Над 40 милиони здравствени работници бараат Г20 да го стави јавното здравство во центарот на економското опоравување

Над 350 организации кои претставуваат над 40 милиони здравствени работници и над 4500 индивидуални здравствени работници од 90 различни земји, им пишаа на лидерите на Г20 повикувајќи ги да го стават јавното здравство во центарот на економското закрепнување по пандемијата на Ковид-19, со цел да се избегнат идните кризи.

„Здравствените работници се обединети во поддршка на прагматичен, научен пристап за управување со пандемијата Ковид-19. Во истиот тој дух, ние исто така стоиме обединети во поддршка на опоравување на јавното здравство од оваа криза.

Бевме сведоци од прва рака колку можат да бидат кревки заедници кога нивното здравје, безбедноста на храната и слободата на работа се прекинати со заедничка закана. Слоевите на оваа тековна трагедија се многу и зголемени со нееднаквоста и недоволното инвестирање во системите за јавно здравје. Сведоци сме на смрт, болест и душевна невоља на нивоа што не се видени со децении.

Овие ефекти може да бидат делумно ублажени, или евентуално дури и да бидат спречени со соодветни инвестиции во јавното здравство, управувањето со животната средина и подготвеноста за пандемија. Ние мора да извлечеме поуки од овие грешки и да се вратиме посилни, поздрави и поотпорни.

Пред Ковид-19, загадувањето на воздухот – пред се од сообраќајот, неефикасно користење на домашната енергија за готвење и греење, електрани со јаглен, горење на цврст отпад и земјоделски практики – веќе ги имаа ослабено нашите организми. Го зголемува ризикот од развојот и тежината на: пневмонија, хронична опструктивна белодробна болест, карцином на белите дробови, срцеви заболувања и мозочни удари, што доведува до седум милиони преуранети смртни случаи секоја година. Загадувањето на воздухот, исто така, предизвикува неповолни исходи од бременоста, како мала тежина при раѓање и астма, со што дополнително се оптоваруваат нашите здравствени системи.

Вистински опоравено јавно здравство нема да дозволи загадувањето да продолжи да го заматува воздухот што го дишеме и водата што ја пиеме. Такво јавно здравство нема да дозволи незаконски климатски промени и уништување на шумите, што може потенцијално да доведе до нови здравствени закани за ранливите популации.

Во здрава економија и граѓанско општество најранливите меѓу нас се посебна грижа за општеството. Работниците имаат пристап до добро платени работни места што не го влошуваат загадувањето или уништувањето на природата; градовите им даваат предност на пешаците, велосипедистите и јавниот превоз, а нашите реки и небо се заштитени и чисти. Природата напредува, нашите организми се поотпорни на заразни болести и никој не запаѓа во сиромаштија заради здравствените трошоци.

За да се постигне таа здрава економија, мора да користиме попаметни стимуланси и дестимулации во служба на поздраво, поотпорно општество. Ако владите направеа големи реформи на тековните субвенции за фосилни горива, преусмерувајќи го поголемиот део од производство кон чиста обновлива енергија, нашиот воздух ќе беше почист и климатските емисии масовно ќе се намалуваат, што би овозможило економско закрепнување кое би поттикнало глобален раст на БДП од скоро 100 трилиони американски долари од сега до 2050 година.

Додека вниманието ви е насочено кон пост-Ковид одговорот, ве замолуваме вашиот главен медицински директор и главен научен советник да бидат директно вклучени во производството на сите економски стимулативни пакети, да известуваат за краткорочните и долгорочните реперкусии во јавното здравство, кои тие може да го имаат, и да дадат свој печат на одобрување.

Огромните инвестиции што вашите влади ќе ги направат во текот на следните месеци во клучните сектори како здравството, транспортот, енергијата и земјоделството, во основата мора да ја имаат здравствената заштита и нејзиното унапредување.

Она што на светот му треба сега е опоравување на јавното здравство. Вашите планови за стимули мора да бидат рецепт токму за тоа.

Со почит,

Над 350 организации кои претставуваат над 40 милиони здравствени работници и над 4500 индивидуални здравствени работници од 90 различни земји“.

Извор: Health and Environment Alliance (HEAL)