, пристапот до чиста вода и канализација, употребата на тутун и дебелината. Пет други европски земји се меѓу првите 10 – Италија (втора), Исланд (трета), Швајцарија (петта), Шведска (шеста) и Норвешка (деветта).

Јапонија е најздравата азиска нација на четвртото место и го замени Сингапур, кој падна на осмото место. Австралија и Израел ги заокружија првите 10 на седмото и 10-то место.

На глобално ниво се предвидува Шпанија да има најголем животен век до 2040 година, на 85,8 години.

Од земјите во регионот споредено со 2017 година, Грчка е на 26 место (пад од 6 места),  Хрватска на 31 место (покачување за 4 места), Црна Гора на 41 место (не е претходно рангирана), Босна и Херцеговиуна на 42 место (не е претходно рангирана), Албанија на 43 место (покачување за 7 места) и Србија на 55 место (покачување за 2 места).

Македонија е на 56 место

со пад од 12 места споредено со 2017 година.

relates to These Are the World’s Healthiest Nations

relates to These Are the World’s Healthiest Nations

relates to These Are the World’s Healthiest Nations