Пријава за осигурување на професионална одговорност

Согласно Новиот Закон за Здравствена заштита (бр.07-1704/1, од 28.03.2012 год., член 152, Сл.Весник 43/2012 год.) СЕКОЈА Здравствена установа ја осигурува одговорноста на своите здравствени работници за штета која може да ја предизвикаат при вршење на својата професионална дејност во рамките на установата.

Со цел да се пронајде осигурителна компанија која на здравствените работници-докторите по медицина ќе им понуди најсоодветно осигурување на одговорност од лекарска негрижа, Лекарската комора посвети големо внимание и превзема активности да изврши испитување на пазарот. Во таа функција ангажирано е Осигурителното брокерско друштво САФЕ ИНВЕСТ СКОПЈЕ, кое со својот стручен тим помогна во изборот на најповолна понуда.

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ е компанија со која е постигнат најповолен договор за осигурување од одговорност за штета која би можеле да ја предизвикаат здравствените работници при вршењето на здравствената дејност-лекарска грешка.

Договорената понуда е максимумот кој е понуден на пазарот во оваа област на  осигурување во Република Македонија, но и пошироко во регионот.

Понудата овозможува секој доктор поединечно, врз основа на лична проценка за можноста да предизвика стручна грешка во неговото работење, да се определи за осигурителен пакет кој го смета за најсоодветен.

Постапка за осигурување:

  • Најава за осигурување: пополнувате апликација поставена на подолу во текстот (или преземете ја од тука); пополнетиот образец се испраќа, со што аплицирате за склучување на договор за осигурување и  барате изготвување на полиса  на износ  кој го определувате со чекирање во табелата;
  • Контакт со осигурителниот брокер: осигурителниот брокер ќе воспостави контакт со Вас (телефонски или по е-мејл) при што ќе Ве информира кога и каде  да се јавите за склучување на договор за осигурување;
  • Подигање на полисата за осигурување: во договорениот термин треба да се јавите во најблиската канцеларија на осигурителното / брокерското друштво за  да ја реализирате уплатата и подигнете полисата за осигурување;

Дополнителни информации  од  стручниот тим на  САФЕ ИНВЕСТ СКОПЈЕ.
Телефони:     02 3117 644, 02 3121 656, 076 313 351, 313 353, 313 354