Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во РМ му го честита изборот на г-дин Арбен Таравари за Министер за здравство и се залага за целосно спроведување на програмата на владата за покачување на платите на вработените во јавните здравствени установи 01.06.2017

Владата предвидува бесплатно болничко лекување и плати од 1600 евра за специјалиститe новата Влада планира зголемување на основната плата на сите здравствени работници, со што се очекува основните плати да бидат двојно зголемени до крајот на мандатот.

До 2020 година платите на докторите-специјалисти во терциерното здравство предвидено е скалесто да се зголемуваат и да изнесуваат минимум 100.000 денари, односно 1.600 евра.

Проектот по учинок ќе биде укинат. „Мој термин“ ќе биде заменет со систем кој ќе гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво, со точно утврдени рокови и обврски. Во предлог-програмата пишува дека новиот систем драстично ќе го намали времето за административни обврски на докторите.

Владата во програмата предвидува и изградба на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје и ќе го врати концептот на единствен Универзитетски клинички центар во кој клиниките ќе бидат функционално поврзани.

Предвидена е специјализација за најдобрите 10 студенти во секоја генерација и да се зголемат квотите на државните специјализации. Предност ќе имаат дефицитарните специјализации според потребите на здравствените установи и регионите, а за време на специјализацијата на приватните специјализанти, ќе им се исплаќаат плата и придонеси во висина на минимална гарантирана плата за општ лекар.