Самостојниот синдикат на Клинички центри го осудува физичкиот и вербален напад врз дежурен доктор и медицинска сестра на Детското одделение во Клиничката болница во Тетово. Овој синдикат повторно укажува на потребата да се воспостави систем на професионална и ефикасна заштита на здравствените работници и соработници.
На сторителите на овој и слични настани треба да им се изрекуваат казни кои покрај другото ќе придонесат во иднина да не се повторуваат појавите на насилничко однесување врз здравствените работници и соработници во извршувањето на нивната хумана дејност.
Скопје, 04.01.2016 година