Нацрт-закон за здравствената заштита Работен материјал | верзија 3 | април 2019 година

 

Република Северна Македонија

Министерство за здравство

 

Republika е Maqedonise se Veriut

Ministria e Shendetesise

 

НАЦРТ-ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА

РАБОТЕН МАТЕРИЈАЛ | верзија 3 | април 2019 година

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
    Член 1

Предмет на уредување

Со овој закон се уредуваат прашањата кои се однесуваат на системот и организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност, загарантираните права и утврдените потреби и интереси на државата во обезбедувањето на здравствената заштита, здравствените установи, вработувањето, правата и должностите, одговорноста, евалуацијата, престанокот на вработувањето, заштитата и одлучувањето за правата и обврските на здравствените работници и здравствените соработници, квалитетот и сигурноста во здравствената дејност, коморите и стручните здруженија, рекламирањето и огласувањето на здравствената дејност, вршењето на здравствена дејност во вонредни услови и надзорот над вршењето на здравствената дејност.

Член 2

Дефиниција на здравствената заштита

  • Здравствената заштита, во смисла на овој закон, опфаќа систем на општествени и индивидуални мерки, активности и постапки за:
  • зачувување и унапредување на здравјето,
  • спречување, рано откривање и сузбивање на болести, повреди и други нарушувања на здравјето предизвикани од влијанието на работната и животната средина,
  • навремено и ефикасно лекување и
  • здравствена нега, рехабилитација и палијативна нега.
  • Мерките, активностите и постапките од ставот (1) на овој член мора да бидат засновани на научни докази, да бидат безбедни, сигурни, ефикасни и во согласност со професионалната етика.

Член 3

Право на здравствена заштита

  • Секој има право на здравствена заштита и обврска да се грижи и да го чува и унапредува своето здравје во согласност со овој и друг закон.
  • Никој не смее да го загрозува здравјето на другите.
  • Секој е должен во итни случаи да укаже прва помош според своите можности и во случај на опасност по животот, да ја извести најблиската здравствена установа и да овозможи пристап до итна медицинска помош.

Член 4

Човекови права и вредности во здравствената заштита

  • Секој граѓанин има право да ја остварува здравствената заштита со почитување на највисокиот можен стандард на човековите права и вредности, односно има право на физички и психички интегритет и на безбедност на неговата личност, како и на почитување на неговите морални, културни, религиозни и филозофски убедувања.
  • Секој граѓанин има право на информации потребни за зачувување на здравјето и стекнување здрави животни стилови и на информации за штетните фактори за животната и работната средина кои можат негативно да влијаат на здравјето, како и на информации за потребните мерки за заштита на здравјето во случаи на појава на епидемии и други непогоди и несреќи кои можат негативно да влијаат на здравјето.

Член 5
Поимник

Одделните поими, употребени во овој закон го имаат следново значење:

  • „Јавно здравје” е систем од знаења и вештини за спречување на болести, продолжување на животот и унапредување на здравјето преку организирани напори на општеството;
  • „Акутен третман” е здравствен третман на ненадејна болест, повреда или ненадејно влошување на хронична болест;
  • „Акушерска нега” е третман на жените во текот на бременоста, породувањето и периодот по породувањето, како и на новороденчето и доенчето од страна на акушерки со цел за зачувување или постигнување нивно најдобро здравје, како и работа во определени области на гинекологијата и планирањето на семејството;
  • „Вид на здравствена дејност, односно специјалност” е потесна област на здравствената дејност, односно специјалност на определено ниво на здравствената заштита;
  • „Дневна болница” е начин на третман на пациентот, според кој за здравствените услуги за дијагностика, терапија, нега и рехабилитација кои се вршат на секундарно ниво не е потребен престој во болница не подолг од 8 часа дневно;
  • „Договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија” е договор меѓу Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и здравствената установа во мрежата, со кој тие се договараат за обемот и видот на здравствените услуги кои здравствената установа во мрежата ќе ги изврши во определен период, согласно со прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување;
  • „Здравствен работник” е лице кое врши здравствени услуги во спроведувањето на определена здравствена дејност и е запишано во регистарот на здравствените работници (доктор на медицина, доктор на стоматологија и фармацевт со завршено високо образование или со завршени академски интегрирани студии со 300, односно 360 ЕКТС од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата, здравствени работници со завршено вишо или високо стручно образование или со 180 ЕКТС од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата) и здравствени работници со завршено средно образование.;
  • „Здравствен соработник” е лице со високо образование кое самостојно врши определени работи во здравствената дејност во соработка со здравствените работници;
  • „Здравствен третман” се здравствени услуги кои целосно покриваат одделни потреби на пациентот во областа на спречувањето, лекувањето и рехабилитацијата на болестите и повредите или зачувувањето на менталното и физичкото здравје;
  • „Здравствена нега” е дејност која го третира поединецот, семејството и неговото опкружување во услови на здравје и болест, со цел да се постигне што е можно повисок степен на здравје и за да им се овозможи на пациентите независност при извршувањето на основните животни функции, унапредување на нивното здравје, негување на болните и учествување во процесот на лекување, рехабилитација и палијативна нега од страна на медицинските сестри односно техничари;
  • „Здравствена технологија” се сите здравствени методи и постапки кои можат да се користат заради унапредување на здравјето, превенцијата, дијагностиката и лекувањето на болестите, повредите и рехабилитацијата, кои опфаќаат безбедни, квалитетни и ефикасни лекови и медицински помагала, медицински процедури, како и услови за укажување на здравствената заштита;
  • „Нови здравствени методи или постапки” се здравствените методи или постапки кои можат да се користат заради унапредување на здравјето, превенцијата, дијагностиката и лекувањето на болестите, повредите и рехабилитацијата, а кои до моментот на нивното воведување не биле користени во внатрешната организациона единица на јавната здравствена установа на секундарно и/или терцијарно ниво, односно во јавната здравствена установа на секундарно и/или терцијарно ниво како целина или за прв пат се користат во здравствениот систем на Република Северна Македонија;
  • „Здравствена услуга” е одделна активност или постапка во рамките на здравствениот третман на пациентите што ја вршат здравствените работници;
  • „Здравствена установа во мрежа” се јавни здравствени установи и приватни здравствени установи кои вршат дејност врз основа на лиценца, а кои вршат здравствена дејност во мрежата на здравствени установи;
  • „Итна медицинска помош” е укажување итни здравствени услуги чие неизвршување за кусо време би можело да предизвика непоправливо и тешко оштетување на здравјето на пациентот или негова смрт;
  • „Клиничка патека” е однапред определен опис на текот на здравствениот третман на пациентите со одредена здравствена состојба во здравствената установа;
  • „Комора” е здружение на здравствени работници што се основа согласно со овој закон, во кое здравствените работници се здружуваат заради остварување и застапување на заеднички интереси од одделна професија;
  • „Лабораториска дејност” е гранка на медицината која испитува примероци на ткива, течности и други телесни материи надвор од човечкото тело заради добивање податоци за здравствената состојба, причината за болеста и текот на лекувањето и превентивата;
  • „Лиценца за работа” е јавна исправа која ја докажува стручната обученост на здравствениот работник за вршење на здравствени услуги;
  • „Мрежа на здравствени установи” е определување на потребниот број здравствени установи и видовите на здравствена дејност, односно специјалност кои се обезбедуваат во определени географски подрачја според местото на живеење на корисниците на здравствената заштита, кои треба да се обезбедат во согласност со потребите за здравствена заштита на населението на територијата на Република Северна Македонија;
  • „Непрофитност на вршењето на здравствена дејност во мрежата” значи целиот вишок на приходи над расходите здравствените установи во мрежата да го наменуваат за развој на здравствените услуги и здравствената дејност;
  • „Ниво на здравствена дејност” е организираност на здравствената дејност на примарно, секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита, зависно од нејзините задачи и сложеност;
  • „Носител на здравствена дејност” е здравствен работник со високо образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата со соодветна лиценца за работа;
  • „Одговорен носител на здравствената дејност во установата” е здравствен работник кој во здравствената установа е одговорен за стручно вршење на здравствените услуги за соодветниот вид на здравствена дејност, односно специјалност;
  • „Оптометрист” е здравствен работник со високо стручно образование од областа на оптометријата и очната оптика, со спроведена пробна работа и положен стручен испит кој врши здравствена дејност оптометрија.
  • „Палијативна нега” е активна целосна помош на пациенти со напредната неизлечива болест и помош за нивните блиски во текот на болеста и периодот кога се во жалост;
  • „Патоанатомска дејност” е утврдување и проучување на морфолошка и функционална промена, која во клетките, ткивата и органите ја предизвикува процесот на болеста;
  • „Пациент” е лице, болно или здраво, кое ќе побара или на кое му се врши одредена медицинска интервенција со цел за зачувување и унапредување на здравјето, спречување на болести и други здравствени состојби, лекување или здравствена нега и рехабилитација;
  • „Подрачје” е географски определено подрачје на една или повеќе единици на локалната самоуправа за кое се формира мрежа на здравствени установи на одделно ниво на вршење на здравствената дејност;
  • „Рекламирање на здравствената дејност” се рекламни пораки и други форми на известување како елемент на маркетингот чија крајна цел е користење на здравствената услуга;
  • „Референтен центар” е здравствена установа или негова единица, насочена кон третман на ретки болести или сложени дијагностички и терапевтски постапки, на кој статусот за определена област му е доделен врз основа на повеќегодишното искуство и покажаните достигнувања;
  • „Рехабилитација” е здравствен третман наменет за обновување или замена на физичките, психичките и социјалните капацитети на пациентот кои се вродени, односно предизвикани заради болест, односно повреда;
  • „Ретки болести„ се заболувања со ниска преваленца (ретки и многу ретки) од 1 на 100 000 лица на ниво на Република Северна Македонија, кои се статистички ретки и во кои не се вбројуваат хронично изнемоштени или несоодветно третирани заболувања;
  • „Стручни здруженија” се здруженија на здравствени работници од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата, кои ги застапуваат нивните стручни интереси;
  • “Стручно упатство” е збир на систематски развиени заклучоци за успешноста и ефикасноста на начините и постапките за третирање на определена здравствена состојба, кои се темелат врз оцената на доказите за најсоодветните начини за здравствен третман на пациентите (медицина заснована на докази);
  • „Телемедицина” е дел од здравствената дејност која се врши преку вршење на здравствени услуги на далечина со размена на медицински информации со помош на информатичка и комуникациска технологија во случаи кога здравствениот работник и пациентот или два здравствени работници не се на иста локација и тоа во областа на дијагностиката, лекувањето и набљудувањето на пациентот, како и во областа на стручната размена на мислења;”Тим за нега” е група на медицински сестри и други здравствени работници кои спроведуваат здравствена нега и грижа за пациентите, со која раководи медицинска сестра;
  • „Тим” е група здравствени работници која обезбедува вршење на здравствена дејност во обемот за кој е задолжен во рамките на здравствената установа во мрежата на определено ниво на здравствена дејност;
  • „Фармацевтска дејност” опфаќа приготвување на фармацевтски форми, производство и испитување на лекови и медицински средства, испитување на лековите во овластени лаборатории, складирање, чување и дистрибуција на големо продажно ниво, снабдување, приготвување, испитување, складирање, дистрибуција и издавање на безбедни и ефикасни лекови и медицински средства во аптеки отворени за јавноста и во болниците, обезбедување на информации и совети за истите, пријавување на несакани реакции, персонализирана поддршка на пациентите и давање придонес во локалните или националните здравствени кампањи;
  • „Фармацевт” е дипломиран фармацевт и магистер по фармација;
  • „Квалитет на здравствената заштита” се мерки и активности со кои, во согласност со современите достигнувања на медицинската, стоматолошката и фармацевтската наука и практика, како и знаењата и вештините на здравствените работници, се зголемуваат можностите за најповолен исход на лекување и се намалуваат ризиците од несакани последици по здравјето и здравствената состојба на поединецот;
  • „Внатрешна проверка на квалитетот” е систематска проверка на стручни активности во здравствените установи во однос на пропишаните стандарди;
  • „Надворешна проверка на квалитетот” е процес на надворешна оцена на квалитетот на здравствените услуги со кој се споредува извршувањето на здравствените услуги во здравствената установа во однос на објавените стандарди и со тоа се идентифицираат можностите за подобрување на квалитетот на здравствените услуги и
  • “Стандард на акредитација” е посакувано ниво на квалитет или учинок кој може да се постигне и со кој се споредува постојното реалното ниво на квалитет.

Член 6

Изразите, употребени во овој закон кои се родово определени, се користат неутрално и се однесуваат еднакво на лица од машки и женски пол.

Член 7

Начела на здравствената заштита

Здравствената заштита се заснова врз единството на превентивните, дијагностичко- терапевтските и рехабилитационите мерки и врз начелата на достапност, ефикасност, континуираност, правичност, сеопфатност и обезбедување на квалитетен и сигурен здравствен третман.

Член 8

Начело на достапност

  • Начелото на достапност на здравствената заштита се остварува со обезбедување на соодветна здравствена заштита за населението во Република Северна Македонија, која е географски, физички и економски достапна, а особено здравствената заштита на примарно ниво.
  • Достапноста на здравствената заштита на примарно ниво се обезбедува со координација и организирање на работата на сите здравствени установи во мрежата на здравствени установи на примарно ниво.

Член 9

Начело на ефикасност

Начелото на ефикасност на здравствената заштита се остварува со постигнување на најдобри можни резултати во однос на расположливите средства, односно со постигнување на највисоко ниво на здравствена заштита со најмалку употребени средства.

Член 10

Начело на континуираност

Начелото на континуираност на здравствена заштита се обезбедува со функционално воспоставен систем на организација на здравствена дејност на сите нивоа на здравствена заштита, на начин со кој е овозможена континуирана здравствена заштита на населението во секое време.

Член 11

Начело на правичност

  • Начелото на правичност на здравствената заштита се заснова на еднаков и рамноправен третман и се остварува со забрана на дискриминација при укажувањето на здравствената заштита по однос на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа..
  • Заштитата од дискриминација се обезбедува во согласност со Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Член 12

Начело на сеопфатност

Начелото на сеопфатност на здравствената заштита се обезбедува со вклучување на секој поединец во системот на здравствената заштита, со примена на мерки и активности за здравствена заштита кои опфаќаат промоција на здравјето, превенција на болести на сите нивоа на здравствена заштита, рана дијагноза, лекување и рехабилитација.

Член 13

Начело на квалитетен и сигурен здравствен третман

Начелото на квалитетен и сигурен здравствен третман се обезбедува со унапредување на квалитетот на здравствената заштита преку примена на мерки и активности, кои во согласност со современите достигнувања во медицинската наука и практика, ја зголемуваат можноста за позитивен исход, намалување на ризиците и другите несакани последици по здравјето и здравствената состојба на поединецот и општеството во целина.

Член 14

Здравствена дејност

  • Здравствената дејност е дејност од јавен интерес.
  • Здравствена дејност е дејност што се врши како јавна служба со која се обезбедува здравствена заштита во согласност со медицината заснована на докази и со користењето здравствена технологија под услови и на начин утврдени со закон..
  • Здравствената дејност се врши на примарно, секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита.
  • Здравствени услуги вршат здравствени работници, а определени работи во здравствената дејност можат да вршат и здравствени соработници, кои ги исполнуваат условите од овој и друг закон.
  • Здравствената дејност се врши во здравствени установи.
  • По исклучок од ставот (5) на овој член, здравствена дејност може да се врши и

во други правни лица од членот…………….. од овој закон, под услови утврдени со закон.

Член 15

Вршење на здравствената дејност

  • Здравствената дејност се врши во мрежа на здравствени установи и надвор од мрежата на здравствени установи.
  • Република Северна Македонија е надлежна за остварувањето на здравствената заштита во мрежата на здравствени установи, во која се врши здравствена дејност под услови утврдени со овој закон.
  • Здравствената дејност во мрежата ја вршат јавни здравствени установи и приватни здравствени установи кои вршат дејност врз основа на лиценца.
  • Здравствената дејност надвор од мрежата ја вршат приватни здравствени установи под услови утврдени со овој закон и се финансира од здравствените услуги кои пациентите ги плаќаат со лични средства.

Член 16

Права и должности на пациентот

Секој пациент има права и должности утврдени со овој и друг закон.

  1. ЗАГАРАНТИРАНИ ПРАВА И УТВРДЕНИ ПОТРЕБИ И ИНТЕРЕСИ
    НА ДРЖАВАТА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА

Член 17

Обезбедување на остварувањето на загарантираните права,
утврдени потреби и интереси од страна на Република Северна Македонија

  • На сите граѓани на Република Северна Македонија им се обезбедува остварување на со овој закон загарантираните права, утврдени потреби и интереси, и тоа:
  • мерки и активности за заштита од штетното влијание врз здравјето на населението на гасови, бучава, јонизирачки и нејонизирачки зрачења, загаденоста на водата, земјиштето, воздухот и храната и други штетни влијанија на животната средина и работна средина,
  • мерки и активности за зачувување на здравјето на населението,
  • мерки и активности за откривање, спречување и сузбивање на заразни болести,
  • обезбедување на хигиенско-епидемиолошки минимум на населението,
  • превенција и лекување на карантински болести и болести на зависност,
  • мерки и активности за заштита на жените за време на бременоста, породувањето и леунството и заштита на доенчињата,
  • мерки и активности за организирање и унапредување на крводарителството,
  • обезбедување на трошоците за болни кои се третираат со дијализа,
  • обезбедување на лекови за трансплантирани болни и лекови за ретки болести,
  • обезбедување на цитостатици, инсулин и хормон за раст,
  • мерки и активности утврдени со посебни програми и
  • итна медицинска помош согласно со утврдената мрежа на здравствени установи.
  • Мерките и активностите од ставот (1) алинеја 11 на овој член се определуваат врз основа на здравствената состојба на населението и утврдените здравствени проблеми и приоритети од јавно здравствен карактер согласно со донесените стратегии и политики во областа на здравствената заштита.
  • Владата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Владата) на предлог на Министерството за здравство, секоја година донесува програми за реализација на мерките и активностите од ставот (1) на овој член.
  • Средствата за остварување на загарантираните права и утврдените потреби и интереси на државата од ставот (1) на овој член се обезбедуваат во Буџетот на Република Северна Македонија, од дел од акцизата на пиво во износ од 1 денар по литар/степен на алкохол и дел од акцизата на етил алкохол во износ од 40 денари/литар чист алкохол, како и со дел од акцизата на цигари во износ од 0,053 денари по парче (цигара), наменети за набавка на лекови за ретки болести.
  • Акцизите од ставот (4) на овој член се приход на Буџетот на Република Северна Македонија – Министерство за здравство и се уплатуваат на соодветна сметка на Министерството за здравство во рамките на трезорската сметка.
  • Делот од акцизите од ставот (4) на овој член ги пресметува царинската управа при наплата на акцизите за пиво, етил алкохол и цигари и ги уплатува на соодветна сметка на Министерството за здравство во рамките на трезорската сметка.

Член 18

Мрежа на здравствени установи

  • Со мрежата на здравствени установи согласно со овој закон (во натамошниот текст: мрежа) се утврдуваат:
  • видовите на здравствена дејност кои се обезбедуваат во определени географски подрачја според местото на живеење на корисниците на здравствената заштита,
  • кадровските, просторните и сместувачките капацитети на болниците за вршење на одделен вид здравствена дејност, односно специјалност,
  • видот и бројот на технички сложена дијагностичка опрема и
  • просторниот распоред на вршењето на здравствената дејност, вклучувајќи определување на видот и обемот на здравствените услуги.
  • Мрежата од ставот (1) на овој член се состои од мрежа на здравствени установи на примарно, секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита.
  • Мрежата од ставот (1) на овој член ја утврдува Владата, на предлог на Министерството за здравство,по претходно обезбедено мислење од Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора, врз основа на следниве критериуми:
  • потребите на населението од здравствени услуги,
  • бројот, возраста, полот, социјалната структура и здравствената состојба на жителите на подрачјето за кое се определува мрежата,
  • обезбедување на рамномерна достапност на здравствените услуги, особено за амбулантски третман и итна медицинска помош,
  • минималниот број на здравствени услуги по здравствени установи, кој е потребен за одржување на квалитетот и сигурноста на практичните вештини и искуства,
  • обезбедувањето на централната улога на примарната здравствена заштита,
  • поделбата на работата меѓу здравствената дејност на примарно, секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита,
  • обезбедувањето на здравствени капацитети, согласно со обемот на правата од задолжителното здравствено осигурување и економската оправданост,
  • технолошкиот и научниот развој во областа на здравствената дејност;
  • степенот на урбанизираност на подрачјата, специфичностите на населеноста, сообраќајните поврзувања, миграциите на населението и достапноста до здравствените установи и
  • посебните услови на демографски загрозените подрачја.
  • Министерството за здравство го следи функционирањето и одржувањето на мрежата при што тековно врши усогласување на податоците и бројот на здравствени установи што се во мрежата согласно со промените во податоците и бројот на здравствените установи кои се во мрежата и истите ги објавува на веб страницата на Министерството за здравство.
  • Секое воведување на нова здравствена технологија и опрема, како и секое воведување на нови здравствени методи или постапки во здравствените установи во мрежата подлежи на претходно одобрување од Министерството за здравство, врз основа на анализа на медицинските, етичките, општествените и економските последици и ефектите од развивањето, ширењето или користењето на новата здравствена технологија и опрема во укажувањето на здравствената заштита.
  • Податоците за кадрите, просторот, болничките постели и дијагностичката опрема во мрежата ги води и анализира Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, согласно со прописите од областа на евиденциите во областа на здравството.

Член 19

Разграничување на вршењето на здравствената дејност во мрежата

  • Разграничувањето на вршењето на здравствената дејност во мрежата меѓу примарното, секундарното и терцијарното ниво на здравствена заштита (во натамошниот текст: разграничување на вршењето на здравствената дејност), на предлог на министерот за здравство го утврдува Владата.
  • Стручните здруженија и коморите од областа на здравството даваат мислење по предлогот на министерот за здравство за разграничување на вршењето на здравствената дејност од ставот (1) на овој член.

Член 20

Мрежа на примарно ниво на здравствена заштита

  • Мрежата на примарно ниво на здравствена заштита (во натамошниот текст: примарно ниво) е поделена на одделни географски подрачја, кои можат да опфатат една или повеќе општини согласно со критериумите од членот 18 став (3) од овој закон, а здравствената дејност се врши на примарно ниво во здравствен дом и во приватни здравствени установи кои вршат здравствена дејност врз основа на лиценца на примарно ниво во мрежата.
  • Во спроведувањето на одделни мерки од здравствената заштита во здравствената дејност на примарно ниво, а особено во здравствената заштита на децата, на лицата постари од 65 години, заштитата на менталното здравје и палијативната нега учествуваат здравствени соработници односно други стручни лица за одделни специфични прашања на таа заштита.

Член 21

Мрежа на секундарно ниво на здравствена заштита

  • Мрежата на секундарно ниво на здравствена заштита (во натамошниот текст: секундарно ниво) е поделена на одделни географски подрачја утврдени согласно со прописите од областа на водење на статистиката и се состои од мрежа на специјалистичко- консултативна дејност и мрежа на болничка здравствена дејност.
  • Специјалистичко-консултативната здравствена дејност која се врши во здравствен дом од примарно ниво е дел од мрежата на секундарно ниво.
  • При утврдување на содржината и обемот на мрежата на болничката здравствена дејност од ставот (1) на овој член се зема предвид дека дејноста мора да се врши 24 часа на ден, сите денови во годината и мора да биде стручно и финансиски одржлива.
  • Со мрежата на болничката здравствена дејност на секундарно ниво посебно се определуваат дејностите кои, заради сложеноста на вршењето, потребната опрема и потребата од продолжен медицински надзор, можат ефикасно да се вршат само во одделни болници, согласно со критериумите утврдени во членот 18 став (1) од овој закон.

Член 22

Мрежа на терцијарно ниво на здравствена заштита

Мрежата на терцијарно ниво на здравствена заштита (во натамошниот текст: терцијарно ниво) се определува согласно со критериумите утврдени во членот 18 став

  • од овој закон за вршење на здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман.

Член 23

Мрежа на итна медицинска помош

  • Мрежата на итна медицинска помош, вклучувајќи го распоредувањето на единиците на итна медицинска помош на сите нивоа на здравствена заштита, на предлог на министерот за здравство ја утврдува Владата, согласно со членот 18 од овој закон.
  • Во мрежата од ставот (1) на овој член, во зависност од потребите на населението од одредено подрачје, може да се предвидат и единици за итна стоматолошка помош за акутно третирање на стоматолошки случаи во трета смена, како и за време на празници, неработни денови и викенди.

Член 24

Мрежа на медицина на трудот

  • Мрежата на медицина на трудот на сите нивоа на здравствена заштита, на предлог на министерот за здравство, ја утврдува Владата и е составена од приватни и јавни здравствени установи кои ја вршат дејноста медицина на труд, чија стручна работа е координирана од Јавната здравствена установа – Институт за медицина на труд на Република Северна Македонија, согласно со овој закон и прописите од областа на јавното здравје.
  • Листата на овластени јавни и приватни здравствени установи кои ја вршат дејноста медицина на труд се објавува на веб страницата на Министерството за здравство.

Член 25

Мрежа за јавно здравје

Мрежата за јавно здравје е составена од јавни здравствени установи – центри за јавно здравје, кои ја вршат дејноста на јавното здравје на сите нивоа на здравствена заштита, чија стручна работа е координирана од Јавната здравствена установа – Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија.

Член 26

Средства за вршење на здравствената дејност во мрежата

  • Средствата за вршење на здравствената дејност во мрежата се обезбедуваат од:
  • Буџетот на Република Северна Македонија;
  • Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Фондот);
  • учество со лични средства на осигурените лица согласно со прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување и
  • здравствени услуги кои пациентите ги плаќаат со лични средства под услови утврдени со закон.
  • Средствата од ставот (1) точка 1 на овој член се обезбедуваат за остварување на загарантираните права и утврдените потреби и интереси определени со програмите од членот 18 став (1) од овој закон и за основање нови и обезбедување инвестиции во објекти и опрема во постојните јавни здравствени установи.
  • Средствата од ставот (1) точки 2 и 3 на овој член се обезбедуваат за остварување на правата на осигурените лица од задолжителното здравствено осигурување.
  • Освен средствата од ставот (1) на овој член, здравствените установи во мрежата можат да обезбедуваат средства и од:
  • вршење здравствена дејност на пациенти кои здравствените услуги ги плаќаат со

лични средства согласно со членот………… од овој закон,

  • укажување на здравствени услуги како дополнителна дејност согласно со……………… од

овој закон и

  • други извори согласно со овој и друг закон.
  • Средствата за вршење на здравствената дејност во мрежата на медицина на трудот се обезбедуваат и од здравствените услуги кои работодавачите се должни да ги обезбедат за своите работници во согласност со прописите за безбедност и здравје при работа.

III. ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ
Член 27

Содржина на здравствената дејност (1) Здравствената дејност, во смисла на овој закон, опфаќа:

  • спроведување на мерки и активности за заштита, унапредување и подобрување на здравјето и за рано откривање на болести,
  • рано откривање на факторите на ризик за настанување на хронични болести и нивно контролирање и услуги на скрининг, согласно со програмите од членот 17 од овој закон;
  • здравствени услуги од областа на јавното здравје,
  • специфични здравствени превентивни мерки за спречување на заразни болести и нивното ширење,
  • програми за заштита на сексуалното и репродуктивното здравје,
  • утврдување на болести, лекување и медицинска рехабилитација на пациентите,
  • стоматолошка превентивна, куративна и протетичка дејност,
  • здравствени услуги во врска со здравјето и безбедноста при работа, сообраќај и спорт и други здравствени услуги кои се вршат согласно со посебни прописи,
  • дејност на телемедицина,
  • дејност на лабораториска медицина,
  • радиолошка и друга функционална дијагностика,
  • здравствен третман на пациенти во домот и во рамките на установите за социјална заштита,
  • здравствена нега и акушерска нега,
  • итна медицинска помош,
  • транспорти за спасување,
  • палијативна нега,
  • преглед на умрени лица,
  • патоанатомска дејност,
  • судско-медицинска дејност,
  • снабдување со крв и крвни компоненти,
  • постапки на земање и чување на полови клетки,
  • постапки на оплодување со биомедицинска помош,
  • земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување,
  • стручни постапки на вештачење за потребите на фондовите за социјални осигурувања,
  • фармацевтска дејност,
  • услуги на некои комплементарни, алтернативни и/или традиционални форми на лекување и рехабилитација, кои ги вршат здравствени работници согласно со закон,
  • производство на радиофармацевтски препарати,
  • дијагностика на метаболно функционални промени со користење на позитронско емисиона томографија, и
  • друга здравствена дејност која согласно со овој закон ја вршат здравствените установи.
  • Одделни дејности, односно здравствени услуги од ставот (1) на овој член се вршат само врз основа на овластување од министерот за здравство, согласно со овој и друг закон.
  • Листите на здравствени услуги по нивоа на здравствената заштита, што може да се вршат по одделни дејности и видови на здравствени установи, ги утврдува министерот за здравство.

Член 28

Упатства за медицина заснована на докази,
протоколи и правилник за хоспитална култура

  • Здравствената дејност во здравствените установи од страна на здравствените работници и здравствените соработници задолжително се врши согласно со стручни упатства за медицина заснована на докази кои согласно со современата светска медицинска практика, ги утврдува министерот за здравство.
  • Фондот дава претходно мислење на стручните упатства од ставот (1) на овој член од финансиски аспект.
  • Надзор над вршењето на здравствена дејност согласно со стручните упатства од ставот (1) на овој член вршат Министерството за здравство, надлежните комори и Фондот во делот на финансирањето на вршењето на здравствените услуги.
  • Здравствената дејност во здравствените установи од организациски аспект задолжително се врши согласно со протоколи кои ги утврдува министерот за здравство.
  • Начинот на однесување и постапување во работењето на вработените лица во здравствените установи и лицата работно ангажирани по кој било основ во здравствената установа ги утврдува министерот за здравство со правилник за хоспитална култура.
  • Стручните упатства од ставот (1) на овој член, протоколите од став (4) на овој член и правилникот од став (5) на овој член, се објавуваат на веб страницата на Министерството за здравство и во „Службен весник на Република Северна Македонија,,.
  1. Вршење на здравствена дејност во мрежата Член 29

Субјекти кои вршат здравствена дејност во мрежата

  • Здравствената дејност во мрежата, што ја обезбедува и организира Република Северна Македонија, се состои од јавни здравствени установи и приватни здравствени установи кои вршат здравствена дејност врз основа на лиценца за вршење на дејност (во натамошниот текст: носители на лиценца), под еднакви услови и кои се вклучуваат во интегриран здравствен информатички систем согласно со прописите за евиденциите од областа на здравството.
  • Здравствените установи од ставот (1) на овој член се должни да обезбедат континуирано и сеопфатно спроведување на здравствената дејност во мрежата на примарно ниво во рамките на дозволата за вршење на дејност и договорите склучени со Фондот.
  • Со договорите од ставот (2) на овој член се уредуваат правата и обврските на здравствените установи особено за обезбедување на континуирана 24-часовна здравствена заштита во сите денови во годината, итната медицинска помош, како и вршење на здравствена дејност во случај на кризни и вонредни случаи и состојби.

Член 30

Здравствена дејност и делови од здравствената дејност
која се врши само во рамките на мрежата

  • Здравствена дејност и делови од здравствената дејност кои се вршат само во рамки на мрежата, освен доколку со закон поинаку не е предвидено, се:
  • здравствена дејност на терцијарно ниво;
  • дејност на снабдување со крв и крвни компоненти;
  • постапки на биомедицински потпомогнато оплодување;
  • постапки на земање и чување на полови клетки;
  • дејност на земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување;
  • дејност на итна медицинска и стоматолошка помош и домашно лекување;
  • преглед на умрени лица;
  • здравствени услуги во врска со здравјето и безбедноста при работа;
  • здравствени услуги во врска со безбедноста во сообраќајот;
  • здравствени услуги во врска со утврдувањето на здравствената способност за поседување и носење на оружје, согласно со посебни прописи;
  • дејност на судска медицина;
  • патоанатомска дејност;
  • здравствена дејност во областа на јавното здравје;
  • превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца,
  • поливалентна патронажа;
  • здравствени услуги за утврдување на здравствената состојба во постапки за остварување на права од областа на пензиското, инвалидското и здравственото осигурување;
  • дејност на болници за нега и
  • стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 години.
  • Дејностите од ставот (1) точки 1, 2, 4, 5, 6, 10, 11, 13, 14, 15 и 16 на овој член можат да ги вршат само јавните здравствени установи, освен доколку со закон поинаку не е предвидено.

Член 31

Здравствена дејност на примарно ниво

(1) Здравствена дејност на примарно ниво опфаќа:

  • откривање и лекување на болести и повреди, давање на здравствена и акушерска нега и спроведување на медицинска рехабилитација на пациенти, која согласно со разграничувањето на работата спаѓа во примарно ниво;
  • спроведување на посебни програми за хронични болни и стари лица;
  • здравствена дејност за областа на сексуалното и репродуктивното здравје;
  • здравствена дејност за потребите на децата и училишната младина;
  • здравствена дејност од областа на здравјето и безбедноста при работа и спортот;
  • спроведување на превентивни програми и мерки кај децата, младината, жените, вработените и старите лица и други посебно загрозени групи, односно групи кои се посебно изложени на определени здравствени ризици и спроведување скрининг програми за откривање на факторите на ризик за настанување на болест, односно за рано откривање на првите знаци на болеста, освен оние скрининзи за кои се определени здравствени установи на други нивоа;
  • упатување на пациенти во здравствени установи на секундарно и терцијарно ниво и координирање на нивниот третман;
  • спречување, откривање и лекување на болести на устата и забите и спроведување на забно-протетичка рехабилитација;
  • здравствен третман и медицинска рехабилитација на возрасни, деца и младинци со посебни потреби;
  • патронажна дејност;
  • имунизација;
  • здравствена и акушерска нега во домот;
  • лекување и здравствен третман во домот на пациентот;
  • итна медицинска и стоматолошка помош;
  • утврдување на привременото отсуство од работа и упатување на осигурените лица за вештачење на фондовите за социјални осигурувања;
  • вршење на услуги од лабораториската медицина;
  • препишување на лекови и
  • фармацевтска дејност.
  • Фармацевтската дејност од ставот (1) точка 18 на овој член се врши согласно со овој закон и прописите од областа на лековите и медицинските средства.

Член 32

Субјекти кои вршат здравствена дејност на примарно ниво

Здравствената дејност од член 31 од овој закон во мрежата на примарно ниво се врши во ординации, поликлиники, заботехнички лаборатории, здравствени домови и аптеки.

Член 33
Избран лекар

(Овде се отвори дискусијата за избор на здравствена установа)

  • Во мрежата на примарно ниво пациентот избира лекар (во натамошниот текст: избран лекар).
  • Избран лекар е доктор на медицина, специјалист по општа медицина, специјалист по семејна медицина, специјалист по училишна медицина, специјалист по медицина на трудот кога врши работи на семеен, односно општ лекар, специјалист по педијатрија, специјалист по гинекологија и акушерство и доктор на стоматологија.
  • Избраниот лекар ги врши особено следниве работи:
  • ги третира пациентите согласно со нивната здравствена состојба и со стручните упатства, што го обезбедува со амбулантски здравствен третман и третман во домот,
  • врши превентивни услуги и спроведува мерки и активности утврдени со програми за унапредување и зачувување на здравјето на пациентите,
  • пропишува лекови согласно со прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување,
  • учествува во спроведување на тимски форми во дејностите од примарната здравствена заштита, во обезбедувањето итна медицинска помош и во заменувањето во случај на болест и одмори,
  • лекарски прегледи, советувања и други видови на здравствени услуги со цел за утврдување, проверување и следење на здравствената состојба, што, по правило, се остварува во ординацијата на избраниот лекар, а по потреба и во домот на пациентот,
  • превентивни мерки и активности со цел за унапредување на здравствената состојба, спречување, сузбивање и рано откривање на болести и други нарушувања на здравјето,
  • ја утврдува оправданоста на привремена спреченост од работа заради болест, повреди, придружба или изолација и отсуството од работа заради бременост, раѓање и мајчинство (родителство),
  • утврдува потреба за превоз со санитетско возило во итни случаи, организира превоз со санитетско возило (самостојно, во соработка со други лекари или со најблиската организирана служба за итна помош) и ја оценува оправданоста за придружување на пациентот,
  • ги упатува пациентите во Фондот согласно со прописите од областа на задолжителното здравственото осигурување,
  • ги упатува пациентите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија согласно со прописите од областа на пензиското и инвалидското осигурување,
  • го следи спроведувањето на здравствениот третман на пациентот што го вршат специјалисти,
  • ја прибира, ја води и ја чува медицинската документација на пациентот согласно со прописите од областа на евиденциите во здравството и
  • извршува други задачи согласно со прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување.
  • Постапката за изборот и начинот на работа на избраниот лекар и на лекарот кој го заменува избраниот лекар и неговите задачи се вршат согласно со овој закон и со прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување.

Член 34

Организирање на дејност на примарно ниво во населени места
надвор од седиштето на здравствениот дом

  • Пациентот кој не може да го оствари правото на здравствена заштита на примарно ниво во местото на живеење, има право на здравствена заштита на примарно ниво во здравствен дом во кој се врши здравствена дејност на примарно ниво и кој има седиште во подрачјето во кое е опфатена општината во која се наоѓа местото на живеење на пациентот.
  • Правото од ставот (1) на овој член не го исклучува правото на пациентот да избере лекар во мрежата на примарно ниво согласно со членот 33 став (1) од овој закон.
  • Здравствената заштита од ставот (1) на овој член ги опфаќа работите утврдени со членот 33 став (3) од овој закон.
  • Здравствената заштита од ставот (1) на овој член ја врши доктор на медицина, специјалист по општа медицина или специјалист по семејна медицина вработен во здравствениот дом, на кој Фондот му издава одобрение за користење на факсимил за вршење на здравствена дејност на примарно ниво согласно со прописите за здравственото осигурување.
  • Здравствениот дом од ставот (1) на овој член е должен да донесе програма за вршење на здравствена дејност на примарно ниво по населени места и да го организира вршењето на здравствената дејност во населените места надвор од своето седиште за да обезбеди достапност на здравствената заштита.

Член 35

Здравствена дејност на секундарно ниво

  • Здравствената дејност на секундарно ниво опфаќа специјалистичко- консултативна и болничка здравствена дејност.
  • Специјалистичко-консултативната здравствена дејност на секундарно ниво опфаќа:

– амбулантски прегледи со упат од избраниот лекар или друг лекар специјалист,

  • здравствени третмани кои се вршат на секундарно ниво и
  • дејност на дневна болница.
  • Болничката здравствена дејност опфаќа дијагностика, лекување, здравствена нега и акушерска нега, медицинска рехабилитација и палијативна нега, која заради здравствената состојба на пациентот или видот на интервенцијата не е можно да се врши како специјалистичко-консултативна здравствена дејност на секундарно ниво или со третман во домот.
  • Болничката здравствена дејност, се врши континуирано 24 часа во текот на денот и годината и со обезбедување на целосен здравствен третман на пациентите.

Член 36

Субјекти кои вршат здравствена дејност во мрежата на секундарно ниво

  • Здравствената дејност во мрежата на секундарно ниво ја вршат ординациите и

поликлиниките од               специјалистичко-консултативната             здравствена         дејност,

дијагностичката лабораторија, центрите, болниците, институтите и болниците за нега.

  • По исклучок од ставот (1) на овој член специјалистичко-консултативна здравствена дејност за подрачје на две или повеќе општини, односно градот Скопје, може да врши и здравствен дом односно поликлиника на примарно ниво, ако ги исполнува условите за тие дејности.

Член 37

Здравствена дејност на терцијарно ниво

Здравствената дејност на терцијарно ниво опфаќа:

  • вршење здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман,
  • целосно и споредбено следење на развојот на одделни специјалности во државата и во други држави и изготвување на национални предлози за развој на одделни специјалности,
  • подготовка врз основа за обликување на стручни упатства и национални предлози за развој на одделен вид здравствена дејност, односно здравствена специјалност и соработка при нивното спроведување,
  • пренос на знаења и вештини од другите држави,
  • пренос на знаења и вештини на здравствените установи на секундарно и примарно ниво,
  • истражување и проверување на нови методи за спречување, откривање, лекување, здравствена нега и акушерска нега и медицинска рехабилитација на здравствените состојби и
  • советување и помош за стручно-медицински прашања на здравствени установи на секундарно и примарно ниво, Министерството за здравство, коморите и Фондот.

Член 38

Субјекти кои вршат здравствена дејност на терцијарно ниво

  • Здравствената дејност на терцијарно ниво ја вршат универзитетска клиника, универзитетски институт и универзитетски клинички центар.
  • Одделни здравствени дејности, согласно со разграничувањето на вршењето на здравствената дејност, може да се врши и во установи кои вршат научно-истражувачка и образовна дејност.

Член 39

Листа на закажани прегледи и интервенции

(1) Редоследот на користење на                           специјалистичко-консултативните            и

болничките здравствени услуги, како и редоследот на вршење на хируршките интервенции во мрежата на секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита, како и времето на чекање за нивно користење, се одвива според:

  • укажување на здравствената услуга во зависност од здравствената состојба на пациентот и процената на натамошниот тек на третманот што избраниот лекар го образложил во упатот, односно според процената на лекарот специјалист од соодветната гранка на специјалност од здравствената установа во која ќе се користи здравствената услуга, а во согласност со приоритетите базирани врз медицината заснована на докази,
  • видот на здравствената услуга,
  • времето на пријавување на пациентот за користење на здравствената услуга и – расположливиот капацитет во однос на просторот, опремата и кадарот за укажување на здравствената услуга.
  • Редоследот на користење на услугите од ставот (1) на овој член здравствената установа го води во рамките на интегрираниот здравствен информатички систем, како електронска листа на закажани прегледи и интервенции за користење на здравствените услуги (во натамошниот текст: електронска листа ) согласно со критериумите утврдени со овој закон.
  • Содржината на податоците што се водат во електронската листа на закажани прегледи и интервенции и начинот на нејзиното водење ги пропишува министерот за здравство.
  • Здравствената установа е должна електронската листа да ја води во форма на веб апликација која ја администрира Министерството за здравство и да ја објавува врз дневна основа на видно место во просториите на установата посебно определено за таа намена, како и да ја ажурира секој ден најдоцна до 15,00 часот.
  • Здравствената установа е должна да определи најмалку две лица кои ја водат, објавуваат и ажурираат електронската листа.
  • Личните податоци на пациентот содржани во електронската листа се објавуваат како шифриран податок, кој пациентот го добива во моментот на пријавување за користење на здравствената услуга.
  • Податоците за здравственото осигурување на пациентот содржани во електронската листа на закажани прегледи и интервенции се преземаат од Фондот секој работен ден, најмалку три часа пред почетокот на работното време на јавната здравствена установа.
  • Податоците за привремена спреченост за работа поради болест и повреда на пациентот, содржани во интегрираниот здравствен информатички систем, Министерството за здравство ги презема од избраните лекари секој работен ден.

Член 40

Упатување на пациенти

  • Избраниот лекар е должен да ги упатува пациентите на секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита за специјалистичко-консултативни услуги преку електронската листа.
  • Директорот на здравствената установа во мрежата на секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита е должен да определи календар на активности најрано до десеттиот ден во тековниот месец за следниот месец за секој здравствен работник кој дава специјалистичко-консултативни услуги (во натамошниот текст: календар на активности) и календар на слободни термини за користење на медицинската опрема за специјалистичко-консултативни услуги.
  • Содржината на календарот на активности од став (2) на овој член, како и начинот на водење го утврдува министерот за здравство.
  • Здравствениот работник е должен, преку електронската листа, да ги упати пациентите кои ги прегледал, односно извршил интервенција за:
  • дополнителни специјалистичко-консултативни           услуги за натамошно

дијагностицирање и лекување,

  • контролна специјалистичко-консултативна услуга и за
  • болничко лекување во установата во која работи или за вршење на хируршка интервенција.ВИДИ СТАВ 1
  • Пациентите се должни да го почитуваат терминот закажан преку електронската листа и да го откажат прегледот, односно интервенцијата најмалку 24 часа пред закажаниот термин.
  • Ако пациентот задоцни на терминот закажан преку електронската листа во текот на денот, истиот може да биде примен на крајот од работниот ден по завршувањето на закажаните термини.
  • Доколку уредно закажаниот термин не може да се реализира од здравствената установа, а пациентот не е известен по телефон или со СМС порака најмалку три часа пред закажаниот термин, патните трошоци кои пациентот ги имал во висина на билет за автобуски превоз се на товар на здравствената установа во која бил закажан терминот, за што пациентот поднесува барање до директорот на здравствената установа.
  • Директорот на здравствената установа ги надоместува патните трошоци од ставот (7) на овој член во рок од еден ден од поднесувањето на барањето од пациентот и истовремено е должен да побара овие трошоци да ги надомести од вработениот во здравствената установа ако по негова вина дошло до нереализирање на закажаниот термин или не бил известен во рокот од ставот (7) на овој член.

(8) Директорот на јавната здравствена установа е должен да обезбеди секој пациент да биде информиран за правото од став (7) на овој член со писмено известување кое се истакнува на лесно видливо и достапно место.

Член 41

Почитување на термин закажан преку
електронската листа од здравствениот работник

  • Здравствениот работник кој врши специјалистичко-консултативни услуги е должен да го почитува терминот закажан преку електронската листа.
  • Здравствениот работник од став (1) на овој член има право да го одложи почетокот на закажаниот преглед, односно интервенција доколку за тоа постојат објективни и оправдани причини.
  • Директорот е должен да испрати известување преку интегрираниот здравствен информатички систем за причините за неизвршување на прегледот во терминот закажан преку електронската листа и за новите термини закажани поради неизвршување на прегледот во закажаниот термин.
  • Причините за одлагање, формата и содржината на известувањето во писмена форма, како начинот на доставување на известувањето од ставот (3) на овој член ја утврдува министерот за здравство.

Член 42

Контрола на упатувањето на пациенти и на електронската листа
за користење на здравствените услуги

(1) Управата за електронско здравство врши контрола на електронската листа на закажани прегледи и интервенции, особено во однос на:

  • содржината на податоците што се водат во електронската листа на закажани прегледи и интервенции и начинот на нејзиното водење,
  • роковите за определување на календарот на активности и календар со слободни термини за специјалистичко-консултативни услуги,
  • бројот на утврдени слободни термини во текот на месецот,
  • почитувањето на терминот закажан преку електронската листа од страна на пациентите и од страна на здравствените работници,
  • надоместување на патните трошоци кои пациентот ги имал заради не реализирање на закажаниот термин од која било причина поврзана со здравствената установа,
  • обезбеденост со постојана интернет врска со 99,9% достапност, односно резервна постојана врска која ќе се употребува само за комуникација со Министерството за здравство и Фондот,
  • дали здравствениот работник има определено термини за вршење на елективни хируршки интервенции;
  • дали во електронската листа е внесена оперативната програма со список со распоред на пациенти за елективна хируршка интервенција, како и дали се внесени промените на термините доколку такви настанат и дали се известени пациентите;
  • дали прегледите и интервенциите закажани со приоритетен упат се реализираат во период кога нема термини за прегледи и интервенции закажани преку електронската листа и
  • дали во електронската листа е најавено отсуство на здравствениот работник/или неисправност на медицинска опрема поради која прегледот, односно интервенцијата во закажаниот термин треба да се откаже и презакаже.
  • Здравствените установи се должни да овозможат вршење на контролата од овластените лица од Управата, како и да ја стават на увид медицинската документација поврзана со укажаните здравствени услуги на осигурените лица.
  • Видовите на контрола, како и начинот на вршењето на контролата ќе го утврди министерот за здравство.

Член 43

Овластено лице за контрола

  • Контролата ја врши лице за контрола овластено од министерот за здравство, вработено во Управата (во натамошниот текст: овластеното лице за контрола).
  • Во вршењето на контролата, овластеното лице за контрола е овластено да изврши увид во електронската листа, да побара изјава од одговорните вработени, изјави од сведоци, а по потреба може да користи услуги на други стручни лица.
  • Формата и содржината на легитимацијата на овластените лица за контрола, како и начинот на издавање и одземање на легитимацијата за вршење на контрола ја пропишува министерот за здравство.

Член 44

Референтен центар

  • Дејноста на референтни центри ја вршат општите и специјализираните болници, односно нивните оддели и други здравствени установи на секундарно и терцијарно ниво, кои се специјализирани за третирање на одделни здравствени состојби или за одделни видови на здравствена дејност, односно специјалност.
  • На здравствените установи од ставот (1) на овој член со решение министерот за здравство може да им додели, односно одземе назив – референтен центар, врз основа на повеќегодишното искуство и покажаните достигнувања во вршењето на дејноста.
  • Поблиските критериуми во однос на повеќегодишното искуство и покажаните достигнувања во вршењето на дејноста и начинот за доделување и одземање на називот – референтен центар ги пропишува министерот за здравство.

Член 45

дејност на телемедицина

  • Дејноста на телемедицината вклучува медицински следење на пациентите од далечина, специјалистичко-консултативни здравствени услуги, превентивни активности во здравството, дијагностички и терапевтски постапки врз основа на достапни податоци од единствениот информатички здравствен систем, како и размена на информации за постојано доживотно стручно усовршување на здравствените работници.
  • Мобилно здравство (во натамошниот текст “М -здравство”) е употребата на мобилни уреди за собирање на медицински и јавно здравствени податоци. Примената на М- здравство вклучува користење на мобилни комуникациски уреди за прибирање на општи и клинички податоци за здравствената состојба, пренос на медицински информации за докторите, истражувачите и пациентите и следење од далечина на медицинските параметри за пациентот.
  • Ако со користење на М-здравство од ставот (2) на овој член се обезбедуваат здравствени услуги на далечина, се смета дека тоа е телемедицинска активност и се применуваат одредбите од овој закон што се однесуваат на телемедицината.
  • Здравствена комуникациска инфраструктура е систем за мрежна комуникација што создава заедничка здравствена база за безбедни алатки за размена на податоци и интероперабилност (технички стандарди, класификации и мрежна комуникациска инфраструктура). Целта на здравствената комуникациска инфраструктура е да се обезбеди поврзување и интероперабилност на регистрите и информациските системи во системот на јавно здравство на Република Северна Македонија и обезбедување на заеднички елементи за комуникација со јавноста или со други корисници.
  • Телемедицинската активност се изведува преку мрежата на телемедицински центри.
  • Мрежата на телемедицински центри на предлог на министерот за здравство ја донесува Владата на Република Северна Македонија во која се определува потребниот број на здравствени установи за вршење на работите на телемедицински центар.

( .

  • Организацијата и начинот на вршење телемедицината го пропишува министерот за здравство.
  • Стандардите за изведба М-здравство од ставот (2) на овој член, на предлог на Управата за електронско здравство ја пропишува министерот за здравство.
  • Организациските и технички стандарди за поврзување на здравствената комуникациска инфраструктура, условите и активностите потребни за покренување, имплементација, развој и следење на проектите поврзани со здравствената комуникациска инфраструктура, безбедносните правила, начинот на управувањето, развојот и другите елементи потребни за работа на здравствената комуникациска инфраструктура ги пропишува министерот за здравство.
  1. Соработка на здравствените установи во мрежата

Член 46

Соработка на здравствените установи

  • Со цел за ефикасен и квалитетен здравствен третман на пациентите, здравствените установи од примарно, секундарно и терцијарно ниво се должни да соработуваат.
  • За вршење на дејноста во областа на јавното здравје, здравствените установи соработуваат со установите за јавно здравје, општините, односно градот Скопје, воспитно-образовните установи, установите за социјална заштита, здруженијата и фондациите и работодавачите.

Член 47Соработка меѓу здравствените установи на секундарно ниво во мрежата

  • Здравствените установи на секундарно ниво, на подрачјето на гравитирање на болницата, со договор ја уредуваат меѓусебната соработка при обезбедувањето итна медицинска помош и дежурство, вршењето услуги согласно со разграничувањето на вршењето на здравствената дејност и користењето заеднички дијагностички и други капацитети и други форми на соработка.
  • Ако одделна здравствена установа на секундарно ниво привремено не може да обезбеди доволен број вработени здравствени работници согласно со критериумите за определување на мрежата, односно договорот со Фондот или од други причини не може да ги оствари своите обврски кон Фондот, со една од здравствените установи на секундарно ниво ќе склучи договор за привремено преземање на извршувањето определена работа од нејзината програма, односно тој дел да го извршуваат заедно.
  • Со договорот од ставот (2) на овој член се регулира и плаќањето на здравствените работници и на услугите за преземеното извршување на определена работа од ставот (2) на овој член, како и намената на средствата од извршената работа од програмата на здравствената установа.
  • Ако договорот од ставот (2) на овој член не се склучи за пренесувањето на тој дел на програмата привремено, но најмногу за една година, одлучува Фондот.
  1. Вршење на здравствена дејност во мрежата за пациенти кои здравствените услуги ги плаќаат со лични средства

Член 48

Услови за вршење на здравствена дејност на пациенти кои здравствените услуги ги плаќаат со лични средства

  • Здравствените установи во мрежата можат да вршат здравствена дејност на пациенти кои здравствените услуги ги плаќаат со лични средства, ако:
  • за таа дејност имаат дозвола за вршење на здравствена дејност и ако се запишани во регистарот на здравствени установи,
  • во последните 12 месеци во целост ја исполниле својата обврска од договорот со Фондот или по исклучок со согласност на Министерството за здравство,
  • тоа не влијае на обемот и на квалитетот на вршењето на здравствената дејност во мрежата и на продолжувањето на времето на чекање за користење на определена услуга и
  • имаат кадровски, просторни и други капацитети кои ги надминуваат критериумите за определување на мрежата и условите кои произлегуваат од договорот со Фондот и кога истите не се потребни за спроведување на здравствените услуги од задолжителното здравствено осигурување согласно со договорот со Фондот, како и за обезбедување на дежурства и приправност.
  • Здравствените установи од ставот (1) на овој член можат да ги вршат здравствените услуги кои:
  • не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување врз основа на прописите од областа на задолжително здравствено осигурување,
  • се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се вршат по желба на пациентот за поинаков или повисок стандард од оној утврден со прописите од областа на задолжително здравствено осигурување,
  • се вршат врз основа на договори со странски партнери или корисници и
  • се вршат за странци кои самите ги намируваат трошоците за лекување.
  • Здравствената установа од ставот (1) на овој член е должна на видно место да истакне дека врши и здравствена дејност за пациенти кои услугите ги плаќаат со лични средства, видот на здравствените услуги, времето и местото на нивното вршење, цените на здравствените услуги и листа на здравствените работници кои ја вршат оваа дејност.
  • Здравствената установа во мрежата може да укажува здравствени услуги на пациенти кои услугите ги плаќаат со лични средства и во работното време наменето за вршење на здравствена дејност во мрежата за здравствените услуги кои:
  • се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се вршат со материјали по избор на пациентот со поинаков или повисок стандард од оној утврден со прописите од областа на задолжително здравствено осигурување или
  • не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а кои не можат да се вршат одделно од здравствените услуги кои се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, по претходна согласност од Фондот.
  • Здравствената установа од ставот (1) на овој член е должна на секои шест месеци до Министерството за здравство да поднесува извештај за обемот и видот на извршените здравствени услуги за пациентите кои услугите ги плаќаат со лични средства.

Член 49

Услови за давање здравствени услуги на странци
кои самите ги плаќаат трошоците за лекување

  • Во јавните здравствените установи кои вршат здравствените услуги за странци кои самите ги плаќаат трошоците за лекување, здравствената услуга ја дава тим предводен од здравствен работник – специјалист кој ќе ја врши здравствената услуга.
  • Тимот од ставот (1) на овој член има право на надоместок за извршената здравствена услуга, што не претставува дел од платата на членовите на тимот. Надоместокот за тимот за извршената здравствена услуга се исплаќа од цената што јавната здравствена установа ја наплаќа од пациентот – странец и изнесува 50% од профитот што го остварува јавната здравствена установа од наплатената цена за извршената услуга.

Член 50

Евиденција за здравствените услуги и намена на средствата

  • Здравствените установи во мрежата се должни да водат посебна евиденција за здравствените услуги укажани на пациенти кои услугите ги плаќаат со лични средства.
  • Вишокот на приходите над расходите кои јавните здравствени установи во мрежата ќе го остварат со вршење на здравствената дејност од ставот (1) на овој член го наменуваат за развој на здравствените услуги и здравствената дејност.
  1. Вршење на здравствена дејност надвор од мрежата

Член 51

  • Здравствена дејност од членот 26 став (1) од овој закон, освен дејностите од членот 30 став (1) од овој закон, надвор од мрежата вршат приватни здравствени установи кои ги исполнуваат условите од членот…………. од овој закон.
  • Здравствените установи надвор од мрежата вршат здравствена дејност во која стекнуваат средства само од пациенти кои здравствените услуги ги плаќаат со лични средства.
  1. Формирање на цените на здравствените услуги во јавните здравствени установи

Член 52

  • Цените на здравствените услуги во јавните здравствени установи за пациенти кои услугите ги плаќаат со лични средства, ги утврдува директорот на јавната здравствена установа по претходно добиена согласност од министерот за здравство имајќи ги предвид трошоците за услугата на здравствените работници, односно тимовите кои ја извршуваат услугата (трудот), трошоците за тековно и инвестициско одржување, општите трошоци на работењето (режиски трошоци), лековите и медицинските потрошни материјали и други потребни материјали за извршување на услугата.
  • Министерот за здравство може да побара мислење од Фондот и надлежна комора при утврдувањето на цената од ставот (1) на овој член.
  • Јавните здравствени установи од ставот (1) на овој член се должни на пациентите кои услугите ги плаќаат со лични средства да им издадат фискална сметка за извршената здравствена услуга.
  1. Посебни области на здравствената дејност

Член 53

Здравствена дејност во областа на јавното здравје

  • Здравствената дејност во областа на јавното здравје, која опфаќа мерки и активности за следење на здравствената состојба на населението, проучување на ризик факторите, планирање на мерки и активности за спречување на појавата, рано откривање и спречување на ширење на заболувања, мерки за зачувување и унапредување на здравјето и животната средина, се врши согласно со овој закон и прописите од областа на јавното здравје.
  • Дејноста од ставот (1) на овој член ја вршат центрите за јавно здравје и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија и соработуваат со другите здравствени установи од сите нивоа.

Член 54

Дејност од областа на здравјето и безбедноста при работа,
безбедноста во сообраќајот и утврдувањето на здравствената
способност за поседување и носење на оружје

Вршењето на здравствената дејност од областа на здравјето и безбедноста при работа, безбедноста во сообраќајот и утврдувањето на здравствената способност за поседување и носење на оружје се вршат согласно со овој закон и посебните прописи од соодветните области.

Член 55

Дејност на снабдување со крв и крвни компоненти

Дејноста на снабдување со крв и крвни компоненти се врши согласно со овој закон и посебните прописи од соодветната област.

Член 56

Земање и пресадување на делови на човечкото тело и
обезбедување на квалитет и безбедност на човечките ткива и клетки

Земањето и пресадувањето на делови на човечкото тело и обезбедувањето на квалитет и безбедност на човечките ткива и клетки, наменети за лекување, се врши согласно со овој закон и посебните прописи од соодветната област.

Член 57

Постапки за лекување на неплодност и
постапки за биомедицински потпомогнато оплодување

Постапките за лекување на неплодност и постапките за биомедицински потпомогнато оплодување се врши согласно со овој закон и посебните прописи од соодветната област.

Член 58

Дејност на итна медицинска помош

  • Дејноста на итната медицинска помош опфаќа укажување на дијагностички и терапевтски постапки кои се неопходни за отстранување на непосредна опасност по животот и здравјето на лицето.
  • Дејноста на итна медицинска помош се врши на сите нивоа на здравствената заштита, а се остварува во најблиската здравствена установа која има организирано служба за итна медицинска помош, според местото на живеење, односно според местото каде што лицето се затекнало во времето на потребата од итна медицинска помош.
  • Организацијата и начинот на вршење на работите од итна медицинска помош ги утврдува министерот за здравство.

Член 59

Преглед на умрени лица

Прегледот на умрените лица и утврдувањето на времето и причините за смртта се вршат согласно со овој закон.

Член 60

Фондови за пензиско и инвалидско осигурување и за здравствено осигурување

Фондот за пензиското и инвалидското осигурување Република Северна Македонија и Фондот, преку комисии формирани согласно со прописите од областите за пензиското и инвалидското осигурување и за здравственото осигурување, вршат определени работи од здравствената дејност во делот кој се однесува на оценување на работната способност и остварувањето на правата од овие области во согласност со тие прописи.

Член 61

Здравствена заштита организирана согласно со прописите од областа на одбраната

  • Здравствената заштита организирана согласно со прописите од областа на одбраната се врши согласно со прописите од областа на одбраната и одредбите од овој закон кои се однесуваат на вршењето на здравствената дејност.
  • Здравствената дејност од ставот (1) на овој член се врши врз основа на дозволата од членот .. од овој закон.
  1. ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ
  2. Основање, статусни измени и дозволи за работа на здравствени установи

Член 62

Основање на здравствени установи

  • Здравствена установа може да се основа како јавна и приватна.
  • Јавна здравствена установа може да основа Владата.
  • Приватна здравствена установа може да основаат домашни и странски, правни и физички лица.

Член 63

Основање и статусни измени на јавни здравствени установи

  • Јавна здравствена установа може да се основа и да престане со одлука на Владата, во согласност со потребите на здравствената дејност утврдени со мрежата.
  • Одлука за статусни измени (спојување, припојување, поделба или издвојување) на установите од ставот (1) на овој член, Владата донесува согласно со мрежата утврдена со овој закон.
  • Врз основа на одлуката од ставовите (1) и (2) на овој член се врши упис на јавната здравствена установа, односно се запишуваат статусните измени во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Член 64

Работи за кои не може да се основа приватна здравствена установа

Приватна здравствена установа не може да се основа за вршење на работите од членот ….став (1) точки 1, 2, 4, 5, 6, 10, 11, 13, 14, 15 и 16 од овој закон, освен доколку со закон поинаку не е предвидено.

Член 65

Услови за основање, почнување со работа, вршење здравствена дејност и
проширување на дејноста на здравствена установа

  • Здравствена установа може да се основа, да почне со работа, да врши здравствена дејност и да ја прошири дејноста, ако се исполнети следниве услови:
  • да има во работен однос на неопределено време со полно работно време определен број здравствени работници во зависност од видот на здравствена дејност, односно специјалност
  • да има во работен однос на неопределено време со полно работно време одговорен носител на здравствената дејност за вршење на определен вид здравствени услуги во зависност од видот на здравствена дејност, односно специјалност и
  • да има простор и опрема за вршење на определен вид здравствена дејност, односно специјалност.
  • Здравствените работници од ставот (1) алинеи 1 и 2 на овој член мора да поседуваат соодветна лиценца за работа, во зависност од видот на здравствената дејност, односно специјалност.
  • Одговорниот носител на дејноста од ставот (1) алинеја 2 на овој член мора да ги исполнува следиве услови:
  • да не е корисник на право на пензија и
  • да биде запишан во регистарот на здравствени работници.
  • Здравствена установа во мрежата, покрај условите од ставот (1) на овој член, може да се основа, да почне со работа, да врши здравствена дејност и да ја прошири дејноста ако тоа е планирано со мрежата.
  • Потребниот простор, опрема и стручен кадар за основање, почнување со работа и вршење на здравствена дејност во здравствени установи ги пропишува министерот за здравство.

Член 66

Содржина на елаборатот за основање здравствена установа

  • Основачот на приватната здравствена установа надвор од мрежата во елаборатот за основање на установата го определува видот и обемот на здравствената дејност, просторот, опремата, потребниот број стручни кадри со листа на лица кои планира да се ангажираат со податоци за нивните стручни квалификации и листа на здравствени установи во кои биле или се вработени, обемот на средствата и начинот на обезбедување на одржливо ниво на финансирање на дејноста за период од шест месеци, заштитата на работа на вработените, заштитата на корисниците на јавната услуга и приложува квалитетна финансиска гаранција од ликвидна банка, прифатлива за Министерството за здравство, за континуирано вршење на услугите најмалку за период од шест месеци и за надоместување на штетата што може да биде предизвикана на корисниците на услугите, ако установата престане со работа.
  • Приватната здравствена установа е должна најмалку два месеци пред престанокот со работа да го извести Министерството за здравство и корисниците на здравствените услуги, освен во случаи на виша сила.
  • Известувањето од ставот (2) на овој член Министерството за здравство го објавува на својата веб страница.

Член 67

Решение за основање и решение за дозвола за работа на здравствена установа

  • Министерството за здравство го оценува исполнувањето на условите во однос на просторот и/или опремата од членот 67 од овој закон за основање на здравствена установа и донесува решение за основање на здравствената установа во мрежата или решение за основање здравствената установа надвор од мрежата на здравствени установи во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.
  • Врз основа на решението од ставот (1) на овој член се врши упис на здравствената установа во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
  • Решение за дозвола за работа на здравствена установа (во натамошниот текст: дозвола за работа) се донесува по исполнување на условите во однос на просторот, опремата и стручниот кадар од членот 67 од овој закон во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.
  • Дозволата за работа се одзема доколку настанат промени со кои се отстапува од условите утврдени со решението од ставот (3) на овој член.
  • Трошоците за постапката од ставовите (1) и (3) на овој член паѓаат на товар на основачот.
  • Висината на трошоците од ставот (5) на овој член врз основа на материјалните трошоци за водење на постапката, а во зависност од видот на здравствената установа, ја определува министерот за здравство.

Член 68

Содржина на дозволата за работа на здравствената установа

  • Здравствените установи се должни да имаат дозвола за работа за да вршат здравствена дејност.
  • Дозволата за работа на здравствената установа ги содржи следниве податоци:
  • назив и седиште на здравствената установа,
  • име и презиме, односно назив на основачот, матичен број и адреса, односно седиште,
  • вид на здравствената установа,
  • одговорен носител на здравствената дејност и другите здравствени работници (лично име и презиме, звање, адреса на постојаното или привременото живеалиште),
  • вид и начин на вршење на здравствената дејност во мрежата или вид и начин на вршење на здравствената дејност надвор од мрежата и
  • листа на здравствени услуги кои, според условите што се исполнети, може да ги врши здравствената установа, а врз основа на листите од членот 28 став (3) од овој закон.
  • Во случај на промена на податоците од ставот (2) на овој член, по барање на здравствените установи се врши промена на дозволата за работа врз основа на документација со која се докажува промената.
  • Називот на здравствената установа не смее да содржи поими и/или зборови кои упатуваат на вид и дејност на здравствена установа што се различни од видот и дејноста на установата што се основа.

Член 69

Запишување на здравствената установа во регистарот на здравствени установи

По донесувањето на дозволата за работа, Министерството за здравство по службена должност ја запишува здравствената установа во регистарот на здравствени установи.

Член 70

Престанок со работа и одземање на дозволата за работа на здравствена установа

  • Министерството за здравство донесува решение за престанок со работа на здравствената установа, ако:
  • основачот, односно неговиот правен, односно законски наследник донесе акт за престанување на здравствената установа,
  • престанале условите за вршење на здравствената дејност за која здравствената установа била основана,
  • здравствената установа се припои или спои со друга здравствена установа или се подели или се издвојат една или повеќе установи во кој случај новонастанатите здравствени установи, односно здравствените установи кон кои се припојуваат здравствени установи што престанале со работа ги преземаат сите права и обврски на здравствените установи кои престануваат со работа,
  • не започне со вршење на дејноста во рок од шест месеци од запишувањето во регистарот на здравствени установи или ако ја прекине работата за период подолг од една година и
  • се исполнети други услови за престанок на здравствената установа утврдени со закон или актот за основање.
  • Министерството за здравство донесува решение за одземање на дозволата за работа на здравствената установа, ако:
  • во определениот рок, што не може да биде пократок од 45 ниту подолг од 60 дена во зависност од времето потребно да се отстранат недостатоците, не ги отстрани недостатоците утврдени со надзорот согласно со овој закон,
  • не го извести Министерството за здравство за промените на податоците кои се запишани во регистарот на здравствените установи во рок од 15 дена од нивното настанување,
  • со правосилна одлука се утврди ништовност на уписот на здравствената установа во Централниот регистар на Република Северна Македонија,
  • е изречена санкција за забрана за вршење на дејноста заради неисполнување на условите за вршење на дејноста,
  • врши дејност спротивно на дозволата за работа и

– не ги спроведува одредбите од овој закон и актите донесени врз основа на овој закон.

  • Со денот на донесувањето на решението од ставот (2) на овој член здравствената установа престанува со работа.
  • Последиците што произлегуваат од решението за одземање на дозволата паѓаат на товар на основачот.
  • Врз основа на решенијата од ставовите (1) и (2) на овој член, здравствената установа се брише од Централниот регистар на Република Северна Македонија и од регистарот на здравствени установи.
  • По исклучок од ставот (5) на овој член, јавната здравствена установа се брише од Централниот регистар на Република Северна Македонија врз основа на одлука на основачот.

Член 71

Примена на прописите од областа на општата управна постапка

Во постапките за основање, статусни измени (спојување, припојување, поделба или издвојување) и дозволи за работа за здравствени установи се применуваат прописите од областа на општата управна постапка, ако со овој закон поинаку не е определено.

Член 72

Регистар на здравствени установи

  • Регистарот на здравствени установи е јавен и ги содржи следниве податоци:
  • назив и седиште на здравствената установа;
  • име и презиме, односно назив на основачот;
  • вид на здравствената установа;
  • вид и начин на вршење на здравствената дејност во мрежата и
  • вид и начин на вршење на здравствена дејност надвор од мрежата.
  • Регистарот на здравствени установи го води и објавува Министерството за здравство на веб страницата на Министерството за здравство.
  • Министерството за здравство обезбедува достапност на податоците од регистарот од ставот (1) на овој член на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, согласно со прописите од областа на евиденциите во областа на здравството.
  • Регистарот на здравствени установи го користат надлежните инспекции, Фондот и коморите во рамките на доделеното јавно овластување.
  • Формата, содржината, начинот на водењето и објавувањето на регистарот од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за здравство.
  1. Видови на здравствени установи Член 73

Определување на видовите на здравствени установи

Во зависност од видот на здравствената дејност што ја вршат и видот на здравствените услуги што ги укажуваат, здравствените установи се основаат како:

  • ординација,
  • ординација со биохемиска лабораторија,
  • поликлиника,
  • дијагностичка лабораторија,
  • заботехничка лабораторија,
  • центар,
  • здравствен дом,
  • болница (општа, специјализирана, клиничка),
  • болница за нега,
  • институт,
  • универзитетска клиника,
  • универзитетски институт,
  • универзитетски клинички центар и
  • аптека.
  • По исклучок од ставот (1) на овој член, заради поефикасно и порационално искористување на просторот, опремата и кадарот на јавните здравствени установи, Владата на предлог на министерот за здравство може да одлучи две или повеќе јавни здравствени установи од различен вид и/или ниво да се спојат, односно припојат во една јавна здравствена установа со проширена дејност во која ќе се врши здравствената дејност и ќе се укажуваат здравствените услуги на јавните здравствени установи што се споиле или припоиле.

Член 74
Ординација

  • Ординација на примарно ниво спроведува здравствена дејност ако се исполнети условите за вршење на дејноста по семејна, односно општа медицина, по училишна медицина, педијатрија, медицина на трудот, гинекологија и акушерство и општа стоматологија.
  • Ординација                                                               на секундарно ниво спроведува                                        специјалистичко-

консултативна здравствена дејност од областа на медицината, односно стоматологијата.

  • Ординација со биохемиска лабораторија може да врши и биохемиско- лабораториска дејност ако се исполнети условите за вршење на биохемиско- лабораториска дејност.

Член 75
Поликлиника

  • Поликлиника на примарно ниво спроведува здравствена дејност во две или повеќе ординации од примарно ниво и соодветна дијагностичко-лабораториска, односно заботехничко-лабораториска дејност, во зависност од здравствената дејност што се врши во ординациите.
  • Поликлиника на секундарно ниво спроведува здравствена дејност на две или

повеќе ординации од специјалистичко-консултативната дејност и соодветна дијагностичко-лабораториска, односно заботехничко-лабораториска                                                                       дејност      и

радиодијагностичка дејност, во зависност од здравствената дејност што се врши во ординациите.

  • Поликлиниките од ставовите (1) и (2) на овој член можат да спроведуваат здравствена дејност и ако соодветната дијагностичко-лабораториска, односно заботехничко-лабораториска дејност и радиодијагностичка дејност ја обезбедуваат во договор со друга здравствена установа.
  • По исклучок од ставовите (1) и (2) на овој член поликлиника на примарно ниво што врши стомаолошка здравствена дејност може да спроведува и специјалистичко- консултативната дејност под услови утврдени во член 38 став (2) од овој закон.

Член 76

Дијагностичка лабораторија

Дијагностичка лабораторија врши дејност на прибирање лабораториски примероци, обработка и анализа со примена на дијагностичка опрема, апаратура и физичко- дијагностички методи.

Член 77

Заботехничка лабораторија

Заботехничка лабораторија врши дејност на подготовка и изработка на заботехнички и забнопротетички помагала (протези, мостови, коронки и други средства).

Член 78

Здравствен дом

  • Здравствен дом врши здравствена дејност најмалку во следниве области:
  • итна медицинска помош и домашно лекување,
  • итна стоматолошка помош,
  • превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца,
  • поливалентна патронажа,
  • стоматолошка заштита на деца до 14 годишна возраст,
  • обезбедување со лекови и
  • здравствена статистика.
  • Здравствениот дом ја врши здравствената дејност со примена на диспанзерски и тимски метод на работа.
  • Здравствените работници во спроведувањето на здравствената дејност од ставот (1) на овој член ги поттикнуваат и насочуваат превентивните и активностите за унапредување на здравјето на пациентите и соработуваат со здравствените работници од специјалистичко-консултативната и болничката здравствена заштита.
  • Здравствениот дом може да врши и други примарни и/или специјалистичко- консултативни дејности, ако ги исполнува условите за тие дејности согласно со овој закон.
  • Здравствениот дом може да организира породување со стручна помош, доколку на неговото подрачје нема општа болница.

Член 79

Центар

  • Центарот, за подрачјето за кое е основан, организира и спроведува мерки преку кои на пациентите им обезбедува итна медицинска помош од местото на настанување на ургентната здравствена состојба со преземање на мерки за реанимација и интензивна нега до местото на најблиската соодветна здравствена установа за згрижување и лекување, акутен третман, лекување и третман на хронично болни, рехабилитација и реинтеграција, како и друг вид на поддршка.
  • Центар се основа за итна медицинска помош, ментално здравје, лекување и третман на хронично болни, третман на болести на зависност и за рехабилитација.
  • Покрај работите од ставот (1) на овој член, центарот за итна медицинска помош е должен да организира вршење и на домашно лекување.
  • Центар се основа и за вршење на работите на јавното здравје во согласност со Законот за јавно здравје.

Член 80 Болница

  • Болницата врши болничка здравствена дејност која опфаќа дијагностика, лекување, здравствена нега и акушерска нега, медицинска рехабилитација и палијативна нега, која заради здравствената состојба на пациентот или видот на интервенцијата не е можно да се врши амбулантската здравствена дејност на секундарно ниво или со третман во центарот, домот за нега, односно домот на пациентот.
  • Болницата може да врши и специјалистичко-консултативна здравствена дејност на секундарно ниво за оние видови здравствена дејност за кои врши болничка здравствена дејност.
  • Болницата може да биде општа, специјализирана и клиничка.

Член 81

Општа болница

  • Општата болница врши болничка здравствена дејност од областа на интерната медицина, општата хирургија, гинекологијата и акушерството и детските болести.
  • По исклучок од ставот (1) на овој член, ако е тоа во согласност со мрежата на секундарно ниво, општата болница може да врши болничка здравствена дејност само од областа на интерната медицина и општата хирургија.
  • Општата болница обезбедува и дејност на интензивна нега и терапија, анестезиолошка дејност, дејност на итна медицинска помош, дејност на лабораториска медицина, радиодијагностичка и други дејности во обем кој е потребен за вршење на дијагностичка дејност, дејност на нега и терапевтска дејност во рамките на вршењето на болничката здравствена дејност, палијативна нега, како и определени работи од фармацевтската дејност за болнички третираните пациенти.
  • Градската општа болница „8 Септември” во Скопје покрај дејностите на општа болница може да врши и здравствена дејност на превентивни, периодични и контролни здравствени прегледи на сите лица, како и проверка на здравствениот статус на специфични категории на професии на вработени лица, државни и јавни службеници, чиј статус е уреден со посебни прописи.

Член 82

Специјализирана болница

  • Специјализираната болница врши болничка здравствена дејност и специјалистичко- консултативната здравствена дејност за одредени видови на болести или возрасни групи на население.
  • Специјализираната болница, во зависност од видот на здравствената дејност, обезбедува и вршење на здравствена дејност на интензивна нега и терапија, анестезиолошка дејност, дејност на итна медицинска помош, како и дејност на лабораториска медицина, радиолошка и други дејности во обем кој е потребен за вршење на дијагностичка дејност, дејност на нега и терапевтска дејност во рамките на болничката здравствена дејност и специјалистичко-консултативната здравствена дејност што ја врши, како и определени работи од фармацевтската дејност за болнички третираните пациенти.

Член 83

Клиничка болница

  • Клиничката болница спроведува здравствена дејност на општа болница од членот 83 став (1) од овој закон, како и здравствена дејност од областите на урологија, неврохирургија, ортопедија и трауматологија, очни болести, болести на уво, нос и грло, неонатологија, психијатрија, неврологија и онкологија.
  • Во клиничката болница се спроведува и образовна дејност и стручно усовршување на здравствените работници од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата и здравствените соработници.

Член 84

Болница за нега

  • Болницата за нега врши дејност на здравствена нега на пациенти кај кои акутното лекување на болеста или повредата, заради која биле примени во болница, е завршено, но на кои заради општата здравствена состојба им е потребна здравствена нега, која се уште не може да се обезбеди дома или во друг вид на установа.
  • Болницата за нега склучува договор со општа болница со која соработува при здравствениот третман на хронични пациенти, согласно со упатствата за медицина заснована на докази.
  • Болницата за нега може да врши и дејност на палијативна нега и институционална заштита на хронични болни и други пациенти на кои им е потребна помош при извршувањето на дневните животни активности, согласно со прописите од областа на социјалната заштита.

Член 85

Категоризација на здравствените установи кои спроведуваат
болничка здравствена дејност во мрежата

  • Заради обезбедување на минималниот стандард на стручен развој, рационално административно управување, рационално управување со просторот, опремата и кадарот, а со цел за обезбедување на минималниот стандард на квалитетот на здравствената дејност и рамномерен развој на територијата на Република Северна Македонија, здравствените установи кои спроведуваат болничка здравствена дејност во мрежата се распределуваат во следниве категории: нулта, прва, втора и трета.
  • Категориите од ставот (1) на овој член се определуваат во зависност од видот на здравствената дејност и бројот на дејностите, нивото на стручната оспособеност на здравствени работници, нивото на здравствените услуги, обемот на укажувањето на здравствените услуги, креветските капацитети и географското подрачје за укажување на здравствени услуги на населението.
  • Поблиските критериуми од ставот (2) на овој член за распределување во категории на здравствените установи кои спроведуваат болничка здравствена дејност во мрежата ги пропишува министерот за здравство.

Член 86

Институт

  • Институтот спроведува здравствена дејност ако се исполнети условите утврдени со овој закон за специјализирана болница, како и условите за вршење на научноистражувачка дејност согласно со овој и друг закон.
  • По исклучок од став 1 на овој член, институтот може да спроведува рехабилитација ако се исполнети условите утврдени со овој закон за центар, како и условите за вршење на научноистражувачка дејност согласно со овој и друг закон.

Член 87

Институт за трансфузиона медицина

Институт за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија покрај работите утврдени со прописите од областа на безбедност при снабдувањето со крв, врши и планирање, унапредување и организирање на крводарителството во Републиката, прибира, чува и дистрибуира крв за потребите на здравствените установи, изготвува тест серуми, произведува крвни деривати и парентерални раствори, врши имунохематолошки, имунолошки испитувања од хистокомпатибилитетот, хемостазата и изградува и спроведува стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област.

Член 88

Институт за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на Република Северна Македонија спроведува високо специјализирана здравствена дејност во областа на медицината на трудот, специјалистичко-консултативни здравствени услуги, спроведува активности за

унапредување на здравјето на работно место, врши амбиентален мониторинг во работната средина и процена на ризици на работните места, изградува и спроведува стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област, развива и применува информационен систем во областа на здравјето и безбедноста при работа, врши усовршување на здравствените работници, дава стручно-методолошка помош и ги координира здравствените установи од областа на медицината на трудот и врши научноистражувачка дејност во областа на медицината на трудот.

Член 89

Институт за јавно здравје

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија ги врши работите утврдени со прописите од областа на јавното здравје.

Член 90

Универзитетска клиника

  • Универзитетската клиника спроведува здравствена дејност ако се исполнети условите за вршење на специјалистичко-консултативна и болничка дејност или само специјалистичко-консултативна дејност од одредена гранка на медицината, односно стоматологијата, или на одделни групи население, во која се изведува образовна дејност, се врши усовршување на здравствените работници и научноистражувачка дејност.
  • Универзитетската клиника, покрај работите од ставот (1) на овој член, особено врши здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од одредена гранка на медицината, односно стоматологијата, изградува и спроведува стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област и укажува стручно-методолошка помош на здравствените установи од соодветната гранка на медицината, односно стоматологијата.
  • Универзитетската клиника може да врши дејност ако во работен однос има најмалку пет вработени доктори на наука од областа на медицината, односно од областа на стоматологијата, од кои најмалку двајца наставници на медицински, односно стоматолошки факултет.
  • Универзитетската клиника може да врши дејност и ако наставниците од ставот
  • на овој член се во работен однос во универзитетската клиника и во медицинскиот, односно стоматолошкиот факултет, согласно со прописите од областа на работните односи и договорот за вработување.

Член 91

Универзитетски институт

  • Универзитетскиот институт спроведува                                                                                                специјалистичко-консултативна здравствена дејност, образовна и научноистражувачка дејност, врши усовршување на здравствените работници, ако ги исполнува условите од членот …ставови (3) и (4) од овој закон и/или други услови утврдени со овој закон.
  • Универзитетскиот институт покрај работите од ставот (1) на овој член, особено врши здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман на одредена гранка на медицината, пред се, од областа на сложени дијагностички постапки, изградува и спроведува стручно- медицински доктринарни критериуми во својата област и укажува стручно-медицинска помош на здравствените установи од соодветна гранка на медицината.
  • По исклучок од став 1 и 2 на овој член, универзитетски институт може да произведува и радиофармацевтски препарати.

Член 92

Универзитетски клинички центар

  • Универзитетски клинички центар е здравствена установа која по правило врши здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од повеќе гранки на медицината, односно стоматологијата врши образовна и научноистражувачка дејност, обезбедува функционално поврзување на дејностите, организира единствена лабораториско- дијагностичка дејност, рендген дијагностика, анестезиолошка и реаниматолошка дејност, прием и тријажа на болните, како и определени работи од фармацевтската дејност за болнички третираните пациенти..
  • Покрај работите од ставот (1) на овој член универзитетскиот клинички центар врши и специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита.
  • Покрај работите од ставовите (1) и (2) на овој член, согласно со карактерот на дејноста и во функција на спроведување на образовната и научноистражувачката дејност, универзитетскиот клинички центар од областа на стоматологијата може да врши и услуги од примарна стоматолошка здравствена заштита врз основа на одобрение од министерот за здравство.

Член 93

Функционална целина на здравствената, образовната и научноистражувачката дејност

  • Универзитетската клиника, универзитетскиот институт, односно универзитетскиот клинички центар и клиничката болница образовната и научноистражувачката дејност ја вршат на начин на кој се обезбедува функционална целина на здравствената, образовната и научноистражувачката дејност и согласно со потребите на медицинскиот, односно стоматолошкиот факултет за спроведување на студиските програми.
  • Меѓусебните односи во вршењето на дејностите од ставот (1) на овој член, како и условите и начинот според кои лицата од членот 90 став (4) од овој закон вршат здравствена, односно високообразовна и научноистражувачка  дејност, универзитетската клиника, односно универзитетскиот клинички центар, клиничката болница и медицинскиот, односно стоматолошкиот факултет ги уредуваат со спогодба.
  • Во вршењето на здравствената, образовната и научноистражувачката дејност како функционална целина во универзитетската клиника, универзитетскиот институт, универзитетскиот клинички центар и клиничката болница, лицата избрани во наставно- научни и соработнички звања во високообразовна установа вршат високообразовна дејност, согласно со спогодбата од ставот (2) на овој член.

Член 94 Аптека

Аптеката врши фармацевтска дејност, а особено набавка, сместување, чување, издавање, испитување и контрола на лекови, санитетски материјални средства и лековити супстанции, изработува магистрални лекови и галенски препарати, дава упатства за употреба на издадените лекови и набавува и издава средства за детска и диетална исхрана, ортопедски помагала, прибори и медицински инструменти.

  1. Заеднички одредби за здравствени установи

Член 95

Општи акти на здравствените установи

Здравствена установа, зависно од дејноста што ја врши, е должна со општ акт особено да ги уреди следниве прашања: организацијата и начинот на укажување на итната медицинска помош, начинот на користење и одржување на медицинската опрема, негата на болните и домашното лекување, начинот и постапката за прием на пациентите при укажување на примарна, специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, начинот и содржината на спроведувањето на внатрешниот надзор над стручната работа над здравствените работници и здравствените соработници и видот и начинот на користење на работната и заштитната облека на здравствените и другите работници.

Член 96

Внатрешна организација на јавните здравствени установи

  • Работата во јавните здравствени установи, врз начелата на достапност, рационалност, ефикасност и континуираност на здравствената заштита се организира во внатрешни организациони единици, кои претставуваат организациско-техничка целина во процесот на работата, во зависност од видот на здравствената установа.
  • Како внатрешни организациони единици може да се определат:
  • отсек и депо за лекови во поликлиника;
  • служба и депо за лекови во здравствен дом, а за здравствен дом над 1000 вработени поликлиника со служби и депо за лекови;
  • одделение со отсеци во центар;
  • оддел со одделенија во кои можат да се организираат отсеци и лабораторија во Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија;
  • оддел со одделенија во кои можат да се организираат отсеци за вршење на болничка здравствена дејност, отсек за вршење на специјалистичко-консултативна здравствена дејност, лабораторија и болничка аптека во болница и институт;
  • оддел со одделенија во кои можат да се организираат отсеци и болничка аптека во универзитетски институт и универзитетска клиника и
  • клиника со оддели и болничка аптека во универзитетски клинички центар.
  • По исклучок од став (2) алинеите 6 и 7 на овој член, во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – Скопје како внатрешни организациони единици може да се определат клиника со оддели и болничка аптека.
  • Во зависност од видот на дејноста што ја врши здравствената установа, делокругот на работа на внатрешните организациони единици и минималниот број извршители по внатрешни организациони единици, согласно со начелата од ставот (1) на овој член, ги пропишува министерот за здравство.

Член 97

Раководење и управување со приватните здравствени установи

Раководењето и управувањето со приватните здравствени установи се уредува со актот за основање, односно статутот на установата.

98

Евиденција на медицинска опрема

  • Јавните здравствени установи се должни да водат евиденција на медицинската опрема со која располагаат и со која ја вршат здравствената дејност.
  • Јавните здравствени установи секој месец ги внесуваат податоците од евиденцијата од став (1) на овој член во интегрираниот здравствен информатички систем востановен согласно со прописите за евиденциите од областа на здравството.
  • Начинот на водење на евиденцијата на медицинската опрема, како и видот, формата и содржината на обрасците за водење на евиденцијата на медицинската опрема од став (1) на овој член ги пропишува министерот за здравство.

Член 99

Национален систем за материјално-финансиско и
сметководствено работење во јавните здравствени установи

  • Заради обезбедување на следливост на целокупниот медицински потрошен материјал, медицински средства, лекови и сите останати материјали кои ги набавува јавната здравствена установа (во натамошниот текст: основни и помошни медицински материјали) се востановува Национален систем за материјално-финансиско и сметководствено работење во јавните здравствени установи (во натамошниот текст: Национален систем).
  • Националниот систем е составен дел од интегрираниот здравствен информатички систем.
  • Јавните здравствени установи се должни да водат редовна евиденција на сите потрошени основни и помошни медицински материјали.
  • Содржината и начинот на водење на евиденцијата на потрошените основни и помошни медицински материјали ја пропишува министерот за здравство

Член 100

Централен систем за електронска евиденција на работното време

  • Управата за електронско здравство воспоставува и води Централен систем за електронска евиденција на работното време и контрола на пристап до просториите во јавните здравствени установи (во натамошниот текст: Централниот систем).
  • Централниот систем ги содржи личните податоци на вработените во јавните здравствени установи, биометриските податоци односно евиденциски податоци потребни за потврда на идентитетот на субјектот на лични податоци и податоци за просториите во објектите каде што се сместени јавните здравствени установи.
  • За да се обезбеди тајност и заштита на обработката и одржувањето на личните податоци на вработените во јавните здравствени установи, се применуваат соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап, особено кога обработката вклучува пренос на податоци преку мрежа и заштита од какви било незаконски облици на обработка.
  • Личните податоци на вработените во јавните здравствени установи од став (3) на овој закон, можат да се пренесуваат преку електронско комуникациска мрежа, само ако посебно се заштитени со соодветни технички и организациски мерки, така што нема да бидат читливи при преносот, за да се обезбеди степен на заштита соодветно на ризикот при обработката и природата на податоците кои се обработуваат.
  • Описот на техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци го утврдува министерот за здравство.
  • Начинот на водење на евиденција за доаѓање и заминување од работното место на вработенитеи на евиденцијата на нивното присуство во просториите на јавната здравствена установа, како и начинот на проверување на личниот идентитет на вработените во јавните здравствени установи со користење на скенер со биометриски сензор и видот на биометриски податок што се користи за таа цел односно евиденциските податоци, го утврдува министерот за здравство.
  • По донесувањето на подзаконските акти од ставовите (5) и (6) на овој член, Министерството за здравство е должно веднаш да го објави на веб страницата на Министерството и во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Член101
Дневна болница

Здравствените установи во кои се спроведува специјалистичко-консултативната здравствена дејност можат да го организираат спроведувањето на здравствена дејност и со сместување на болните само во определено време во текот на денот (дневна болница).

Член 102

Здружение на здравствените установи

Здравствените установи можат да се здружат во здружение на здравствените установи заради уредување на одредени прашања од заеднички интерес.

  1. ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ

Член 103

  • Установите кои вршат научноистражувачка и образовна дејност во областа на медицината, стоматологијата и фармацијата можат да вршат здравствена дејност ако ги исполнуваат условите за вршење на одредена здравствена дејност.
  • Установите од областа на социјалната и детската заштита, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови можат да спроведуваат одредени мерки од здравствената дејност на примарно ниво за лицата сместени во нив.
  • Државните основни училишта за ученици со посебни образовни потреби можат да спроведуваат одредени мерки од здравствената дејност на примарно ниво за нивните ученици.
  • Здруженија на граѓани може да спроведуваат одредени мерки и активности од здравствената заштита од посебно значење за јавното здравје во Република Северна Македонија за одредени групи население.
  • Просторот, опремата и кадарот за спроведувањето на одредени мерки и активности од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот за здравство.

Член 104

  • Правните лица специјализирани продавници кои вршат промет на мало со медицински средства и правните лица – трговски друштва кои вршат дејност очна оптика можат да вршат здравствена дејност оптометрија ако поседуваат соодветна опрема и имаат во работен однос оптометрист на неопределено време со полно работно време.
  • Просторот, опремата и кадарот потребен за вршење на здравствената дејност од ставот (1) на овој член ја утврдува министерот за здравство.
  • Здравствените услуги укажани во правните лица од ставот (1) на овој не се на товар на Фондот.
  • По донесувањето на подзаконскиот акт од став (2) на овој член, Министерството за здравство е должно веднаш да го објави на веб страницата на Министерството и во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Член 105

Одредбите од овој закон кои се однесуваат на почнувањето со работа на здравствените установи, на здравствените работници и на здравствените соработници, на евиденциите во областа на здравството, на надзорот над работата на здравствените установи, се применуваат и на правните лица од членовите103 и 104од овој закон.

  1. УПРАВУВАЊЕ И РАКОВОДЕЊЕ СО ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

Член 106

Остварување на јавниот интерес

Јавниот интерес во остварувањето на здравствената дејност во јавните здравствени установи се остварува со:

  • учество на претставници на основачот во одлучувањето за работите од јавен интерес,
  • давање на согласност на статутите и
  • именување и разрешување на директор.

Член 107

Работи од јавен интерес

Како работи од јавен интерес во чие одлучување учествуваат претставници на основачот во јавните здравствените установи се:

  • донесување на статут,
  • донесување на одлука за промена на дејноста или други статусни измени (спојување, припојување, поделба или издвојување),
  • донесување на програма за работа и финансиски план,
  • утврдување на завршна сметка и
  • усвојување на извештај за работа.

Член 108
Управен одбор

  • Со јавната здравствена установа управува управен одбор.
  • Управниот одбор на јавните здравствени установи од специјалистичко- консултативната и болничката здравствена заштита го сочинуваат пет члена, од кои двајца претставници од редот на стручните и компетентни лица во јавната здравствена установа кои ги избира стручниот орган и тројца претставници на основачот.
  • Управниот одбор на јавните здравствени установи од примарната здравствена заштита го сочинуваат пет члена од кои тројца претставници на основачот и двајца претставници од единиците на локалната самоуправа од кои едниот го именува советот на општината на чие подрачје е седиштето на јавната здравствена установа, а другиот од советот на општината со најголем број жители на подрачјето што го покрива здравствената установа, не вклучувајќи ја општината на чие подрачје е седиштето на здравствената установа ако таа е со најголем број жители.
  • По исклучок од ставот (3) на овој член двајцата претставници од единиците на локалната самоуправа во јавната здравствена установа што укажува примарна здравствена заштита на подрачјето на градот Скопје ги именува Советот на градот Скопје.
  • Управниот одбор го донесува статутот на установата, донесува одлука за промена на дејноста и за другите статусни промени (поделба, издвојување, спојување и припојување), го усвојува извештајот за работа, ја донесува програмата за работа и финансискиот план, ја утврдува завршната сметка, донесува општи акти и го следи нивното извршување и врши и други работи утврдени со закон, актот за основање и статутот на јавната здравствена установа.
  • Одлуката за промена на дејноста и за другите статусни измени (поделба, издвојување, спојување и припојување) од ставот (5) на овој член управниот одбор ја донесува по претходна согласност на основачот.
  • Начинот на изборот на членовите на управниот одбор, траењето на мандатот и начинот на одлучувањето се уредуваат со статутот на јавната здравствена установа.
  • При изборот на членовите на управниот одбор се применува принципот на соодветна и правична застапеност на сите заедници во Република Северна Македонија.

Член 109

Критериуми за именување член на управен одбор

  • За член на управен одбор може да биде именувано лице кое има најмалку високо образование и има најмалку пет години работно искуство во областа на здравството, економијата или правото.
  • За член на управен одбор не може да биде именувано лице кое, покрај во случаите утврдени со Законот за установите е:
  • вработено или поседува акции или удели во правни лица кои вршат производство или промет со лекови, медицински помагала, односно медицинска опрема,
  • блиско лице на член на управен одбор и
  • во други случаи утврдени со прописите од областа на спречувањето на судирот на интереси.

Член 110

Разрешување и престанок на мандат на член на управен одбор

  • Член на управен одбор на јавна здравствена установа може да се разреши пред истекот на времето за кое е именуван, ако:
  • престанал основот врз кој е именуван;
  • отсуствува од седниците на управниот одбор неоправдано најмалку два пати годишно;
  • дополнително се утврди дека е блиско лице на член на управен одбор, како и во други случаи утврдени со прописите од областа на спречувањето на судирот на интереси;
  • дополнително се утврди дека има лично, преку трето лице или по која било основа, интереси кои можат да имаат какво било влијание на неговата независност и непристрасност;
  • несовесно или неефикасно ги извршува обврските во управниот одбор и
  • работи спротивно на одредбите од овој закон.
  • На член на управен одбор на јавна здравствена установа му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е именуван:
  • на негово барање и
  • ако настане трајна или привремена неспособност за непречено вршење на функцијата или во случај на смрт.

Член 111

Согласност на статутот

Министерството за здравство дава согласност на одредбите на статутот на јавната здравствена установа.

Член 112

Работоводен орган

  • Работоводниот орган на јавната здравствена установа (во натамошниот текст: директор) го организира и раководи процесот на трудот, го води работењето на јавната здравствена установа, самостојно донесува одлуки во рамките на своите надлежности, ја претставува и застапува јавната здравствена установа спрема трети лица и е одговорен за законитоста на работењето на јавната здравствена установа и за обврските што се преземаат во правниот промет.
  • За директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  • е државјанин на Република Северна Македонија;
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • има завршено високо образование од областа на медицинските или стоматолошките или фармацевтските науки, високо образование – дипломиран логопед, високо образование – специјалист по медицинска биохемија, високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации;
  • има минимум пет години работно искуство во здравствена установа, односно во економијата, финансиите, правото или менаџментот или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување и положен испит за директор;
  • понуди најквалитетна програма за работа на јавната здравствена установа;
  • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
  • ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
  • БУЛАТС (bUlATS)- најмалку 60 бода или
  • АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).
  • Правата и обврските меѓу директорот, вршителот на должност директор и работодавачот се уредуваат со менаџерски договор кој особено содржи показатели на успешност кои директорот треба да ги оствари.
  • Во менаџерскиот договор особено ќе бидат содржани и одредби за договорна казна за непочитување на менаџерскиот договор од страна на директорот, која ќе ја определи министерот за здравство во висина од 50 до 200 евра во денарска противвредност еднократно или во висина од 50 до 200 евра во денарска противвредност за период од еден до шест месеци. Случаите на непочитување на менаџерскиот договор кога се определува договорна казна и висината на договорната казна може да се определат и со овој закон.
  • Менаџерскиот договор од став (3) на овој член се заверува кај надлежен нотар и содржи извршна клаузула.
  • Директорот, односно вршителот на должност директор е должен да постапува по наредби, упатства, планови и програми донесени од министерот за здравство, со кои се се пропишува начинот на постапување во извршувањето на одделни одредби на законите и подзаконските прописи.
  • Неисполнувањето на обврската од став (6) на овој член претставува непочитување на менаџерскиот договор од страна на директорот.

Член 113

Должност на директор која ја вршат две лица

  • По исклучок од членот 112 од овој закон во јавна здравствена установа: здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт се именуваат двајца директори и тоа организациски директор и медицински директор кои се одговорни за работењето на јавната здравствена установа и за обврските што се преземаат во правниот промет во согласност со надлежностите утврдени со овој или друг закон, подзаконските прописи и менаџерскиот договор.
  • За медицински директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  • е државјанин на Република Македонија;
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна

или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

  • има завршено високо образование од областа на медицинските или стоматолошките науки, високо образование – дипломиран логопед, високо образование – специјалист по медицинска биохемија или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации;
  • има минимум пет години работно искуство во здравствена установа и положен испит за директор согласно со овој закон;
  • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
  • ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
  • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода и
  • АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).
  • По исклучок од ставот (2) на овој член, кога е потребно унапредување на работењето во здравствените установи преку пренос на вештини и знаења од областа на медицината и раководењето со здравствени установи, за медицински директор може да биде именувано лице кое покрај општите услови утврдени со прописите од областа на движење, престој и вработување на странци ги исполнува и следниве услови:
  • е државјанин на земја членка на ОЕЦД;
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда во земјата чиј државјанин е, во друга земја членка на ОЕЦД и/или во Република Македонија не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • има завршено во странство прв, втор и/или трет циклус на студии од областа на медицинските или стоматолошките науки, односно фармација, и
  • има најмалку пет години работно искуство во здравствена установа во земја членка на ОЕЦД на раководна позиција.
  • Медицинскиот директор е самостојно надлежен и одговорен особено за:
  • организација на работата на здравствените работници и здравствените соработници,
  • унапредување на дијагностичко-терапевтските постапки и квалитетот на здравствените услуги,
  • примена на стручните упатства за медицина заснована на докази и
  • економичност во укажувањето на здравствените услуги.
  • За организациски директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
  • е државјанин на Република Македонија;
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • има завршено високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации;
  • има минимум пет години работно искуство од економијата, финансиите, правото или

менаџментот или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување и положен испит за директор согласно со овој закон;

  • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
  • ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
  • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода и
  • АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).
  • По исклучок од ставот (4) на овој член, кога е потребно унапредување на работењето во здравствените установи преку пренос на вештини и знаења од областа на медицината и раководењето со здравствени установи, за организациски директор може да биде именувано лице кое покрај општите услови утврдени со прописите од областа на движење, престој и вработување на странци ги исполнува и следниве услови:
  • е државјанин на земја членка на ОЕЦД;
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда во земјата чиј државјанин е, во друга земја членка на ОЕЦД и/или во Република Македонија не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • има завршено во странство прв, втор и/или трет циклус на студии од областа на економските или правните науки, јавно здравствениот менаџмент или други академски студии и
  • има најмалку пет години работно искуство во здравствена установа во земја членка на ОЕЦД на раководна позиција.
  • Организацискиот директор е самостојно надлежен и одговорен особено за:
  • организацијата на работа во делот на работата на вработените во јавната здравствена установа кои не се здравствените работници и здравствените соработници,
  • контрола на почитувањето на работното време од страна на сите вработени во јавната здравствена установа,
  • материјално-финансиското работење на јавната здравствена установа,
  • материјалното сметководство,
  • одлучување за правата и обврските кои произлегуваат од работниот однос на вработените во јавните здравствени установи,
  • снабденост на јавната здравствена установа со потрошни материјали,
  • наплата на сопствени приходи на јавната здравствена установа и
  • наплата на учеството на осигурениците со лични средства во цената на здравствените услуги во јавната здравствена установа.
  • Медицинскиот и организацискиот директор се заеднички надлежни и одговорни за се она што не е во исклучива надлежност на медицинскиот или организацискиот директор, а особено:
  • за изготвување на предлог на план за јавни набавки и доставување до управниот

одбор на јавната здравствена установа на донесување, како и за планирање, одлучување, потпишување на договори за јавни набавки, следење и реализација на јавните набавки за потребите на јавната здравствена установа,

  • за вработување во јавната здравствена установа,
  • за престанок на работен однос на здравствените работници,
  • распоред на здравствените работници и здравствените соработници во смени и определување на групи за работа и
  • за донесување на решенија за наградување на сите вработени во јавните здравствени установи.
  • Кандидатите за директор покрај условите од ставовите (2) и (4) на овој член треба да го исполнат и условот да понудат најквалитетна програма за работа на јавната здравствена установа.

Член 114

Испит за директор

  • Испитот за директор од член 112 став (2 ) и член 113 став (2) од овој закон се полага писмено по електронски пат, во вид на решавање на електронски тест на компјутер.
  • Електронскиот тест од став 1 на овој член содржи прашања кои произлегуваат од содржината на програмата за полагање на испит за директор.
  • Подготовката на кандидатите за полагање на испит за директор ја врши Министерството за здравство во соработка со соодветните високообразовни установи во Република Северна Македонија согласно со програмата од став (3) на овој член.
  • Трошоците за подготовка на кандидатите за полагање на испит за директор и трошоците за полагање на испит за директор паѓаат на товар на кандидатот, а висината на овие трошоци се утврдува имајќи ги предвид трошоците за организирање и спроведување на подготовката за полагање на испитот за директор на јавна здравствена установа и надоместокот на одговорните лица и членовите на Комисијата која го организира и спроведува испитот.
  • Содржината на програмата за полагање на испит, начинот на организирање и спроведување на подготовката на кандидатите за полагање испит за директор го пропишува министерот за здравство.

Член 115

Изготвување на прашања за испитот за директор

  • Базите на прашања и базите на практични примери за испитот кои треба да одговараат на содржината на програмата за полагање на испит за директор, ги изготвуваат научни работници со звање доктор на науки од областа на здравството и економијата, определени од министерот за здравство.
  • Научните работници од ставот (1) на овој член вршат и ажурирање на базите на прашања и базите на практичните примери за испитот и најмалку двапати годишно најмалку 30% од прашањата и практичните примери ги заменува или целосно ги отстранува и ги заменува со други.
  • Научните работници од ставот (1) на овој член имаат право на паричен надоместок што го определува министерот за здравство чиј износ се определува врз основа на бројот на изготвени прашања и практични примери, како и сложеноста на материјата.
  • Годишниот паричен надоместок од ставот (3) на овој член не треба го надминува нивото на една просечна исплатена плата во Република Северна Македонија, во претходната година, објавена од Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија.

Член 116

Спроведување полагање на испит за директор

  • Министерот за здравство формира Комисија за спроведување на полагање на испитот за директор.
  • Составот на Комисијата од став (1) на овој член, начинот на спроведувањето на полагање на испитот за директор и бодирањето, критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опременост на просториите за полагање на испитот, формата и содржината на образецот на уверението за положен испит за директор ги пропишува министерот за здравство.
  • На членовите на Комисијата од ставот (1) на овој член им следува паричен надоместок, кој на годишно ниво изнесува една просечна нето плата во Република Северна Македонија, за што министерот за здравство донесува решение.
  • Полагањето на испитот за директор технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија кое задолжително го блокира радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот за време на спроведување на испитот и обезбедува Агенцијата за електронски комуникации да врши постојан мониторинг на блокирањето на радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот, со цел да се спречи секаков вид на електронска комуникација со околината надвор од просторијата за полагање на испитот.

Член 117

Именување и разрешување на директор

  • Директор на јавна здравствена установа се именува врз основа на јавен конкурс распишан од управниот одбор на јавната здравствена установа.
  • Директорот на јавна здравствена установа го именува, односно разрешува министерот за здравство.
  • Министерот за здравство за именувањето, односно разрешувањето на директорот на јавната здравствена установа може да побара мислење од Здравствениот совет.
  • Мандатот на директорот трае четири години.

Член 118

Јавен конкурс за избор на директор

  • Управниот одбор на јавната здравствена установа три месеци пред истекот на мандатот на постојниот директор донесува одлука за распишување на јавен конкурс кој се објавува во три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Северна Македонија од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
  • Во објавениот јавен конкурс се утврдуваат условите кои треба да ги исполнува кандидатот за директор, потребната документација и времетраењето на конкурсот.
  • Министерот за здравство во рок од 30 дена од денот на доставувањето на документацијата од ставот (2) на овој член донесува решение за именување на директор.

4) Кандидатите кои не се избрани на конкурсот во рок од осум дена од денот на приемот на известувањето имаат право да поведат управен спор.

  • Ако по распишаниот конкурс не се именува директор, министерот за здравство во рок од пет дена именува вршител на должноста директор до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.

Член 119

Извештај за работата на директорот

  • Директорот е должен на шест месеца да доставува извештај за работата до министерот за здравство.
  • Во извештајот од ставот (1) на овој член директорот е должен особено да достави податоци за извршениот вид и обем на здравствени услуги и за финансиското работење на јавната здравствена установа.
  • Ако од извештајот за работа се утврдат недостатоци и/или загуби во финансиското работење директорот е должен истите да ги отстрани во наредните шест месеци.
  • Ако и по истекот на наредните шест месеци директорот не ги отстрани утврдените недостатоци и во тој период повторно има недостатоци и/или загуби во финансиското работење, министерот за здравство ќе го разреши директорот и ќе именува вршител на должноста директор до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.
  • За вршител на должноста директор се именува лице кое ги исполнува условите од членот112 став (2) од овој закон, освен условот да понуди најквалитетна програма за работа на јавната здравствена установа.

Член 120

Разрешување на директор

  • Директорот на јавна здравствена установа може да се разреши пред истекот на времето за кое е именуван:
  • на негово барање;
  • ако настане некоја од причините поради кои, според прописите од областа на работните односи, му престанува работниот однос согласно со закон;
  • ако работи и постапува спротивно од овој и друг закон, статутот и актите на установата или неоправдано не ги спроведува одлуките на управниот одбор или постапува во спротивност со нив;
  • ако со својата несовесна и неправилна работа предизвика штета на установата или ако поради занемарување или неизвршување на обврските настанат нарушувања во вршењето на дејноста на установата;
  • ако два последователни шестмесечни периоди установата ги заврши со загуби во финансиското работење;
  • не обезбеди финансиски средства во висина потребна за спроведување на специјализациите, односно супспецијализациите согласно програмата од средствата на здравствената установа;
  • ако не ги спроведе препораките од спроведен стручен надзор;
  • заради поголемо вработување од планираното со планот за вработување;
  • заради поголеми исплати за прекувремена работа од реално извршената и за други договорни обврски од планираните;
  • ако го попречува остварувањето на правата и обврските на корисниците на здравствена заштита;
  • ако не достави редовен шестмесечен извештај за работа; и
  • ако два пати последователно или три пати во текот на една година не бидат внесени во интегрираниот здравствен информатички систем согласно со прописите за евиденциите од областа на здравството податоците потребни за мерење на клучните индикатори на постигнувањата во рок и на начин согласно членот .. став (2) од овој закон или се внесени неточни и/или неверодостојни податоците потребни за мерење на клучните индикатори на постигнувањата.
  • Во случаите од ставот (1) точки од 3 до 11 на овој член министерот за здравство ќе го разреши директорот кај кој е утврдено постоење на основ за разрешување.
  • Ако директорот биде разрешен согласно со ставот (1) на овој член, министерот за здравство ќе именува вршител на должноста директор до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.
  • Разрешениот директор во рок од осум дена од денот на приемот на решението има право да поведе управен спор.

Член 121

Стручен колегиум

  • Јавната здравствена установа има стручен колегиум, кој е стручен орган на установата.
  • Стручниот колегиум му предлага на директорот потреби за набавка на лекови, медицински помагала и друг потрошен материјал потребни за вршење на здравствената дејност на јавната здравствена установа, согласно со програмата за работа, расправа и одлучува за прашања од стручната работа на установата, предлага стручни решенија од дејноста на установата и програмата за работа, предлага мерки за унапредување на квалитетот на работата, дава предлози за унапредување на организацијата на работа, предлага специјалистичко и стручно усовршување на здравствените работници, се грижи за спроведување на внатрешниот надзор над стручната работа на здравствените работници и соработници и врши и други работи утврдени со статутот на установата.
  • Стручниот колегиум го сочинуваат директорот, раководителите на основните организациони единици и главната медицинска сестра.

Член 122

Планирање и финансиско работење

  • Јавна здравствена установа обезбедува средства за работа:
  • со плаќања за извршените здравствени услуги, односно од програмите на здравствени услуги врз основа на договор со Фондот,
  • со плаќања за извршените мерки, активности и здравствени услуги од програмите од членот 16 од овој закон,
  • со плаќања на здравствени услуги од здравствена дејност на пациенти кои услугите ги плаќаат со лични средства,
  • со учество со лични средства на осигурените лица за здравствените услуги опфатени со задолжителното здравствено осигурување, односно со доплати за повисок стандард за здравствени услуги, согласно со прописите од областа на здравственото осигурување,
  • од средствата на осигурителните друштва кои вршат доброволно дополнително здравствено осигурување,
  • од средствата на основачот наменети за инвестиции и други задачи,
  • од донации и подароци и
  • од други извори, под услови утврдени со закон.
  • Јавната здравствена установа е должна да обезбеди усогласеност на расходите на јавната здравствена установа со нејзините приходи.
  • Јавна здравствена установа која врши и здравствена дејност на пациенти кои услугите ги плаќаат со лични средства, приходите и расходите, како и средствата и изворите на средства, остварени во врска со вршењето на таа дејност ги води одделно од приходите и расходите остварени со вршењето на здравствената дејност во мрежата.
  • Евентуалниот вишок на приходи над расходите кој јавната здравствена установа ќе го оствари со вршење на дејноста од ставот (3) на овој член, го наменува за развој на здравствените услуги и здравствената дејност.
  • Управниот одбор на установата одлучува за распоредувањето на вишокот на приходите над расходите на предлог на директорот и во согласност со основачот.

Член 123

Програма за работа

  • Вршењето на здравствената дејност во јавната здравствена установа се врши согласно со програма за работа и финансиски план на приходи и расходи со која се обезбедува извршување на програмските задачи и работење на јавната здравствена установа во рамките на расположливите финансиски и други извори, кои ќе ги оствари установата со вршењето на здравствената дејност.
  • Управниот одбор на јавната здравствена установа програмата од ставот (1) на овој член ја носи по претходно мислење од стручниот колегиум.

Главите VII – лиценци, специјализации и XII – Коморско организирање се

подготвени, согласно заклучок на Работната група, од работната подгрупа
составена од претставници од трите комори и факултетите

VII. ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ И ЗДРАВСТВЕНИ СОРАБОТНИЦИ

  1. Услови за вршење на здравствена дејност

Член 124

Здравствени работници и соработници за здравствена дејност

  • Здравствените работници со високо образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата (во натамошниот текст: здравствени работници со високо образование) можат самостојно да вршат здравствени услуги со завршување на пробната работа, положување на стручниот испит и добивање лиценца за работа.
  • Здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата (во натамошниот текст: здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование) можат самостојно да вршат здравствени услуги по завршување на пробната работа,положување на стручниот испит и добивање лиценца за работа..
  • Определени здравствени услуги во здравствената дејност самостојно можат да

вршат здравствени работници со соодветна                                специјализација,         односно

супспецијализација и со лиценца за работа, како и здравствени соработници со соодветна специјализација, односно супспецијализација, согласно со одредбите од овој закон.

  • Здравствените соработници со високо образование можат самостојно да вршат определени работи во здравствената дејност по завршување на пробната работа и положување на стручниот испит.
  • Покрај условите од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член, здравствените работници и здравствените соработници треба да бидат запишани и во регистарот на здравствени работници и здравствени соработници од членот .. од овој закон.
  • Здравствените работници и здравствените соработници од ставовите (2) и (4) на овој член не можат да бидат носители на здравствена дејност во здравствени установи.

Член 125

Регистар на здравствени работници и здравствени соработници

  • Регистарот на здравствени работници и здравствени соработници го води во електронска форма Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, согласно со овој закон и прописите од областа на евиденциите во областа на здравството.
  • Регистарот од ставот (1) на овој член ги содржи следниве податоци за здравствениот работник:

– име и презиме,

  • датум и место на раѓање,
  • единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ),
  • адреса на живеалиште, односно престојувалиште,
  • државјанство,
  • податоци за завршено образование,
  • податоци за положен стручен испит,
  • податоци за специјализација, односно супспецијализација и за дополнително здобиени знаења,
  • податоци за лиценца,
  • број на факсимил
  • податоци за стручен, односно научен назив и
  • податоци за вработување.
  • Податоците од ставот (2) алинеи 1 до 9 на овој член во регистарот на здравствените работници ги запишува соодветната комора.
  • Податоците од ставот (2) алинеи 1 до 7 на овој за член за здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата во регистарот на здравствените работници ги запишува соодветната комора.
  • Податоците за вработувањето и стручниот, односно научниот назив ги запишува Институтот за јавно здравје, на предлог на здравствената установа, во која здравствениот работник е вработен.
  • Регистарот на здравствените работници го користат Министерството за здравство, надлежните инспекции и надлежните комори во рамките на доделеното јавно овластување.
  • Начинот на запишување и водење на регистарот на здравствените работници и соработници го пропишува министерот за здравство.

Член 126

Пробна работа на здравствените работници и здравствени соработници

  • Здравствените установи можат да примаат здравствени работници, односно здравствени соработници за извршување на пробна работа и оспособување за полагање на стручниот испит согласно план и програма за пробна работа. Дел од пробната работа и оспособувањето за полагање на стручниот испит здравствените работници со високо образование од областа на медицината, како и здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование ја стекнуваат во Медицинскиот симулациски центар.
  • Дел од пробната работа и оспособувањето за полагање на стручниот испит преку која се стекнуваат практични знаења и вештини здравствените работници од областа на фармацијата ја стекнуваат во установи што вршат научно-истражувачка и здравствена дејност, а може да се стекнува и во други правни лица што вршат дејност на производство на фармацевтски препарати.
  • Пробната работа на здравствените работници со високо образование од областа на медицината и стоматологијата кои завршиле петгодишни студии, односно од областа на фармацијата четиригодишни студии трае една година, за здравствените работници со високо образование од областа на медицината кои завршиле шестгодишни студии трае шест месеци и за здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата кои завршиле шестгодишни студии и од областа на фармацијата петгодишни студии трае шест месеци.
  • Пробната работа на здравствените работници со високо стручно образование трае десет месеци, за здравствените работници со вишо образование девет месеци, а со средно образование шест месеци.
  • По исклучок од ставот (4) на овој член како пробна работа на здравствен работник со високо стручно образование од областа на оптометријата и очната оптика се смета најмалку 15 години работно искуство како оптичар во очна оптика во производство и/или продажба на оптички направи и средства или најмалку две години работно искуство под надзор на доктор на медицина специјалист по офталмологија.
  • Пробната работа на здравствените соработници со високо образование трае десет месеци.

Член 127

План и програма за пробна работа на здравствените работници

  • Планот и програмата за пробна работа на здравствените работници со високо образование, начинот на спроведување на пробната работа, образецот и начинот на водење на книшка за пробна работа ги пропишува министерот за здравство по претходно мислење од Лекарската комора на Република Северна Македонија, Стоматолошката комора на Република Северна Македонија, односно Фармацевтската комора на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора).
  • Планот и програмата за пробна работа на здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование, начинот на спроведување на пробната работа, образецот и начинот на водењето на книшка за пробна работа, составот на испитната комисија, начинот на полагањето на стручниот испит и образецот на уверението за положен стручен испит ги пропишува министерот за здравство, по претходно мислење од соодветната комора.
  • Планот и програмата за пробна работа на здравствените соработници со високо образование, начинот на спроведување на пробната работа, образецот и начинот на водењето на книшка за пробна работа, составот на испитната комисија, начинот на полагањето на стручниот испит и образецот на уверението за положен стручен испит ги пропишува министерот за здравство.

Член 128

Стручен испит за здравствените работници и соработници

  • По завршување на пробната работа, здравствените работници и здравствените соработници се должни да полагаат стручен испит во рок од една година од денот на завршувањето на планот и програмата за пробна работа, или со исполнување на условите од членот 126 став (5) од овој закон за оптометристите.
  • Ако здравствените работници и здравствените соработници не полагаат стручен испит во рокот од ставот (1) на овој член, повторно ја извршуваат пробната работа.
  • Ако здравствените работници и здравствените соработници не го положат стручниот испит по трет пат, повторно ја вршат пробната работа.
  • Здравствените работници со високо образование стручниот испит го полагаат пред испитни комисии формирани од Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора.
  • Стручниот испит на здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование и здравствените соработници со високо образование се полага пред испитни комисии формирани од комора која добила овластување од министерот за здравство (во натамошниот текст:соодветна комора).
  • Стручниот испит на здравствените соработници се полага пред испитни комисии формирани од министерот за здравство.
  • Начинот на полагање, составот на комисиите и обрасците на уверението за положен стручен испит на здравствените работници создравствените соработници ги пропишува министерот за здравство.
  • Начинот на пријавување за полагање и начинот на полагање на стручен испит на здравствените работници, бројот на поставени прашања и практични примери, времетраењето и бројот на бодови со кој се смета дека стручниот испит е положен, поднесувањето на приговор од здравствениот работник кој не го положил стручниот испит и начинот на издавање на уверението за положен стручен испит, како и формата и содржината на уверението за положен стручен испит на здравствените работници со високо образование, со акт ги пропишува Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора,а за здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование ги пропишува соодветната комора на кој согласност дава министерот за здравство.

Член 129

Признавање на пробната работа и стручен испит поминат и положен во странство

  • Пробната работа и стручниот испит на здравствените работници и здравствените соработници кои ги поминале и положиле во странство може да се признаат во целост или делумно ако програмата за поминатиот стаж, односно програмата за полагање на стручниот испит не отстапува од програмата за пробна работа, односно програмата за стручниот испит донесени врз основа на овој закон.
  • Признавањето на пробната работа и стручниот испит од ставот (1) на овој член

на      здравствените     работници      со високо         образование      го врши          Лекарската,

Стоматолошката, односно Фармацевтската комора, а за здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование го врши соодветна комора, а за здравствените соработници со високо образование го врши Министерството за здравство, по претходно мислење од соодветна здравствена установа.

  1. Издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценца за работа

Член 130

Надлежност на коморите

  • Издавањето, обновувањето, продолжувањето и одземањето лиценца за работа

на      здравствените     работници      со високо         образование      го вршат         Лекарската,

Стоматолошката, Фармацевтската комора односно соодветна комора заради утврдување на стручната оспособеност на здравствените работници за самостојна работа.

  • Лиценцата за работа се издава за период од седум години.
  • По исклучок коморите издаваат лиценца за работа за рок пократок од рокот предвиден во став 2 на овој член, за докторите на медицина, специјалисти, односно супспецијалисти, докторите на стоматологија и фармацевтите од државите членки на Европската Унија или од Швајцарија, Норвешка, Канада, Јапонија, Израел, Турција, Русија или САД кои работеле најмалку пет години непрекинато во здравствени установи, односно високообразовни установи од областа на медицината, стоматологијата или фармацијата, на предлог на здравствената установа и согласност од соодветно стручно здружение.

Член131

Стекнување лиценца

  • Здравствен работник со високо образование може да се стекне со лиценца за работа, ако има:
  • диплома за завршено соодветно образование од областа на медицината, стоматологијата, односно фармацијата и_
  • доказ за извршена пробна работа и доказ за положен стручен испит.
  • Здравствен работник со завршено високо образование, завршена пробна работа и положен стручен испит во странство може да се стекне со лиценца за работа, ако има:
  • нострифицирана диплома за завршено соодветно образование и
  • доказ за призната пробна работа и положен стручен испит.
  • Здравствен работник со високо образование кој се стекнал со лиценца за работа во странство може да се стекне со лиценца за работа, ако покрај условите од ставот (2) на овој член има и:
  • препорака од комората во која членувал и
  • доказ за претходно работно искуство во дејноста во која бара лиценца за работа.
  • Здравствениот работник со високо образование од став 1 и 2 од овој член може да се стекната со лиценца за работа најдоцна до три години од денот на полагањето на стручниот испит.
  • По истекот на рокот од став (4) на овој член докторот на медицина треба да помине дополнителна обука и успешно ја заврши дополнителната проверка на стручните знаења и способности согласно со програмата од членот… од овој закон пред испитна комисија на соодветната комора. (6) Здравствен работник со средно, вишо и високо стручно образование може да се стекне со лиценца за работа ако ги исполнува условите од став (1) на овој член, а ако високото образование, пробната работа и стручен испит го завршил странство ако ги исполнува условите од став (2) на овој член.

Член 132

Лиценца за работа во гранка на специјализација и супспецијализација.

  • Здравствениот работник со високо образование од областа на медицината, по завршување на соодветна специјализација, односно супспецијализација, може да се стекне со лиценца за работа во соодветната гранка на специјализацијата, односно супспецијализацијата.
  • Здравствениот работник со високо образование од став 1 од овој член може да се стекне со лиценца за работа најдоцна до три години од денот на полагањето на специјалистичкиот, односно супспецијалистичкиот испит.
  • По истекот на рокот од став (2) на овој член докторот на медицина треба да помине дополнителна обука и успешно ја заврши дополнителната проверка на стручните знаења и способности согласно со програмата од членот 146 од овој закон пред испитна комисија на соодветната комора.

Член 133

Стекнување лиценца за здравствен работник – странски државјанин

  • Здравствен работник со високо образование – странски државјанин може да се стекне со лиценца за работа, ако покрај општите услови утврдени со прописите од областа на движење, престој и вработување на странци ги исполни и условите утврдени со овој закон за државјаните на Република Северна Македонија кои образованието го завршиле во странство и ако завршил дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности согласно со Програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности од членот 127 од овој закон.
  • По исклучок од ставот (1) на овој член, за здравствен работник со високо образование кој се стекнал со квалификации во земјите членки на Европската унија или во Швајцарија, Норвешка, Канада, Јапонија, Израел, Турција, Русија или САД не е потребна дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности утврдени во програмата од ставот (1) на овој член, како и да го исполни условот од членот 128 од овој закон.

Член 134

Програма за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности

  • Програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности на здравствените работници со високо образование, составот на испитната комисија и начинот на спроведувањето на проверката ги утврдува Лекарската,

Стоматолошката, односно Фармацевтската комора со акт, на кој министерот за здравство дава согласност.

  • Проверката од ставот (1) на овој член ја вршат Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора.

Член 135

Други услови за здравствен работник – странски државјанин

  • Здравствен работник со високо образование – странски државјанин кој врши здравствена дејност во Република Северна Македонија, покрај условите пропишани во членот 133 од овој закон, мора да го владее македонскиот јазик, Б2 ниво.
  • Здравствениот работник со високо образование од ставот (1) на овој член познавањето на јазикот го докажува со потврда од овластена образовна установа за успешно положен тест за знаење на јазикот.

Член 136

Обновување на лиценцата

  • На здравствен работник со високо образование може да му се обнови лиценцата за работа ако во периодот на важноста на лиценцата со континуирано стручно усовршување, преку следење на новините во медицината, стоматологијата, односно фармацијата и унапредување на сопственото знаење, се стекнал со соодветен број бодови и најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата за работа работел во дејноста за која стекнал лиценца за работа.
  • За здравствен работник со високо образование од областа на стоматологијата, на негово барање, во најмалку 60% од времето на важноста на лиценцата за работа може да се смета времето на работа во стоматолошка здравствена заштита.
  • По исклучок од ставот (1) на овој член на здравствен работник со високо образование избран или именуван на јавна функција времето поминато во вршење на функцијата не му се засметува во времето на важноста на лиценцата за работа утврдено во ставот (1) на овој член.
  • Облиците на континуирано стручно усовршување, критериумите за распоредување на облиците, критериумите за избор на спроведувачите на облиците на континуирано стручно усовршување и бодовите од ставот (1) на овој член ги утврдува Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора со општ акт на кој согласност дава министерот за здравство.

Се предлага да има старосна граница за обнова на лиценца

Член 137

Привремено продолжување на лиценцата

На здравствен работник со високо образование кој не ги исполнува условите од членот 142 од овој закон може привремено да му се продолжи лиценцата за работа за наредните шест месеци, под услов во овој период успешно да заврши дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности согласно со програмата за дополнителна обука и проверка на стручните знаења и способности од членот 134 од овој закон.

Член 138

Повторно стекнување со лиценца за здравствен работник
на кого привремено му е одземена

Здравствен работник со високо образование на кој му е привремено одземена лиценцата за работа може повторно да се стекне со лиценца ако во текот на годината што следи по истекот на роковите на важност утврдени со овој закон помине дополнителна обука согласно со програмата од членот 128 од овој закон и успешно ја заврши дополнителната проверка на стручните знаења и способности пред испитна комисија на соодветната комора.

Член 139

Привремено или трајно одземање на лиценцата

  • Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора може привремено или трајно да ја одземе лиценцата за работа на здравствен работник со високо образование.
  • Привремено одземање на лиценцата за работа на здравствен работник со високо образование може да се изврши најмногу за период од седум години, ако здравствениот работник:
  • не ја продолжи лиценцата за работа во роковите утврдени со овој закон;
  • не ја заврши дополнителната обука во утврдениот рок;
  • не ја заврши со успех дополнителната проверка на стручните знаења и способности;
  • има судско правосилно решение со кое привремено му е забрането вршење на дејност или професија;_
  • ги прибавил доказите за исполнување на условите пропишани со овој закон спротивно на законот и тоа се утврди по доделувањето на лиценцата за работа;
  • работи надвор од лиценцата за работа или работи во услови за кои нема дозвола за работа издадена согласно со овој закон и
  • сторил повреда на Кодексот на медицинската етика и деонтологија и тоа е утврдено од Судот на честа при соодветната комора.
  • Привремено одземање на лиценцата за работа на здравствен работник со високо образование за период кој ќе го утврди Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора се врши и во случај ако со правосилна судска одлука се утврди дека здравствениот работник со високо образование сторил кривично дело поврзано со вршењето на здравствената дејност.
  • Во решението за привремено одземање на лиценцата за работа се определува дополнителната обука која здравствениот работник со високо образование треба да ја изврши согласно со програмата од членот 134 од овој закон и успешно да ја заврши дополнителната проверка на стручните знаења и способности пред испитна комисија на соодветната комора за да може повторно да му се издаде лиценца за работа.
  • Трајно одземање на лиценцата за работа се врши ако со правосилна судска одлука се утврди дека здравствениот работник со високо образование сторил стручен пропуст или грешка при работата со што предизвикал трајно нарушување на здравјето или смрт на болниот.

Член 140

Право на жалба против решение за привремено и трајно одземање на лиценцата

Против решението за привремено и трајно одземање на лиценцата за работа, здравствениот работник со високо образование има право на жалба до министерот за здравство во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

Член 141

Повторно стекнување со лиценца

  • Здравствен работник со високо образование од членот…………. став (2) од овој закон

може повторно да се стекне со лиценца за работа ако во текот на две години по истекот на роковите на важност утврдени со овој закон помине дополнителна обука и успешно ја заврши дополнителната проверка на стручните знаења и способности согласно со програмата од членот 140 од овој закон пред испитна комисија на соодветната комора.

  • Ако здравствен работник со високо образование не се стекне со лиценца за работа во рокот од ставот (1) на овој член може повторно да се стекне со лиценца за работа ако помине дополнителна обука и успешно ја заврши дополнителната посебна проверка на стручните знаења и способности согласно со програмата од членот 140 од овој закон пред испитна комисија на соодветната комора.

Член 142

Акт поврзан со лиценцата

Начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа и формата и содржината на образецот на лиценцата за работа на здравствените работници поблиску ги утврдува Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора со општ акт на кој согласност дава министерот за здравство.

Член 143 Трошоци

  • Трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценцата за работа паѓаат на товар на подносителот на барањето.
  • Основни критериуми за утврдување на трошоците се реалните административни и материјални трошоци за спроведување на постапката за издавање, продолжување и обновување на лиценцата за работа.
  • Висината на трошоците од ставот (2) на овој член ја утврдува Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора со општ акт на кој согласност дава министерот за здравство.
  • Министерот за здравство може да ја повлече согласноста од ставот (3) на овој член доколку настанала промена во трошоците врз основа на кои се утврдува висината на трошоците за издавање, продолжување и обновување на лиценцата за работа и во тој случај соодветната комора е должна во рок од 15 дена од повлекувањето на согласноста да донесе нов општ акт со кој ќе ја утврди висината на трошоците од ставот (2) на овој член, на кој согласност дава министерот за здравство.
  • По истекот на рокот од ставот (4) на овој член, општиот акт од ставот (3) на овој член на кој министерот за здравство ја повлекол согласноста, престанува да важи.
  1. Примариуси Член 144

Услови за добивање на звање примариус

  • Здравствените работници со високо образование, кои имаат најмалку 15 години успешна работа во унапредувањето, организирањето и спроведувањето на здравствената заштита, положен специјалистички испит, стручни или научни трудови, позитивни резултати во стручното издигање на кадрите и мислење од соодветната комора, можат да добијат звање примариус.
  • Звањето примариус можат да го добијат и лекарите, стоматолозите и дипломираните фармацевти и ако немаат положен специјалистички испит, ако ги исполнуваат условите од ставот (1) на овој член и ако имаат најмалку 15 години успешна работа.
  • Звањето примариус го доделува посебна комисија што ја формира министерот за здравство.
  • Комисијата од ставот (3) на овој член се состои од седум члена од редот на истакнатите здравствени и научни работници.
  • Поблиските критериуми од ставот (1) на овој член за доделување на звањето примариус ги утврдува министерот за здравство.
  1. Специјализации и супспецијализации

Член 145

Право на специјализација и супспецијализација

  • Здравствените работници и здравствените соработници со високо образование можат да специјализираат и да супспецијализираат од определени гранки на медицината, стоматологијата, односно фармацијата.
  • Гранките на специјализациите и супспецијализациите од областа на медицината, стоматологијата и                фармацијата, гранките на специјализација и субспецијализација на здравствените соработници времето на нивното траење, деловите на стажот на специјализациите (турнуси), плановите и програмите, како и начинот на спроведувањето на стажот, начинот на полагање на испитот и образецот на специјализантската книшка и на книгата за евиденција за спроведените постапки и интервенции во текот на стажот на специјализации ги пропишува министерот за здравство по претходен предлог на соодветната високообразовна установа,во соработка со соодветните комори од областа на здравството

Член 146

Начин на вршење

  • Специјализацијата и супспецијализацијата на здравствените работници со високо образование и здравствените соработници со високо образование се врши според плановите и програмите од членот 144 став (2) од овој закон.
  • Специјализациите и субспецијализациите се вршат во високообразовните установи, установите и индустрија за производство на лекови, акредитирани од Министерот за здравство, со полно работно време, согласно овој Закон и подзаконските акти кои произлагуваат од него
  • Планот и програмата за специзализација се спроведуваат без прекин, освен во случај на отсуство поради болест и повреда, спреченост од работа поради бременост, раќање, мајчинство како и подолго отсуство од работа поради болест или повреда, спроведувањето на стажот се прекинува и продолжува по завршување на отсуството за толку време колку што траел прекинот.
  • Јавните здравствени установи кои го упатуваат специјализантот на специјализација, за време на спроведување на специјализацијата немаат можност да го повикуваат да врши одредени работи и работни задачи во установата.

Член 147

Начин на спроведување

  • Специјализацијата и супспецијализацијата се спроведува преку теоретска настава и практична обука која се спроведува во одредено траење во соодветните високообразовни и здравствени установи.
  • Надоместокот за спроведување на теоретската настава и практичната обука и за полагање на специјалистичкиот испит од ставот (1) на овој член го определува Владата на предлог на министерот за здравство, донесен врз основа на предлог на високообразованат институција во која се упатува на специјализација врз основа на висината на материјалните трошоци за спроведување на специјализацијата и надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на теоретската настава и практичната обука, а на товар на установата што ги упатува на специјализација, согласно со програмата за потребите од специјалистички кадри.
  • Начинот на распределба на средствата од ставот (2) на овој член се уредува со акт кој го донесува соодветната високообразовна установа.
  • Организациските, кадровските, материјалните и другите поблиски критериуми во зависност од видот на специјализацијата што се спроведува кои мора да ги исполнуваат високообразовните установи и здравствените установи, како и формата и содржината на писменото овластување за спроведување на теоретскиот, односно практичкиот дел на специјалистичкиот стаж ги пропишува министерот за здравство.
  • Врз основа на критериумите од ставот (4) на овој член министерот за здравство на предлог со високообразовните установи од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата и во соработка со соодветните комори од областа на здравството, ги определува здравствените установи и индустрија за производство на лекови во кои се спроведува специјализацијата и супспецијализацијата на здравствените работници и здравствените соработници со високо образованиеи издава писмено овластување.

Член 152
Претходен услов

  • Здравствените работници со високо образование можат да специјализираат ако имаат завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа.
  • Здравствените работници со високо образование од областа на медицината можат да специјализираат ако, покрај условите од ставот (1) на овој член, имаат и најмалку шест месеци работа согласно стекнатата лиценца за работа во примарна здравствена заштита во здравствен дом, согласно програма на Министерството за здравство.
  • Здравствените работници со високо образование кои имаат лиценца за работа како специјалисти од интернистичките и хируршките гранки на специјализација можат да се запишат на супспецијализација ако по положувањето на специјалистичкиот испит имаат една година работно искуство како специјалисти.

Член 153
Ментор

  • Спроведувањето на планот и програмата за специјализациите и супспецијализациите од страна на здравствените работници со високо образование, односно здравствените соработници со високо образование (во натамошниот текст: специјализанти) се организира и следи од овластен здравствен работник, односно здравствен соработник (во натамошниот текст: ментор), кој ги исполнува критериумите во однос на образованието и искуството во соодветната област на специјализацијата, односно супспецијализацијата.
  • Менторот во текот на спроведувањето на планот и програмата за специјализациите и супспецијализациите, обезбедува и дополнителни активности и е одговорен, во соработка со овластениот здравствен работник, односно здравствен

соработник од членот   од овој закон, на специјализантот да му овозможи да ги

совлада знаењата и исполни вештините од планот и програмата за специјализациите, односно супспецијализациите

  • Менторот има улога на водич на специјализантот во спроведувањето на специјализацијата, односно супспецијализацијата и може да води најмногу шест специјализанти, односно дванаесет специјализанти од специјализацијата по семејна медицина.
  • Здравствените работници и здравствените соработници од ставот (1) на овој член ги овластува министерот за здравство, на предлог на Медицинскиот, Стоматолошкиот, односно Фармацевтскиот факултет.
  • Поблиските критериуми од ставот (1) на овој член, начинот на спроведување на турнусите и условите за издавање и одземање и престанок на овластувањето за ментор од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот за здравство.

Член 1 54

Едукатор

  • Совладувањето и исполнувањето на одделните вештини од планот и програмата за специјализациите, односно супспецијализациите специјализантите го

вршат во здравствените установи од членот__________ став (1) од овој закон под надзор на

овластен здравствен работник, односно здравствен соработник (во натамошниот текст: едукатор), кој ги исполнува критериумите во однос на образованието и искуството во соодветната област на специјализацијата, односно супспецијализацијата.

  • Специјализантите можат да укажуваат, односно можат да вршат определени работи во укажувањето на здравствената заштита од областа од која специјализираат, односно супспецијализираат само под надзор на едукаторот.
  • Едукаторот, во координација на менторот, може да води најмногу шест специјализанти во деловите на стажот на специјализација, односно супспецијализација за кои е определен и го потврдува совладувањето и исполнувањето на одделните вештини од планот и програмата за специјализациите, односно супспецијализациите.
  • Поблиските критериуми од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за здравство.

Член 155

Спроведување и прекин на стаж на специјализација

Начинот на спроведување на стажот на специјализација и должината на прекинот на спроведување на специјализациите, формата, содржината и начинот на водење на специјализантската книшка и на книгата за евиденција за спроведените постапки и интервенции, времетраењето и начинот на организирање на турнусит, начинот на полагање на колоквиумите и специјалистичкиот испит ги пропишува министерот за здравство на предлог на високообразовната установа, во соработка со соодветните комори од областа на здравството.

Член 156

Обврски на специјализантот во текот на целокупното траење на специјализацијата

  • Во текот на секоја година на специјализација, специјализантот е должен да ги стекне предвидените вештини преку извршување на постапки, интервенции, асистенции и операции во вид и обем утврден со програмата за специјализација.
  • Наставата од соодветната гранка на специјализацијата ја организира и спроведува високообразовната установа која ја спроведува специјализацијата.

Член 157

Времен факсимил на специјализант

  • Специјализантот се стекнува со времен факсимил со посебна ознака по истекот на половина од специјалистичкиот стаж.
  • Времениот факсимил може да се кориси до завршување на стажот на специјализација согласно програмата за специјализација и полагање на специјалистичкиот испит во јавните здравствени установи во кои се спроведуваат турнусите.
  • Времениот факсимил на специјализантот се користи истовремено со факсимилот на едукаторот/докторот со кој специјализантот работи.

Член 158

Услови за полагање на специјалистички испит и полагање на специјалистички испит

  • По совладувањето на планот и програмата за специјализација, специјализантот во присуство на менторот, полага специјалистички испит.
  • Специјалистичкиот испит од став (1) на овој член, специјализантот го полага најдоцна шест месеци од денот на завршување на стажот на специјализацијата пред испитна комисија формирана од -високообразовната установа.
  • Начинот на полагање на специјалистичкиот испит, образецот за водење на записникот и издаденото уверение за положен специјалистички испит го пропишува министерот за здравство на предлог на високообразовната установа.

Член 159

Престанок на специјализација, односно супспецијализација

  • Специјализацијата, односно супспецијализацијата престанува во следниве

случаи:

  • ако престанал работниот однос на специјализантот, односно супспецијализантот во здравствената установа која го упатила за специјализација, односно супспецијализација,
  • на барање на специјализантот,
  • ако специјализантот, односно супспецијализантот не ги спроведува постапките и интервенциите според планот и програмата за специјализација, односно супспецијализација во период од три месеци,и
  • во други случаи утврдени со овој или со друг закон.
  • Високообразованата установа донесува решение за престанок на специјализацијата, односно супспецијализацијата откако ќе утврди дека се исполнети условите за престанок на специјализацијата, односно супспецијализацијата.
  • Специјализантот незадоволен од решението за престанок на специјализацијата, односно супспецијализацијата има право во рок од пет дена од денот на приемот на решението да изјави жалба до второстепена комисија формирана од високообразовната установа.

Член 160

Договор на јавната здравствена установа со специјализантот, односно

супспецијализантот

  • Јавната здравствена установа што ја одобрила специјализацијата, односно супспецијализацијата склучува    договор         со       специјализантот, односно

супспецијализантот со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски во однос на реализацијата на специјализацијата, односно супспецијализацијата времето што специјализантот, односно супспецијализантот треба да го одработи во установата по завршувањето на специјализацијата, односно супспецијализацијата и тоа за секоја година финансисрана на специјализација, односно супспецијализација специјализантот, односно супспецијализантот треба да работи во установата една година, висината на средствата што треба да ги надомести ако предвреме ја напушти установата по негово барање или по негова вина.

  • Средствата за плати,          плаќањето      на       придонесите за           социјално

осигурување, средствата за надоместок на плата во случај на привремено отсуство од работа заради болест или повреди и други трошоци во врска со работата и специјализацијата, односно супспецијализацијата на вработените им ги обезбедуваат нивните работодавачи.

  • Висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот, односно супспецијализантот ако по негово барање или по негова вина предвреме ја напушти установата која го упатила на специјализација, односно супспецијализација од ставот
  • на овој член не може да биде поголема од висината на исплатената школарина, со пресметана соодветна законска камата, а вкупно не повеќе од 1,2 пати од сумата уплатена на име школарина за специјалзиација, односно супспецијалзиација.

Член 161

Критериуми и програма за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри

  • Владата на Република Македонија донесува четиригодишна програма за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри согласно со мрежата на здравствени установи. Во програмата потребата за специјалистички и супспецијалистички кадри се утврдува за секоја година посебно врз основа на бројот и старосната структура на специјалистите, односно супспецијалистите, времето на чекање согласно со електронската листа на закажани прегледи и интервенции и потребата од користење на специјалистичко-консултативните и болничките здравствени услуги во општината, односно јавната здравствена установа.
  • Јавните здравствени установи за спроведување на програмата се должни да обезбедат финансиски средства во висина потребна за спроведување на специјализациите, односно супспецијализациите.
  • Програмата од ставот (1) на овој член се донесува на предлог на Совет за специјализации формиран од министерот за здравство.
  • Советот за специјализации го сочинуваат девет члена од кои по еден член предложен од Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора, два член предложени од Министерството за здравство и по еден член предложен од Министерството за образование и наука и Медицинските факултети (Фондот да се брише) и да се додадат ,Стоматолошки и Фарамацевски факултет. Членовите предложени од Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора треба да бидат од редот на вонредните или редовните професори во соодветната област.
  • При изборот на членовите на Советот за специјализации се применува начелото на соодветна и правична застапеност на сите заедници во Република Македонија.

Член 162

Програма за стручно усовршување во здравствените установи во мрежата

  • Здравствените установи од мрежата донесуваат програма за стручно

усовршување која ја усогласуваат со програмата од членот………………………….. од овој закон.

  • Специјализацијата, односно супспецијализацијата на здравствените работници и здравствените соработници може да се планира и да се одобри само од гранките на медицината, стоматологијата, фармацијата и други области кои ја сочинуваат дејноста на здравствената установа и правното лице.
  • Упатувањето на здравствените работници и здравствените соработници на

специјализација, односно супспецијализацијата го вршат здравствените установи кои спроведуваат здравствена заштита, во постапка и на начин утврдени со нивните општи акти во согласност со програмите од членот    од овој закон.

  • Во актот од ставот (1) на овој член јавната здравствена установа ги утврдува бодовите за селекција на кандидатите кои ги исполнуваат условите од членот 141 од овој закон за редоследот на упатување на специјализација, односно супспецијализација по пат на јавен или интерен оглас за упатување на специјализација, односно супспецијализација на вработените во јавната здравствена установа која ги упатува на специјализација, односно супспецијализација. За специјализација ги упатува според следниве критериуми и сооднос 50% од бодовите за просечниот успех на кандидатот постигнат во високото образование, 40% за должината на работниот стаж и 10% за успехот по предметот во областа од која се доделува специјализацијата. За супспецијализација ги упатува според следниве критериуми и сооднос 40% од бодовите за просечниот успехот на кандидатот постигнат во високото образование, 20% за успехот по предметот во областа од која се доделува супспецијализацијата, 20% од бодовите за должината на работното искуство и 20 % за работа во областа во која ке субспецијализира. Начинот на пресметување на пондерот за бодовите за просечниот успехот на кандидатот постигнат во високото образование и успехот по предметот ги утврдува министерот за здравство.
  • Актот за упатување на специјализација, односно супспецијализација, заедно со доказите за исполнување на условите и доказ за одобрување на специјализацијата, односно супспецијализацијата во согласност со програмите од ставот (1) на овој член, здравствената установа го доставува на соодветната високообразовна установа заради упис на специјализација, односно супспецијализација.
  • Високообразовните установи водат евиденција за здравствените работници, односно здравствените соработници кои се упатени, кои се пријавиле за запишување и кои се наоѓаат на специјализација, односно супспецијализација, како и за остварувањето на програмата за специјализација, односно супспецијализација.
  • Високообразовните установи врз основа на евиденцијата од ставот (6) на овој член се должни да ги запишат здравствените работници, односно здравствените соработници на специјализација, односно супспецијализација според редоследот на пријавување, критериумите што ќе ги утврди високообразовната установа и ако ги

исполнуваат условите од членот од овој закон, а во рамките на со оглас утврдениот

број     слободни места за спроведување на                              специјализациите,          односно

супспецијализациите објавен во средствата за јавно информирање.

Член 163

Можност за специјализација на здравствените работници и соработници од приватните

здравствени установи

Здравствените работници, односно здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработените можат да се пријават за запишување на специјализација, односно супспецијализација во согласност со планот за специјализации донесен од високообразовната установа, ако ги исполнуваат условите од членот 141 од овој закон и критериумите што ќе ги утврди високообразовната установа.

Член 168

Специјализација на странски државјанин -здравствен работник

  • Министерството за здравство може да одобри специјализација, односно супспецијализација на странски државјанин – здравствен работник со завршен медицински, стоматолошки, односно фармацевтски факултет.
  • Здравствениот работник од ставот 1 на овој член, кон барањето поднесува:
  • нострифицирана диплома,
  • доказ за положен стручен испит.
  • лиценца за работа,
  • државјанство/важечка патна исправа,
  • изјава за финансирање на специјализацијата и
  • доказ за познавање на македонскиот јазик

Член 169

Признавање на специјализации и супспецијализации завршени во странство

  • Министерството за здравство врши признавање на специјализации и супспецијализации завршени во странство, како и делови од специјализации и супспецијализации завршени во странство од страна на специјализанти и супспецијализанти кои се запишани на специјализација, односно супспецијализација во Република Македонија и се упатени делови од специјализацијата, односно супспецијализацијата или целокупниот специјалистички стаж да го спроведат и завршат во странство согласно програма на Владата на Република Македонија.
  • За признавањето на специјализации и супспецијализации завршени во странство министерот за здравство формира комисии по одделни дејности, составени од пет члена од соодветната дејност од кои најмалку двајца универзитетски професори, а стручните и административно-техничките работи на комисиите ги врши Министерството за здравство.
  • Начинот на признавањето и потребната документација за признавање на специјализациите и супспецијализациите завршени во странство, како и начинот на водењето на евиденцијата на признаените специјализации и супспецијализации завршени во странство го пропишува министерот за здравство.

Член 170

Можност за специјализација на здравствените работници и соработници од приватните

здравствени установи

Здравствените работници, односно здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработените можат да се пријават за запишување на специјализација, односно супспецијализација во согласност со планот за специјализации донесен од високообразовната установа, ако ги исполнуваат условите од членот .. од овој закон и критериумите што ќе ги утврди високообразовната установа. Можност за продолжување на специјализација, односно супспецијализација на товар на јавна здравствена установа

Член 148

Можност за специјализација на здравствените работници и соработници
од приватните здравствени установи

Здравствените работници, односно здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработените можат да се пријават за запишување на специјализација, односно супспецијализација во согласност со планот за специјализации донесен од високообразовната установа, ако ги исполнуваат условите од членот.. од овој закон и критериумите што ќе ги утврди високообразовната установа. Можност за продолжување на специјализација, односно супспецијализација на товар на јавна здравствена установа

  1. Должности на здравствените работници и здравствените соработници

Член 149

Одговорност на здравствениот работник

  • Здравствениот работник е етички, стручно и материјално одговорен.
  • Здравствената установа ја осигурува одговорноста на здравствените работници за штетата која би можеле да ја предизвикаат при вршењето на здравствената дејност.

Член 150

Одговорност на здравствените работници и здравствените соработници за
применување и почитување на принципите и правилата на однесување и работење

  • Здравствените работници и здравствените соработници во својата работа, делување и однесување се должни да ги применуваат и почитуваат принципите и правилата на однесување и работење утврдени од министерот за здравство согласно член 27 став (5) од овој закон.
  • За постапување спротивно на став (1) од овој член и одредбите утврдени со гласно член 27 став (5) од овој закон, здравствените работници и здравствените соработници одговараат дисциплински за дисциплински престап.

Член151

Професионална тајна

  • Здравствените работници и здравствените соработници имаат права и должности уредени со овој и друг закон.
  • Здравствените работници се должни да чуваат како професионална тајна се што знаат за здравствената состојба на пациентот.
  • Професионалната тајна се должни да ја чуваат и другите вработени во здравството кои ќе ја дознаат во вршењето на својата должност, како и студентите и учениците.
  • Професионалната тајна се должни да ја чуваат и сите други лица кои за време на вршењето на својата должност ќе дознаат податоци за здравствената состојба на пациентот.

Член 152

Повреда на чувањето на професионалната тајна

  • Повредата на чувањето на професионалната тајна претставува повреда на обврските од работниот однос.
  • На водењето, чувањето, собирањето и располагањето со медицинската документација се применуваат одредбите од прописите од областа на евиденциите од областа на здравството, заштитата на правата на пациентите и заштитата на личните податоци.
  1. Права и обврски од работен однос Член 153

Работни места во јавна здравствена установа

Во јавните здравствени установи работните места на вработените се групираат во групи и подгрупи согласно Законот за вработените во јавниот сектор:

  • административни службеници,
  • даватели на јавни услуги во здравството и
  • помошно – технички лица.

Член 154

Плати на вработените во јавните здравствени установи

Платите на вработените во јавните здравствени установи се утврдуваат во колективните договори согласно со видот на потребните стручни квалификации и работните компетенции, одговорноста, видот и сложеноста на работите и на работните задачи, како и согласно со другите критериуми од значење за работното место.

Член 155

Класификација на работни места

  • Вработените во јавните здравствени установи кои вршат работи од здравствената дејност, имаат статус на даватели на јавни услуги во здравството и за нив се применуваат одредбите од овој закон, одредбите од Законот за вработени во јавниот сектор и општите прописи за работни односи.
  • За вработените од ставот (1) на овој член се утврдуваат следниве категории на работни места:
  • категорија А – здравствени работници со високо образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата,
  • категорија Б – здравствени работници со високо стручно образование од областа на медицината и стоматологијата,
  • категорија В – здравствени работници со вишо стручно образование од областа на медицината и стоматологијата,
  • категорија Г – здравствени работници со средно стручно образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата и
  • категорија Д – здравствени соработници.
  • Нивоата на работните места во рамките на категориите од ставот (2) на овој член се опишуваат со звања, односно со стручен или со научен назив, при што најниско ниво во категоријата е влезното ниво.
  • Работното искуство и другите посебни услови што треба да ги исполни лицето кое се вработува во јавна здравствена установа како здравствен работник, односно здравствен соработник се утврдуваат со актот за систематизација на јавната здравствена установа согласно со видот на потребните стручни квалификации и работните компетенции, одговорноста, видот и сложеноста на работите и на работните задачи, како и согласно со другите критериуми од значење за работното место.

Член 156

Категорија А – здравствени работници со високо образование
од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата

  • Во рамките на категоријата А се утврдуваат следниве нивоа на работни места на даватели на јавни услуги во здравството:
  • ниво А1 раководни работници на внатрешни организациони единици,
  • ниво А2 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт- доктор на науки редовен професор,
  • ниво А3 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – доктор на науки – научен советник,
  • ниво А4 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – вонреден професор,
  • ниво А5 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – доктор на науки – виш научен соработник,
  • ниво А6 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – доктор на науки – доцент,
  • ниво А7 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – доктор на науки – научен соработник,
  • ниво А8 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – доктор на науки – асистент,
  • ниво А9 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – доктор на науки,
  • ниво А10 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – супспецијалист;
  • ниво А11 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт специјалист – примариус,
  • ниво А12 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – специјалист магистер,
  • ниво А13 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – асистент,
  • ниво А14 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – специјалист и други,
  • ниво А15 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт примариус,
  • ниво А16 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт – магистер и
  • ниво А17 доктор на медицина, доктор на стоматологија, дипломиран фармацевт.
  • Вработените од категоријата А треба да имаат најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
  • Вработените од категоријата А треба активно да познаваат еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно да познаваат компјутерски програми за канцелариско работење и да имаат други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место.
  • По исклучок од ставот (3) на овој член лицето кое може да биде назначено за раководител на оддел во универзитетски институт, универзитетска клиника и клиника во универзитетски клинички центар и лицата кои се вработуваат како здравствени работници со високо образование во здравствена установа на терцијарно ниво треба да ги исполнуваат условите утврдени со одредбите од овој закон со кој е пропишано раководењето со оддел во универзитетски институт, универзитетска клиника и клиника во универзитетски клинички центар и со кои се пропишани посебните услови за вработување на здравствените работници со високо образование на терцијарно ниво.
  • Кандидатите за здравствен работник со високо образование кои се пријавиле на јавен оглас за вработување во јавна здравствена установа и кои поседуваат меѓународно признатиот сертификат, односно уверение за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија, се смета дека го положиле квалификациониот испит во делот во кој се проверува познавањето на еден од светските јазици.

Член 157

Категорија Б – здравствени работници со високо стручно образование
од областа на медицината и стоматологијата

  • Во рамките на категоријата Б – здравствени работници со високо стручно образование од областа на медицината и стоматологијата, се утврдуваат следниве нивоа на работни места на даватели на јавни услуги во областа на здравството:
  • ниво Б1 главна медицинска сестра и главен медицински лаборант на ниво на здравствена установа, главен радиолошки технолог, главен трансфузист, главен физиотерапевт, главен клинички логопед и други,
  • ниво Б2 одговорна медицинска сестра и одговорен медицински лаборант на ниво на внатрешна организациона единица, одговорен радиолошки технолог, одговорен трансфузист, одговорен физиотерапевт и други и
  • ниво Б3 дипломирана медицинска сестра и медицинска сестра -специјалист, дипломиран радиолошки технолог, дипломиран физиотерапевт, дипломиран трансфузист, перфузионист, дипломирани логопеди (интегрирани студии на медицински факултет) и други.
  • Вработените од категоријата Б треба да имаат најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС.
  • Вработените од категоријата Б треба активно да познаваат еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно да познаваат компјутерски програми за канцелариско работење и да имаат други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место.

Член 158

Категорија В – здравствени работници со вишо стручно образование
од областа на медицината и стоматологијата

  • Во рамките на категоријата В – здравствени работници со вишо стручно образование од областа на медицината и стоматологијата, се утврдуваат следните нивоа на работни места на даватели на јавни услуги во областа на здравството:
  • ниво В1 виш здравствен работник специјалист во психијатрија, нуклеарна медицина, забна здравствена превентива, медицина на трудот, интензивно лекување, патронажна, диететика, комунална хигиена, итна медицинска помош, визил техничар, трансфузионист, анестетичар и други и
  • ниво В2 виш санитарен техничар, виш забен техничар, виш физиотерапевт, виша медицинска сестра – акушерка, виш лаборант, трансфузионист, виш фармацевт, виш цитогенски техничар, виш РТГ техничар, виш фармацевтски техничар, диететичар, нутрицист, работен терапевт и други.
  • Вработените од категоријата В треба да имаат завршен VI степен.
  • Вработените од категорија В треба да поседуваат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење.

Член 159

Категорија Г – здравствени работници со средно стручно образование
од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата

  • Во рамките на категоријата Г – здравствени работници со средно стручно образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата, се утврдуваат следниве нивоа на работни места на даватели на јавни услуги во областа на здравството:
  • ниво Г1 медицинска сестра – инструментарка, инструментарка – акушерка, медицинска сестра – анестетичар, физиотерапевт во реанимација, медицинска сестра во интензивна нега, акушерка во родилна сала, медицинска сестра на дијализа, медицинска сестра физиотерапевт и трансфузист и други,
  • ниво Г2 патронажна медицинска сестра, медицинска сестра во итна медицинска помош, медицинска сестра во домашна посета, медицинска сестра во одделенија во психијатриска болница и други,
  • ниво Г3 медицинска сестра, акушерка, медицински техничар, стоматолошка сестра, лаборант, лаборантски техничар, фармацевтски техничар, санитарен техничар, физиотерапевт, лаборант, препаратор, лаборант по нуклеарна медицина, цитогенски техничар, перфузионист, забен техничар, радиолошки техничар, фотолаборант, дезинсектор, забари-дентисти и други,
  • ниво Г4 здравствен техничар за нега на болен, медицинска сестра – болничар и здравствен статистичар и други и
  • ниво Г5 општа медицинска сестра на приемно и картотека и други.
  • Вработените од категоријата Г треба да имаат најмалку средно стручно образование.
  • Вработените од категоријата Г треба да поседуваат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење.

Член 160

Категорија Д – здравствени соработници

  • Во рамките на категоријата Д – здравствени соработници, се утврдуваат следниве нивоа на работни места на даватели на јавни услуги во областа на здравството:
  • ниво Д1 – доктори на науки и здравствени соработници со специјализација и други,
  • ниво Д2 – магистер по јавно здравство и други магистри (биолог, физичар, педагог, психолог, логопед, сурдолог, соматопед) и други,
  • ниво Д3 – самостоен стручен соработник (педагог, дефектолог, психолог, логопед, биолог, физичар, сурдолог, соматопед) и други,

ниво Д4 дипломиран инженер, дипломиран хемичар и биохемичар и други,

  • ниво Д5 стручен соработник (педагог, дефектолог, психолог, логопед, биолог, физичар, сурдолог, соматопед) и други,
  • ниво Д6 дипломиран педагог, дипломиран дефектолог, дипломиран психолог, дипломиран логопед, дипломиран биолог, дипломиран физичар, дипломиран сурдолог, дипломиран соматопед, дипломиран социјален работник и други и
  • ниво Д7 работен терапевт, воспитувач, педагог, наставник, виш здравствен соработник, инженер по медицинска радиологија, виш социјален работник и други.
  • Вработените од категоријата Д од ниво Д1 до ниво Д6 треба да имаат најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, а вработените од категоријата Д, нивото Д7 треба да имаат најмалку вишо образование.
  • Вработените од категоријата Д треба активно да познаваат еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно да познаваат компјутерски програми за канцелариско работење и да имаат други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место.

Член 161

Помошно-технички лица

  • Вработените во јавните здравствени установи кои вршат помошно-технички работи, имаат статус на помошно-технички лица и за нив се применуваат одредбите од овој закон, Законот за вработени во јавниот сектор и општите прописи за работни односи.
  • За помошно-техничките лица се утврдуваат следниве подгрупи:
  • подгрупа 1 – помошно-технички лица за одржување на објектите и на опремата,
  • подгрупа 2 – помошно-технички лица за обезбедување на објектите и на опремата,
  • подгрупа 3 – помошно-технички лица за превоз на лица и на опрема
  • подгрупа 4 – помошно-технички лица во кујна или во хотелско-угостителски објект и
  • подгрупа 5 – други помошно-технички лица.
  • Во рамките на подгрупата 1 помошно-технички лица за одржување на објектите и опремата се утврдуваат следниве категории и нивоа:
  • категорија А – помошно-технички лица за одржување на објектите
  • ниво А1 дипломирани инженери и други,
  • ниво А2 инженер (со степен) и други,
  • ниво А3 ВКВ работници (водоинсталатер, електричар, монтер, машино-бравар, ѕидар и друго) и други и
  • ниво А4 КВ работници (електричар, техничар (ТТ, ТВ и друго), економ-домаќин и други и
  • категорија Б – помошно-технички лица за одржување на опремата
  • ниво Б1 дипломирани инженери и други,
  • ниво Б2 инженер (со степен) и други,
  • ниво Б3 – техничар (електро, машински, ТТ, ТВ, ПП и друго) и други;
  • ниво Б4 – ВКВ – работници ( автомеханичар, на парен котел) и други.
  • Во рамките на подгрупата 2 помошно технички лица за обезбедување на објектите и опремата се утврдуваат следниве категории и нивоа:
  • категорија А – помошно-технички лица за обезбедување на објектите и опремата
  • ниво А1 обезбедувач со лиценца за обезбедување и други,
  • ниво А2 противпожарен техничар и други,
  • ниво А3 чувар – пожарникар и други и
  • ниво А4 портир, вратар и други.
  • Во рамките на подгрупата 3 помошно-технички лица за превоз на лица и опрема се утврдуваат следниве категории и нивоа:
  • категорија А – помошно технички лица за превоз на лица и опрема
  • ниво А1 возач во брза помош и други и
  • ниво А2 возач и други.
  • Во рамките на подгрупата 4 помошно-технички лица во кујна се утврдуваат следниве категории и нивоа:
  • категорија А – помошно-технички лица во кујна
  • ниво А1 ВКВ работник во кујна (готвач) и други,
  • ниво А2 КВ сервирка и други и
  • ниво А3 сервирка, садомијач во кујна и други.
  • Во рамките на подгрупата 5 други помошно-технички лица се утврдуваат следниве категории и нивоа:
  • категорија А – одржување на хигиената во работните простории,
  • ниво А1 садомијач во лабораторија, трансфузиологија, инфузија и нуклеарна медицина и други,
  • ниво А2 перач, сушар, пеглач на алишта и други,
  • ниво А3 чистач во здравствени простории и други и
  • ниво А4 чистач во административни простории, чистач во кујна, чувар на животни и општ работник, садомијач и други,
  • категорија Б – други помошно-технички лица
  • ниво Б1 телефонист во работна единица и други,
  • ниво Б2 ВКВ работник – бербер и други,
  • ниво Б3 котлар и други,
  • ниво Б4 работници со ССП и други,
  • ниво Б5 КВ – телефонист и КВ – работници и други,
  • ниво Б6 КВ – работници (со стручен испит) и други,
  • ниво Б7 телефонист во здравствена установа и физички работник-асанатор и други,
  • ниво Б8 физички работници и други,
  • ниво Б9 гипсер, разнесувач на материјал и други и
  • ниво Б10 курир и други.
  • Вработените во следниве подгрупи, односно категории и нивоа треба да имаат најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен:
  • подгрупа 1, категорија А ниво А1 и
  • подгрупа 1, категорија Б ниво Б1.
  • Вработените во следниве подгрупи, односно категории и нивоа треба да имаат најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VI/1 степен:
  • подгрупа 1, категорија А ниво А2, и
  • подгрупа 1, категорија Б ниво Б2.
  • Вработените во следниве подгрупи, односно категории и нивоа треба да имаат најмалку основно образование:
  • подгрупа 2, категорија А ниво А4
  • подгрупа 4, категорија А ниво А3
  • подгрупа 5, категорија А, ниво А2, ниво А3 и А4,
  • подгрупа 5, категорија Б, ниво Б3, Б7, Б8, Б9 и Б10.
  • Вработените во останатите подгрупи, односно категории и нивоа треба да имаат најмалку четиригодишно средно образование, односно тригодишно средно образование.

Член 162

Вработување согласно со Годишен план и потребите на јавните здравствени установи

  • Директорот на јавната здравствена установа, по претходно мислење на Министерството за информатичко општество и администрација и претходна согласност од Министерството за здравство донесува Годишен план за вработување на административните службеници и на помошно-техничките лица за следната година, согласно со Законот за вработените во јавниот сектор.
  • Постапките за пополнување на работни места согласно со овој закон се спроведуваат по претходно известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии. Директорот на јавната здравствена установа преку Министерството за здравство доставува барање за давање согласност за обезбедени финансиски средства до Министерството за финансии.
  • Постапката за вработување на здравствените работници и здравствените соработници во јавните здравствени установи се врши согласно со овој закон.
  1. Вработување на здравствените работници, односно здравствените соработници

Член 163

Вработување на здравствените работници, односно здравствените соработници

Постапката за пополнување на слободно работно место во здравствена установа се уредува на начин што вработувањето на здравствени работници, односно здравствени соработници се спроведува низ транспарентна постапка врз основа на критериумите на стручност и компетентност и примена на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.

Член 164

Начин на пополнување на слободно работно место

Слободно работно место во здравствена установа се пополнува преку:

  • објавување на јавен оглас за вработување,
  • објавување на интерен оглас за вработување,
  • распоредување на здравствен работник, односно здравствен соработник во истата здравствена установа на друго работно место и
  • преземање на здравствен работник, односно здравствен соработник од една во друга здравствена установа.

Член 165

Општи и посебни услови за вработување

  • Во здравствената установа може да се вработи лице кое ги исполнува општите и посебните услови.
  • Општи услови се:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност и
  • да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија, дејност или должност.
  • По исклучок од ставот (2) алинеја 1 на овој член, во здравствена установа може да се вработи и здравствен работник со високо образование кој е странец и е истакнат стручњак во областа на медицината, стоматологијата или фармацијата, по одлука на Владата врз основа на позитивни мислења од Министерството за здравство и

Министерството за внатрешни работи и согласно со прописите за вработување на странци.

  • По исклучок од ставот (2) алинеја 1 на овој член, во здравствена установа може да се вработи и здравствен работник со високо образование кој е странец и е државјанин на земјите членки на Европската унија, Швајцарија, Норвешка, Канада, Јапонија, Израел, Турција, Русија и САД врз основа на согласност од Министерството за здравство и согласно со прописите за вработување на странци.
  • Посебни услови се:
  • да има соодветно образование,
  • да има потребно работно искуство во струката и други услови утврдени во актот за систематизација на работните места.

Член 166

Јавен оглас за вработување

  • Јавниот оглас за вработување во јавната здравствена установа се објавува во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издаваат е на македонски јазик и еден од весниците кои се издаваат на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
  • Рокот за пријавување на јавниот оглас од ставот (1) на овој член не може да биде пократок од пет дена од денот на неговото објавување.

Член 167

Селекција на кандидат

  • Работоводниот орган на здравствената установа формира комисија за селекција на здравствен работник, односно здравствен соработник (во натамошниот текст: комисијата за селекција) која ја спроведува постапката за селекција на кандидат.
  • Селекцијата на кандидатот за здравствен работник со високо образование се врши врз основа на следниве критериуми:
  • просек од успехот што кандидатот го постигнал на високообразовната установа кој носи 40 бода и
  • квалификационен испит кој е составен од два дела и носи вкупно 60 бода, и тоа:
  • стручен дел (тест) кој носи 40 бода и
  • познавање на еден од светските јазици (англиски, германски или француски) кој носи 20 бода.
  • За здравствените работници со средно и вишо образование, односно за здравствените соработници, селекцијата на кандидатот се врши врз основа на следниве критериуми:
  • просек на успехот што кандидатот го постигнал во средното училиште, односно на високообразовната установа кој носи 50 бода и
  • стручен дел (тест) кој носи 50 бода.
  • Комисијата за изработка на тестови по кои се полага стручниот дел и тестовите за познавање на светски јазик ја формира Министерството за здравство од домашни и странски физички и правни лица.
  • Членовите на комисијата за селекција и на комисијата за изработка на тестовите потпишуваат изјава за чување на тајноста на содржината на тестовите по кои се полага стручниот дел и тестовите за познавање на светски јазик.
  • Тестовите по кои се полага стручниот дел и тестовите за познавање на светски јазик имаат карактер на класифицирана информација со соодветен степен на тајност согласно со одредбите од Законот за класифицирани информации.

Член 168
Одлука за избор

  • Работоводниот орган на здравствената установа, врз основа на ранг- листа предложена од комисијата за селекција со најмалку тројца кандидати, доколку има повеќе од тројца кандидати кои ги исполнуваат условите, спроведува интервју и донесува одлука за избор на кандидат.
  • Против одлуката за избор од ставот (1) на овој член незадоволниот кандидат има право на жалба во рок од осум дена од денот на приемот на одлуката преку здравствената установа за чии потреби бил објавен јавен оглас до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
  • Органот од ставот (2) на овој член одлучува по жалбата во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата.
  • Жалбата го одлага извршувањето на одлуката.
  • Против одлуката донесена од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен незадоволниот кандидат има право на тужба пред надлежниот суд.
  • По завршувањето на постапката за избор работоводниот орган на здравствената установа и избраниот кандидат склучуваат договор за вработување на здравствен работник, односно здравствен соработник.

Член 169
Интерен оглас

  • Поблиските услови за пријавување на интерен оглас во здравствена установа се уредува на начин што право да се пријави на интерен оглас има секој здравствен работник, односно здравствен соработник кој ги исполнува општите и посебните услови од овој закон, како и:
  • да поминал најмалку две години во непосредно пониско работно место од работното место за кое е објавен интерниот оглас и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка или мерка за намалена работна успешност во период од 12 месеци пред објавувањето на интерниот оглас.
  • Интерниот оглас се објавува на веб локацијата на здравствената установа.
  • При вработување по интерен оглас се применуваат одредбите кои се однесуваат на вработување по јавен оглас, освен одредбата која се однесува на објавувањето на јавен оглас.

Член 170

Прераспоредување на здравствен работник, односно здравствен соработник

Здравствен работник, односно здравствен соработник кој ги исполнува посебните услови од членот 190 став (5) од овој закон, по потреба на здравствената установа или по негово барање, може да се распореди во истата здравствена установа на друго работно место согласно со актот за систематизација за работни места.

Член171

Преземање на здравствен работник, односно здравствен соработник

  • Здравствен работник, односно здравствен соработник кој ги исполнува посебните услови од членот 190 став (5) од овој закон, со негова согласност, може да се преземе од една во друга здравствена установа ако за тоа се согласат здравствениот работник, односно здравствен соработник и директорите, односно надлежниот директор на двете здравствени установи.
  • Здравствен работник со високо образование од областа на медицината, стоматологијата или фармацијата со лиценца за работа кој врши здравствена дејност во приватна здравствена установа може да биде преземен во јавна здравствена установа доколку потребата за континуирано вршење на дејноста на јавната здравствена установа претходно ја утврди Министерството за здравство и ако за тоа се согласни здравствениот работник, директорот на јавната здравствена установа во која треба да биде преземен, Министерството за здравство и Фондот.
  • Здравствен работник со средно, вишо или високо стручно образование или со 180 ЕКТС од областа на медицината (медицински сестри, медицински техничари и радиолошки технолози), кој врши здравствена дејност во приватна здравствена установа, а кој има работно искуство од струката од најмалку три години стекнато во јавна здравствена установа или работно искуство од струката од најмалку пет години стекнато во јавна или приватна здравствена установа која врши болничка здравствена дејност, може да биде преземен во јавна здравствена установа на секундарно и терцијарно ниво, без објавување на оглас, врз основа на писмено барање на директорот во кое е образложена потребата од преземање и писмена согласност на здравствениот работник, директорите, односно директорот на јавната здравствена установа во која треба да биде преземен, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
  • Здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование или со 180 ЕКТС од областа на медицината и стоматологијата, кои со преземање од јавните здравствени установи биле вработени во приватните здравствени установи основани врз основа на закуп на простор и опрема на делови од јавните здравствени установи согласно со Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 38/91,46/93, 55/95, 10/04, 84/05, 111/05, 65/06, 5/07, 77/08, 67/09, 88/10, 44/11 и 53/11), на кои им престанал работниот однос во тие установи поради престанок со работа на установите или по престанок на правото на закуп поради смрт или поради остварување право на пензија на здравствениот работник на кого му биле издадени под закуп просторот и опремата и со кого на денот на настапувањето на смртта или остварувањето на правото на пензија биле распоредени на работно место како дел од тимот, а не исполнуваат услови за остварување право на старосна пензија, се вработуваат во јавната здравствена установа од која биле преземени, односно во друга јавна здравствена установа каде што има потреба од овој вид на здравствени работници, доколку во јавната здравствена установа од која биле преземени нема слободно работно место.
  • Здравствените работници од ставот (4) на овој член поднесуваат барање за остварување на правото од ставот (4) на овој член до Министерството за здравство. Кон барањето приложуваат документи со кои докажуваат дека ги исполнуваат условите од ставот (4) на овој член.
  • Министерството за здравство во рок од 30 дена од приемот на барањето од ставот (5) на овој член одлучува по барањето врз основа на доставената документација од ставот (5) на овој член и издава согласност за вработување на здравствениот работник од ставот (4) на овој член во јавната здравствена установа од кој бил преземен, односно во друга јавна здравствена установа каде што има потреба од овој вид на здравствени работници доколку во јавната здравствена установа во која работеле нема слободно работно место.
  • Јавната здравствена установа од ставот (6) на овој член го пријавува во работен однос здравствениот работник од ставот (3) на овој член согласно со овој закон, врз основа на согласноста од Министерството за здравство.
  1. Вработување на здравствените работници со високо образование на терцијарно ниво

Член 172

Вработување на здравствените работници со високо образование на терцијарно ниво

Постапката за пополнување на слободно работно место во здравствена установа на терцијарно ниво со здравствени работници со високо образование се спроведува согласно со одредбите од овој закон кои се однесуваат на вработувањето на здравствените работници, освен доколку поинаку не е утврдено со одредбите од оваа глава.

Член 173

Посебни услови за вработување на здравствените работници
со високо образование на терцијарно ниво

  • Посебни услови за вработување на здравствени работници со високо образование во здравствената установа на терцијарно ниво, покрај посебните услови од членот 190 став (5) од овој закон се:
  • постигнат просечен успех од сите предмети на сите циклуси на универзитетски студии кои ги завршил кандидатот од најмалку осум (во натамошниот текст: просечен успех) и
  • активно да познава најмалку еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, германски или француски
  • По исклучок, кандидатот кој има завршено специјализација или супспецијализација соодветна за јавната здравствена установа на терцијарно ниво каде што се спроведува постапката за вработување, не треба да го исполни посебниот услов од ставот (1) алинеја 1 на овој член.

Член 174

Селекција на кандидат

  • Директорот на здравствената установа на терцијарно ниво формира две комисии за селекција на здравствен работник со високо образование и тоа комисија која го спроведува писмениот испит и комисија која го спроведува усниот испит во рамките на постапката за селекција на кандидат. Комисиите се формираат со решение половина час пред одржувањето на писмениот, односно усниот испит.
  • Комисиите од ставот (1) на овој член се составени од седум члена од кои најмалку двајца членови со наставно звање редовен, вонреден професор или доцент доктор, а останатите членови со специјализација, односно супспецијализација, со најмалку десет години работно искуство по специјализацијата, сите од областа за која се врши селекција на кандидатот.
  • Селекцијата на кандидатот за здравствен работник со високо образование во здравствена установа на терцијарно ниво се врши врз основа на следниве критериуми:
  • успехот што кандидатот го постигнал на секој од циклусите на универзитетски студии кој носи 20 бода;
  • писмен испит кој носи 60 бода и
  • устен испит кој носи 20 бода.
  • Начинот на бодирање на кандидатите врз основа на успехот што кандидатот за здравствен работник со високо образование во здравствена установа на терцијарно ниво го постигнал на сите циклуси на универзитетски студии, начинот на спроведување на писмениот и усниот испит, како и други прашања во врска со постапката на селекција ги пропишува министерот за здравство. Предлог: Членот 164-в да се брише

Член 175

Полагање на испит

  • Писмениот и усниот испит се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на испит со материјално-техничка и информатичка опрема.
  • Усниот испит е јавен и се спроведува во присуство на сите кандидати, во просторија обезбедена од страна на јавната здравствена установа која ја спроведува постапката на вработување со капацитет потребен за истовремено присуство на сите кандидати.
  • Усниот испит завршува со бодирањето на кандидатот кое се врши веднаш по одговарањето на поставените прашања и кандидатот се известува за вкупниот број бодови од усниот испит усно во присуство на сите кандидати во просторијата во која се спроведува испитот, како и писмено по завршувањето на постапката за селекција на кандидат.
  • Критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опременост на просториите за полагање на писмениот и усниот испит ги утврдува министерот за здравство.
  • Во просторијата за полагање на писмениот и усниот испит, за време на полагање на испитот, е присутен претставник од Министерството за здравство.
  • Базата на прашања за писмениот дел од стручниот испит се состои од збир на најмалку 4.000 прашања кои се преиспитуваат секои две години и кои се утврдени од страна на комисија формирана од страна на министерот за здравство.
  • Усниот испит се состои од прашања кои се утврдени од страна на комисија формирана од министерот за здравство и кои компјутерски се доделуваат на кандидатот по пат на случаен избор направен непосредно пред почетокот на писмениот испит.
  1. Права и должности на здравствените работници и здравствените соработници

Член 176

Плата, надоместоци на плата, додатоци на плата
и надоместок на трошоци поврзани со работата

Здравствениот работник, односно здравствениот соработник има право на плата и надоместоци на плата, додатоци на плата и надоместок на трошоци поврзани со работата под услови и критериуми утврдени со закон, колективен договор и договор за вработување.

Член 177

Физички и психички интегритет, личност, достоинство
и сигурност на здравствените работници и здравствените соработници

  • Здравствен работник со завршено високо, вишо и средно образование и здравствен соработник со завршено високо образование кога врши здравствена дејност и дава здравствени услуги се смета како службено лице кое врши службена должност врз основа на овластување дадено со овој закон.
  • Физичкиот и психичкиот интегритет, личноста и достоинството на здравствените работници и здравствените соработници од став (1) на овој член, како и нивната сигурност мора да се почитуваат и овие здравствени работници и здравствени соработници имаат право на заштита на овие права кога вршат здравствена дејноста и даваат здравствени услуги како службена должност.
  • Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност и давање на здравствени услуги како службена должност се смета како напад врз службено лице при вршење на здравствена дејност и давање на здравствени услуги како службена должност.

Член 178

Извршување на работни задачи

  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник е должен работите и работните задачи да ги врши совесно, стручно, ефикасно, уредно и навремено во согласност со Уставот, закон и ратификувани меѓународни договори.
  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник е должен да ја врши својата работа непристрасно, да не се раководи од свои лични финансиски интереси, да не ги злоупотребува овластувањата и статусот што го има како здравствен работник, односно здравствениот соработник и да го штити личниот углед и угледот на установата во која е вработен.
  • Лекарската, Стоматолошката, Фармацевтската комора односно соодветната комора донесуваат кодекс на професионалните етички должности и права.

Член 179

Должност за чување на класифицираната информација

  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник е должен, во согласност со закон, по барање на граѓаните да дава информации заради остварување на нивните права и интереси, освен информациите од членот .. од овој закон.
  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник е должен да ја чува класифицираната информација на начин и под услови утврдени со закон.
  • Обврската и рокот за чување на класифицираната информација се утврдува согласно со закон.

Член 180

Консултантски услуги на пациенти

Вршењето каков било вид на здравствени или консултантски услуги на пациенти и/или склучувањето на договори за вршење на здравствени или консултантски услуги на пациенти со приватни здравствени установи од страна на здравствените работници, односно здравствените соработници вработени во јавни здравствени установи, претставува конкурентско работење и истото е забрането.

Член181

Користење на консултанти

  • Здравствените работници и здравствените соработници можат да бидат консултанти и советници, поединечно или групно, за давање на услуги како говорници или претседавачи на средби, учество во медицински/научни студии, клинички испитувања или услуги на обука, учество на советодавни состаноци и учество во истражување на пазарот, каде што таквото учество вклучува хонорар и/или патување.
  • Односите меѓу здравствените работници и здравствените соработници со нарачувачите на услугите од ставот (1) на овој член задолжително се регулираат однапред со писмен договор со кој се регулирани особено:
  • опис на услугите и основата за плаќање на истите,
  • јасна идентификација на оправданата потреба од таков вид на услуги од страна на консултанти и/или советници,
  • јасно дефинирани критериуми врз основа на кои се избрани консултантите или советниците и нивна директна поврзаност со идентификуваната потреба и лицата кои биле одговорни за избор на консултанти и/или советници,
  • објаснување на неопходноста од ангажирање на бројот на консултанти или советници соодветно на целта која треба да се постигне,
  • одредба дека ангажирањето на здравствените работници или здравствените соработници не е со цел да се препорача, препише, купи, набави, продаде или администрира со одреден лек,
  • висина на надоместокот за услугата што е соодветна на пазарната вредност на обезбедената услуга,
  • обврска за нарачувачот на услугите за водење евиденција на дадените услуги од страна на здравствените работници и здравствените соработници и
  • обврската на здравствениот работник и здравствениот соработник да информира кога настапува во јавноста или кога пишува за прашање кое е предмет на договорот или кое било друго прашање во врска со нарачувачот на услугата дека е консултант и/или советник на нарачувачот на услугата.
  • Забрането е давање консултантски услуги на пациенти од страна на здравствени работници, односно здравствени соработници вработени во јавна здравствена установа надвор од здравствената установа во која се вработени.

Член 182

Ознаки и одговорност за носење на ознака

Здравствениот работник, односно здравствениот соработник е должен во текот на работното време на работното место да носи на видно место ознака во форма на картичка која содржи фотографија на здравствениот работник, односно здравствениот соработник, неговото лично име, работното место и здравствената установа во која работи.

Член 183

Стручно оспособување и усовршување

(1) Здравствениот работник, односно здравствениот соработник има право и должност стручно да се оспособува и усовршува во согласност со потребите на здравствената установа во која е вработен.

Член 184

Презентација на нова здравствена метода или постапка, односно на знаења,
способности и вештини стекнати во текот на стручното оспособување
и/или стручното усовршување во странство

  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник вработен во јавна здравствена установа, кој бил на стручно оспособување и/или стручно усовршување во странство, е должен во рок од две недели од враќањето од стручното оспособување и/или стручното усовршување да изврши презентација пред стручниот колегиум на знаењата, способностите и вештините кои ги стекнале во текот на стручното оспособување и/или стручното усовршување.
  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник кој нема да постапи согласно со ставот (1) на овој член е должен да ги врати на јавната здравствена установа во која е вработен, средствата платени за неговото стручно оспособување и/или стручно усовршување во странство, во рок од еден месец од враќањето од стручното оспособување и/или стручното усовршување.

Член 185

Членување во политичка партија

  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник со членување во политичка партија и со учество во нејзините активности не смее да го доведува во прашање вршењето на работите и работните задачи кои произлегуваат од статусот на здравствен работник, односно здравствен соработник.
  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник не смее да носи или да истакнува партиски симболи во работната просторија.

Член 186

Мирување на вработување

  • На здравствениот работник, односно здравствениот соработник кој е избран или именуван на државна или јавна функција утврдена со закон, а чие вршење бара привремено да престане да ги извршува работите и работните задачи на здравствен работник, односно здравствениот соработник му мирува вработувањето и има право во рок од 15 дена по престанувањето на вршењето на функцијата да се врати во здравствената установа од каде што заминал на вршење на функција на работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка.
  • Заради одржување и надградба на стручните знаења, способности и вештини, здравствениот работник, односно здравствениот соработник кој е избран или именуван на државна или јавна функција утврдена со закон, има право по истекот на работното време на органот на државната власт или органот на единицата на локална самоуправа, јавното претпријатие, агенцијата и друга институција основана со закон, повремено да ги извршува работите и работните задачи на здравствениот работник, односно здравствениот соработник во јавната здравствена установа каде што му мирува вработувањето согласно став (1) на овој член, за што е лично одговорен, а одговара и дисциплински, како и за штетата што на работа или во врска со работата ја предизвикал на здравствената установа.
  • По исклучок од став (2) на овој член, здравствениот работник, односно здравствениот соработник кој е избран или именуван на државна или јавна функција утврдена со закон, може со одобрение од Министерството за здравство повремено да врши здравствена дејност и во друга јавна здравствена установа, различна од јавната здравствена установа каде што му мирува вработувањето согласно став (1) на овој член.
  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник кој е избран или именуван на државна или јавна функција утврдена со закон, во случаите од ставовите
  • и (3) на овој член, има право да ги врши работите и работните задачи на здравствениот работник, односно здравствениот соработник најмногу 15 часа неделно, за што нема право на исплата на плата и надоместоци на плата, додатоци на плата и надоместок на трошоци поврзани со работата под услови и критериуми утврдени со закон, колективен договор и договор за вработување согласно член 165 од овој закон, ниту пак има право на исплата на надоместок по било кој друг основ.
  • Здравствениот работник со високо образование од областа на медицината кој е избран или именуван на државна или јавна функција утврдена со закон, има право да го користи факсимилот за вршење на здравствена дејност во случаите од ставовите (2) и
  • на овој член.
  1. Одговорност на здравствените работници, односно здравствените соработници

Член 187

Лична одговорност во постапка за утврдување на одговорност

Здравствениот работник, односно здравствениот соработник лично е одговорен за вршењето на работите и работните задачи од работното место.

Член 188

Дисциплинска одговорност

  • Начинот и постапката за утврдување на дисциплинска одговорност во здравствена установа се уредува на начин што за повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи здравствениот работник, односно здравствениот соработник одговара дисциплински.
  • Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок не ја исклучува дисциплинската одговорност на здравствениот работник, односно здравствениот соработник.

Член 189

Дисциплинска неуредност и дисциплински престап

  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник одговара дисциплински за дисциплинска неуредност и дисциплински престап.
  • Дисциплинска неуредност, во смисла на ставот (1) на овој член, е полесна повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи.
  • Дисциплинскиот престап, во смисла на ставот (1) на овој член, е потешка повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи.

Член 190

Дисциплински мерки

  • За дисциплинска неуредност или дисциплински престап на здравствениот работник, односно здравствениот соработник може, со решение, да му се изрече една од следниве дисциплински мерки:
  • јавна опомена;
  • парична казна во висина од 15% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред извршувањето на повредата на давањето здравствена услуга во траење од еден до шест месеци и
  • престанок на вработувањето.
  • При изрекување на дисциплинските мерки од ставот (1) на овој член се земаат предвид тежината на дисциплинската неуредноста или престапот, последиците од истите, степенот на одговорноста на здравствениот работник односно здравствениот соработник, околностите под кои е сторена дисциплинската неуредност или престапот, поранешното негово однесување и вршењето на работите и работните задачи, како и други олеснителни и отежнувачки околности.

Член191

Дисциплинска неуредност

  • Дисциплинска неуредност е:
  • непридржување на работното време, распоредот и користењето на работното време и покрај опомената од непосредно претпоставениот здравствен работник, односно здравствениот соработник;
  • неоправдано недоаѓање на работа до два работни дена во текот на една календарска година;
  • неносење на ознаките од членот 169 од овој закон;
  • неизвршување или несовесно, ненавремено, непристојно или небрежно вршење на работите и работните задачи со полесни последици од повредата;
  • неизвестување на непосредно претпоставениот здравствен работник, односно здравствениот соработник, односно раководното лице на здравствената установа за спреченоста за недоаѓање на работа во рок од 24 часа од неоправдани причини;
  • одбивање на стручно оспособување и усовршување на кое здравствениот работник, односно здравствениот соработник се упатува и
  • извршување на работи и работни задачи со намалена работна успешност.
  • За дисциплинска неуредност може да се изрече јавна опомена или парична казна во висина од 20% од едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред извршувањето на дисциплинската неуредност во траење од еден до три месеци.

Член 192

Изрекување дисциплински мерки за дисциплинска неуредност

  • Дисциплинските мерки против здравствениот работник, односно здравствениот соработник за дисциплинска неуредност ги изрекува работоводниот орган, а по претходен писмен извештај од непосредно претпоставениот здравствен работник, односно здравствен соработник.
  • Во случај на очигледна дисциплинска неуредност, работоводниот орган ќе изрече дисциплинска мерка и без претходен писмен извештај од непосредно претпоставениот здравствен работник, односно здравствен соработник.
  • Пред изрекување на дисциплинската мерка здравствениот работник, односно здравствениот соработник се известува писмено за наводите на извештајот од ставот
  • на овој член што постојат против него и истиот има право да даде устен или писмен одговор во рок кој не може да биде пократок од пет дена.
  • Работоводниот орган на здравствената установа во рок од 30 дена од денот на започнувањето на постапката донесува решение за изрекување на дисциплинска мерка за дисциплинска неуредност.

Член 193

Дисциплински престап

  • Дисциплински престап е:
  • неизвршување или несовесно, ненавремено, непристојно или небрежно вршење на работите и работните задачи;
  • ако во рок од пет дена од денот кога требело да се јави на работа пропуштил да се јави на работа, односно не ги извршувал работните обврски во друга здравствена установа,
  • не изврши преглед во терминот закажан преку електронската листа
  • носење или истакнување партиски симболи во работната просторија;
  • одбивање да се даде или давање на неточни податоци на државните органи, правните лица и на граѓаните, доколку давањето на податоци е пропишано со закон;
  • незаконито располагање со материјалните средства
  • одбивање на вршење на работите и работните задачи од работното место на кои е распореден или одбивање на наредби од работоводниот орган на здравствената установа;
  • непреземање или делумно преземање на пропишаните мерки за осигурување на безбедноста на доверените предмети;
  • предизвикување на поголема материјална штета;
  • повторување на дисциплинска неуредност;
  • примање на подароци или друг вид на корист спротивно на закон, или примање или прифаќање на понуда да се прими подарок, парична корист или каква било друга корист со цел да се препорача, препише или набави одреден лек;
  • злоупотреба на статусот или пречекорување на овластувањата во вршењето на работите;
  • злоупотреба на боледување;
  • оддавање класифицирана информација со степен на тајност определен согласно со закон;
  • внесување, употреба и работење под дејство на алкохол или наркотични средства;
  • непридржување кон прописите за заштита од болест, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и повреда на прописите за заштита на животната средина;
  • поставување на личниот финансиски интерес во судир со положбата и статусот на здравствен работник, односно здравствен соработник;
  • навредливо или насилничко однесување;
  • неоправдано одбивање учество во изборни органи и
  • спречување на избори и гласање, повреда на избирачко право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори, повреда на тајноста на гласањето, уништување на изборни исправи, изборна измама што како член на изборен орган го извршил здравствениот работник, односно здравствениот соработник.
  • постапи спротивно на членот 39-а став (3) од овој закон за прв пат,
  • неприменување и непочитување на принципите и правилата на однесување и работење по кои здравствените работници и здравствените соработници се должни да постапуваат во извршувањето на работата со цел да се обезбеди примена и почитување на принципите на законитост, професионален интегритет, ефикасност, ефективност и посветеност при вршењето на нивните службени должности, утврдени од министерот за здравство со правилникот за хоспитална култура согласно член 27 став (5) од овој закон,
  • нејавувањето на работа во здравствената установа и неизвршувањето на работните обврски согласно патниот налог од член 28 став (4) од овој закон, од страна на здравствениот работник односно здравствениот соработник кој е упатен на работа со патниот налог, претставува дисциплински прекршок;
  • неизвршување на преглед и/или интервенција во терминот закажан преку

електронската листа на закажани прегледи и интервенции од страна на здравствениот работник, односно здравствениот соработник без за тоа да постојат објективни и оправдани причини согласно член… став (2) од овој закон или започнување на извршувањето на прегледот, односно интервенцијата со задоцнување од страна на здравствениот работник односно здравствениот соработник за што не постојат објективни и оправдани причини согласно член…………………………………………………………. став (2) од овој закон;

  • неформирање на комисија за водење на дисциплинска постапка за

дисциплинскиот престап и/или недонесување на решение за изрекување на дисциплинска мерка од страна на работоводниот орган на јавната здравствена установа до кој било доставено известување согласно членот…………………………………………………………………………………. б став (8) од овој закон;

  • невнесување на податокот дека одредена медицинска опрема е во неисправна состојба веднаш по настапувањето на неисправноста од страна на лицата кои ја водат, објавуваат и ажурираат електронската листа на закажани прегледи и интервенции;
  • неевидентирање на своето присуство преку системот за евиденција на работно време во здравствената установа во која се спроведува турнусот, согласно распоредот на времето за стручно усовршување од страна на специјализантот;
  • внесување на неточни и/или неверодостојни податоци за резултатите од работењето во интегрираниот здравствен информатички систем согласно член 219 од овој закон, добиени од здравствениот работник и/или од раководителот на внатрешната организациона единица.

(2) За дисциплинските престапи од ставот (1) на овој член се изрекува дисциплинска мерка:

  • парична казна од 20% до 30% од едномесечниот износ на нето платата исплатена на здравствениот работник, односно здравствениот соработник во месецот пред извршувањето на дисциплинскиот престап, во траење од еден до шест месеци и
  • престанок на вработувањето во случаи кога настапиле штетни последици за здравствената установа, а притоа во дисциплинската постапка да не се утврдени олеснителни околности за здравствениот работник, односно здравствениот соработник кој го сторил престапот.

Член 194

Комисија за дисциплинска постапка

  • Работоводниот орган на здравствената установа формира комисија за водење на дисциплинска постапка за дисциплински престап.
  • Комисијата од ставот (1) на овој член е составена од претседател и двајца члена од кои едниот од нив е претставник на синдикатот и нивни заменици.
  • При формирањето на комисијата од ставот (1) на овој член се применува принципот на соодветна и правична застапеност на сите заедници во Република Северна Македонија.

Член 195

Решение за изрекување дисциплинска мерка

Работоводниот орган на здравствената установа во рок од 60 дена од денот на започнувањето на постапката, врз основа на предлог на комисијата од членот 187 став

  • од овој закон донесува решение за изрекување на дисциплинска мерка за дисциплински престап.

Член 196

Субјективен рок за поведување дисциплинска постапка

Дисциплинската постапка не може да се поведе ако поминале шест месеци од денот кога непосредно претпоставениот здравствен работник, односно здравствениот соработник, односно работоводниот орган на здравствената установа дознал за повредата на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи.

Член 197

Објективен рок за поведување на дисциплинска постапка

Дисциплинската постапка не може да се поведе ако поминале 12 месеци од денот кога е сторена повредата на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи.

Член 198

Апсолутен рок за поведување на дисциплинска постапка

Ако повредата на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи повлекува и кривична одговорност, дисциплинската постапка за утврдување на одговорноста на здравствениот работник, односно здравствениот соработник не може да се поведе по изминувањето на две години од денот на дознавањето за повредата.

Член 199

Времено отстранување

  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник може да биде времено отстранет од здравствената установа врз основа на решение на работоводниот орган на здравствената установа.
  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник може да биде времено отстранет од здравствената установа во случаи кога против него е покрената кривична постапка за кривично дело сторено на работа или во врска со работата, кога против него е покрената кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност и за кое е предвидена казна над пет години затвор или е покрената дисциплинска постапка за дисциплински престап, а повредата или неизвршувањето се од таква природа што неговото натамошно присуство во здравствената установа, додека трае постапката, штетно ќе се одрази врз здравствената дејност, односно ќе го осуети или оневозможи утврдувањето на одговорноста за дисциплински престап.
  • Отстранувањето од ставот (2) на овој член трае до донесувањето на конечно решение во дисциплинската постапка.
  • Додека трае временото отстранување здравствениот работник, односно здравствениот соработник има право на плата во висина од 50% од платата што ја примил претходниот месец.

Член 200
Право на жалба

  • Против решението за изрекување на дисциплинска мерка и времено отстранување здравствениот работник, односно здравствениот соработник има право на жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението преку здравствената установа до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
  • Органот од ставот (1) на овој член одлучува по жалбата во рок од осум дена од денот на приемот на жалбата.

Член 201

Материјална одговорност

  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник е одговорен за штетата која на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност, ја предизвикал на здравствената установа.
  • Работоводниот орган на здравствената установа формира комисија за утврдување на материјалната одговорност на здравствениот работник, односно здравствениот соработник.
  • Комисијата од ставот (2) на овој член е составена од претседател и двајца членови од кои едниот од нив е претставник на синдикатот и нивни заменици.

Член 202

Решение за надоместок на штета

  • Работоводниот орган на установата во рок од 60 дена од денот на започнувањето на постапката донесува решение за надоместок на штета.
  • Против решението од ставот (1) на овој член здравствениот работник, односно здравствениот соработник има право на жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението преку здравствената установа до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Член 203

Субјективен рок за поведување постапка

Постапката за утврдување на материјалната одговорност не може да се поведе, ако поминале 60 дена од денот кога непосредно претпоставениот здравствен работник, односно здравствениот соработник или работоводниот орган на установата дознале за тоа.

Член 204

Објективен рок за поведување на постапка

Постапката за утврдување на материјалната одговорност не може да се покрене, ако од денот кога е сторена материјалната штета поминала една година.

Член 205

Поведување постапка пред суд

Ако здравствениот работник, односно здравствениот соработник во рок од три месеци од конечноста на решението за надоместок на штета не ја надомести штетата, здравствената установа поведува постапка пред надлежниот суд.

Член 206

Надоместок на штета на работа

Ако здравствениот работник, односно здравствениот соработник претрпи штета на работа или во врска со работата, здравствената установа е должна да му ја надомести штетата согласно со закон.

Член 207

Годишен извештај

  • Установата е должна да достави годишен извештај за изречените мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност на здравствените работници, односно здравствените соработници до Агенцијата за администрација најдоцна до 31 јануари во тековната година за претходната.
  • Содржината и формата на извештајот од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за здравство.
  1. Престанок на вработување на здравствените работници, односно здравствените соработници

Член 208

Престанок на вработување

На здравствениот работник, односно здравствениот соработник му престанува вработувањето:

  • по спогодба,
  • по негово барање,
  • по сила на закон и
  • во други случаи утврдени со овој закон.

Член 209

Спогодбен престанок на вработување

На здравствениот работник, односно здравствениот соработник му престанува вработувањето спогодбено, кога ќе склучи писмена спогодба за престанок на вработувањето со работоводниот орган на здравствената установа.

Член 210

Постапка за спогодбен престанок на вработување

  • На здравствениот работник, односно здравствениот соработник му престанува вработувањето ако поднесе писмено барање за престанок на вработувањето.
  • Во случај на престанок на вработувањето по барање на здравствениот работник, односно здравствениот соработник отказниот рок трае 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за престанок на вработувањето, освен ако здравствениот работник, односно здравствениот соработник и работоводниот орган на здравствената установа поинаку не се спогодат.
  • На здравствениот работник, односно здравствениот соработник не му престанува вработувањето ако поднесе писмено барање за престанок на

вработувањето се додека не ги надомести средствата од членот………………. став (3) од овој

закон.

Член 211

Престанување на вработување по сила на закон

На здравствениот работник, односно здравствениот соработник му престанува вработувањето по сила на закон, ако:

  • ја загуби работната способност – со денот на доставувањето на правосилното решение за утврдување на изгубената работна способност,
  • му престане државјанството на Република Северна Македонија – со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанство на Република Северна Македонија,
  • му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност – со денот на правосилноста на одлуката,
  • биде осуден за кривично дело во врска со службената должност или друго кривично дело кое го прави недостоен за здравствен работник, односно здравствениот соработник и за вршење на службата во здравствената установа – со денот на врачувањето на правосилната пресуда,
  • поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеци – со денот на стапувањето на издржување на казната и
  • му престане договорот за вработување или договорот за продолжување на вработувањето, поради возраст согласно прописите од областа на работните односи,
  • докторот на медицина, докторот на стоматологија или фармацевтот на терцијарно

ниво не се согласи да биде преземен и не го склучи договорот за вработување во јавна здравствена установа која врши здравствена дејност на секундарно ниво во согласност со членовите   од овој закон.

Член 212

Други случаи на престанок на вработување

На здравствениот работник, односно здравствениот соработник му престанува вработувањето и во случаите, ако:

  • неоправдано отсуствува од работа најмалку три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година,
  • се утврди дека при вработувањето премолчил или дал невистинити податоци во однос на општите и посебните услови за вработување,
  • по барање на работоводниот орган на здравствената установа здравствениот работник, односно здравствениот соработник не ги извршува работните задачи утврдени во описот на работното место, а притоа му биле обезбедени потребните услови, упатства и насоки за работа, а претходно бил писмено предупреден дека постои незадоволство од начинот на извршувањето на работните задачи и му бил утврден рок, не подолг од 30 дена во кој можел да го подобри своето работење,
  • се утврди дека здравствениот работник, односно здравствениот соработник врши дополнителна дејност спротивно на одредбите од овој закон,
  • се утврди дека здравствениот работник, односно здравствениот соработник вработен во јавна здравствена установа дава консултантски услуги на пациенти надвор од здравствената установа во која е вработен,
  • се утврди дека постапил спротивно на членот 39-а став (3) од овој закон по втор

пат,

  • во рок од пет дена не се врати на работа по завршувањето на стручното оспособување или усовршување и
  • органот на државната управа надлежен за инспекцијата на трудот утврди дека здравствениот работник, односно здравствениот соработник е вработен спротивно на одредбите на овој и друг закон.

Член 213

Решение за престанок на вработувањето на здравствен работник,
односно здравствен соработник

  • Решението за престанок на вработувањето на здравствениот работник, односно здравствениот соработник го донесува работоводниот орган на здравствената установа.
  • Решението за престанок на вработувањето се врачува лично на здравствениот работник, односно здравствениот соработник, по правило во работните простории на здравствената установа во кои здравствениот работник, односно здравствениот соработник работи, односно на адреса на живеалиштето, односно престојувалиштето од кое здравствениот работник, односно здравствениот соработник секојдневно доаѓа на работа.
  • Ако здравствениот работник, односно здравствениот соработник не може да се пронајде на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето или ако го одбие врачувањето, решението се објавува на огласната табла во здравствената установа. По изминувањето на три работни дена се смета дека врачувањето на решението е извршено.

Член 214
Жалба

  • Против решението за престанок на вработувањето здравствениот работник, односно здравствениот соработник има право на жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението преку здравствената установа до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
  • Одлуката по жалбата органот кој одлучува во втор степен ја носи во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата.
  • Жалбата го одлага извршувањето на решението за престанок на вработувањето до донесувањето на конечното решение по жалбата.
  1. Заштита и одлучување за правата и обврските на здравствените работници, односно

здравствените соработници

Член 215
Право на жалба

  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник на кој со решение на здравствената установа му е повредено правото од работен однос, има право на жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, преку здравствената установа која го донела првостепеното решение.
  • Здравствената установа од ставот (1) на овој член е должна жалбата, со придружните списи, да ја достави до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во рок од осум дена од денот на приемот на жалбата.
  • По поднесената жалба од ставот (1) на овој член Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен донесува одлука во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата.

Член 216

Право на судска заштита

  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник кој не е задоволен од конечната одлука донесена од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, има право во наредниот рок од 15 дена да бара заштита на своите права пред надлежниот суд.
  • Здравствениот работник, односно здравствениот соработник не може да бара заштита на правото пред надлежен суд, ако претходно не барал заштита на правото пред Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, освен за правото на парично побарување.
  1. Права и обврски на вработени во здравствени установи кои не се здравствени работници, односно здравствени соработници

Член 217

Права и обврски на административните службеници и
на помошно-техничките лица во јавните здравствени установи

  • Вработените во јавните здравствени установи кои вршат административни работи имаат статус на административни службеници.
  • За прашањата кои се однесуваат на работниот однос на вработените од ставот
  • на овој член кои не се уредени со овој закон и со колективен договор, се применуваат одредбите од Законот за административните службеници и општите прописи за работните односи.
  • Вработените во јавните здравствени установи кои вршат помошни и технички работи имаат статус на помошно-технички лица.
  • На помошно-техничките лица во јавните здравствени установи ќе се применува Законот за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работни односи.

VIII. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА РАБОТАТА ВО
ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ВО МРЕЖАТА

Член 218

Должност за непрекинато вршење на здравствена дејност

  • Здравствените установи во мрежата се должни да обезбедат непрекинато вршење здравствена дејност, организирана со работа во една, две, три или повеќе смени, со двократно работно време, со поместување на работното време, со приправност или со дежурство, во согласност со потребите на населението и облиците на укажување на здравствените услуги.
  • По исклучок од ставот (1) на овој член, здравствените установи на примарно ниво можат да организираат вршење на здравствената дејност најмногу и во други две населени места во кои живеат помалку од 1.000 жители и најмалку два пати неделно, ако ги исполнат условите од членот … став (1) точка 3 од овој закон.
  • Заради подобра организираност и поголема искористеност на просторот и опремата за работа, како и заради подобра организираност на вршењето на здравствената дејност, работното време се организира во смени на начин уреден со прописите од областа на работните односи.
  • Здравствениот работник не смее да го напушти работното место и по поминувањето на неговото работно време додека не биде заменет
  • Непрекинатото вршење на здравствената дејност се обезбедува со дежурство само по исклучок доколку на друг начин не може да се обезбеди непрекинатото вршење на здравствената дејност.
  • Во случај на потреба за обезбедување непрекинато вршење на здравствена дејност со работа со дежурство, здравствената установа во мрежата е должна да обезбеди согласност од Министерството за здравство, а во случај кога обезбедувањето непрекинато вршење на здравствена дејност не е обезбедено со работа со дежурство, а ќе се појави потреба од дежурство, здравствената установа во мрежата е должна претходно да го извести Министерството за здравство за причините и времетраењето на таквата потреба.

Член 219

Начин на организација на работата и спроведување
на непрекинатото вршење на здравствената дејност

  • Распоредот, почетокот и завршувањето на работното време на јавните здравствени установи и на избраните лекари во мрежата го пропишува министерот за здравство, во зависност од видот и обемот на здравствената дејност која мора да се усогласи со потребите на граѓаните, така што да им се овозможи континуирано користење на здравствената заштита.
  • Начинот на организација на работата и спроведувањето на непрекинатото вршење на здравствена дејност преку дежурства, според потребите на граѓаните и според видот и обемот на здравствената заштита, го пропишува министерот за здравство.
  • Ако е оневозможено непрекинатото вршење на здравствената дејност во јавна здравствена установа поради недостаток на кадар, а по претходно утврдена потреба и претходна согласност на министерот за здравство, јавните здравствени установи и приватните здравствени установи на примарно ниво во мрежата на здравствени установи (во натамошниот текст: избрани доктори) се должни да склучат спогодба за вршење на здравствени услуги, со цел да се обезбеди континуирано користење на здравствената заштита.
  • Со спогодбата од ставот (3) на овој член се уредуваат правата и обврските на јавните здравствени установи и на избраните лекари, условите и времето на вршење на здравствените услуги, како и другите права и обврски на јавните здравствени установи и на избраните лекари во врска со обезбедувањето на непрекинатото вршење на здравствена дејност.

Член 220

Организирање и усогласување на вршењето на здравствената дејност
на примарно ниво од страна на здравствениот дом

  • Здравствениот дом, заради обезбедување на функционирањето и укажувањето на здравствената дејност на примарно ниво за граѓаните на подрачјето за кое е основан во согласност со мрежата на примарно ниво, а врз основа на договорот склучен со носителите на лиценца во мрежата, ја организира и го усогласува вршењето на здравствената дејност на примарно ниво, а особено ги организира и распоредува дежурствата, вршењето на итната медицинска помош, обезбедува, односно организира вршење на здравствената дејност за време на празници, одмори и други отсуства, како и организира и усогласува други активности.
  • Здравствениот дом е должен да изготви планови за заштита при кризни и вонредни случаи и околности и самиот или со други јавни и приватни здравствени установи од соседните подрачја да организира здравствена заштита и доволен број здравствени тимови за да може со нив да обезбедува непрекината 24-часовна итна медицинска помош.
  • Здравствениот дом е должен при кризни и вонредни случаи и околности да ангажира и други правни и физички лица за да обезбеди транспорти за спасување на лица и други услуги за одговор на здравствените потреби на населението во такви околности.
  • Здравствениот дом може да организира вршење одделни дејности во организациони единици надвор од своето седиште така што да може, колку што е можно повеќе, на населението да му ги доближи особено дејностите од превентивна здравствена дејност за деца и младинци, стоматолошката здравствена дејност за деца и поливалентна патронажна дејност.

Член 221

Уредување на организацијата и вршењето на здравствената дејност

Здравствените установи во мрежата со свои општи акти ја уредуваат организацијата и вршењето на здравствената дејност, и тоа:

  • во дејноста на итна медицина непрекинато 24 часа,
  • во примарната здравствена дејност со организирање на работата во една или две смени, со прилагодување на работното време и постојана приправност и дежурство, а во согласност со потребите на населението,
  • во специјалистичко-консултативната здравствена дејност со организирање на работата во една или две смени и со прилагодување на работното време, а во согласност со потребите на населението и
  • во болничката здравствена дејност со организирање во една или повеќе смени и посебни услови на работа (дежурство и постојана приправност), а во согласност со потребите на населението.

Член 222

Дневен и неделен одмор за здравствените работници и соработници

  • Здравствениот работник и здравствениот соработник имаат право на дневен одмор во траење непрекинато најмалку 12 часа во текот на 24 часа и на неделен одмор во траење непрекинато најмалку 24 часа плус 12 часа дневен одмор.

2) По исклучок од ставот (1) на овој член, во случаи на исклучително зголемување на обемот на работа, ако е потребно за продолжување на давање на здравствена услуга, ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата, ако е потребно да се обезбеди безбедноста на луѓето и имотот или во други случаи определени со закон или колективен договор, работното време може да трае непрекинато најмногу 16 часа ако здравствениот работник, односно здравствениот соработник писмено се согласи со тоа, при што согласноста мора да го содржи бројот на прекувремените часови со кои работникот се согласува и временскиот период на кој се однесува.

  • Работодавачот води евиденции за работното време, за вршењето на работата подолго од работното време, за здравствените работници и здравствените соработници кои ја дале согласноста од ставот (2) на овој член и други евиденции за работното време во согласност со прописите од областа на работни односи.
  • Ограничувањата во однос на работата подолга од работното време и обезбедувањето дневен и неделен одмор се применуваат и на здравствените работници кои врз основа на согласност на работодавачот вршат дополнителна дејност согласно со членот 2… од овој закон, при што работното време кај работодавачот и времето на извршувањето на работата во друга здравствена установа се собираат.
  • Во случај на неможност да се обезбеди минималниот дневен или неделен одмор од ставот (1) на овој член, работодавачот на здравствениот работник, односно здравствениот соработник, е должен да му обезбеди одмор веднаш по завршувањето на работата од ставот (2) на овој член.

Член 223
Дежурство

  • Здравствената установа може да воведе дежурство со кое се обезбедува непрекината 24-часовна здравствена дејност, само по исклучок доколку со организирањето на работата во смени не е во можност да обезбеди непрекинато вршење на здравствената дејност.
  • Здравствениот работник кој дежура е должен да биде присутен во здравствената установа за време на траењето на дежурството.
  • Дежурството од ставот (1) на овој член може да се воведе ноќе, во со закон определени празници и од работа слободни денови.
  • Одлуката за воведувањето и обемот на дежурството во здравствената установа, како и за определување на здравствениот работник кој треба да дежура, ја донесува директорот на здравствената установа по добиена согласност од министерот за здравство.
  • Здравствениот работник за кој со одлука е воведено дежурство има право на додаток на плата за работа на дежурство согласно со закон и колективен договор.

Член 224

Посебни случаи на дежурство

  • Здравствен работник кој наполнил 57 години возраст за жена и 59 години возраст за маж, мајка со дете до три годишна возраст или родител кој негува дете со пречки во психичкиот и физичкиот развој, има право да не дежура.
  • Здравствен работник кој го остварува правото од ставот (1) на овој член е должен најдоцна три месеци од денот кога бара да го остварува правото писмено да го извести директорот на здравствената установа.
  • По исклучок на став (1) на овој член здравствениот работник е должен на барање на директорот на здравствената установа да спроведува дежурство во следниве случаи:
  • во случаи на природни или други несреќи, епидемии и во други случаи во кои се загрозени животот и здравјето на луѓето, заради што дошло до зголемен обем на работа при обезбедувањето на непрекинатата здравствена дејност,
  • кога се загрозени животот и здравјето на луѓето и не е можно поинаку да се организира 24-часовно вршење на здравствената дејност, но само додека тоа е неопходно за да се спасат животите и здравјето на луѓето,
  • кога во здравствената установа, заради старосната структура на здравствените работници, нема други организациски можности за обезбедување на 24-часовно вршење на непрекината здравствена дејност и

кога е загрозено обезбедувањето на 24-часовното вршење на здравствената дејност заради отсуство на здравствени работници, но само за времетраењето на отсуствата.

  • Здравствениот работник го спроведува дежурството во случаите од ставот (3) алинеи 3 и 4 на овој член врз основа на писмено барање од директорот на здравствената установа.

Член 225 Готовност

  • Готовноста е облик на работа кога здравствениот работник, односно здравствениот соработник не мора да биде присутен во здравствената установа, но е должен да биде достапен по телефон или со посредство на други телекомуникациски средства, за да може да се обезбеди евидентирано советување и кога е потребно доаѓање на работното место, заради укажување на итна и неодложна медицинска интервенција.
  • За готовноста се плаќа надоместок согласно колективен договор.
  • Најдолгото прифатливо време за доаѓање на работното место во случај на ангажиран повик (готовност) со општ акт го определува здравствената установа.

Член 226

Плата и дел од плата за работна успешност

  • Основната плата се определува во зависност од барањата на работното место за кое здравствениот работникот склучил договор за вработување и степенот на сложеност утврден во колективен договор и во зависност од работната успешност определена според колективен договор.
  • Со колективен договор, договор за работа или акт се утврдуваат критериуми и мерила за утврдување на резултатите од работењето на здравствените работници, тргнувајќи од обемот, квалитетот на услугите, заштедите во процесот на работата и ефикасноста во користењето на работното време.
  • Резултатите од работењето на здравствениот работник ги оценува, утврдува и одговара за нивната точност и веродостојност раководителот на внатрешната организациона единица кој го води и организира процесот на работа и директорот на јавната здравствена установа во која е вработен здравствениот работник.
  • Податоците од работењето на здравствениот работник се внесуваат во интегрираниот здравствен информатички систем согласно со прописите за евиденциите од областа на здравството и за точноста и веродостојноста на внесувањето на податоците одговара здравствениот работник.

Член 227

Додаток за работа во дежурство и готовност

  • Додатокот за работа во дежурство е составен дел од платата на здравствениот работник и здравствениот соработник согласно со гранковиот колективен договор.
  • За часовите за ангажиран повик за време на готовност, на здравствениот работник односно на здравствениот соработник, му припаѓа додаток согласно со гранковиот колективен договор.

Член 228

Спогодба за непрекинато вршење на здравствената дејност

  • Ако е оневозможено вршење на определена здравствена услуга во јавна здравствена установа поради недостаток на кадар, а по претходно утврдена потреба и согласност на вработениот и претходна согласност на министерот за здравство, јавните здравствени установи можат меѓусебно да склучат спогодба за вршење на здравствени услуги, со цел да се обезбеди користење на здравствената заштита.
  • Со спогодбата од ставот (1) на овој член се уредуваат правата и обврските на јавните здравствени установи, а особено обврската на јавната здравствена установа во која здравствениот работник ги извршува работите да исплати на установата во која здравствениот работник е во работен однос соодветен надоместок за извршената работа за времето додека ги извршувал работите во истата, но најмалку колку што е износот на бруто платата што би ја остварил вработениот за тоа време во здравствената установа во која е во работен однос, условите и времето на вршење на здравствените услуги, како и другите права и обврски на јавните здравствени установи во врска со обезбедувањето на непрекинатото вршење на здравствената дејност.
  • Видовите на трошоците кои може да бидат вклучени во надоместокот од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот за здравство.

Член 229

Дополнителна дејност

(на работните средби и ЛКМ се предлагаше поедноставување на условите и начинот на вршење на ДД)

(1) Здравствените работници – специјалисти вработени во здравствена установа кои вршат специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност со над две години работно искуство во специјалноста можат да укажуваат здравствени услуги како дополнителна работа, после редовното работно време, согласно со лиценцата за работа во установа каде што е вработен или во друга здравствена установа која е регистрирана за истата дејност.

  • Ценовникот и начинот на вршењето на дополнителната дејност ги утврдува директорот на јавната здравствена установа каде што се вработени здравствените работници – специјалисти кои укажуваат здравствени услуги како дополнителна дејност, во согласност со министерот за здравство.
  • Цената на здравствената услуга извршена преку дополнителната дејност е составена од четири компоненти и тоа надоместок за трошоците на здравствената установа за интервенцијата, односно дијагностичката постапка, односно за специјалистичко-консултативниот преглед, надоместокот за тимот, добивка на јавната здравствена установа и цена на болнички ден.
  • Здравствените работници од ставот (1) на овој член склучуваат договор за укажување на здравствена услуга како дополнителна работа со јавната здравствена установа.
  • Здравствените работници од ставот (1) на овој член можат да укажуваат здравствени услуги како дополнителна работа во приватни здравствени установи под услови утврдени со овој законсамо врз основа на договор склучен меѓу јавната здравствена установа и приватната здравствена установа во која ќе се врши дополнителната работа.
  • Со договорот склучен меѓу јавната здравствена установа и приватната здравствена установа во која ќе се врши дополнителната работа од ставот (5) на овој член се уредува особено плаќањето на дополнителната работа.
  • Врз основа на договорот од ставот (6) на овој член здравствениот работник од ставот (5) на овој член склучува договор со јавната здравствена установа во која е вработен, со кој се уредува начинот на плаќањето на дополнителната работа од ставот
  • на овој член.
  • Директорот на јавната здравствена установа во зависност од степенот на исполнетост на условите за укажување здравствени услуги како дополнителна дејност на здравствените работници определува кој здравствен работник од ставот (1) на овој член ќе изврши здравствена услуга како дополнителна работа во приватната здравствена установа со која има склучено договор согласно со ставот (5) на овој член, врз основа на претходно утврдена листа на здравствени работници од ставот (1) на овој член кои, согласно со утврдениот редослед во листата, ќе извршуваат здравствена услуга како дополнителна работа.
  • Надоместоците од извршените услуги приватните здравствени установи согласно со ставот (5) на овој член, ги уплаќаат на посебна (наменска) сметка на јавната здравствена установа.

Член 230

Услови за вршење на дополнителна дејност

  • Тимот на кој му е одобрено вршење на дополнителна дејност има право во текот на еден месец:
  • да изврши најмногу десет интервенции, секој работен ден по редовно работно време 17,00 часот и/или во сабота и/или недела,
  • да спроведе најмногу десет дијагностички постапки, во сабота и/или недела и
  • да изврши најмногу десет специјалистичко-консултативни услуги, во сабота и/или недела.
  • Право да состави тим има и здравствен работник од приватна здравствена установа, во кој тим членови можат да бидат вработени во јавна и приватна здравствена установа.
  • Тимот кој врши дополнителна дејност има обврска да го внесува во електронската листа на закажани прегледи и интервенции терминот закажан за интервенциите, дијагностичките постапки и специјалистичко-консултативните услуги од ставот (1) на овој член. Тимот кој врши дополнителна дејност доставува барање за определување на термин за вршење на здравствените услуги до директорот на јавната здравствена установа, кој е должен да направи распоред за користење на слободни термини. Тимот кој не е задоволен од направениот распоред за користење на слободни термини има право да поднесе приговор до управниот одбор на јавната здравствена установа, кој е должен да одлучи по поднесениот приговор во рок од осум дена од денот на поднесување на приговорот.
  • Здравствената услуга извршена преку дополнителна дејност е целосно на товар на пациентот како осигурено или неосигурено лице. Пациентот како осигурено лице нема право да бара надоместок на трошоците за здравствената услуга извршена како дополнителна дејност од Фондот.

Член231

Писмен извештај за вршење на дополнителна дејност

  • Здравствениот работник кој ја извршил здравствената услуга како дополнителна дејност е должен да направи писмен извештај за вршење на дополнителна дејност.
  • Здравствениот работник од ставот (1) на овој член за потребите на дополнителната дејност е должен да направи посебни требувања на лекови, медицински помагала и потрошен материјал.
  • Здравствениот работник од ставот (1) на овој член е должен да достави примерок од писмениот извештај и збирна евиденција на направените трошоци согласно со требувањата од ставот (2) на овој член до јавната здравствена установа која остварува здравствена дејност во која ја извршил дополнителната дејност. Копии од требувањата од ставот (2) на овој член се составен дел на писмениот извештај.
  • Установата од ставот (3) на овој член е должна да ги чува писмениот извештај и евиденцијата за направените трошоци три години од денот на доставувањето.

Член 232

Должност за укажување на континуирана медицинска помош во текот на 24 часа

  • Здравствената установа, во рамките на својата дејност, е должна да укажува здравствена заштита на пациент кој ќе побара таква заштита.
  • Здравствената установа е должна да обезбеди услови за укажување на континуирана медицинска помош во текот на 24 часа, да има лекови и санитетски материјални средства за укажување на итна медицинска помош.
  • Итната медицинска помош се обезбедува со рамномерно распоредување на работното време, со работа на смени, дежурство, приправност или комбинација на тие облици на работа.
  • Здравствената установа која укажала итна медицинска помош е должна на пациентот кој има потреба да се упати во друга здравствена установа да му организира соодветен превоз и медицинско згрижување до приемот во здравствената установа во која се упатува.
  • За итна медицинска помош однапред не се бара здравствена легитимација и упат.

Член 233

Должност на болничките здравствени установи

  • Здравствена установа која врши болничка здравствена дејност, во рамките на својата дејност, е должна да го прими пациентот на болничко лекување или да му обезбеди прием во друга здравствена установа, освен кога случајот не е итен или кога приемот по оцена на овластениот лекар не е потребен.
  • Здравствената установа е должна на пациентот да му даде писмено образложение за причините за одбивањето на приемот за болничко лекување.

Член 234

Видеонадзор во јавните здравствени установи

  • Заради заштита на животот и здравјето на луѓето, како и заради обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од просториите на јавните здравствени установи, во просториите на јавните здравствени установи се врши видеонадзор од страна на јавната здравствена установа до кој има пристап и Министерството за здравство.
  • Видеонадзорот од ставот (1) на овој член се врши на просторот кој се наоѓа пред шалтерите и на просторот кој се наоѓа пред просториите во јавната здравствена установа каде што се даваат здравствени услуги на пациентите, како и во просториите во јавната здравствена установа каде што работат вработените на шалтерите.
  • Во јавните здравствени установи во кои се врши видеонадзорот од ставот (1) на овој член се истакнува известување, кое е јасно, видливо и истакнато на начин што им овозможува на субјектите кои се предмет на видеонадзорот да се запознаат со вршењето на видеонадзорот и кое содржи информација дека се врши видеонадзор од страна на јавната здравствена установа и информација за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
  • На видеонадзорот од ставот (1) на овој член се применуваат и одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Член 235

Формирање на стручни комисии за разгледување на случаите
на пациенти болни од малигни заболувања

Од работната група – да се преоцени-да не се содржани стручните комисии во Законот

  • Заради спроведување на соодветен третман на пациентот болен од малигни заболувања кој опфаќа правење на сите соодветни дијагностички тестови, разгледување на можните опции за натамошен третман и давање на соодветни препораки за третман за секој пациент болен од малигни заболувања министерот за здравство формира стручни комисии за разгледување на случаите на пациенти болни од малигни заболувања (во натамошниот текст: стручна комисија за малигни заболувања).
  • Во работата на стручните комисии за малигни заболувања се применува мултидисциплинарен пристап во планирањето на третманот на пациентот во кој се вклучуваат доктори на медицина кои ги исполнуваат критериумите во однос на специјализацијата, односно супспецијализацијата и искуството во соодветната област на специјализацијата, односно супспецијализацијата.
  • За потребите на јавните здравствени установи кои вршат здравствена дејност на терцијарно ниво (универзитетски клиники и универзитетски клинички центар), се формираат одделни стручни комисии за малигни заболувања по области и тоа најмалку една комисија особено за секоја од следниве области: хематологијата, гастроентерохепатологија, урологија, дојка, бели дробови, гинекологија, глава, врат, меки ткива, мускулно скелетни тумори и педијатрија.
  • Во клиничките болници и во секоја општа болница се формира по една стручна комисија за малигни заболувања која ќе ги разгледува случаите на пациенти болни од малигни заболувања од сите области наведени во ставот (2) на овој член.
  • Стручната комисија за малигни заболувања од ставовите (3) и (4) на овој член се формира со мандат од две години и е составена од најмалку шест члена, од кои по најмалку еден специјалист од медицинска онкологија, радијациона онкологија, хируршка онкологија, патологија, дијагностичка радиологија и доктор на медицина – специјалист кој е директно вклучен во третманот на пациентот со малигно заболување што е предмет на разгледување. На членовите на комисијата им се определуваат заменици. Членовите и замениците на стручната комисија за малигни заболувања имаат право на повторен избор.
  • Претседателот на стручната комисија за малигни заболувања се избира од редот на членовите.
  • Стручната комисија за малигни заболувања има координатор кој се определува при формирањето на комисијата и истиот не е член на комисијата.
  • Ако во јавните здравствени установи од ставовите (3) и (4) на овој член не се вработени сите потребни специјалисти, може да се одржи телемедицински состанок на стручната комисија за малигни заболувања со поврзувања на специјалисти, односно супспецијалисти од други здравствени установи.
  • Начинот на работа на стручната комисија за разгледување на случаите на пациенти болни од малигни заболувања го пропишува министерот за здравство.

Член 236

Протокол за безбедна хирургија

  • Хируршките интервенции во здравствените установи се извршуваат согласно протоколот за безбедна хирургија кој опфаќа вршење на проверки на преземените дејствија согласно оперативната листа за проверка за безбедна хирургија пред, за време и по извршувањето на хируршка интервенција, заради намалување на веројатноста за грешка при извршувањето на хируршка интервенција.
  • Протоколот за безбедна хирургија и формата и содржината на оперативната листа за проверка за безбедна хирургија ги утврдува министерот за здравство.
  • По донесувањето на протоколот од став (2) на овој член, Министерството за здравство е должно веднаш да го објави на веб страницата на Министерството и во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Член 237

Клиничка патека за дијагностицирање и лекување на малигни заболувања

  • Здравствениот третман на пациентите болни од малигни заболувања кој опфаќа дијагностицирање и лекување на малигните болести се врши согласно со клиничка патека со која особено се утврдува добивање на приоритетен статус на пациентите болни од малигни заболувања во давањето на здравствени услуги, најдолгото време од времето на закажување до времето на извршување на прегледите и интервенциите и задолжителните прегледи и интервенции на пациентите болни од малигни заболувања.
  • Текот на здравствениот третман на пациентите болни од малигни заболувања од став (1) на овој член го утврдува министерот за здравство.
  • По донесувањето на клиничката патека од став (2) на овој член, Министерството за здравство е должно веднаш да го објави на веб страницата на Министерството и во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
  1. ЛИЦЕНЦИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ
    ВО МРЕЖАТА НА ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

Член 238

Определување на лиценцата и на носителите на лиценца

  • Здравствени установи кои ги исполнуваат условите утврдени со овој закон можат да вршат здравствена дејност на примарно, секундарно и терцијарно ниво во мрежата само врз основа на лиценца за вршење на здравствена дејност во мрежата на здравствени установи.
  • Во мрежата на примарно ниво, врз основа на лиценца, може да се врши здравствена дејност на семејна, односно општа медицина, училишна медицина, медицина на трудот ако врши работа на семеен, односно општ лекар, педијатрија, гинекологија и акушерство, стоматолошка здравствена заштита и фармацевтска дејност.
  • Лиценцата за вршење на здравствената дејност од ставот (1) на овој член се доделува за период до 35 години на здравствена установа или на физичко лице- здравствен работник со соодветна лиценца за работа.
  • Ако лиценцата за вршење на здравствената дејност му се додели на физичкото лице од ставот (3) на овој член, лицето е должно да основа приватна здравствена установа во рокот определен со одлуката за доделување на лиценцата.
  • Ако физичкото лице од ставот (3) на овој член не основа приватна здравствена установа во рокот определен со одлуката за доделување на лиценцата или не поднесе барање за издавање дозвола за работа во рок од седум дена од денот на основање на установата, му се одзема доделената лиценца.

Член 239

Прописи кои се применуваат и документација по огласот за доделување на лиценца

  • При доделувањето на лиценцата не се применуваат прописите од областа на концесиите и другите видови јавно приватно партнерство, освен ако со овој закон поинаку не е уредено.
  • Составен дел на документацијата по огласот за доделување лиценца е за:
  • здравствена установа – дозвола за работа и договор за работа или изјава за работа на лицата од тимот заверена на нотар и
  • физичко лице – лиценца за работа, доказ за располагање со простор и опрема за вршење на соодветната дејност што е предмет на доделување на лиценцата и договор за работа или изјава од работа на лицата од тимот заверена на нотар.

Член 240

Доделување на лиценца

  • Постапката за доделување на лиценца ја води Министерството за здравство.
  • Постапката за доделување на секоја нова одделна лиценца започнува најмалку три месеци пред истекот на периодот за кој е доделена постојната лиценца.
  • За започнување на постапка за доделување на лиценца, Министерството за здравство донесува одлука за започнување на постапката за доделување на лиценца.
  • Одлуката за започнување на постапката за доделување на лиценца од ставот (3) на овој член особено содржи:
  • образложение за оправданоста за доделување на лиценца,
  • назначување на нејзините цели,
  • предмет на лиценцата и основни услови за доделување на лиценца,
  • видот на постапката за доделување на лиценца,
  • пресметувањето на висината на износот и начинот на плаќање на надоместокот за лиценца,
  • начинот и рокот во кој ќе биде спроведена постапката за доделување на лиценца и
  • висината на надоместокот за издавање на тендерската документација.
  • “Отворен повик” е постапка за доделување на лиценца во која сите заинтересирани лица кои подигнале тендерска документација можат да поднесат понуди за склучување на договор за лиценца.
  • Минималниот број на способни понудувачи треба да биде најмалку еден.
  • Постапката за доделување на лиценца ја подготвува, организира и спроведува комисија за спроведување на постапката за доделување на лиценца (во натамошниот текст: комисијата), формирана од страна на министерот за здравство.
  • Комисијата од ставот (1) на овој член се состои од претседател, заменик- претседател и најмалку три члена и нивни заменици.
  • За член на комисијата се именуваат лица од редот на вработените во министерството за здравство и експерти од соодветната област за која се дава лиценцата.
  • Членови на комисијата не можат да бидат лица кои:
  • се во брачна врска, роднинска врска до второ колено или се поврзани со посвојување или старателство со понудувачот или кандидатот, со неговиот законски полномошник, а во случаите кога понудувачот или кандидат е правно лице и со членови на неговите управни, надзорни или други органи и раководни тела,
  • во текот на последните три години биле вработени или биле членови на органите на управување на кандидатот или
  • се во друг законски или фактички однос со кандидатот.
  • Комисијата работи во полн состав и одлуките ги донесува со мнозинство гласови на членовите.
  • Комисијата:
  • ја подготвува тендерската документација,
  • го објавува јавниот повик,
  • го организира приемот на пријавите и понудите,
  • дава појаснувања и доставува дополнителни информации и документи,
  • ги разгледува и оценува понудите и врши рангирање на кандидатите со предлог за прворангираниот да биде избран за носител на лиценца,
  • поднесува предлог за прекинување на постапката и
  • врши други работи потребни за спроведување на постапката.
  • За извршените дејства во постапката комисијата ги известува сите понудувачи и кандидати.
  • Комисијата е должна да ја подготви тендерската документација во рокот определен со одлуката за започнување на постапката за доделување на лиценца, по претходно прибавена согласност од министерот за здравство.
  • Комисијата може изготвувањето на тендерската документација да го довери на научна или стручна организација или на експерти од соодветната област.
  • Во зависност од природата на лиценцата, тендерската документација особено ги
  • одржи следниве елементи:
  • поканата за поднесување на понуда со инструкција,
  • условите на коишто мора да одговара, вклучувајќи ги и техничките спецификации,

-критериумите за оцена на понудите,

  • инструкцијата за понудувачите за подготовка на понудата,
  • периодот за кој се издава лиценцата,
  • нацртот на текстот на договорот за лиценца и
  • други барања во зависност од предметот на лиценцата.
  • Кон тендерската документација за учество во постапката се доставува и копија од одлуката за започнување на постапката за доделување на лиценца, како и нацрт на договорот за лиценца.
  • Со договорот за лиценца се уредуваат меѓусебните права и обврска за доделената лиценца меѓу Министерството за здравство и носителот на лиценца.
  • Договорот за лиценца кој се склучува со здравствена установа на која и’ е доделена лиценцата задолжително содржи одредби за:
  • видот на здравствена дејност која ќе се врши врз основа на лиценца,
  • почетокот на користењето на лиценцата,
  • давањето на лиценцата за период до 35 години,
  • надоместокот за лиценцата,
  • просторот и опремата за вршење на здравствената дејност,
  • податоците за лицата со кои носителот на лиценца ќе работи во тим и
  • одредби за обврската носителот на лиценца да побара претходна согласност од Министерството за здравство за секоја промена која се однесува на содржината на договорот за лиценца, а особено на промената на лицето со кое носителот на лиценца ќе работи во тимот и промена на просторот во кој носителот на лиценца ќе ја врши дејноста.
  • Договорот за лиценца кој се склучува со здравствената установа на која и е доделена лиценцата задолжително ги содржи одредбите од ставот (19) алинеи 1, 2, 3, 4, 5 и 7 на овој член.
  • Министерот за здравство ја одобрува тендерската документација.

Член 241

Постапка за давање на лиценца

  • Комисијата е должна на заинтересираните кандидати да им овозможи да подигнат тендерска документација непосредно по датумот на објавувањето на јавниот повик.
  • Министерството за здравство од понудувачите и кандидатите може да наплати надоместок за издавање на тендерската документација.
  • Висината на надоместокот од ставот (2) на овој член се пресметува врз основа на реално утврдените трошоци извршени за активностите потребни за нејзино изготвување.
  • Министерството за здравство може да врши изменување и дополнување на тендерската документација, под услов истите да се достапни на заинтересираните кандидати најдоцна шест дена пред истекот на рокот за поднесување на понуди или барања за учество.
  • По одобрувањето на тендерската документација, комисијата го објавува јавниот повик за доставување на понуди за доделување на лиценца во “Службен весник на Република Северна Македонија”.
  • Јавниот повик од ставот (5) на овој член, особено содржи:
  • образложение за оправданоста за доделување на лиценца,
  • назначување на нејзините цели,
  • предмет на лиценцата и основни услови за доделување на лиценца,
  • видот на постапката за доделување на лиценца,
  • пресметувањето на висината на износот и начинот на плаќање на надоместокот за лиценца,
  • начинот и рокот во кој ќе биде спроведена постапката за доделување на лиценца и
  • висината на надоместокот за издавање на тендерската документација.
  • Роковите за поднесување на понудите и барањето за учество соодветно се објавуваат и се утврдуваат во зависност од сложеноста на постапката за доделување на лиценцата и рационално потребното време за подготовка на понудата, но нема да бидат пократки од роковите утврдени со овој закон.
  • Временските рокови можат да се продолжат од страна на Министерството за здравство во секое време пред истекување на самиот рок, под услов за тоа навремено да ги информира понудувачите и кандидатите.
  • Роковите се продолжуваат доколку тендерската документација не била доставена навреме до сите понудувачи или кандидати, извршено е изменување и дополнување на јавниот повик и/или тендерската документација, како и во други случаи за кои Министерството за здравство заради објективни околности ќе утврди оправданост за продолжување на роковите.
  • Роковите започнуваат да течат од датумот на испраќање на повикот за објавување.
  • Доколку со овој закон поинаку не е уредено, поднесувањето на понуди и барање за учество: а) при отворен повик не може да биде во рок пократок од 26 дена од денот на испраќањето на повикот за објавување.
  • Понудата и барањето за учество се доставува на начин и во форма утврдени со јавниот повик.
  • Право да доставуваат понуди и барање за учество имаат лица кои ја подигнале тендерската документација.
  • Понудувачот, односно кандидатот може да поднесе само една понуда, односно барање за учество.
  • Учеството во постапката за доставување на понуди може да биде условено со давање гаранција од понудувачот во вид на депонирани средства или банкарска гаранција која не може да биде помала од 3% од проценетата вредност на лиценцата.
  • Доколку понудувачот гаранцијата ја дава во вид на депонирани средства, истите ги уплатува на соодветна сметка во рамките на трезорската сметка.
  • Министерството за здравство е должен да им го врати депонираниот износ, односно гаранцијата на сите понудувачи кои учествувале во постапката за доделување на лиценца, освен на прворангираниот и второрангираниот понудувач, најдоцна седум дена од денот на донесувањето на одлуката за избор на носител на лиценца, односно најповолен понудувач. На прворангираниот и второрангираниот понудувач Министерството за здравство е должен депонираниот износ, односно гаранцијата да им го врати во рок од 14 дена од денот на склучувањето на договорот за лиценца.
  • Гаранцијата од ставот (17) на овој член ќе биде наплатена во корист на Министерството за здравство, ако:
  • понудувачот ја повлече понудата по завршување на рокот за доставување на понуди,
  • прворангираниот, односно второрангираниот понудувач одбие да го склучи договорот за лиценца и
  • најповолниот понудувач не исполни одредени услови за враќање на гаранцијата за учество во постапката предвидени во тендерската документација.
  • По истекот на рокот за доставување на понуди, комисијата јавно ги отвора понудите во присуство на овластени претставници на понудувачите на место и во време определено со јавниот повик.
  • Јавното отворање на понудите се врши на начин определен во јавниот повик.
  • За јавното отворање на понудите комисијата составува записник.
  • Комисијата утврдува листа на кандидатите врз основа на нивната лична состојба, нивната способност за вршење професионална дејност, економската и финансиската состојба, како и техничката и професионалната способност.
  • Комисијата врши евалуација на понудите само на оние понудувачи кои се селектирани за подобни.
  • Комисијата за извршената евалуација објавува извештај и ги известува за резултатите од постапката за избор на сите понудувачи.
  • Министерството за здравство задолжително ќе го исклучи кандидатот или понудувачот и кога:
  • над него е отворена постапка на стечај или ликвидација,
  • му е изречена казна за кривично дело или прекршочна санкција забрана за вршење на дејност,
  • не доставил потполна тендерска документација.
  • Министерството за здравство може од понудувачите и кандидатите да бара да го докажат своето членство или вклученост во професионална асоцијација или организација евидентирана во соодветен регистар или да обезбедат посебна изјава или референца со која ќе го докажат нивното право и способност за вршење професионална дејност.
  • Министерството за здравство од понудувачите или од кандидатите може да бара доказ за нивната техничка и професионална способност да го извршуваат предметот на лиценцата.
  • Критериум врз основа на кој Министерството за здравство ќе го заснова изборот на најдобра понуда е финансиски најповолна понуда или економски најповолна понуда.
  • Економски најповолната понуда се евалуира врз основа на критериумите поврзани со изведбените и функционалните барања кои вклучуваат квалитет, цена на работите и услугите, тековни трошоци, економска исплатливост во однос на трошоците.
  • Методологијата за изразување на критериумите во бодови ја донесува министерот за здравство.
  • Комисијата за секоја постапка за доделување на лиценца изготвува писмен извештај за евалуација.
  • Извештајот за евалуација и предлогот на одлуката за избор на најповолна понуда се потпишува од страна на претседателот и членовите на комисијата и се доставува до министерот за здравство.

Член 242

Давање на лиценца

  • При давањето на лиценца во случај на иста прифатлива најповолна понуда првенство пред другите критериуми за избор на најповолна понуда е постојниот статус на кандидатот кој се јавил на огласот како закупец на делови од здравствениот дом согласно со Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Северна Македонија” број 38/91, 46/93, 55/95, 10/2004, 84/2005, 111/2005, 65/2006, 5/2007, 77/2008, 67/2009, 88/10, 44/11 и 53/11).
  • При доделување на следната лиценца по истекот на периодот за кој е доделена лиценцата, првенство за избор на најповолна понуда пред другите критериуми е досегашниот статус на носителот на лиценца согласно со овој закон.
  • Комисијата за спроведување на постапката за доделување на лиценцата по спроведената постапка до министерот за здравство доставува предлог за:
  • избор на најповолна понуда со ранг-листа на кандидати и
  • прекинување на постапката.
  • Министерот за здравство врз основа на предлогот од ставот (3) на овој член и извештајот за евалуација, донесува одлука за:
  • избор на прворангираниот кандидат за најповолен понудувач или
  • задолжување на комисијата да ги отстрани констатираните недостатоци во постапката за доделување на лиценца и да изврши ново рангирање на понудите или
  • прекинување на постапката во случаите утврдени во овој закон.
  • Одлуката за избор на најповолна понуда е конечна и против неа може да се покрене управен спор.
  • Одлуката од ставот (5) на овој член се доставува до сите понудувачи или кандидати во рок не подолг од 15 дена од денот на донесувањето.
  • Одлуката за избор на најповолен понудувач се објавува во “Службен весник на Република Северна Македонија”.
  • Најнискиот износ за надоместок за лиценца, во зависност од географското подрачје во кое ќе се врши здравствена дејност го пропишува министерот за здравство.
  • Надоместокот за лиценца е приход на Буџетот на Република Северна Македонија -Министерство за здравство и се уплаќа на соодветна уплатна сметка на Министерството за здравство, во рамките на трезорската сметка.
  • При доделување на лиценца на здравствените установи во кои работат избраните лекари не се спроведува постапка за доделување на лиценца, односно Министерството за здравство врз основа на барање за доделување на лиценца склучува договор за лиценца, доколку во мрежата на здравствени установи не е исполнет максималниот број на тимови за соодветната здравствена дејност и територија.
  • Ако при доделувањето на лиценца се користи простор или опрема на јавна здравствена установа потребна за вршење на соодветната дејност на носителот на лиценца, постапката за давањето на просторот или опремата под закуп ја спроведува јавната здравствена установа врз основа на одлука на управниот одбор на јавната здравствена установа и писмена согласност од Министерството за здравство.
  • Просторот или опремата се издава под закуп на здравствената установа, односно здравствениот работник која ќе понуди највисока месечна закупнина на јавното наддавање.
  • Најнискиот износ на закупнина во зависност од големината на просторот, локацијата на објектот, односно местоположбата на просторот, староста на објектот и опременоста на просторот го пропишува министерот за здравство и истиот претставува почетен износ при јавното наддавање.
  • Средствата од закупнината се уплаќаат на посебна сметка на јавната здравствена установа и се наменети за тековно и инвестициско одржување во јавната здравствена установа.
  • Примерок од договорот за закуп на просторот или опремата склучен меѓу јавната здравствена установа и здравствената установа, односно здравствен работник закупец, јавната здравствена установа го доставува до Министерството за здравство.
  • На постапката за давањето на просторот или опремата под закуп од ставот (11) на овој член се применуваат соодветно одредбите од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи кои се однесуваат на издавање под закуп на недвижни и подвижни ствари со јавно наддавање, доколку поинаку не е утврдено со овој закон.

Член 243

Оглас за давање под закуп на простор

  • Комисијата која го спроведува јавното наддавање, формирана од директорот на предлог на управниот одбор на јавната здравствена установа, е должна во рок од 15 дена од денот на донесувањето на одлуката на управниот одбор за давање под закуп на простор, да објави оглас во “Службен весник на Република Северна Македонија” за давање под закуп на простор со јавно наддавање, а управниот одбор на јавната здравствена установа е должен да ја донесе одлуката за давање под закуп на простор најмалку три месеци пред истекот на договорот за закуп на просторот со претходниот закупец.
  • Комисијата од став (1) на овој член е составена од три члена од редот на вработените во јавната здравствена установа која го издава под закуп просторот. Претседателот на комисијата се избира од редот на членовите на комисијата.
  • Огласот за јавно наддавање јавното претпријатие “Службен весник на Република Северна Македонија” е должно да го објави без надомест најдоцна во рок од десет дена од денот на приемот на барањето за објавување оглас.
  • Огласот за јавно наддавање по потреба може да се објави и во дневниот печат.
  • Во случај на истовремено објавување на огласот за јавно наддавање, важи рокот за јавно наддавање објавен во “Службен весник на Република Северна Македонија”.
  • Огласот за јавно наддавање на просторот особено содржи:
  • податоци за недвижната ствар што е предмет на закуп (место, улица и број, катастарска општина, катастарска парцела, број на имотен лист во кој е запишана намената на просторот, а намената може да биде станбена или деловна просторија и површина),
  • почетен износ на закупнината на недвижната ствар предмет на јавното наддавање,
  • висината на паричниот депозит што треба да се уплати за учество во јавното наддавање,
  • сметката на која се уплаќа депозитот,
  • рокот за уплата на депозитот,
  • условите што треба да ги исполнат наддавачите за учество во јавното наддавање,
  • рок за поднесување на пријавата за учество на јавното наддавање,
  • рокот во кој треба да се пристапи кон склучување на договорот и
  • место, ден и час на јавното наддавање.

Член 244

Јавно наддавање за закуп на простор

  • На јавното наддавање не може да учествува лице кое не ги исполнува условите од огласот.
  • Комисијата од член… став (1) од овој закон, пред почетокот на јавното наддавање ги утврдува и ги соопштува начинот и техничките правила за наддавањето.
  • Претседателот на Комисијата од член…-а став (1) од овој закон раководи со работата на Комисијата и со јавното наддавање.
  • Комисијата од член.. став (1) од овој закон води евидентен лист за присутните наддавачи, на кој нивните претставници своерачно се запишуваат.
  • Комисијата од ставот (1) на овој член го спроведува јавното наддавање согласно со огласот за јавното наддавање, на начин при што учесниците на јавното наддавање го наддаваат почетниот износ утврден во огласот за јавното наддавање.
  • Рок за поднесување на пријавата за учество на јавното наддавање не може да биде пократок од десет календарски дена ниту подолг од 30 дена сметајќи од денот на објавувањето на објавата до денот на поднесувањето на пријавите.
  • Пријавата за учество на јавното наддавање треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за јавно наддавање.
  • Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите. На подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

Член 245

Услови за одржување на јавното наддавање и записник за спроведеното јавно наддавање

  • Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и го наддаде почетниот износ.
  • Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање. Во записникот за текот на јавното наддавање се внесуваат особено податоците за наддавачите по редослед на најповолно рангирани наддавачи и се утврдува обврската кога истекува рокот во кој најповолниот наддавач треба да пристапи кон склучување на договорот за закуп.

Член 246

Правила за јавното наддавање за закуп на простор

  • Кога на јавното наддавање за давање под закуп на просторот се јави само еден наддавач, кој ги прифаќа условите од огласот и го наддаде почетниот износ, единствениот наддавач стекнува статус на најповолен наддавач, со кој се склучува договор за закуп на простор.
  • Кога на јавното наддавање нема учесник, јавното наддавање се повторува, при што почетниот износ за закуп на простор се намалува за 5%.
  • Кога и второто јавно наддавање е неуспешно, јавното наддавање се повторува при што почетниот износ за закуп на простор се намалува за 10% во однос на почетниот износ објавен во огласот од првото јавно наддавање.

Член 247

Склучување договор за закуп на недвижни ствари

  • По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од пет работни дена по извршената уплата на закупнината на просторот, јавната здравствена установа склучува договор за закуп на недвижните ствари. На договорот за закуп на недвижните ствари соодветно се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.
  • Кога најповолниот наддавач не пристапи кон склучување, односно не склучи договор за закуп, во рок од 15 дена од денот кога најповолниот наддавач требал да го склучи договорот, следно рангираните по редослед наддавачи што ги исполниле условите и го наддале почетниот износ, стекнуваат статус на најповолен наддавач и можат да пристапат кон склучување на договорот.

Член 248

Паричен депозит за учество на јавното наддавање

  • Уплатениот паричен депозит од најповолниот наддавач се засметува во постигнатиот износ на закупнина.
  • Висината на паричниот депозит што се уплаќа за учество во јавното наддавање е еднаков на висината на закупнината што треба да се плати за користење на просторот под закуп во траење од 12 месеци.
  • Најповолниот наддавач кој нема да пристапи кон склучување на договор за закуп го губи правото на враќање на паричниот депозит.
  • Паричниот депозит за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата кој не е најповолен понудувач за учество на јавното наддавање во целост, во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање.

Член 249

Право на приговор

  • Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од пет дена од приемот на приговорот.
  • Против решението од ставот (1) на овој член може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Член 250

Форма и елементи на договорот за закуп

  • Договорот за закуп се склучува во писмена форма и особено содржи страни на договорот, предмет на договорот, односно конкретни податоци за недвижната ствар и обврска за закупецот за плаќање на нотарските трошоци.
  • Договорот кој не ги содржи елементите од ставот (1) на овој член е ништовен.
  • По склучувањето на договорот закупецот во рок од 30 дена истиот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација.

Член251

Престанок на лиценцата

  • Лиценцата престанува да важи со:
  • истекот на рокот на важењето на договорот за лиценца,
  • едностран раскин на договорот за лиценца од страна на Министерството за здравство,
  • едностран раскин на договорот за лиценца од страна на носителот на лиценца,
  • спогодбено раскинување на договорот,
  • стечај или ликвидација на носителот на лиценца и
  • други случаи предвидени со закон и договорот за лиценца.
  • Ако се утврди дека носителот на лиценца не ја врши дејноста согласно со закон, одлуката за давање на лиценца, односно договорот за лиценца, Министерството за здравство ќе определи рок за отстранување на недостатоците.
  • На носителот на лиценца му се одзема лиценцата ако не ги отстрани недостатоците во рокот определен од Министерството за здравство со раскинување на договорот за лиценца.
  • Во случај на одземање на лиценцата, Министерството за здравство треба да обезбеди можност пациентите да ги прими здравствена установа која врши здравствена дејност во мрежата, по избор на пациентот.
  • Со истекот на рокот за кој е доделена лиценцата утврден во договорот за лиценца, под услов лиценца да не е продолжена согласно со овој закон, лиценцата престанува да важи.
  • Во случај на битна повреда на обврските од носителот на лиценца предвидени во договорот за лиценца, Министерството за здравство може еднострано да го раскине договорот за лиценца согласно со одредбите на овој член.
  • Едностраниот раскин на лиценцата од ставот (1) на овој член може да се прогласи кога:
  • дејноста пренесена со лиценцата се врши на несоодветен или неквалитетен начин, имајќи ги предвид правилата, параметрите и други услови со кои е утврдено соодветно вршење на дејноста утврдена со договорот за лиценца,
  • носителот на лиценца на друг начин извршил битна повреда на одредбите од договорот за лиценца или на законите и прописите што се применуваат врз договорот за лиценца,
  • носителот на лиценца го прекинал или предизвикал прекин на вршењето на јавната услуга,
  • носителот на лиценца ги загубил економските, техничките или оперативните способности потребни за вршење на дејноста согласно со посебен закон и договорот за лиценца и
  • носителот на лиценца не постапил по изречените мерки во постапката на надзор и контрола спроведена согласно со посебен закон.
  • Прогласувањето на едностраниот раскин се врши со одлука на Министерството за здравство во која се наведуваат причините заради кои се раскинува лиценцата и правата на носителот на лиценца по донесената одлука.
  • Пред донесувањето на одлуката од ставот (8) на овој член и доколку носителот на лиценца не постапил согласно со известувањето од ставот (2) на овој член, Министерството за здравство е должен на носителот на лиценца да му ги образложи причините за едностраниот раскин.
  • Министерството за здравство е должен, во оптимален рок пред донесувањето на одлуката за раскин на лиценцата, писмено да го извести носителот на лиценца за повредите од ставот (7) на овој член и да го повика да ги исправи пропустите во однесувањето за да се обезбеди почитување на договорот во рокот утврден со известувањето. Рокот мора да биде доволен за да му овозможи на носителот на лиценца да постапи по известувањето.
  • Во случај на битна повреда на обврските од Министерството за здравство предвидени во договорот за лиценца, носителот на лиценца може еднострано да го раскине договорот за лиценца согласно со одредбите на овој член.
  • Носителот на лиценца е должен, во оптимален рок предвиден во договорот за лиценца, пред да се прогласи едностран раскин на лиценцата, писмено да го извести Министерството за здравство за повредите од ставот (7) на овој член и да го повика да ги исправи пропустите за да обезбеди почитување на договорот во рокот утврден со известувањето. Рокот мора да биде доволен за да му овозможи на Министерството за здравство да постапи по известувањето.
  • По истекот на рокот од ставот (2) на овој член, доколку Министерството за здравство не ги отстранил утврдените повреди, договорот ќе се смета за раскинат.
  • Министерството за здравство и носителот на лиценца можат спогодбено да го раскинат договорот за лиценца заради повреда на договорните обврски од страна на Министерството за здравство, односно носителот на лиценца согласно со важечките прописи и според одредбите на договорот.
  • Со престанокот на важењето на лиценцата, носителот на лиценца е должен добрата од општ интерес, сите предмети, објекти, постројки, инсталации и друг имот кои му се дадени врз основа на лиценца да му ги предаде на Министерството за здравство.
  • Примопредавањето на добрата од општ интерес, предметите, објектите, постројките, инсталациите и другиот имот од страна на Министерството за здравство ќе го спроведе комисијата.
  • За примопредавањето на добрата од општ интерес, сите предмети, објекти, постројки, инсталации и друг имот се составува записник кој го потпишуваат претседателот и членовите на комисијата и овластен претставник на носителот на лиценца.
  • Примопредавањето на добрата од општ интерес, сите предмети, објекти, постројки, инсталации и друг имот ќе се изврши во рок од 30 дена од денот на престанокот на лиценцата.
  • Во случај кога носителот на лиценца ќе одбие да го предаде објектот на лиценцата по истекот на рокот од ставот (18) на овој член, комисијата составува посебен записник во кој ја констатира настанатата ситуација и го информира Министерството за здравство кој врз основа на тоа донесува одлука за преземање на објектот на лиценцата
  1. КВАЛИТЕТ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА И АКРЕДИТАЦИЈА
  2. Следење и унапредување на квалитетот на здравствената

заштита

Член 252

Определување на следењето и унапредувањето на квалитетот

Следењето и унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита во вршењето на здравствената дејност, во смисла на овој закон, опфаќа постапка на следење на квалитетот на стручната работа на здравствените и другите установи кои вршат здравствена дејност, здравствените работници и здравствените соработници, како и предлагање на мерки за нејзино унапредување.

Член 253
Начин на вршење

  • Следењето и унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита во вршењето на здравствената дејност се врши преку внатрешно следење на квалитетот, кое се врши преку индикаторите за квалитет, а унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита во вршењето на здравствената дејност се врши преку утврдени стандарди за акредитација.
  • Видовите на индикаторите за квалитет од ставот (1) на овој член ги пропишува Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи во соработка со Министерството за здравство.
  1. Внатрешно следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита

Член 254

Начин на внатрешно следење и унапредување на квалитетот

  • Внатрешното следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита во вршењето на здравствената дејност се спроведува во секоја здравствена и друга установа која врши здравствена дејност и над работата на здравствените работници и здравствени соработници врз основа на годишен план за следење и унапредување на квалитетот на здравствената установа.
  • Здравствената установа што врши болничка здравствена дејност е должна да формира комисија за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита (во натамошниот текст: комисијата за квалитет
  • Установата од ставот (1) на овој член е должна годишниот план за следење и унапредување на квалитетот на здравствената установа да го достави до Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи и Министерството за здравство најдоцна до 31 декември од тековната за наредната година.
  • Сите здравствени работници и здравствени соработници се должни активно да учествуваат во спроведување на годишниот план за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита.

Член 255

Комисија за квалитет

  • Комисијата за квалитет е составена од најмалку пет члена, од кои четворица се здравствени работници, а најмалку еден е здравствен работник со средна, виша или високо стручна подготовка, како и еден претставник од здруженијата на пациенти.
  • Комисијата од ставот (1) на овој член од редот на своите членови избира координатор за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита во рамките на здравствената установа.
  • Видот на здравствените работници кои се членови на комисијата од ставот (1) на овој член, во зависност од дејноста што ја врши здравствената установа, се уредува со статутот на установата.

Член 256

Делокруг на работа на комисијата за квалитет

Комисијата за квалитет особено ги врши следниве работи:_

  • собира, обработува и чува податоците поврзани со индикаторите за квалитет,
  • учествува во надворешното следење на квалитетот,
  • спроведува активности во врска со подготовка на постапката за акредитација и
  • соработува со Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи во спроведување на планот за следење и унапредување на квалитетот на здравствената дејност.

Член 257

Должност на здравствените установи за доставување извештаи

Здравствените и другите установи кои вршат здравствена дејност се должни годишните извештаи за спроведување на активностите утврдени со план за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита да ги достават до Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи.

Член 258

Одговорност за квалитетот на здравствената дејност

  • Здравствените работници и здравствените соработници за квалитетот на здравствената заштита се одговорни пред раководителот на организационата единица во установата, односно одговорниот носител за здравствената дејност.
  • Раководителот, односно одговорниот носител од ставот (1) на овој член за квалитетот на својата работа, како и за квалитетот на здравствената заштита што се врши во организационата единица со која раководи, одговара на директорот на установата
  1. Систем за стратешко планирање и менаџмент и избалансирано оценување на постигнувањата

Член 259

Урамнотежен план на постигнувања и клучни индикатори на постигнувањата

  • Во јавните здравствени установи се воведува систем за стратешко планирање и менаџмент кој опфаќа следење на јавните здравствени установи во однос на стратешките цели на Република Северна Македонија во областа на здравството со цел да се овозможи стабилност и развој на здравствениот систем преку утврдување на урамнотежен план на постигнувања (BSC-Balanced ScoreCard – урамнотежен план на постигнувања (во натамошниот текст: УПП).
  • УПП се состои од критични фактори за успешност и од клучни индикатори на постигнувањата, кои ги утврдува министерот за здравство на национално ниво и на ниво на јавна здравствена установа, за секоја од следните области:
  • финансии;
  • пациенти;
  • клинички фокус, и
  • развој и обука.
  • УПП на национално ниво го утврдува министерот за здравство со програма и ја објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
  • УПП на ниво на јавна здравствена установа го утврдува министерот за здравство врз основа на УПП на национално ниво, со донесување на наредба најдоцна до 1 декември во тековната година за наредната година.
  • За секоја од областите од став (2) на овој член се утврдуваат критични фактори за успешност, а за секој критичен фактор за успешност се утврдуваат клучни индикатори на постигнувањата со соодветна целна вредност, тежински коефициент и динамика на известување.
  • Како клучни индикатори на постигнувањата се утврдуваат индикатори кои овозможуваат прибирање на статистички и/или квантитативни податоци потребни за мерење на индикаторите.
  • За секој клучен индикатор на постигнувањата се утврдуваат минимални, просечни или максимални годишни целни вредности кои јавната здравствена установа треба да ги оствари за да се смета за успешна, како и дека активноста е успешно спроведена (во натамошниот текст: целна вредност). Секој клучен индикатори на постигнувањата учествува во вкупната успешност на јавната здравствена установа со одреден процент (во натамошниот текст: тежинскиот коефициент).

Член 260

Должности и одговорности на директорот

  • Директорот е одговорен за остварувањето на УПП на ниво на јавната здравствена установа.
  • Директорот е должен да организира и обезбеди тековно прибирање и обработување на податоци потребни за мерење на клучните индикатори на постигнувањата и внесување на овие податоци во интегрираниот здравствен информатички систем најдоцна до петти секој месец за претходниот месец.
  • Директорот е одговорен за точноста и целосноста на податоците за мерење на клучните индикатори на постигнувањата од став (1) на овој член.
  • Податоците потребни за мерење на клучните индикатори на постигнувањата се чуваат и обработуваат во интегрираниот здравствен информатички систем, на начин утврден со прописите од областа на евиденциите во здравството и со овој закон.

Член 261

Постапка за договорна казна

  • Клучните индикатори на постигнувањата, годишните целни вредности и тежинскиот коефициент на секој клучен индикатор на постигнувањата претставуваат показатели на успешност кои директорот треба да ги оствари и се содржани во менаџерскиот договор од член… став (3) од овој закон.
  • За неостварување на годишните целни вредности на клучните индикатори на постигнувањата, одговара директорот на јавната здравствена установа кој плаќа договорна казна согласно член….став (4) од овој закон во износ еднаков на износот за кој би била намалена платата на директорот на јавната здравствена установа зависно од процентот на остварени месечни целни вредности кои произлегуваат од годишните целни вредности на клучните индикатори на постигнувањата.
  • Министерот за здравство со решение утврдува обврска за директорот на јавната здравствена установа за плаќање на договорната казна од став (2) на овој член во рок од десет дена од денот на донесувањето на решението во износ согласно ставовите (7),
  • или (9) на овој член.
  • Доколку директорот на јавната здравствена установа не ја уплати договорната казна во рокот утврден во ставот (3) на овој член, тој е должен да уплати договорна казна во износ двојно повисок од износот согласно ставовите (7), (8) или (9) на овој член, во дополнителен рок од десет дена од денот кога требал да ја уплати договорната казна од став (3) на овој член.
  • Вкупниот износ на договорна казна што во текот на еден месец директорот на јавната здравствена установа е должен да го уплати согласно ставот (3) на овој член, не смее да биде повисок од 200 евра во денарска противвредност според среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на донесувањето на решението од став (3) на овој член.
  • Вкупниот износ на договорна казна во износ двојно повисок од износот согласно ставовите (7), (8) или (9) на овој член, што во текот на еден месец директорот на јавната здравствена установа е должен да го уплати согласно ставот (4) на овој член, не смее да биде повисок од 400 евра во денарска противвредност според среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на донесувањето на решението од став (3) на овој член.
  • Директорот на јавната здравствена установа е должен да уплати договорна казна во износ во висина од 20% од неговата основна плата во период од три месеци, доколку оствари вредности пониски од 80% од годишните целни вредности на клучните индикатори на постигнувањата на ниво на јавната здравствена установа.
  • Директорот на јавната здравствена установа е должен да уплати договорна казна во износ во висина од 10% од неговата основна плата во период од три месеци, доколку оствари вредности од 81% до 85% од годишните целни вредности на клучните индикатори на постигнувањата на ниво на јавната здравствена установа.
  • Директорот на јавната здравствена установа е должен да уплати договорна казна во износ во висина од 5% од неговата основна плата во период од три месеци, доколку оствари вредности од 86% до 90% од годишните целни вредности на клучните индикатори на постигнувањата на ниво на јавната здравствена установа.
  • Директорот на јавната здравствена установа има право на жалба против решението од став (3) на овој член во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
  • Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен одлучува по жалбата од ставот (11) на овој член во рок од осум дена од денот на приемот на жалбата.
  • Директорот на јавната здравствена установа има право на плата во висина од 100% од неговата основна плата, доколку оствари вредности од 91% до 94% од годишните целни вредности на клучните индикатори на постигнувањата на ниво на јавната здравствена установа.

Член 262

Постапка за награда

  • За надминување на годишните целни вредности на клучните индикатори на постигнувањата на ниво на јавната здравствена установа, право на еднократна парична награда во висина од две плати исплатени на директорот што се наградува во последниот месец во годината за која се однесуваат годишните целни вредности, имаат најдобрите пет директори на јавни здравствени установи и тоа двајца директори на јавни здравствени установи на терцијарно ниво на здравствена заштита, двајца директори на јавни здравствени установи на секундарно ниво на здравствена заштита кои вршат болничка дејност и еден директор на јавна здравствена установа на примарно ниво на здравствена заштита, за што министерот за здравство донесува решение.
  • Директорот на јавната здравствена установа има право на еднократна парична награда во текот на три месеци последователно во износ од 5% од неговата основна плата доколку оствари вредности од 95% до 97% од годишните целни вредности на клучните индикатори на постигнувањата на ниво на јавната здравствена установа.
  • Директорот на јавната здравствена установа има право на еднократна парична награда во текот на три месеци последователно во износ од 10% од неговата основна плата доколку оствари вредности од 98% до 99% од месечни годишните целни вредности на клучните индикатори на постигнувањата на ниво на јавната здравствена установа.
  • Директорот на јавната здравствена установа има право на еднократна парична награда во текот на три месеци последователно во износ од 20% од неговата основна плата доколку оствари вредности од 100% од годишните целни вредности на клучните индикатори на постигнувањата на ниво на јавната здравствена установа.
  • Министерот за здравство со решение утврдува право на директорот на јавната здравствена установа на парична награда од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член и нејзина исплата во рок од 10 дена од денот на донесувањето на решението.
  • Средствата потребни за исплата на паричната награда од ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член се обезбедуваат во Буџетот на Република Северна Македонија, за што Владата на Република Северна Македонија секоја година донесува посебна програма за поврзување на платите на директорите со критериуми и индикатори, на предлог на Министерството за здравство.

Член 263

Евалуација на успешност

  • Министерството за здравство четири пати годишно врши евалуација на успешноста на јавната здравствена установа во остварувањето на УПП врз основа на податоците содржани во интегрираниот здравствен информатички систем, како и податоците доставени од Фондот и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и врз основа на спроведени анкети.
  • Евалуацијата од став (1) на овој член Министерството за здравство ја врши како квартална евалуација во април, јули, октомври и декември во тековната година за претходните три месеци, за што изготвува квартален извештај. Кварталните извештаи Министерството за здравство ги објавува на својата веб страница најдоцна до 15 април, односно 15 јули, односно 15 октомври, односно 15 декември.
  • Врз основа на кварталниот извештај од став (2) на овој член, Министерството за здравство четири пати годишно изготвува ранг листа на најуспешни јавни здравствени установи.

Член 264

Анкети за задоволство на пациентите

  • Министерството за здравство, во соработка со Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, организира спроведување на анонимни анкети за задоволството на пациентите два пати годишно.
  • Податоците од анкетите се доставуваат до Министерството за здравство, кое јавно ги објавува на својата веб страница во рок од три дена од денот на нивното доставување до Министерството и ги доставува до средствата за јавно информирање заради нивно објавување.
  1. Акредитација Член 265

Определување на акредитацијата

Акредитација, во смисла на овој закон, е постапка на оценување на квалитетот на работата на здравствените установи, врз основа на примена на оптимално ниво на утврдени стандарди на работата на здравствената установа во одредена област од здравствената дејност, односно гранка на медицината, стоматологијата, односно фармацијата.

Член 266

Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи

  • Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи (во натамошниот текст: Агенцијата), како самостоен орган на државната управа врши управни, стручни и развојни работи на акредитација на работата на здравствените установи во врска со следење и унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената заштита и акредитација на здравствените установи.
  • Агенцијата има својство на правно лице.
  • Со Агенцијата раководи директор, кој го именува и разрешува Владата.
  • За директор на Агенцијата се именува лице кое покрај општите услови треба да ги исполнува и следниве посебни услови:_
  • да има завршено медицински, стоматолошки или фармацевтски факултет,
  • да има најмалку пет години работно искуство во областа на здравствената заштита и
  • активно да познава најмалку еден од светските јазици.
  • Владата го разрешува директорот на Агенцијата:
  • на негово барање,
  • ако настане некоја од причините, поради кои според прописите за работни односи, му престанува работниот однос по сила на закон,
  • ако не постапува според закон и општите акти на Агенцијата,
  • ако со својата несовесна и неправилна работа предизвика штета на Агенцијата,

– ако ги занемарува или не ги извршува своите обврски и поради тоа настанат или би можеле да настанат потешки нарушувања во извршување на дејноста на Агенцијата.

  • Средства за работа на Агенцијата се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија, од сопствени приходи и од други извори во согласност со овој закон или друг закон.

Член 267

Надлежност на Агенцијата

  • Агенцијата ги врши следниве работи:
  • развива систем за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста
  • спроведува едукација од областа на квалитетот на здравствената заштита безбедност;
  • развива систем за акредитација усогласен со европската и меѓународната практика од оваа област;
  • утврдување на стандарди за акредитација на здравствените установи;
  • процена на квалитетот на укажаната здравствена заштита на пациентите;
  • акредитација на здравствените установи;
  • рангирање на здравствените установи;
  • издавање на сертификат за акредитација (во натамошниот текст: сертификат) и водење евиденција за издадените сертификати и
  • врши и други работи од областа на квалитетот на здравствената заштита и акредитација во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.
  • Стандардите за акредитација од ставот (1) на овој член ги утврдува Агенцијата со акт, на кој согласност дава Владата.
  • Агенцијата е должна за својата работа да достави годишен извештај до Владата најдоцна до 31 март во тековната за претходната година.

Член 268

Постапка за акредитација

  • Акредитацијата е задолжителна и се врши на барање на здравствената установа
  • Барањето за стекнување акредитација здравствената установа го поднесува до Агенцијата
  • Агенцијата доделува акредитација на здравствената установа, согласно добиениот извештај за утврдување на исполнетост на стандарди од спроведеното надворешно оценување.
  • Агенцијата издава сертификат за акредитација на здравствената установа.
  • Трошоците за акредитација ги сноси здравствената установа која поднела барање за акредитација.
  • Висината на трошоците од ставот (5) на овој член, врз основа на реалните материјални трошоци поврзани со постапката за акредитација и надоместоците за работа на надворешните оценувачи, се утврдува со акт на Агенцијата, на кој согласност дава Владата.

(8) Начинот на вршењето на акредитацијата и на процената за исполнетост на стандардите за акредитација, како и потребната документација за стекнување акредитација, на предлог на Агенцијата, ги пропишува директорот на Агенцијата

Член 269

Содржина на сертификатот за акредитација и период на важење

(1) Сертификатот од членот 287 став (4) од овој закон може да се издаде за:

– одредена област од здравствената дејност која се врши во здравствените установи

или

– целокупната дејност на здравствената установа.

  • Сертификатот се издава, а најдолго за период од пет години. (3) По истекот на периодот од ставот (2) на овој член постапката за акредитација може да се повтори на барање на здравствената установа.
  • Сертификатот за акредитација на здравствената установа се објавува на веб страницата на Агенцијата и на Министерството за здравство.
  • Здравствената установа која добила акредитација е должна секоја промена во врска со акредитацијата да ја пријави на Агенцијата.
  • Сертификатот за акредитација добиен согласно со овој закон или сертификатот признат од Европската агенција надлежна за акредитација на здравствените установи потврдува дека здравствената установа ги исполнува националните, односно меѓународно признатите стандарди за вршење на здравствена дејност.
  1. Надворешна контрола на квалитет на лабораториски услуги

Член 270

Обезбедување на точност и сигурност на резултатите
од спроведените лабораториски испитувања

  • Заради обезбедување на точност и сигурност на резултатите од спроведените лабораториски испитувања се врши надворешна контрола на квалитет на лабораториските услуги во здравствените установи во кои се врши медицинска лабораториска дијагностичка дејност (во натамошниот текст: лаборатории).
  • Надворешната контрола на квалитетот на лабораториските услуги ги опфаќа биохемиските, микробиолошките, хистопатолошките, цитолошките, имунолошките, хематолошките, генетските испитувања и испитувањата од областа на молекуларната медицина.

Член271

Редовна и вонредна надворешната контрола на квалитетот
на лабораториските услуги

  • Надворешната контрола на квалитетот на лабораториските услуги се врши како редовна и вонредна контрола.
  • Редовната надворешна контрола на квалитетот на лабораториските услуги се врши задолжително два пати годишно во точно утврден временски период согласно со годишен план за вршење на контролите за квалитетот кој го донесува Министерството за здравство најдоцна до 31 декември во тековната година за наредната година.
  • Вонредна надворешна контрола се врши по потреба, но најмногу два пати годишно.
  • Трошоците за спроведување на редовната и вонредната надворешна контрола на квалитетот на лабораториските услуги од ставот (1) на овој член се на товар на лабораторијата во која се врши контролата.
  • Начинот на вршење на надворешната контрола на квалитетот на лабораториските услуги и оценувањето на точноста на употребените методи, бројот и видот на контролните примероци, резултатите од мерењето, што се смета за прифатлив резултат, ,анализата на резултатите од извршената контролаи објавување на резултатитеја пропишува министерот за здравство.

Член 272

Постапување во случај на грешки

(1) Лабораторијата е должна да ги преземе корективните мерки за отстранување на грешките утврдени со надворешната контрола, а Министерството за здравство ќе и забрани на лабораторијата да ги врши лабораториските услуги за кои е утврдено отстапување на резултатите до нивно отстранување.

  • Лабораторијата е должна да го извести Министерството за здравство дека постапила по препораките за отстранување на грешките.
  • Ако лабораторијата не постапи согласно став (1) на овој членќе и се одземе дозволата за работа за сите испитувања што ги врши.

Член 273

Одземање на дозвола за работа

Ако лабораторијата не се пријави за редовна надворешна контрола, не го преземе контролниот примерок, не го направи испитувањето и не го објави резултатот, ќе се смета дека лабораторијата одбила да биде извршена надворешна контрола, за што на лабораторијата и се одзема дозволата за работа.

Член 274

Добра лабораториска практика и оперативни процедури за работа

  • Лабораториите при вршењето на лабораториската дејност се должни да ги применуваат начелата на добрата лабораториска практика што ги утврдува министерот за здравство.
  • Лабораториите се должни да воспостават пишани стандардни оперативни процедури за работа.
  • Лабораториите се должни да овластат лице кое е одговорно за квалитетот на услугите во лабораторијата и за спроведување на стандардните оперативни процедури.
  1. Стручни тела

Член 275
Здравствен совет

  • Во Министерството за здравство се формира Здравствен совет, како советодавно тело на министерот за здравство, составен од девет члена.
  • Член на Здравствениот совет може да биде лице со завршено високо образование од областа на медицината, стоматологијата, фармацијата, економијата и правото и работно искуство во областа на здравството, при што се води сметка за соодветната и правична застапеност на граѓаните на сите заедници.
  • Делокругот и начинот на работата на Здравствениот совет се утврдува со деловник за работа.
  • Здравствениот совет од ставот (1) на овој член, како и други постојани или повремени советодавни тела, зависно од потребите за проучување на одредено прашање или подготовка на закони и подзаконски акти од делокругот на работа на Министерството за здравство, ги формира министерот за здравство.

Член 276

Комисија за етика во здравството

(1) За проучување и разгледување на прашањата од областа на етиката и деонтологијата во здравството и за давање на мислења и појаснувања за определени етички и деонтолошки прашања од областа на здравствената дејност, во Министерството за здравство се формира Комисија за етика во здравството, која ја сочинуваат стручни лица од областа на медицината, фармацијата, здравствената и акушерската нега, психологијата, правото,                                                   социологијата, хуманистиката и

медицинската деонтологија.

  • Комисијата за етика во здравството дава согласности за предлозите за научно- истражувачките проекти во кои се вклучени пациенти и извршува други задачи, утврдени со овој и друг закон.
  • Комисијата за етика во здравството соработува со надлежните комори, здравствените установи, Здравствениот совет и со високообразовните установи од областа на медицината, стоматологијата, односно фармацијата.
  • Составот, начинот на работа, постапката на именување и разрешување и висината на надоместокот за работа на членовите по одржана седница на Комисијата за етика ги пропишува министерот за здравство.

Член 277

Координативно тело

  • За проучување и разгледување на прашања поврзани со политиките и приоритетите во здравствената заштита и здравственото осигурување, како и за предлагање на мислења и ставови по однос на програмите за здравствените услуги и обемот на финансиските средства потребни за нивна реализација во Министерството за здравство се формира координативно тело составено од претставници на Министерството за здравство, Фондот и Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора.
  • Начинот на работата на координативното тело од ставот (1) на овој член се утврдува со деловник за работа.

Член 278
Стручни комисии

  • Во Министерството за здравство можат да се формираат и други стручни комисии како стручно-советодавни тела на министерот за здравство за одделни видови на здравствена дејност, односно специјалност.
  • Задачите на стручните комисии се особено за:
  • подготвување на стручни упатства за медицина заснована на докази,
  • подготвување на стручни ставови и анализи и
  • разгледување на извештаите од областа на квалитетот на здравствената заштита и сигурноста во вршењето на здравствената дејност.
  • Министерот за здравство ги определува одделните видови на здравствена дејност, односно специјалности за кои се формираат стручни комисии, во кои мора да бидат застапени сите специјалности и општата, односно семејната медицина, здравствената нега и фармацевтската дејност.
  • Стручните комисии ги формира министерот за здравство.
  • Бројот на членовите, начинот на именување и разрешување, начинот на работа и надоместокот за работа на стручните комисии по извршена задача, на предлог на стручните здруженија, ги определува министерот за здравство.
  1. ЕЛЕКТРОНСКО ЗДРАВСТВО
    Член 279

Управа за електронско здравство

Управата за електронско здравство е орган на државна управа во состав на Министерството за здравство со својство на правно лице која врши стручни работи од значење за развојот и унапредувањето на интегрираниот здравствен информатички систем, како и формирање на концепти за развој на здравствената политика врз основа на добиените анализи од податоците внесени во националниот систем.

Член 280

Организациона поставеност и државни службеници
со специфична природа на работните задачи и посебност на извршувањето
на посебните должности и овластувања

  • Организационата поставеност на Управата за електронско здравство (во натамошниот текст: Управата) се уредува со актот за внатрешна организација на Министерството за здравство.
  • Називот на работните места, работните должности и бројот на извршителите во Управата се уредуваат со актот за систематизација на работните места.
  • На државните службеници кои ги извршуваат работите од областа на информатичко-комуникациската технологија во функција на интегрираниот здравствен информатички систем, заради специфичната природа на работните задачи и посебностите на извршувањето на посебните должности и овластувања, основната плата и додатокот на плата за звање им се зголемува за 33%.

Член281

Надлежност на Управата за електронско здравство

Управата е надлежна за надградба, оптимизација, извршување, регулирање, одржување, контрола, едукација на здравствениот кадар за оперативно-техничките процеси и функционалности поврзани со интегрираниот здравствен информатички систем и анализа на сите процеси и функционалности поврзани со интегрираниот здравствен информатички систем, а особено за:

  1. надградба на интегрираниот здравствен информатички систем со нови функционалности кои се потребни и кои ги користат здравствените установи кои спаѓаат во мрежата на здравствени установи, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови или други субјекти од областа на здравството;
  2. оптимизација и одржување на програмските модули и функционалности кои се во склоп на националниот систем;
  3. воспоставување и одржување на регистри на здравствените установи согласно прописите за евиденции во областа на здравството;
  4. воспоставување и одржување на единствен електронски здравствен картон на здравствените осигуреници;
  5. изработка и одржување на веб сервиси за интеграција и размена на податоци со органи на државната управа, а особено за врзани постапки за пријавување на услуги при раѓање на дете, како што се вршење на: пријава за живородени и мртвородени бебиња, определување на лично име на новороденото дете, како и врзани постапки за пријавување на смрт;
  6. изработка и одржување на веб сервиси за интеграција и размена на податоци со софтверски решенија кои се во употреба во здравствените установи.
  7. предлагање за дефинирање на работните должности, овластувањата и обврските на здравствените работници и директорите на здравствените установи во однос на функционалностите на интегрираниот здравствен информатички систем и листите на закажани интервенции;
  8. предлагање стандарди за најкратко и најдолго времетраење на специјалистичко- консултативниот преглед по специјалност во амбуланта;
  9. план за работа преку дефинирање на оптимален број на амбулантски прегледи по лекар или медицински апарат, број на амбуланти за одредена специјалност, како и други параметри за непречено функционирање на интегрираниот здравствен информатички систем во поглед на листите на закажување на прегледи и интервенции;
  10. контрола на придржувањето на стандарди и протоколи при работењето на здравствената установа во однос на примената на функционалности од интегрираниот здравствен информатички систем и електронската листа на закажани прегледи и интервенции;
  11. управување и унапредување на интегрираниот здравствен информатички систем;
  12. дефинирање и ажурирање на кодни табели со кои се разменуваат податоците во централната база на интегрираниот здравствен информатички систем со медицинскиот софтвер кој се користи во здравствените установи во Република Северна Македонија;
  13. оптимизација на постојните системи за електронска евиденција во здравството и нивна интеграција во еден колаборациски систем вклучувајќи ги сите надлежни институции;
  14. вршење на обука на здравствените работници и здравствените соработници во здравствените установи за користење на интегрираниот здравствен информатички систем и сите негови функционалности.
  15. сертификација и одобрување за користење на софтверски решенија кои се користат во здравствените установи во состав на мрежата на здравствени установи;
  16. изготвување на анализи и извештаи кои ќе ги користи Министерството за здравство, Агенцијата за лекови, Владата на Република Северна Македонија, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје, Агенцијата за акредитација на здравствените установи, Фондот и други субјекти од областа на здравството;
  17. управување со комуникацискиот центар за техничка поддршка на сите корисници на интегрираниот здравствен информатички систем, и
  18. создавање и одржување на база на податоци од интегрираниот здравствен информатички систем.
  • Стандардите, начинот и висината на надоместот за сертификација и одобрување за користење на софтверските решенија кои се користат во здравствени установи од ставот (1) точка 16 на овој член ги утврдува министерот за здравство.
  • По донесувањето на подзаконскиот акт од став (2) на овој член, Министерството за здравство е должно веднаш да го објави на веб страницата на Министерството и во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
  • Начинот на пристап, дистрибуција, издавање, користење, чување и заштита на податоците од интегрираниот здравствен информатички систем го утврдува министерот за здравство.
  • За користење и увид на податоците од интегрираниот здравствен информатички систем се плаќа надоместок.
  • По исклучок од став (5) на овој член, Фондот не плаќа надоместок за увид и користење на податоците од интегрираниот здравствен информатички систем.
  • Висината на надоместокот за користење и за увид на податоците од интегрираниот здравствен информатички систем зависи од реалните трошоци за нивното изготвување, видот на податоците, содржината на податоците, формата на податоците (електронска/писмена), количината на податоците (број на истоветни издадени податоци) и друго.
  • Во случај на зголемен обем на поднесени барања од ист подносител за користење на податоци, Управата може со подносителот на барањето да склучи договор со кој го уредува начинот на плаќањето.
  • Висината на надоместокот за користење и увид на податоците од интегрираниот здравствен информатички систем се утврдува со тарифник кој го донесува министерот за здравство.
  • По донесувањето на подзаконскиот акт од став (8) на овој член, Министерството за здравство е должно веднаш да го објави на веб страницата на Министерството и во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
  • Управата и Фондот вршат размена на податоците со кои располагаат во рамки на својата надлежност, на начин утврден од страна на Министерството за здравство и Фондот со правила за пренос, односно за испраќање и примање на податоците.
  • Министерството за здравство, Управата, Министерство за правда – Управа за водење на матични книги, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи вршат размена на податоците со кои располагаат во рамки на својата надлежност, на начин утврден со правила за пренос, односно за испраќање и примање на податоците.

Член 282

Финансирање на дејноста на Управата

  • Средствата за финансирање на Управата се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија.
  • Управата може да остварува сопствени приходи, приходи од донации и од други извори утврдени со овој закон.

Член 283

Раководење со Управата

  • Со Управата раководи директор.
  • Директорот на Управата го именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија на предлог од министерот за здравство, со мандат од четири години.
  • За именување на директор на Управата се објавува јавен оглас во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Северна Македонија од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик

Член 284

Услови за директор на Управата

  • За директор на Управата може да биде именувано лице кое:
  1. е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  3. има завршено висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС
  4. има најмалку пет години искуство во управување на системи со поголем број на корисници, од кои најмалку три години во управување на проекти од областа на здравството, и
  5. поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
  • ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,
  • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
  • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
  • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
  • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода и
  • АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
  • Директорот на Управата е одговорен за својата работа и за работата на Управата пред Владата на Република Северна Македонија и министерот за здравство.
  • Директорот на Управата донесува годишна програма за работа на Управата и го организира нејзиното спроведување.
  • Директорот за својата работа и за работата на Управата поднесува годишен извештај до министерот за здравство за усвојување, а по потреба и до Владата на Република Северна Македонија за информирање.
  • Годишниот извештај за работењето на Управата директорот го доставува до Министерството за здравство за усвојување, најдоцна до 31 март во тековната година за претходната година.

Член 285

Престанок на мандатот на директорот на Управата

  • Владата го разрешува директорот на Управата:
  • ако не постапува според закон и општите акти на Управата,
  • ако со својата несовесна и неправилна работа предизвика штета на Управата,
  • ако ги занемарува или не ги извршува своите обврски и поради тоа настанат или би можеле да настанат потешки нарушувања во извршување на дејноста на Управата, и
  • ако работи спротивно на закон.
  • На директорот на Управата му престанува мандатот во следните случаи:
  • на негово барање,
  • ако настане некоја од причините, поради кои според прописите за работни односи, му престанува работниот однос по сила на закон, и
  • му престане договорот за вработување или договорот за продолжување на вработувањето, поради возраст согласно прописите од областа на работните односи.

Член 286

Вршење на стручни работи од надлежност на Управата

  • За вршење на стручните работи од надлежност на Управата, директорот може да формира стручни тимови со учество на надворешни стручни и научни експерти.
  • Составот и бројот на членовите на стручните тимови ги утврдува директорот на Управата со решение.
  • Директорот со писмено овластување може да пренесе одделни негови надлежности на раководни службеници во Управата.
  • Стручните, административно-техничките, помошните и други работи ги вршат вработените во стручните служби на Управата.

XII. КОМОРСКО ЗДРУЖУВАЊЕ

Член 287
Комори

  • Заради заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права, за подобрување на квалитетот на здравствената заштита, заштитата на интересите на својата професија, следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, докторите на медицина, докторите на стоматологија и дипломираните фармацевти се здружуваат во Лекарска, Стоматолошка, односно Фармацевтска комора.
  • Во комора се здружуваат и здравствените работници со средно, вишо и високо стручно образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата.
  • Коморите од ставовите (1) и (2) на овој член донесуваат статут, кодекс на професионалните етички должности и права, формираат суд на честа и други помошни тела.

Член 288

Коморите како правно лице

  • Коморите имаат својство на правно лице и се запишуваат во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
  • Кон барањето за запишување на комората во регистарот на коморите предлагачот приложува записник од основачкото собрание, примерок од статутот на комората и одлука за именување на претседател на комората и секретар, ако комората има секретар, а во случај на престанување на комората, предлагачот кон барањето приложува одлука за престанување на комората согласно со статутот.
  • Ако комората го измени статутот, избере или разреши претседател или ако се измени кој било од податоците кои се запишуваат во Централниот регистар на Република Северна Македонија, поднесува барање за измена на запишувањето во регистарот во рок од 30 дена од денот на настанувањето на промената.
  • Кон барањето од ставот (3) на овој член комората мора да приложи записник од седницата на собранието на која биле донесени измените.

Член 289

Основачко собрание

  • На основачкото собрание на комората се донесува статут на комората и се избираат нејзините органи.
  • Основачкото собрание на комората го свикуваат здравствени работници кои сакаат да основаат комора.
  • Одлуката за свикување на основачкото собрание се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Член 290
Статут

Статутот на комората (во натамошниот текст: статут) содржи одредби кои се однесуваат на името и седиштето , целите и задачите , органите на комората, постапката за нивен избор, односно именување и причините и начинот на нивното отповикување, нивниот состав, надлежностите и начинот на одлучување, лицата кои ја застапуваат комората во правниот промет,правата, обврските и одговорностите на членовите и нивите претставници во органите на комората, начинот на обезбедување на финансиски средства потребни за извршување на задачите , начинот и постапката на определување на членарината и мерилата за нејзино определување, задачите на комората кои се финансираат од членарината, постапката за измена на статутот и другите општи акти и постапката за нивното донесување, начинот и обврските на членот при пристапувањето и истапувањето од комората и други работи утврдени со овој закон и со статутот.

Член 291
Органи

  • Органи на комората се:
  • собрание,
  • извршен одбор,
  • надзорен одбор и
  • претседател на комора.
  • Комората може да има и други органи, ако тоа е определено со статутот.

Член 292
Собрание

  • Собранието на комората е највисок орган на комората.

(2)

(2) Со статутот на комората се уредува начинот на избор на претставниците и траењето на нивниот мандат во собранието.

Член 293

Задачи на собранието

Собранието на комората ги извршува особено следниве задачи:

  • донесува статут на комората;
  • донесува годишната програма за работа и финансискиот план и извештаите за нивно спроведување;
  • одлучува за висината на членарината
  • Донесува акт за утврдување на минималните цени на здравствените услуги кои пациентите ги плаќаат со лични средства и
  • одлучува за именувањето и отповикувањето на претседателот на комората и на членовите на управниот и надзорниот одбор.
  • Со програма за работа и финансискиот план од ставот (1) точка 2 на овој член се определуваат задачите и висината на финансиските средства и целта на нивното користење.

Член 294
Извршен одбор

  • Извршниот одбор на комората ги извршува особено следниве задачи:
  • предлага на собранието донесување на програма за работа и финансиски план;
  • разгледува и донесува предлози на материјалите за седниците на собранието;
  • ја спроведува програмата за работа и финансискиот план и другите одлуки на собранието и за тоа го известува собранието и
  • разгледува предлози на членовите за дејствување на комората.
  • Членовите на извршниот одбор се избираат за период од најмногу четири години абројот на членовите се определува со статутот.

Член 295
Надзорен одбор

  • Надзорниот одбор врши надзор над законитоста на работењето и правилноста на работењето на комората и за својата работа го известува собранието на комората.
  • Бројот на членовите на надзорниот одбор се определува со статутот.
  • Член на надзорниот одбор не може да биде претседателот на комората, односно член на извршниот одбор на комората.
  • Мандатот на членовите на надзорниот одбор изнесува најмногу четири години и со можност за повторен избор најмногу уште еднаш едно по друго.

Член 296

Претседател и членови на органите

  • За претседател на комората, член на извршниот одбор и надзорниот одбор може да се избере лице кое ги исполнува условите утврдени со статутот.
  • За претседател на комората може да се избере само лице кое е здравствен работник вработен во установа.
  • Претседателот на комората ја застапува и претставува комората во правниот промет.
  • При изборот на органите на комората се применува принципот на соодветна и правична застапеност на сите заедници во Република Северна Македонија.

Член 297

Финансиски средства за работа

  • Финансиските средства за работа на комората се обезбедуваат од членарина, плаќања за услугите кои ги врши комората, донации и други извори.
  • Комората го води сметководството согласно со прописите од соодветната област.
  • Комората гарантира за своите обврски со целиот свој имот.

Член 298

Јавни овластувања и должности на Лекарската,

Стоматолошката, односно Фармацевтската комора

  • Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора издаваат, обновуваат, продолжуваат и одземаат лиценца за работа, водат регистар на издадени, обновени, продолжени и одземени лиценци и вршат стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници.
  • Стручниот надзор над работата на здравствените работници коморите од ставот (1) на овој член го вршат врз основа на годишен план за стручен надзор над работата на здравствените установи и здравствените работници, на кој согласност дава министерот за здравство.
  • Коморите од ставот (1) на овој член се должни годишниот план за стручен надзор да го донесат најдоцна до 31 декември од тековната за наредната година.
  • Формата и содржината на регистрите од ставот (1) на овој член и начинот на нивното водење ги пропишуваат коморите од ставот (1) на овој член со акт на кој министерот за здравство дава согласност.
  • Коморите од ставот (1) утврдуваат кодекс на професионалните етички должности и права, формираат суд на честа и други помошни тела и донесуваат други акти за начинот на работењето на нивните органи и други акти за кои се овластени со закон.
  • Коморите од ставот (1) на овој член се должни два пати годишно да доставуваат извештај за работите што се однесуваат на издавањето, продолжувањето, обновувањето и одземањето на лиценците за работа до Министерството за здравство.

Член 299

Јавни овластувања за извршување на задачи на комора

  • Комора на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата може, согласно со овој закон, да добие јавно овластување за извршување на сите или некои од следниве задачи:
  • издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценца на здравствени работници,
  • водење на регистар на издадени, обновени, продолжени и одземени лиценци и
  • донесување општи акти согласно со закон, а со согласност на министерот за здравство.
  • Секое јавно овластување се доделува на коморите за период од пет години.
  • Министерот за здравство јавното овластување го доделува со решение.

Член 300

Услови за доделување на јавно овластување

(1) Јавно овластување на комората од членот324 став (1) од овој закон може да се додели ако ги исполнува следниве услови:

  • дејствува во областа на обезбедување на стручност во одделна професија, односно во областа која ја покрива,
  • дејствува на подрачјето на целата држава,
  • има вработено доволен број работници кои, согласно со прописите, се овластени за водење на управна постапка и други стручни задачи,
  • има на располагање соодветна опрема за извршување на задачите од јавното овластување, со која ќе обезбеди и достапност до податоците и евиденциите,
  • против неа не е покрената стечајна постапка, постапка на присилно порамнување или ликвидација,
  • не постојат околности од кои може основано да се заклучи дека јавното овластување нема да го врши согласно со одредбите од овој закон и
  • во последните пет години не и било одземено јавното овластување.
  • Коморите од членот 312 од овој закон мора да ги исполнуваат условите од ставот (1) на овој член во текот на целото времетраење на јавното овластување.

Член 301

Одземање на јавно овластување

  • Министерот за здравство со решение го одзема јавното овластување на комората по службена должност, ако утврди:
  • неправилно, незаконско и ненавремено извршување на задачите во рамките на јавното овластување,
  • неисполнување на условите од членот 325 став (1) од овој закон,
  • давање на невистинити изјави, податоци или документи во постапката за добивање на јавното овластување или при проверката на исполнувањето на условите за добивање на јавното овластување и
  • не ги отстрани констатираните недостатоци и неправилности по вршењето на надзорот од членот.. став (1) од овој закон во рокот определен за нивно отстранување.
  • Министерот за здравство може со решение да утврди престанок на вршењето на јавното овластување на барање на комората, во кое ќе се утврди и рокот за престанокот на вршењето на јавното овластување.
  • Против решението за одземање, односно престанок на вршењето на јавното овластување на комората не е дозволена жалба, а незадоволната страна може да поведе управен спор.
  • Решението за одземање, односно за престанок на вршењето на јавното овластување е конечно и се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
  • Со денот на одземањето, односно со денот на престанувањето на вршењето на јавното овластување, управните задачи на носител на јавно овластување ги презема Министерството за здравство.
  • Комората на која и е одземено или и престанало вршењето на јавното овластување е должна, во рок од 15 дена од денот на конечноста на решението за одземање, односно решението за престанување на вршењето на јавното овластување, на Министерството за здравство да му ја предаде целокупната документација и евиденциите во електронска форма и во писмена форма кои ги има и ги води во врска со извршувањето на јавното овластување.

Член 302
Надзор

  • Надзор над законитоста на работата на коморите во вршењето на јавното овластување го врши Министерството за здравство.
  • По вршењето на надзорот од ставот (1) на овој член Министерството за здравство ја известува комората во која е извршен надзорот за констатираните недостатоци и неправилности и определува рок за нивно отстранување и доколку истите не бидат отстранети министерот за здравство ќе го одземе јавното овластување.
  • Ревизија на материјално-финансиското работење на коморите врши Министерството за здравство и Државниот завод за ревизија.

Член 303

Стручни здруженија

  • Здравствените работници од одделни специјалности можат да се здружуваат во стручни здруженија во составот на Македонското лекарско друштво, Македонско стоматолошко друштво и Македонско фармацевтско друштво и во други лекарски, стоматолошки и фармацевтски друштва, особено заради следење на достигнувањата и унапредувањата во одделни гранки на медицината, стоматологијата, односно фармацијата.
  • Македонското лекарско друштво, Македонско стоматолошко друштво, Македонско фармацевтско друштво и други лекарски, стоматолошки и фармацевтски друштва, преку стручните здруженија и преку други стручни здруженија организираат различни форми на стручно усовршување на здравствените работници, учествуваат во изработувањето стручни упатства за работа по одделни специјалности и предлагаат мерки за унапредување на стручната работа на здравствените работници.
  • Во стручни здруженија можат да се здружуваат и здравствени работници со средно, вишо или високо стручно образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата, преку кои организираат различни форми на стручно усовршување на здравствените работници, изработуваат стручни упатства за работа и предлагаат мерки за унапредување на стручната работа на здравствените работници.
  • При изборот на органите на стручните здруженија се применува принципот на соодветна и правична застапеност на сите заедници во Република Северна Македонија.
  • ПРЕГЛЕД НА УМРЕНИТЕ И ОБДУКЦИЈА Член 304

Утврдување на времето и причината на смртта
и забрана за закопување додека не се изврши преглед или обдукција

  • За секое умрено лице се утврдува времето и причината на смртта.
  • Ниту едно умрено лице, односно мртвородено дете не смее да биде закопано додека не се изврши преглед или обдукција и не се утврди времето и причината на смртта.

Член 305

Овластени лица за преглед на умрени лица

  • Прегледот на умрените лица го вршат овластени лица и нивни заменици, кои ги именува министерот за здравство, на предлог на здравствена установа.
  • За преглед на умрени лица се именуваат здравствени работници со завршен медицински факултет, лиценца за работа и успешно завршена соодветна обука за вршење преглед на умрени лица.
  • Обуката за вршење преглед на умрени лица може да ја врши доктор специјалист од областа на судската медицина или патологијата.
  • Овластениот здравствен работник не може да изврши преглед на умрено лице кое го лекувал.
  • Бројот и распоредот на лицата од ставот (1) на овој член се утврдува на начин што ќе овозможи покривање на целата територија на Република Северна Македонија, а изборот на лицата се врши врз основа на исполнетост на условите од ставот (2) на овој член и нивото на успешност постигнато по завршувањето на обуката за вршење преглед на умрени лица.
  • Бројот и распоредот на лицата од ставот (1) на овој член и начинот на изборот го пропишува министерот за здравство.

Член 306

Следење на работата на овластените лица

  • Обуката за вршење преглед на умрени лица и следењето на работата на овластените лица и нивните заменици го врши високообразовна установа од областа на судската медицина, патологијата и епидемиологија.
  • Установата од ставот (1) на овој член, врз основа на следењето на работата на овластените лица, дава препораки за развој и унапредување на начинот и методите на вршењето на прегледот на умрените лица и судско-медицинската обдукција судско- медицинската обдукција и патоанатомска обдукција и за водењето на евиденциите.

Член 307

Лица умрени во здравствените установи

  • За лицата умрени во здравствените установи причината за смртта се утврдува во високообразовна установа од областа на судската медицина или патологијата.
  • Смртта на секој пациент во здравствената установа мора поединечно да биде анализирана на стручниот колегиум на установата каде што пациентот умрел.
  • Медицинската документација за лицето од ставот (1) на овој член, како и за мртвородено со мислењето на стручниот колегиум, како и наодот на специјалистот по судска медицина или патологија од извршената обдукција, задолжително се доставува до Комисијата за квалитет во здравствената установа најдоцна во рок од 30 дена од денот на настапувањето на смртта.
  • Комисијата од ставот (3) на овој член задолжително ја разгледува целокупната медицинска документација, мислењата и наодите од ставот (3) на овој член еднаш месечно.
  • Комисијата од ставот (3) на овој член мислењето за смртта на секој пациент поединечно е должна да го достави до Министерството за здравство, најдоцна до крајот на месецот кој следи по месецот во кој настапила смртта.
  • Формата и содржината на образецот на мислењето од ставот (5) на овој член ги пропишува министерот за здравство.

Член 308

Должност за пријавување на смртен случај или случај на мртвороденост

  • Смртниот случај или случајот на мртвороденост се должни веднаш да го пријават членовите на семејството на умреното лице, а ако такви нема или не знаат за случајот, секое друго лице кое за случајот дознало или го пронашло умреното лице.
  • Смртниот случај или случајот на мртвороденост се пријавува на овластено лице за преглед на умрени лица, односно Државниот санитарен и здравствен инспекторат и на органот на државната управа надлежен за внатрешни работи на подрачјето на кое лицето умрело, односно каде што е пронајдено умреното лице.

Член 309

Преглед на умрено лице

  • Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето.
  • По извршениот преглед на умреното лице, овластеното лице издава потврда за смртта.

Член 310
Закоп

  • Закоп на умрено лице се врши по истекот на 24 часа од часот на смртта.
  • По исклучок, врз основа на одобрение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, закопот може да се врши и пред истекот на рокот од 24 часа и по истекот на рокот од 48 часа.

Член 311

Средства за преглед на умрено лице
и за стручно утврдување на времето и причините за смрт

Средствата за преглед на умрени лица и за спроведување на соодветните обуки за вршење преглед на умрени лица се обезбедуваат преку програма што Владата ја донесува на предлог на Министерството за здравство.

Член 312
Обдукција

  • Кога постои сомневање или е очигледно дека смртта не е од природно потекло, на телото на умреното лице се врши судско-медицинска обдукција и судско-медицинско вештачење од двајца доктори на медицина, од кои едниот е доктор на медицина- специјалист по судска медицина.
  • Судско-медицинската обдукција се врши во случај на:
  • убиство или сомнение за убиство, односно самоубиство или сомнение за самоубиство;
  • кремирање на умрено лице;
  • сомнение за медицинска грешка;
  • технолошки или еколошки катастрофи;
  • посебно значење за заштита на здравјето на граѓаните, односно кога тоа го бараат епидемиолошки, санитарни и научноистражувачки причини;
  • ненадејна смрт, кога причината за смртта е непозната, односно нејасна или на друг начин не може да се објасни, вклучувајќи и ненадејна смрт на доенче и кога смртта настапила во врска со дијагностичка или терапевтска постапка;
  • смрт во притвор, затвор, по приведување во полиција;
  • сомневање за смрт како последица од тортура или нечовечко постапување;
  • смрт поврзана со полициска или воена активност;
  • неидентификувани или скелетизирани тела и
  • кога тоа го бара член на потесното семејство на умреното лице, овластениот здравствен работник кој го лекувал умреното лице или овластеното лице за преглед на умрени лица.
  • Телото на лицето кое умрело во здравствена установа подлежи на патоанатомска обдукција.
  • Во случаите од ставот (2) точки 2, 5, 6 и 11 на овој член, може да се изврши патоанатомска или судско-медицинска обдукција.
  • Обдукција ќе се спроведе ако се работи за неприродна смрт или смрт со непознато потекло, смртта настапи во текот на дијагностички или терапевтски зафат, смртта настапи во рок од 24 часа од приемот на лицето во здравствена установа, лицето учествувало во клиничко испитување на лек или медицинско помагало, односно во научно испитување во здравствена установа или во случај на смрт на лице чии делови од тело може да се земаат заради пресадување во согласност со закон.
  • Трошоците за обдукција на умреното лице паѓаат на товар на Фондот, освен во случаите кога обдукцијата ја бара член на семејството или надлежните органи, кога трошоците за обдукцијата паѓаат на нивен товар.
  • Висината на трошоците за судско-медицинската обдукција на умрено лице ги пропишува министерот за здравство по претходно мислење од Судскиот буџетски совет.
  • Делови отстранети од човечкото тело во здравствена установа заради терапевтски, дијагностички и естетски цели, задолжително подлежат на хистопатолошка анализа.

Член 313

Акт на министерот за здравство

Начинот на спроведувањето на прегледот на умрените и обдукцијата, содржината на програмата и начинот на спроведување на обуката за овластените лица за преглед на умрени лица, како и формата и содржината на потврдата за смрт и обдукцискиот протокол ги пропишува министерот за здравство, во согласност со министерот за внатрешни работи.

  • РЕКЛАМИРАЊЕ И ОГЛАСУВАЊЕ Член 314

Забрането и дозволено рекламирање

  • Забрането е рекламирање во средствата за јавно информирање, на други носачи на огласни и рекламни пораки и на интернет, на лица кои без пропишана стручна подготовка се занимаваат со лекување или со давање медицинска помош.
  • Забрането е рекламирање на здравствената дејност, односно на здравствените установи кое е залажувачко, недостојно или преку кое се вршат споредби со други здравствени дејности или установи.
  • Под залажувачко рекламирање на здравствената дејност, односно на здравствените установи, во смисла на ставот (2) на овој член, се смета рекламирање кое:
  • на кој било начин, вкпучувајќи го и претставувањето на здравствените работници, односно на здравствената установа ипи здравствените услуги, може да ги доведе во забпуда пациентите,
  • ги искористува ипи би можепо да ги искористи пациентите заради нивното неискуство, неинформираност ипи незнаење, со цеп за остварување на профит ипи
  • содржи нејасности, претерувања ипи спични содржини кои запажуваат ипи би можепе да запажуваат.
  • Недостојно рекпамирање на здравствената дејност, односно на здравствените установи во смисла на ставот (2) на овој чпен е рекпамирање кое содржи содржини кои се навредпиви ипи кои би можепе да бидат навредпиви ипи кои се во спротивност со морапот.
  • Рекпамирање преку кое се вршат споредби со други здравствени дејности ипи установи во смисла на ставот (2) на овој чпен е рекпамирање на здравствената дејност, односно на здравствените установи кое може да предизвика штета во работењето на други здравствени установи ипи да има штетно влијание на изборот на здравствената установа.
  • За рекпамирање во смисла на ставот (1) на овој чпен се смета и објавувањето статии во медиумите со цеп за промовирање на здравствената дејност, односно промовирање на здравствените работници, односно здравствените установи, освен објавувањето статии со превентивна содржина за јавноста и објавување стручни статии во стручни списанија, книги и пубпикации, наменети за известување на здравствените установи, односно здравствените работници.
  • Јавните здравствени установи имаат право да ги рекпамираат здравствените услуги кои ги вршат за странци кои самите ги намируваат трошоците за пекување, во средства за јавно информирање, на други носачи на огласни и рекпамни пораки во Репубпика Северна Македонија и во странство, како и на интернет.

Член 315

Забрана за рекламирање по одлука

Во случај на рекламирање спротивно на членот 339од овој закон, Министерството за здравство може да го забрани таквото рекламирање и да ја одземе дозволата за работа на здравствената установа.

Член 316

Информирање на јавноста

  • Информирањето на јавноста за вршењето на здравствената дејност на одделена здравствена установа може да се врши преку објавување во средствата за јавно информирање или на интернет на следниве податоци:
  • назив и адреса на здравствената установа,
  • вид на здравствената дејност која ја врши во рамките на мрежата или надвор од

неа,

  • ниво на здравствена заштита, дејност и специјалност,
  • обученост и квалификации на здравствените работници,
  • работно време на здравствената установа,
  • фактичко време на чекање,
  • ценовник на здравствените услуги и
  • лого, односно заштитен знак на здравствената установа.
  • Податоците од ставот (1) алинеи 1, 2, 3 и 4 на овој член се објавуваат согласно со дозволата за работа на установата.
  • Информирањето на јавноста од ставот (1) на овој член не смее да содржи содржини кои не се вистинити.

Член 317

Обележување на објектот во кој се врши здравствена дејност

  • Здравствената установа е должна на објектот во кој ја врши здравствената дејност да истакне натпис, односно табла која ги содржи следниве податоци:
  • назив и седиште на здравствената установа утврдени со дозволата за работа,
  • вид на здравствената дејност која ја врши,
  • податок за тоа дали здравствената дејност се врши во рамките на мрежата или надвор од неа,
  • ниво на здравствена заштита, дејност и специјалност и
  • работно време на здравствената установа.
  • Покрај податоците од ставот (1) на овој член натписот, односно таблата на објектот може да содржи и список на здравствените работници и нивната стручна подготовка.
  • Натписот, односно таблата не смее да содржи податоци со невистинита содржина.
  1. ВРШЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ,

КРИЗНИ СОСТОЈБИ И ВО УСЛОВИ НА ШТРАЈК

Член 318

Утврдување на задачите за обезбедување здравствена заштита
во вонредни услови и кризни состојби на едно место

Министерството за здравство и здравствените установи се должни во општите акти, во согласност со закон, да ги утврдат своите задачи за обезбедување на здравствената заштита во вонредни услови и кризни состојби (природни и други тешки несреќи и вонредни состојби).

Член 319

Обезбедување на средства и кадар

Министерството за здравство и здравствените установи се должни да обезбедат средства за резерви на лекови и санитетски материјални средства, кадри и други потреби за работа во вонредни услови и кризни состојби.

Член 320

Приспособување на работата
на Министерството за здравство и здравствените установи

Во вонредни услови и кризни состојби Министерството за здравство и здравствените установи се должни да ја приспособат својата работа, да преземат мерки за непречена работа и за отстранување на последиците од таквата состојба.

Член 321

Соработка на Министерството за здравство
и здравствените установи со други субјекти

При планирањето на вршењето на работите во вонредни услови и кризни состојби Министерството за здравството и здравствените установи соработуваат со припадниците на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст на Република Северна Македонија и други државни установи и здруженија и граѓаните.

Член 322

Посебни надлежности на Министерството за здравство

  • Министерството за здравство во вонредни услови и кризни состојби може да одлучува за формирање на здравствени установи согласно со потребите.
  • Министерството за здравство може на здравствените установи и на здравствените работници да им определи посебни задачи кои во редовни услови не се нивна дејност, односно задача.

Член 323
Право на штрајк

Вработените во здравствените установи правото на штрајк можат да го остварат под услови да не се доведува во опасност животот или здравјето на граѓаните кои бараат здравствена заштита.

Член 324

Должности на директорот за време на штрајк

  • Заради отстранување на штетните последици кои можат да настанат од не укажување на здравствени услуги за време на штрајк, директорот во здравствената установа е должен да обезбеди итна медицинска помош и минимална функција на сите организациони делови во процесот на работата.
  • Врз основа на преземените мерки од ставот (1) на овој член вработените се должни да постапуваат по соодветните наредби.
  • Доколку вработените не постапат согласно со ставот (2) на овој член, директорот е должен да го обезбеди остварувањето на работниот процес со заменување на соодветни профили на вработени.
  • Вработените од ставот (2) на овој член кои не ги извршуваат работните обврски вршат потешка повреда на работната дисциплина која претставува основ за престанок на работниот однос.

Член 325

Надлежност на Владата

  • Ако здравствената установа не го обезбеди спроведувањето на мерките од членот349 од овој закон, Владата како привремена мерка може да:
  • постави вршител на должноста директор во јавна здравствена установа за време на траењето на штрајкот
  • обезбеди соодветни кадри потребни за вршење на тие дејности и
  • преземе мерки за обезбедување други услови потребни за спроведување на здравствената дејност за потребите на граѓаните.
  • Одлуките донесени врз основа на ставот (1) на овој член траат до престанувањето на условите кои довеле до нивно воведување.
  • НАДЗОР Член 326

Определување на надзорот

  • За обезбедување на примената на овој закон и прописите донесени врз основа на него, како и за обезбедување на квалитетот и безбедноста при укажувањето на здравствената заштита во вршењето на здравствената дејност, се врши:
  • надзор над законитоста на работата;
  • надзор над стручната работа;
  • внатрешен надзор над стручната работа и
  • инспекциски надзор.
  • Здравствената установа и другите установи кои вршат здравствена дејност се должни да овозможат непречено вршење на надзорот од ставот (1) на овој член и да дадат потребна помош, податоци, документација и известувања кои се потребни за вршење на надзорот.

Член 327

Надзор над законитоста на работата

  • Надзор над законитоста на работата на здравствените установи врши Министерството за здравство.
  • Министерството за здравство го врши надзорот над законитоста на работата на здравствените установи како редовен надзор во согласност со годишната програма и по потреба или на предлог на Фондот, соодветната комора, државен орган, здружение и граѓанин.
  • Надзорот над законитоста на работата на здравствените установи од ставот (1) на овој член, Министерството за здравство го врши преку комисија именувана од министерот за здравство.
  • Ако при надзорот над законитоста кај здравствената установа се утврдат недостатоци, односно неправилности министерот за здравство донесува решение за:

– определување мерки за отстранување на недостатоците, односно неправилностите и рокови за нивно спроведување и ???

  • Трошоците за надзорот над законитоста при кои ќе се утврдат недостатоци, односно неправилности паѓаат на товар на здравствената установа кај која биле утврдени недостатоците, односно неправилностите.

Член 328

Надзор над стручната работа

(1) Надзор над стручната работа на здравствените установи и другите установи кои вршат здравствена дејност и на здравствените работници и соработници се врши заради контрола над стручната работа, спроведување на стручните упатства, оцена на стручната работа, како и процена на условите и начинот на укажување на здравствената заштита.

  • Надзорот од ставот (1) на овој член го вршат Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора.
  • Надзорот од ставот (1) на овој член се врши како редовен стручен надзор и како стручен надзор по потреба.
  • Редовниот стручен надзор се врши согласно со годишниот план од членот,,,, став (2) од овој закон.
  • Надзор над стручната работа по потреба се врши на барање на пациент, член на неговото семејство и државен орган.
  • Министерот за здравство по потреба може да формира комисија за вршење на надзор на стручната работа на здравствените установи и другите установи кои вршат здравствена дејност и на здравствените работници и соработници.

Член 329

Извештај за извршен стручен надзор

  • Надлежната комора, во рок од осум дена од денот на завршувањето на надзорот над стручната работа, доставува извештај за надзорот до министерот за здравство и до установата во која е извршен надзорот.
  • Извештајот задолжително ги содржи следниве елементи:
  • констатираната состојба,
  • евентуалните недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствената заштита,
  • стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или можните последици по здравјето на луѓето и
  • предлог за определување мерки за отстранување на недостатоците, неправилностите или пропустите и рокови за нивно спроведување.
  • Установата во која е извршен надзорот, односно здравствените работници и соработници кои биле опфатени со надзорот можат да поднесат приговор на извештајот од извршениот надзор до министерот за здравство во рок од три дена од денот на приемот на извештајот во установата.
  • По исклучок од ставот (1) на овој член, ако надлежната комора констатира непосредна опасност по животот и здравјето на граѓаните, го известува министерот за здравство најдоцна во рок од 24 часа и му предлага преземање соодветни мерки.

Член 330

Одлучување на министерот за здравство по извештајот за извршен стручен надзор

(1) По разгледувањето на извештајот од членот 359, како и евентуално поднесениот приговор од членот 359 став (3) од овој закон министерот за здравство донесува решение за:

  • привремена забрана за целосно или делумно вршење на одреден вид на здравствена дејност;
  • привремена забрана за целосна или делумна работа на организациона единица на установата;
  • привремена забрана за работа на здравствената установа и (2) По разгледувањето на извештајот од членот 359, како и евентуално поднесениот приговор од членот 359 став (3) од овој закон, министерот за здравство може:
  • да предложи до надлежната комора да поведе постапка за одземање на лиценцата за работа на здравствен работник;
  • да предложи до здравствената установа да спроведе постапка за преместување на друго работно место и/или за упатување на дополнително стручно усовршување,

односно доделување ментор за здравствениот работник за кој ќе се утврди недоволна обученост (стручност) и за преземените активности да ја извести надлежната комора и

  • да иницира вршење на инспекциски надзор од надлежен орган.
  • Привремената забрана за работа од ставот (1) точки 1, 2 и 3 на овој член трае додека не се отстранат причините заради кои е изречена забраната.

Член 331

Внатрешен надзор над стручната работа

  • Здравствената установа е должна да организира внатрешен надзор над стручната работа на здравствените работници и соработници согласно со одредбите од овој закон кои се однесуваат на следењето и унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита во вршењето на здравствената дејност.
  • За стручната работа на здравствените установи и другите установи кои вршат здравствена дејност одговорен е директорот на установата.

Член 332

Инспекциски надзор

  • Инспекциски надзор над примената на овој закон врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно со овој и друг закон.
  • Во согласност со закон, заради отстранување на утврдените неправилности, државниот санитарен и здравствен инспектор (во натамошниот текст: инспектор) има право и обврска на субјектот на надзорот:
  • да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување,
  • да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и
  • да поднесе кривична пријава или да поведе друга соодветна постапка.
  • Заради отстранување на утврдените недостатоци инспекторот може да постапува и по други овластувања и одговорности во согласност со закон.

Член 333

Овластувања на инспекторот

  • Инспекторот при вршењето на инспекцискиот надзор е овластен да:
  • забрани вршење на дејноста, како и да забрани употреба на објектот во кој се врши дејноста ако нема дозвола за работа, односно недостасува некој од условите за вршење на дејноста;
  • нареди воспоставување и водење на евиденциите пропишани со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон;
  • нареди отстранување на недостатоци односно неправилности во согласност со законите и другите прописи со кои се уредува заштитата на здравјето на луѓето; и
  • нареди изготвување на извештаи кои установата е должна да ги поднесе до Министерството за здравство.
  • Мерките од ставот (1) на овој член инспекторот ги наредува со решение.
  • Против решението од инспекторот може да се изјави жалба, во рок од осум дена од денот на приемот на решението.
  • По жалба против одлуките на инспекторот одлучува Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
  • Жалбата против решението од ставот (2) на овој член не го одлага неговото извршување.

Член 334

Постапување на инспекторот

Во постапката при вршењето на инспекциски надзор ќе се применуваат одредбите од другите закони кои се однесуваат на вршењето на инспекцискиот надзор на инспекторатот од членот 357 од овој закон, доколку со овој закон поинаку не е уредено.

Член 335

Усна наредба на инспекторот

  • Во случаи кога ќе утврди постоење на непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, инспекторот издава усна наредба за итно и неодложно отстранување на недостатоците, која се констатира со записник.
  • Во случаите од ставот (1) на овој член, инспекторот донесува решение во рок од 24 часа од издавањето на усната наредба.

Член 336

Едукација

  • Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот утврди дека за прв

пат е сторена неправилност од членовите …………………..  став (1) точки 9, 10, 16 17 и 18,

…………… став (1) точки 9, 10 и 11, ………………………… став (1) точка 3 и………………….. став (1)

точка 3 од овој закон е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во определен рок и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или правното лице каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.

  • Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот за здравство.
  • Едукацијата ја организира и спроведува Државниот санитарен и здравствен инспекторат којшто го извршил инспекцискиот надзор, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
  • Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за едно или повеќе лица, односно за едно или повеќе правни лица.
  • Доколку во закажаниот термин лицето или правното лице над кое се спроведува едукација не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата е спроведена.
  • Доколку лицето или правното лице над кое се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност.
  • Доколку Државниот санитарен и здравствен инспекторат при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор.
  • Доколку Државниот санитарен и здравствен инспекторат при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен орган.
  • Државниот санитарен и здравствен инспекторат којшто го извршил инспекцискиот надзор, води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот кој раководи со органот на државната управа којшто ја организирал и спровел едукацијата.

ПО УТВРДУВАЊЕ НА ТЕКСТОТ НА ЗАКОНОТ

  • КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ
  • ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Северна Македонија”, бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16).

Член

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.