Мутациите го предизвикуваат Вториот бран на COVID-19

D614G мутирал во Европа и станал најчестиот SARS-CoV-2 коронавирус Честата мутација на САРС-CoV-2 може да го направи КОВИД-19 поподложен на вакцина
Мутацијата не влијае на ефективноста на вакцините што се развиваат.

Нова студија објавена во „Science“ потврдува дека САРС-CoV-2 мутирал на начин што му овозможил брзо да се шири низ целиот свет, но мутацијата може исто така да го направи вирусот поосетлив на вакцина.

Новиот вид на коронавирус, наречен D614G, се појави во Европа и стана најчест во светот. Истражувањата на Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил и Универзитетот во Висконсин-Медисон (University of North Carolina at Chapel Hill and the University of Wisconsin-Madison) покажуваат дека D614G сојот се реплицира побрзо и е попренослив од почетниот вирус со потекло од Кина, кој се прошири на почетокот на пандемијата.

Студијата објавена на 12 ноември дава неколку од првите конкретни откритија за тоа како САРС-CoV-2 се развива.

И покрај фактот што видот D614G се шири побрзо, во студиите врз животни видот D614G не беше поврзан со потешка болест, а сојот е малку почувствителен на неутрализација со лекови со антитела.

„Вирусот D614G го надминува и надраснува својот претходник од Вухан за околу 10 пати и се реплицира исклучително ефикасно во примарните назални епителни клетки, кои се потенцијално важно место за пренесување од особа на особа“, рече Ралф Бариќ, професор по епидемиологија на Чапел Хил Гилингс школата за глобално јавно здравје на Универзитетот Северна Каролина и професор по микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Северна Каролина (UNC-u -Chapel Hill Gillings School of Global Public Health & UNC School of Medicine).

Бариќ ги проучувал коронавируси повеќе од три децении и бил дел од тимот кој го разви ремдесивирот, првиот лек за третман одобрен од FDA за КОВИД-19.

Истражувачите веруваат дека сојот D614G преовладува бидејќи ја зголемува способноста на шилестиот протеин да ги отвори клетките за влез на вирусот и да ги зарази клетките поефикасно, но истовремено создава и пат до ранливото јадро на вирусот.

Со вака отворен флап – влез, полесно е антителата – како оние кои во моментот се тестираат со вакцините – да се инфилтрираат и да го онеспособат вирусот.

За неодамнешната студија, истражувачите на Бариќ лабораторијата – вклучително и првиот автор Јисуан Ј. Хоу – работеа во соработка со Јошихиро Каваока и Питер Халфман, двајцата вирусолози на факултетот на Универзитетот во Висконсин-Медисон.

„Шилестиот протеин кај почетниот, изворен вирус има „ D “на оваа позиција, кој кај мутираниот вирус е заменет со„ G ““, рече Каваока. „Неколку трудови веќе опишаа дека оваа мутација го прави протеинот пофункционален и поефикасен за влез во клетките.

Сепак, таа претходна работа се потпираше на псевдотипизиран вирус кој содржеше протеин кој го врзува рецепторот, но не беше автентичен. Користејќи обратна генетика, тимот на Бариќ реплицираше соодветен пар мутирани SARS-CoV-2 кои кодираа D или G во позиција 614 и ја споредуваа основната анализа на особините користејќи клеточни линии, примарни хумани респираторни клетки и клетки на глувци и хрчаци.

Каваока и Халфман направија нивен уникатен модел на студија за коронавирус, кој користи хрчаци. Тимот на Универзитетот во Висконсин-Медисон – вклучително и Шихо Чиба, кој ги водеше експериментите со хрчаци – изврши студии за репликација и пренесување преку воздух и со изворниот-оригиналниот вирус од Вухан и со мутираната верзија создадена од Бариќ и Хоу.

Тие откриле дека мутираниот вирус не само што се копира 10 пати побрзо, туку е и многу поинфективен.

Хрчаците биле инокулирани со едниот или со другиот вирус. Следниот ден, осум незаразени хрчаци биле ставени во кафези покрај заразените хрчаци. Меѓу нив имало разделувач за да не можат да се допираат, но меѓу кафезите можело да помине воздух. Истражувачите испитувале репликација на вирусот кај незаразените животни на секој два дена. Двата вируси поминале помеѓу животните преку воздушно пренесување, но времето било различно.

Кај мутираниот вирус, истражувачите забележале пренесување на шест од осум хрчаци во рок од два дена, а на сите хрчаци за четири дена. Кај оригиналниот вирус, тие не забележале пренесување на два дена, иако сите изложени животни биле заразени до четвртиот ден.

„Видовме дека мутантниот вирус се пренесува подобро преку воздухот од оригиналниот вирус, што може да објасни зошто овој вирус доминира кај луѓето“, рече Каваока.

Истражувачите исто така ја испитале патологијата на двата соја на коронавируси. Откако хрчаците беа заразени, тие во основа имаа исто вирусно оптоварување и исти симптоми. (Хрчаците заразени со мутиран сој изгубија малку повеќе тежина додека беа болни). Ова сугерира дека иако мутантниот вирус е многу помоќен во инфицирање на домаќините, тој не предизвикува значително полошо заболување. Истражувачите укажуваат дека резултатите од студијата може да не се применливи во студиите за луѓе.

„САРС-CoV-2 е целосно нов човечки патоген и тешко е да се предвиди неговата еволуција кај хуманата популација“, рече Бариќ. „Постојано се појавуваат нови варијанти, како неодамна откриената варијанта на кластерот 5 на визон SARS-CoV-2 во Данска, која исто така го кодира D614G.

„За максимално да го заштитиме јавното здравје, ние мора да продолжиме да ги следиме и разбираме последиците од овие нови мутации врз сериозноста на болеста, пренесувањето, опсегот на домаќинот и вулнерабилноста на имунитетот предизвикан со вакцините.

Извор: Science University of North Carolina at Chapel Hill 12.11.2020