Нова ТВ: Пановски: Ако кај починатата е најден КОВИД-19 ќе ја смениме светската историја

Микробилогот, професорот Никола Пановски смета дека доколку дефинитивно се потврди дека тестот кај почината велешанка е позитивен, а жената починала уште во јануари тоа може да ја смени целата светска историја. Но, ако пак, во државата имало коронавирус во јануари досега ќе имаше илјадници починати од вирусот, вели за НОВА, Пановски

Министерството за здравство се коригира и ја проширува истрагата за велешанката која беше пронајдена мртва во станот мзаедно со својот син. Во истрагата се вклучуваат и повеќе институции, а се прават и дополнителни анализи.
Откако вчера на прес конференција министерот Филипче соопшти дека починатата е позитивна на коронавирус, а тестот кај нејзиниот син е негативен од Министерството за здравство информираат дека се прави уште една анализа за да се потврди резултатот.
“Денес во Институтот за јавно здравје се прави уште една анализа на материјалот кој е земен од трахеата за да се потврди позитивниот резултат на коронавирус.
Што се однесува до останатите првични информации за случајот, засега се знае само дека жената била сигурно почината повеќе од една недела“, информираат во Министерството за здравство.
Од таму посочуваат дека резултатите од обдукцијата, кои ќе бидат готови во текот на следната недела, треба да откријат во кој период таа починала.
„Информациите кои вчера ги пренесоа дел од медиумите дека биле починати повеќе од еден месец не се точни и се чекаат конечните анализи“, велат од Министерството за здравство.

Во истрагата на овој случај се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот на епидемилозите од Институтот за јавно здравје. За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација која доколку има потреба ќе се вклучи со поддршка.
Ваквата изјава дека вирусот е најден во дишното стебло кај жена која била подолго време почината ја разбранува стручната јавност, со кометари на социјалните мрежи се јавија многу
лекари, но и експерти од оваа област.
Микробилогот, професорот, Никола Пановски вели дека не смеат да се објавуваат непотврдени резултати и дека ваквиот наод е лажно позитивен бидејќи во мртви клетки не може да живее вирусот. Тој смета дека доколку тестот бил позитивен требало да се потврди во уште десеттина светски референтни лаборатии, а потоа да се објави бидејќи ова може да ја смени целата светска историја.

Извор: Нова ТВ 8:29 PM  – 11 Април 2020