САРС-КоВ-2 може да се пренесе преку дишење

САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува КОВИД-19, може да биде аеросолизиран од „нормално дишење“, се вели во дописот на Комитетот на Националните академии на науки, инженерство и медицина.

Писмото, испратено до Канцеларијата за наука и технологија на Белата куќа, наведува бројни истражувања кои укажуваат на присуство на коронавирус во аеросоли.                                          Во едно истражување, тестираните примероци од воздух собрани на повеќе од 2 метри од двајца пациенти во соби за изолација  со КОВИД-19 се позитивни за SARS-CoV-2 RNA.                    Во друга студија, пациенти со сезонски коронавируси (освен SARS-CoV-2) беа рандомизирани да издишат здив со или без хируршки маски на лице. Вирусна РНК е откриена кај 40% од аеросоли и 30% од респираторни капки собрани од учесници без маска за лице, но во ниту една собрана од оние кои носат маска. Истражувачите со последната студија велат дека откритието „има важни импликации за контрола на КОВИД-19“.

Во писмото на Академијата  се предупредува дека студиите што се базираат на ланчана реакција на полимераза (PCR) за да детектираат присуство на вирусна РНК, може да не претставуваат вијабилен вирус во доволни количини за да предизвика инфекција. Како и да е, присуството на вирусна РНК во воздушните капки и аеросоли укажува на можноста за пренесување на вируси преку овие патишта“.

Неколку дена по испраќањето на писмото, CDC им советуваше на особите постари од 2 години на јавни места каде што другите мерки за социјално оддалечување тешко се одржуваат, особено во области со значителна трансмисија на болеста врз основа на заедницата, да носат платнени прекривки за лице (не хируршки маски).

Агенцијата наведе зголемени докази за асимптоматска трансмисија на САРС-Ков-2 и прецизирала дека прекривките за лице се наменети да помогнат (да ги задржат) луѓето кои можеби имаат вирус, а тоа не го знаат, да не го пренесат на други“.

CDC на својата веб-страница нуди насоки како да се направат и како да се носат маските од ткаенини. Одделно, една приказна на Њујорк Тајмс ги испитува доказите врз основа на кои материјалите можат најдобро да го филтрираат вирусот – меѓу другите, од перници и фланелни пижами. Покрај тоа, „Тајмс“ го цитира следниов совет на
д-р Скот Сегал, анестезиолог, кој го проучувал начинот како да се одреди квалитететен материјал за маски и го констатирал следното: „Држете го материјалот до јако светло. Ако светлината помине многу лесно низ влакната и скоро може да ги видите влакната, не е добра ткаенината. Ако ткаенината е погуста, и е од подебел материјал и светлината низ него не поминува во голема количина, таков материјал треба да се искористи.

Извор: NEJM Journal Watch   April 5, 2020   Од Ејми Орчари Херман Уредено од Асс. Проф. Сузан Садуги и Проф. Андре Софеар