Нова ТВ: Главната медицинска сестра и две други си дадоа отказ од Инфективна клиника

Три медицински сестри, меѓу кои и главната сестра денеска сите заедно си дале отказ од Инфективна клиника.

Главната медицинска сестра во Барањето навела дека причините за отказ се многубројни, но меѓу нив се непочитувањето и дегардирањето на профилиот медицинска сестра како една од најважните алки во медицинскиот тим.

Покрај главната медицинска сестра отказ си дале уште 2 одделенски сестри. Едната е на одделот за Ургентна инфектологија, а третата од одделот за неуроинфекции.

Отказите на трите медицински сестри доаѓаат во време на пандемија со коронавирус кога Инфективната клиника заедно со ГОБ “ Септември“ се столбот и го понесоа најголемиот товар со лекувањето на пациентите со Ковид-19.

Во текот на утрешниот ден се очекува раководството на клиниката да објасни што се случува таму и која е причината за заминувањето на искусен медицински кадар на сред пандемија со коронавирусот.