Шангајска листа за 2019 година

Академското рангирање на светските универзитети за 2019 година (АРВУ) – Academic Ranking of World Universities (ARWU) познато и како Шангајска листа, е објавено денес од страна на Шангај Ранкинг Консалтанси  (Shanghai Ranking Consultancy).

Шангајската листа од 2003 до 2008 прв ја објави универзитетот Циао Тонг од Шангај. Таа ги претставува светските Топ 500 универзитети врз основа на транспарентна методологија и објективни податоци од трети страни. Од 2009 година, АРВУ секоја година е објавувано и заштитено со авторски права од Shanghai Ranking Consultancy, независна организација која се фокусира на високото образование. Оваа година се објавија најдобрите 1000 универзитети во светот.

Харвард и годинава ја предводи Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Универзитетот Харвард е на врвот на ранг листата од 2017-та година. Универзитетот Стенфорд и Универзитетот во Кембриџ се на второ и на трето место.

Други топ 10 универзитети се МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калтех и Чикаго. Во континентална Европа, ЕТХ Цирих (19) продолжува да биде најдобро рангираниот универзитет, а Универзитетот во Копенхаген (26-то) го зазема второто место.

Универзитетот во Токио (25-ти) и универзитетот во Кјото (32-ри) ги одржуваат водечките позиции во Азија. Универзитетот Цингуа (43-то) е рангиран на третото место меѓу азиските универзитети. Универзитетот во Мелбурн (41-ри) е на врвот на универзитетите во Океанија.

Што се однесува на регионот, годинава најдобро рангирани се Универзитетот во Загреб и Универзитетот во Белград, кои се најдоа во групата меѓу 401 и 500 место.

Клучни критериуми за рангирање на универзитетите, меѓу другото, се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, бројот на добитници на Нобелови награди, високо-цитирани истражувачи или трудови објавени во списанијата „Природа“ или „Наука“. Покрај тоа, вклучени се и универзитети со значителен број на трудови индексирани од Science Citation Index-Expanded (SCIE) и Индекс на цитирање на општествени науки (SSCI). Вкупно, повеќе од 1800 универзитети се рангирани, а најдобрите 1000 се објавени.

Извор: Shanghai Ranking’s Academic Ranking of World Universities 2019 Press Release

Thursday, August 15, 2019

За повеќе информации кликнете подоле.

Academic Ranking of World Universities 2019 

Top 1000 

Academic Ranking of World Universities