Сараево: Здравствените работници се во штрајк

Повеќе од 3,000 членови на синдикатот на здравствените работници во Жупанијата Сараево од денес се во генерален штрајк.

Договорот за зголемување на платите и новиот грански колективен договор со преговарачкиот тим на жупаниската Влада не е постигнат. Од Владата велат дека не можат да одговорат на зголемувањето на коефициентите. Во Жупанијата Сараево делуваат два синдикати, а во генерален штрајк стапи Синдикатот на работниците во здравството, во кој најмногу членуваат медицински техничари и администартивниот персонал. Со спогодба со синдикатот осигуран е континуитет на работата, кога се работи за итни случаи.

Претседателот на Синдикатот на работниците во здравството на Жупанијата Сараево потврдил за Фена дека нема да се откаже од штрајкот кој денеска го започна, како и дека од среда или надицна во четврток ќе почнат да излегуваат пред нивните јавни здравствени установи.

„Штрајкот ќе трае се додека не им проработи свеста за квалитетот на здравството на оние кои се надлежни. Ќе продолжиме со борбата“, порачал.

Селимиќ потврдил дека нивното основно барање е почитување на гранскиот колективен договор и додал од 7 Февруари сите работници во здравството се без грански колективен договор за правата и обврските на сите вработени во здравството.

Истакнал дека сите здравствени работници ќе одат на работа, бидејќи нивниот штрајк се спроведува на работно место, како и нагласил дека ќе ги исполнуваат обврските во смисла на згрижување на итните случаеви во согласност со законот за штрајк.

Извор: www.rabotnik.com.mk  Sep. 02, 2019 at 3:11 pm