Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија го честита изборот на новото раководство на Лекарската комора на Република Македонија

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија им го честита изборот на доц. д-р Калина Гривчева – Старделова за претседател на Лекарска комора на Република Македонија, д-р Илбер Бесими за заменик на претседателот на Лекарска комора на Република Македонија и д-р Џабир Бајрами за претседател на Собрание на Лекарска комора на Република Македонија и им посакува успех во работата.

Лекарската комора на Република Македонија секогаш ќе има соработник во Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија за остварување на правата, достоинството и статусот на лекарите во Република Македонија.

Скопје, 29.05.2017 година

Претседател на Самостојниот синдикат на
вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и
други јавни здравствени установи во Република Македонија
д-р Горан Беговиќ