Неуморно се бориме за здравјето и животот на сите пациенти

Здравствените работници неуморно го даваат својот максимум во третманот и грижата за пациентите. Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива. Целиот медицински персонал е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за нашите пациенти.

Во видео обраќање, д-р Милена Стевановиќ, д-р Дејан Докиќ, д-р Калина Гривчева-Старделова, д-р Илир Демири, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Димитар Каркински и медицинскиот техничар Сабри Азири порачуваат да бидеме нивната поддршка.

Тие апелираат да ги почитуваме мерките за да може да им помогнеме и на нив, кои изминативе 9 месеци се во првите борбени редови.„Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. Одамна престанавме да пресметуваме работно време. И ние имаме семејства, имаме деца, имаме постари родители. И ние не сакаме да ја однесеме болеста дома, ниту пак да се разболиме. Се трудиме и ќе настојуваме ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита за третман во болнички услови. 

Целата објава погледајте ја тука.

од Слободен печат 21/11/2020 – 10:32