Напредок на глобалната вакцина за КОВИД-19 на Оксфордскиот универзитет

Оксфордскиот универзитет во соработка со AstraZeneca plc, денес објави привремени податоци од неговите испитувања од Фазата III, кои покажуваат дека нивната вакцина, ChAdOx1 nCoV-2019, е ефикасна во спречување на COVID-19 (SARS-CoV-2) и нуди висок степен на заштита.

Привремената анализа во фаза 3, која вклучува 131 случај на Ковид-19, укажува на тоа дека вакцината е 70,4% ефективна кога се комбинираат податоци од два режима на дозирање.
Во два различни режима на дозирање, ефикасноста на вакцината беше 90% во едната и 62% во другата.
Режимот на поголема ефикасност користеше преполовена прва доза и стандардна втора доза.
Рана индикација дека вакцината би можела да го намали пренесувањето на вирусот е видливото намалување на асимптоматските инфекции.

Во привремената анализа немаше хоспитализирани или тешки случаи кај тие што ја примиле вакцината.
Оваа анализа е направена врз основа на голема база на податоци собрани од клинички испитувања во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка, од над 24.000 волонтери, кои се вклучени и се следат од април. Ваква голема база на податоци е направена со цел за подобра безбедност на вакцината.
Она што е клучно и најбитно е тоа што вакцината може лесно да се администрира во постојните здравствени системи; се чува на „температура на фрижидер“ (2-8 °C) и што може да се дистрибуира со користење на постоечката логистика.
Тековното големо производство на вакцината во над 10 земји е со цел да се подржи праведниот глобален пристап.

Во оваа прилика, професорот Ендру Полард, директор на групата за вакцини во Оксфорд и главен истражувач на истражувањето за вакцини во Оксфорд, изјави: „Овие откритија покажуваат дека имаме ефикасна вакцина која ќе спаси многу животи. Возбудливо, откривме дека еден од нашите режими за дозирање може да биде ефикасен околу 90% и ако се користи овој режим на дозирање, повеќе луѓе би можеле да се вакцинираат со планирано снабдување со вакцини. Денешната најава е можна само благодарение на многуте волонтери во нашето испитување и напорниот и талентиран тим истражувачи со седиште низ целиот свет.“

Професорката Сара Гилберт, професор по вакцинологија на Универзитетот во Оксфорд, рече: „Соопштението денес нè носи чекор поблиску до времето кога ќе можеме да користиме вакцини за да ставиме крај на пустошот предизвикан од САРС-CoV-2. Ќе продолжиме да работиме за да обезбедиме детални информации до регулаторите. Беше привилегија да се биде дел од оваа мултинационална работа што ќе донесе придобивки за целиот свет.“

Главниот извршен директор на АстраЗенека, изјави: „Денес е важна пресвртница во нашата борба против пандемијата. Ефикасноста и безбедноста на оваа вакцина потврдуваат дека ќе биде многу ефикасна против COVID-19 и ќе има непосредно влијание врз оваа итна здравствена состојба. Понатаму, едноставниот ланец на снабдување на вакцината и нашиот непрофитен залог и посветеност на широк, правичен и навремен пристап значи дека ќе бидат и глобално достапни, снабдувајќи со одобрување стотици милиони дози.“

Целата објава погледајте ја тука.

Извор:  The Oxford COVID-19 vaccine web hub 23.11.2020