Канал 5 ТВ: НАСА на Исланд се подготвува за живот на Марс

Со цел да се подготви за следната мисија на Марс 2020 , НАСА ,,слета” на Исланд, каде го тестира најновиот ровер.

„Исланд е многу добра аналогија за истражување на Марс и тестирање  како функционира роверот “, вели  Адам Деслауриер, од канадска компанија платена од НАСА за тестирање на прототипот на новиот ровер.

Возилото треба да биде толку бавно за да може правилно да собира податоци и да ги испраќа на Земјата, објаснуваат експертите.

Пред да стане ледена пустина со просечна температура од минус 63 Целзиусови степени, Марс, веруваат научниците, има сличности со субарктичкиот Исланд.

„Минералогијата на Исланд е многу слична на она што ќе го најдеме на Марс“, рече Рајан Евинг, професор по геологија на Универзитетот А & М во Тексас.

Извор: Канал 5 ТВ  15 август 2019, 20:19

Целата објава погледајте ја тука