Молнупиравир, значително го намали ризикот од хоспитализација или смрт од Ковид-19

Merck Ridgeback Biotherapeutics и Merck со седиште во Флорида објавија дека испитуваниот орален антивирусен лек познат како молнупиравир (MK-4482, EIDD-2801) значително го намалил ризикот од хоспитализација или смрт во анализата од клиничкото испитување Фаза 3 MOVe-OUT кај ризични, нехоспитализирани возрасни пациенти со блага до умерена Ковид-19 клиничка слика.

Merck изјави дека планира да побара Овластување за итна употреба во САД и да поднесе апликации до регулаторните тела ширум светот. Доколку се одобри, молнупиравир може да биде првиот орален антивирусен лек за Ковид-19.

Молнупиравир, исто така, се евалуира за профилакса на пост-изложеност во MOVe-AHEAD, глобална, мултицентрична, рандомизирана, двојно слепа, плацебо-контролирана Фаза 3 студија, која ја оценува ефикасноста и безбедноста на молнупиравир во спречување на ширење на Ковид-19 во домаќинствата.

Извор: Corona Virus Today 01.10.2021