Нова ТВ: Заболени 17,1 процент од медицинскиот персонал – КОВИД-19 во офанзива на болниците

Коронавирусот тргна во офанзива во болниците, онеспособи и ги тргна од работниот процес многу здравстени работници, тогаш кога се најпотребни.

Вкупно 214 здравствени работници се заболени од КОВИД-19. Тоа е 17,1 од вкупниот број на медицински лица во државата, покажуваат официјалните податоци на Институтот за јавно здравје.

Се повеќе медицински персонал, лекари, медицински сестри, болничари се заразуваат со коронавирусот. Овој тренд секој ден е се поизразен. Покрај заболените, во самоизолација од 14 дена заминуваат и сите вработени кои со нив имале контакти на работните места. Болниците се празнат, се прави реорганизација на кадарот.

На Клиниката за онкологија каде што има 8 заболени лекари, медицински сестри и 2 транспортерки, во изолација се уште 20 други вработени. На Клиниката за детски болести каде што има заболена докторка, медицинска сестра и лаборант, во изолација се 26 други вработени. На Клиниката за пулмологија заболени се седум здравствени работници, три докторки и 4 медицински сестри. Сите што биле во близок контакт со нив се во изолација.

Околку 15 вработени се во изолација и болницата во Битола, а така е и во сите здравствени установи каде што има заболен персонал.

Во болницата во Дебар заболеа 8 лекари медицински сестри уште на 9 март, а по нив и двајца доктори и две медицински сестри од приватна здравствена установа, амбуланта. Тие беа први на удар, во првиот бран што го зафати Дебар со коронавирусот и карантинот. Од фотографијата каде се тројца од тимот во приватната амбуланта кои заболеа со КОВИД-19, може да се види дека тие се со обични хируршки маски. Заштитната опрема во амбулантите беше таа, во тој временски период.

Има или не, заштитна опрема во болниците

Уште од самиот почеток на кризата, на пандемијата со коронавирус медицински персонал укажува дека немаат заштитна медицинска опрема и дека хируршките маски и ракавици не штитат од заразната болест.

Надлежните обвинуваат дека медицинскиот персонал не ги почитува протоколите

Во Министерството за здравство тврдат дека јавно-здравствените установи се снабдени со потребната заштитна опрема како што се заштитни маски, ракавици, скафандери, заштитни очила и мантили. Поради тоа се воспоставени строги протоколи да се избегнуваат ваквите заеднички контакти, велат во Министерството за здравство. Од оваа епидемија, велат од таму, мора да се извлече поука и да се коригираат сите евентуални пропусти кога станува збор за спречување на ширење на инфекција во здравствени установи.

Целиот текст прочитајте го тука