Самостојниот синдикат комплетно ги реновираше камп куќите во населбата Андон Дуков во Охрид. Во склоп на реновирањето воведе и неограничен интернет и кабловска телевизија во сите камп куќи.
Внатрешните и надворешните простории на камп куќите се комплетно искречени. Воведена е нова електрична инсталација, приклучоци и лед светлосни апарати.
Камп куќите се состојат од:
– ходник со лавабо и мини кујна со фрижидер и мини шпорет со голема и мала рингла,
– WC со шоља, туш и бојлер,
– 1 соба со 3 кревета со јоги душеци, шифоњери и наткасни,
– Мала бетонирана приземна тераса пред објектот со маса со 4 столици.
Секој објект е опремен со:
– јастучници, чаршафи, прекривачи и ќебиња, кои корисниците ги добиваат во чиста и испрана состојба од страна на лицето одговорно за надзор и сервис на камп куќите,
– комплет прибор за јадење за три особи (плитки и длабоки тањири, лажици, вилушки, ножеви), чаши, ѓезве со шољи за кафе, лонец со дупло дно, тава,
– прибор за чистење.