Начин на кој Кина ја сопре епидемијата на Сарс-Ков-2 коронавирусот

Кинескиот Народен дневен лист Женмин жибао (People’s Daily)  во шест точки го опиша моделот што го користеше Кина за да ја запре епидемијата на Сарс КоВ-2 коронавирусот во најкраток можен рок.

Раководење 
Кина формираше Централна управа за одговор на епидемија и единствен државен механизам за контрола и превенција.                                                                                                                                      Од избувнувањето на епидемијата, претседателот Си одржа 10 состаноци и лично беше на 3 инспекции. Тој издаде бројни упатства и наредби и испрати честитки и писма за да ја охрабри и поддржи борбата против вирусот.

Мобилизација
Во Вухан, град во провинцијата Хубеи, кој беше најтешко погоден од епидемијата беа испратени инспектори и експерти. Градот беше ставен во карантин на 23 јануари 2020 година.                    Беа изградени привремени болници така што покрај  постојните 86 болници, и изградбата на 16 монтажни, вкупниот капацитет беше 60000 легла. Од сите краеви на Кине во Хубеи пристигнаа 42.000 медицински работници. Се следеше бројот на заболени и за тоа навремено се известуваше.

Организација
Милијарди јуани беа одобрени од буџетот за се помогне Хубеи да се справи со епидемијата. Низ цела Кина, беа поставени места за мерење на температурата на граѓаните. Болните со симптоми беа сместувани во болници, а оние со позитивен тест без симптоми беа изолирани во карантини. Големи собири беа забранети, училиштата се затворија, испитите, конференциите и состаноците се одложија. Производството на медицинска опрема и потрошен материјал многукратно беше зголемено. Производството на заштитна облека се зголеми на 500.000 парчиња на ден, производство на маски Н-95 на 1,6 милиони на ден, а хируршки маски на 100 милиони дневно.  Ажурирани беа плановите за дијагностицирање и третман, забрзан развој на тестови, лекови и вакцини.

Закони
Сите пазари што продаваа диви животни, инсекти и влекачи беа затворени, а фармите и резерватите на кои се одгледуваа беа заградени. Секое отстапување од законската регулатива оптро и брзо е казнувано. Трговијата со храна од диви животни трајно е забранета. Се унапредија законите и регулативите.

Солидарност
Соочен са епидемијата кинескиот народ покажа бесконачна љубов и голема солидарност. Грађаните донираа маски, храна и парични средства, работеа доброволно, го сведоа движењето на минимум, и носеа маски секој пат кога излегуваа. Останаа дома и максимално се придржуваа до препораките за хигиена и дезинфекција. Тие доброволно се ставаа во карантин по патување, особено ако доаѓаа од загрозени области.

Меѓународна соработка
Беа разменети податоци за превенција, дијагностицирање и третман на пациенти ширум светот. Кина донираше 20 милиони американски долари на Светската здравствена организација за тестови и медицинска опрема за други загрозени земји.

Во февруари 2020 година, претседателот Си комуницираше со повеќе од 30 светски лидери и раководители на меѓународни организации преку телефон, пораки и лични состаноци.

Извор: Женмин жибао  26 март 2020 година 07:03