МЗ: Денеска се регистрирани 81 нови случаи на Ковид-19, не се регистрирани починати пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 5.315 тестирања, а регистрирани се 81 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 27, Тетово – 25, Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 3, Куманово – 2, Гостивар и Прилеп – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 5.315 тестови преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-107, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–39, ЦЈЗ Куманово–32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–26, Жан Митрев (Филип Втори)-77, Авицена-261, Биотек-181, Систина-84, лабораторија Лаор-572, Синлаб-78, Ремедика-21, Плодност–55, Генеа–4, Никоб лаб-1.170, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.387.

Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

 
Дистрибуција по градови  Заболени (вкупно)  Активни случаи (вкупно) 
Скопје  68902  171 
Куманово  8945  59 
Прилеп  8340  11 
Тетово  7450  135 
Битола  6328  18 
Велес  5479 
Гостивар  5226  36 
Кавадарци  5159 
Охрид  5027 
Штип  4966 
Струмица  4138  12 
Струга  2987 
Кочани  2799 
Кичево  2616  15 
Гевгелија  2197 
Неготино  2184 
Свети Николе  1528 
Ресен  1234 
Крива Паланка  1227 
Радовиш  1164 
Берово  1034 
Делчево  974 
Дебар  961  17 
Виница  886 
Пробиштип  789 
Валандово  672 
Богданци  494 
Крушево  490 
Демир Хисар  400 
Демир Капија  396 
Кратово  377 
Македонски Брод  359 
Пехчево  271 
Македонска Каменица  249 
Дојран  132 
Вкупно  156380  525

Извор: Министерство за здравство  31.07.2021