Мој Сан – Скопје

admin

Адреса: Кеј 13 Ноември,  ГТЦ Скопје, Скопје 
Тел. 02 3209 200   
Поволност: плаќање на 12 рати без камата; попуст 5%   
MojSan® е бренд кој е синоним за квалитет и е во сопственост на компанијата Делибашиќ полиуретани д.о.о. од Какањ, Босна и Херцеговина, каде се наоѓаат и наште производствени погони. Присутни сме на целиот пазар во Босна и Херцеговина, и соседните земји и сме еден од лидерите во областа за производство на системи за спиење со поставена цел за поинтензивно ширење на регионално ниво. Во својата понуда имаме душеци, наддушеци, перници, прекривки, латофлекси, кревети и останати производи од асортиманот за спиење.
Бизнис стратегијата на нашиот бренд е насочена кон постигнување потполно задоволство кај купувачите, првенствено благодарение на квалитетот на производите и професионалниот однос со купувачите.
Константната едукација на нашите продажни консултанти од самиот почеток е во фокусот на менаџментот на компанијата со цел стручно усовршување, препознавање на потребите на купувачите и задоволување на истите, со што постигнавме ефект на свесност кај купувачите за важноста на квалитетниот сон.
Токму поради задоволните клиенти го постигнавме ефектот кој е најважен во работата која ја работиме, а тоа е препораката и ширењето на позитивните искуства од нашите производи од страна на самите купувачи.
Убедени во врвниот квалитет на нашите производи преку ценовната политика постигнавме најдобар сооднос вложено-добиено во корист на купувачите што ни претставува исклучително задоволство.
Водени сме од фактот дека душекот е еден од најпотребните производи за потрошувачите, се користи секојдневно и веројатно не постои друг производ во домот кој се користи толку често ако го земеме во предвид фактот дека на него поминуваме една третина од денот. Да се помогне на купувачите да го изберат идеалниот душек за себе е принцип кој треба да се следи. Да се препознаат специфичните потреби на купувачите и да се реагира во склад со нивните потреби со цел постигнување задоволство од нашите производи  е стратегија која од секогаш го краси брендот MojSan®. Да се сретне корисник на сопствените производи и да се види насмевка на неговото лице е резултат на добрата работа, затоа да спиеме здраво и да им помогнеме да другите да го прават истото.
Главна карактеристика на производите MojSan®  е да обезбедат квалитетна поддршка на телото, удобност и трајност. Посебно сме специјализирани во производство на душеци каде што со големата понуда настојуваме да задоволиме што поголем број на потенцијални купувачи бидејќи чувството на удобност не е универзално за секоја личност. Со оглед на тоа дека една третина од животот го поминуваме во спиење посебно се посветивме на здравствениот аспект кој го има душекот како производ. Во производството користиме исклучиво антибактериски материјали кои гарантираат врвна хигиенска подлога за спиење.

Купената роба ја испорачуваме сами на територија на Скопје, а за испораките кои се надвор од Скопје ги користиме услугите на GLS-Глобко логистик-Брза пошта.
Рокот на испорака за производи од лагер е 5-7 дена, а за нестандардни димензии и производи кои ги нема на лагер максималниот рок на испорака е 30 дена
Испораките функционираат така што ги контактираме купувачите еден ден претходно, за да ги договориме деталите околу испораката со цел максимално да се прилагодиме според Вашето слободно време и Вашите потреби
Со купување на кревет од програмата на MojSan® добивате и бесплатна монтажа од страна на нашиот стручен тим
*Напомена: Бесплатната монтажа важи само за територија на Скопје
За производите кои се купени преку нашите партнерски салони за мебел, обврските за испорака ги превзема салонот од каде што се купени
Континуирано ги пратиме светските трендови во индустријата за системи за спиење и фокусирајќи се на потребите на пазарот настојуваме да изградиме доверба кај нашите купувачи кон вредностите кои ги креираме.

Посетете не на Kej 13 Ноември ГТЦ Скопје

На пазарот во Македонија сме присутни од март 2016 година, и земавме учество на Саемот за мебел во Скопје веќе втора година по ред. Големиот број на задоволни купувачи ни дава ентизијазам за понатамошен раст и напредок на пазарот во Македонија.

MojSan Shop Скопје

Работно време MojSan® Shop Скопје: 
понеделник – сабота: 09:00 – 20:00
Фиксен телефон: 
(+389) 2 3217705
e-mail:
info@mojsan.mk

За да ја користите поволноста за плаќање на рати, потребно е:

  • најпрво да пополните потврда, и да ја заверите во Вашата здравствена установа.
  • да пополните и потпишете две изјави (една за продавачот и една за Синдикатот).
.page-template-agents .penci-wide-content{ max-width: calc(100% - 300px); }