Покачување на платите на докторите во Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје

Синдикатот на Клинички центри ги информира своите членови дека Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на 26.06.2015 година потпишаа Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија  за покачување на платите за специјалистите, субспецијалистите и наставно-научниот кадар вработени во Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје.
Покачувањето ќе се изврши во две фази, почнувајќи со исплатата на платата за месец октомври 2015 до декември 2015 година.

Покачувањето на платите е резултат на штрајкот на докторите од пред 2 години во кој  вработените специјалисти, субспецијалисти и наставно-научен кадар во Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје, заедно со своите колеги од другите Универзитетски Клиники и Универзитетски Институти активно учествуваа.
Синдикатот на Клинички центри претходно го потпиша Анексот за покачување на платите за вработените специјалисти, субспецијалисти и наставно-научен кадар во Универзитетските Клиники и Универзитетските Институти.
Од нејасни причини во понудениот Анекс за покачување на платите за вработените специјалисти, субспецијалисти и наставно-научен кадар во Универзитетските Клиники и Универзитетски центри, Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје беа изоставени од покачувањето.
Синдикатот на Клинички центри на претставниците од Министерството за здравство, тогаш јасно им стави до знаење дека  ваквото решение за Синдикатот е неприфатливо и дека нема ниедна реална причина за истото.
Истовремено беше истакнато дека и Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје, покрај другите Универзитетски Клиники и Универзитетски Институти беа во понудениот Анекс за покачување на платите, од пред 2 и пол години, за време на штрајкот.
Од претставниците на МЗ беше ветено дека во наредниот период ќе го разгледаат овој став на Синдикатот на Клинички центри и ќе бараат начин да изнајдат заедничко прифатливо решение.
Синдикатот на Клинички центри веднаш по потпишувањето на Анексот за покачување на платите за вработените специјалисти, субспецијалисти и наставно-научен кадар во Универзитетските Клиники и Универзитетските Институти превзема активности да ова покачување го добијат и вработените специјалисти, субспецијалисти и наставно-научен кадар во Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје.
На сите одржани состаноци на ИО на Синдикатот на Клинички центри после тоа, од кои постојат записници (27.11.2014 год.; 30.01.2015 год.; 27.02.2015 год.; 27.03.2015 год.;  24.04.2015 год. и 21.05.2015 год.), како и на  седницата на Советот на Синдикатот од 13.03.2015 година, беше истакнат ставот дека вработените специјалисти, субспецијалисти и наставно-научен кадар во Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје треба да имаат покачување на платите.
Во таа насока Синдикатот на Клинички центри беше во постојани контакти со претставници на МЗ од кои уште на почетокот на 2015 год. доби уверување дека постои расположение да целата работа се финализира на обострано задоволство, но дека се разгледува начинот за реализација на истото.
Во декември месец 2014 год. беше одржан состанок на Синдикатот на Клинички центри со докторите во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје, а во март месец 2015 год. со докторите од Универзитетскиот Стоматолошки Клинички центар. На двата состанока беше истакнато дека вработените доктори бараат од Синдикатот на Клинички центри да се избори за нивното покачување на платите. Беа договорени начелата како тоа да се изведе и спремноста сите заинтересирани страни заеднички да се изборат за истото.
Во понатамошните контакти со претставници на МЗ, Синдикатот на Клинички центри беше информиран дека МЗ одлучило да се покачат платите на докторите во Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје, само се бара начин за обезбедување материјални средства за тоа да се оствари.
По обезбедувањето на финансиската конструкција, Синдикатот на Клинички центри беше известен од претставниците на МЗ дека Анексот за покачување на плати ќе се реализира. Оваа информација, Синдикатот на Клинички центри веднаш ја достави до претставниците на докторите во Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје.
Синдикатот на Клинички центри го изразува своето задоволство што конечно покачувањето на платите го остварија и специјалистите, субспецијалистите и наставно-научниот кадар вработени во Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје и се приклучија на своите колеги од другите Универзитетски Клиники и Универзитетски Институти, кои претходно го добија ова покачување .
Анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија е излезен во Службен весник од 13 јули 2015 година и истиот е во прилог, во атачмент.

Самостоен Синдикат на Клинички центри
Претседател,
д-р Горан Беговиќ