Програма за едукација на лекари и медицински персонал

П р о г р а м а

за едукација на лекари и медицински персонал и

за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2018 година

 

 1. ВОВЕД

Министерството за здравство, за работа со новата медицинска опрема за дијагнос-тика и лекување која ја набави за потребите на јавните здравствени установи во Република Македонија, за стручните лица кои директно ќе работат со постојната опрема организира стручно оспособување и усовршување како во земјава, така и во странство. Целта на министерството е оптимална искористеност на опремата, зголемување на квалитетот на здравствените услуги и пред се инвестирање во она што е најважно, а тоа е едуциран и оспособен медицински кадар. Заложбата на Министерството за здравство е и стручното усовршување, односно специјализацијата на медицинскиот кадар која долгорочно го подигнува квалитетот на здравствените услуги во државата. Во оваа област Министерството за здравство се фокусираше на недоволниот број на специјализации кој беше повеќегодишен проблем со кој се соочуваше здравствениот систем, така што дел од докторите воопшто немаа можност да бидат упатени на специјализација или повеќе години чекаа за истата. Токму затоа, се обезбедуваат што е можно поголем број специјализации за македонските доктори, имајќи предвид дека нивната специјализација овозможува и поголема достапност до специјалистички услуги за граѓаните, како и подобра искористеност на медицинската опрема. Освен овие активности, а со цел стекнување на најнови знаења и примена на најсовремени техники на лекување, подигнување на нивото на стручно знаење и унапредување на квалитетот на здравствените услуги во сите облици на здравствена заштита во секојдневната пракса, како и продуцирање на нови стручни лица во државата, Министерството за здравство ангажира и врвни странски лекари, еминентени медицински професионалци од најразлични области од медицината.

Со Програмата за едукација на лекари и медицински персонал за 2018 година се опфатени следните области:

  1. ЕДУКАЦИЈА НА ЛЕКАРИ И МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ ЗА 2018 ГОДИНА

Со оваа програма се опфатени потребите од едукација на лекари и медицински персонал од јавните здравствени установи во Република Македонија за 2018 година, со цел продлабочување на постојните знаења и стекнување на нови знаења и вештини во Службен весник на РМ, бр. 17 од 26.1.2018 година 2 од 5 дијагностиката и лекувањето, воведување на нови методи, фокусирани обуки и др. со опфаќање на хируршките, интернистичките дејности, стоматологијата и фармацијата, и тоа:

  1. Ортопедија и трауматологија 2. Урологија 3. Абдоминална хиругија 4. Кардиохирургија 5. Неонатална кардиохирургија 6. Торакална и васкуларна хирургија 7. Неврохирургија 8. Анестезија и интензивно лекување 9. Пластична и реконструктивна хирургија 10. Гинекологија и акушерство 11. Хематологија 12. Педијатрија 13. Физикална медицина 14. Офталмологија 15. Микробиолошка дијагностика 16. Интерна медицина (кардиологија, нефрологија, пулмологија, гастроентерохепатологија) 17. Оториноларингологија 18. Психијатрија 19. Неврологија 20. Ендокринологија 21. Дерматологија 22. Радиодијагностика 23. Клиничка биохемија 24. Инфективни болести 25. Фармакологија 26. Патологија 27. Радиотерапија и онкологија 28. Молекуларна биологија 29. Максилофацијална хирургија 30. Нуклеарна медицина 31. Кардиологија 32. Стоматологија 33. Фармација 34. Симулациски Центар 35. Пет центар 36. Традиционална кинеска медицина и други
  1. СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ, СУПСПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ НА ЛЕКАРИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСТВО

Покрај едукациите на лекари и останатиот медицински персонал од Република Македонија во странство, со оваа програма опфатени се и специјализациите, супспецијализациите на лекари од јавните здравствени установи од Република Македонија во реномирани медицински центри/факултети/универзитети во странство. Службен весник на РМ, бр. 17 од 26.1.2018 година 3 од 5

  • АНГАЖИРАЊЕ НА СТРУЧНИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ОД СТРАНСТВО

Со оваа програма се опфатени трошоците кои произлегуваат од ангажирањето на стручни медицински лица кои доаѓаат од еминентни центри од странство во текот на 2018 година со цел едукации/практична работа/тренинзи/обука на медицинскиот кадар во јавните здравствени установи во Република Македонија.

  1. ЕДУКАЦИИ ВО УСТАНОВАТА МЕДИЦИНСКИ СИМУЛАЦИСКИ ЦЕНТАР СКОПЈЕ

Со оваа програма се опфатени и едукации кои се реализираат во установата Медицински симулациски центар Скопје, кои се наменети за стекнување практични вештини неопходни за стекнување на називот доктор на медицина, дел од процесот на полагање на практичниот дел од стручниот испит, дел од процесот на стекнување на практични вештини за стекнување со стручно звање специјалист и супспецијалист, дел од полагањето на практичниот дел на специјалистичкиот и супспецијалистичкиот испит и дел од процесот на продолжување на лиценца на докторите на медицина. Средствата ќе се исплаќаат периодично, согласно потребата и динамиката на реализација на едукациите. Установата Медицински симулациски центар Скопје до Министерството за здравство ќе доставува месечни и/или периодични извештаи за сите едукации извршени во периодот за којшто се известува.

  1. КОФИНАНСИРАЊЕ НА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА, ОДНОСНО СУПСПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ВРАБОТЕНИ ВО ПРИВАТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ, ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА И НЕВРАБОТЕНИ

Покрај едукациите на лекари и останатиот медицински персонал и специјализациите, супспецијализациите на лекари од Република Македонија во странство, со оваа програма е опфатена и можноста за кофинансирање на здравствените работници и здравствените соработници кои не се вработени во jавна здравствена установа, односно дел од надоместокот за овие специјализации ќе го покриваат согласно оваа програма. Средствата за кофинансирање ќе бидат определени во зависност од потребата за определени специјалистичко-консултативни услуги во конкретна општина, односно јавна здравствена установа, како и врз основа на податоците од електронската листа на закажани прегледи, како и бројот и старосната структура на специјалистите, односно супспецијалистите во општината или установата. Со оваа програма се определува бројот на слободни места за специјализација или супспецијализација по општини и јавни здравствени установи, како и износот на средства за кофинансирање. Предвидено е запишување на специјализанти на кофинансирана приватна специјализација заради довршување на започната специјализација или пак целосно започнување и завршување на истата. Докторите на медицина кои навреме ќе ја завршат специјализацијата, имаат гарантирано склучување на договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија за избран лекар педијатар, односно гинеколог, со гарантиран месечен надоместок и за нив капитацијата ќе се пресметува стимулативно во вредност од 1000 поени на месечно ниво. Програмата за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени има за цел: Службен весник на РМ, бр. 17 од 26.1.2018 година 4 од 5 1) Да се постигне балансирана дистрибуција на специјалисти на територијата на целата држава, што сериозно ќе влијае на обезбедувањето на специјалистичка здравствена заштита и решавање на проблемот со недостаток на специјалисти во некои општини во Македонија. 2) Значително да се подобри статусот на приватните специјализанти преку зголемување на нивните редовни приходи. 3) Да се стимулираат здравствените работници и здравствените соработници, а особено младите доктори на медицина да запишуваат специјализации по гинекологија и педијатрија и на тој начин да се надмине недостатокот на гинеколози и педијатри во секоја општина во Македонија. 4) Да се подигне стандардот на младите доктори кои преку учество во програмата за кофинансирање ќе добиваат загарантиран приход по завршувањето на специјализацијата, односно супспецијализацијата.

  1. ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Средствата за реализација на активностите предвидени со оваа програма се предвидени за: – трошоци за обука (надоместок за едукацијата или котизација по доставена фактура или слично), – надомест на трошоците за превоз (автомобил – признавање на трошокот во висина на автобуска карта, автобус, воз или авион до и од местото на обука), – сместување во местото на обука, – месечен надомест за престој по лице за времетраењето на обуката за лицата кои ќе заминат на обука во надлежна институција од областа на здравството во странство е во износ од 500 (петстотини) евра, освен за лицата кои ќе заминат во Република Франција и Обединетото Кралство кој е во износ од 800 (осумстотини) евра по лице и за лицата кои ќе заминат на двегодишна субспецијализација во Универзитетската болница во Кембриџ, Обединето Кралство, кој е во износ од 1.500 (илјада и петстотини) евра по лице, – сите трошоци кои произлегуваат од специјализациите/супспецијализациите во странство, – дополнителни трошоци кои произлегуваат од законските прописи од земјата каде се обавува обуката, специјализацијата/супспецијализацијата со доставување на соодветен документ, – трошоци поврзани со ангажирање на странски доктори/тимови од еминенти медицински центри од странство и тоа: трошоци за пат, сместување и надоместок за извршената едукација, – трошоци за едукации кои се реализираат во установата Медицински симулациски центар Скопје после доставени месечни и/или периодични извештаи за сите едукации извршени во периодот во висина од 6.000.000,00 денари, – трошоци за покривање на дел од средствата за спроведување на специјализацијата, односно супспецијализацијата и за полагање на специјалистички, односно супспецијалистички испит на здравствените работници и здравствените соработници преку кофинансирање на Универзитет Свети Кирил и Методи –Медицински факултет Скопје и Универзитет Гоце Делчев Штип – Медицински факултет Штип . – дополнителните трошоци кои произлегуваат од едукацијата на лекари и други здравствени работници и соработници од Република Македонија во странство, трошоци за специјализации/супспецијализации во странство, ангажирање на странски доктори/тимови со цел едуцирање на нашите доктори и медицинскиот кадар, како и едукациите кои се обавуваат во Медицинскиот симулациски центар Скопје согласно склучените договори. Службен весник на РМ, бр. 17 од 26.1.2018 година 5 од 5 Програмата ќе се реализира во обем и содржина на средствата одобрени од Буџетот на Република Македонија за 2018 година во вкупен износ од 38.000.000,00 денари од кои 18.000.000,00 денари од основниот буџет и 20.000.000,00 денари од буџетот за самофинансирачки активности на Министерството за здравство. Заостанатите обврски од 2017 година ќе се измират во 2018 година.