Ремдесивир како можна терапевтска опција за КОВИД-19

Со појавата на САРС-КоВ-2, етиолошки агенс на КОВИД-19 се јави потреба од вакцина и ефикасен антивирусен лек за третман на ова заболување. Се сугерираше дека ремдесивирот може да биде опција за терапија на пациенти со КОВИД-19.

Ремдесивир (код за развој GS-5734) е антивирусно средство со широк спектар. Тоа е монофосфорамидатен пролек и е аналог на аденозин. Синтетизиран и развиен е од Gilead Sciences во 2017 година како третман за инфекција со вирус на ебола. Овој пролек е експериментален и не е лиценциран или одобрен во моментов.

Ремдесивирот се метаболизира во својата активна форма GS-441524, која ја прави непрепознатлива вирусната РНК полимераза со што се избегнува корекцијата на вирусната егзонуклеаза, и доведува до смалено производство на вирусна РНК. Антивирусниот механизам на ремдесивирот е одложено прекинување на ланецот на иницијалната  вирусна РНК.

Ин-витро студиите покажаа дека ремдесивирот може да ги инхибира коронавирусите како што е репликацијата на SARS-CoV и MERS-CoV.

Една студија покажа дека комбинацијата на ремдесивир и бета интерферон биле супериорни во однос на лопинавир, ритонавир и бета интерферон ин витро и кај Мерс-КоВ модел на глушец.

Во моментов во тек се повеќе студии за проценка на ефикасноста и безбедноста на ремдесивирот кај хоспитализирани пациенти со КОВИД-19, во кои покрај друготе се и рандомизирана, контролирана, двојно слепа клиничка студија во која се вклучени 308 хоспитализирани возрасни, и друга во 3 фаза, рандомизирана, двојно слепа, плацебо контролирана, мултицентрична студија во која се вклучени 452 хоспитализирани возрасни пациенти со тешка респираторна форма на КОВИД-19.

Клиничката ефикасност на ремдесивирот врз КОВИД-19 сеуште е нејасна, а научниците ги чекаат конечните резултати од овие тековни испитувања.

Remdesivir as a possible therapeutic option for the COVID-19. Travel Medicine and Infectious Disease  Available online 5 March 2020, 101615