Да се молиме за Тетово

Членовите на Синдикатот на Клинички центар со голема тага и неизмерна болка ја примија веста за починатите и настраданите во пожарот во Ковид центарот на Клиничката болница во Тетово.

Синдикатот на Клинички центар изразува сочуство до семејствата на починатите, а на повредените им посакува добро здравје и брзо закрепнување.

Истовремено, ја изразуваме нашата благодарност и почит за храбрата и правовремена реакција на пожарникарите во справувањето и гаснењето на пожарот.

На вработените им изразуваме поддршка и посакуваме да продолжат со својата хумана мисија во пружањето помош и лекувањето на своите сограѓани.

За починатите и настраданите и за нивните најблиски, за вработените во здравството, и за сите граѓани мора да се знае точната причина за избувнувањето на пожарот.

Синдикатот на Клинички центар очекува надлежните институции да утврдат дали постоеле соодветни услови за безбедно одвивање на работниот процес во делот во кој се лекуваат пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка, односно дали биле превземени сите мерки за безбедност и заштита на здравјето на пациентите и вработените во модуларната болница за Ковид-19 болните во Клиничката болница во Тетово.

PRAY FOR TETOVO