Симптоми на Ковид 19 по денови

 

Типични симптоми на Ковид-19 по денови

Типични симптоми на Ковид-19 по денови 

Една нова студија од Вухан, местото на појавата на Ковид 19 ги опишува симптомите на болеста, кои се равиваат во различно време.

Анализата вклучува возрасни особи со „Ковид-19“ примени во болницата Џининтан (Jinyintan Hospital) и Пулмоналната болница во Вухан (Wuhan Pulmonary Hospital) по 29 декември 2019 година, кои биле отпуштени или починати до 31 јануари 2020 година.

1 Ден 
За повеќето луѓе, првите симптоми ќе бидат треска (температура над 37,8C) и/или кашлица, која обично е сува на почетокот. Покрај овие , и болки, особено болките во мускулите, како и општото чувство на замор се исто така чести симптоми.
Болките во грло и запушен нос се ретки, а течење од носот или кивање се уште поретки.

Најчести симптоми  на „Ковид-19“ кај потврдени случаи до 22 февруари 2020 година

Во студијата спроведена во Вухан, од 138 пациенти, околу десет проценти од луѓето доживеале дијареја и гадење неколку дена пред развојот на треска.
Развивањето на овие симптоми не мора да значи дека постои болест, и тие симптоми се слични на други болести, како што е обичната настинка или грипот.
Некои луѓе нема да ги развијат сите овие симптоми, а некои можеби воопшто нема да имаат симптоми.

5 ден

Тим истражувачи кои истражувале 138 пациенти со „Ковид-19“ во болницата Жонгнан при  универзитетот Вухан (Zhongnan Hospital of Wuhan University) откриле дека во просек биле потребни пет дена на луѓето да развијат знаци на потешкотии во дишењето – од прикажување на првите симптоми.

Пациентите кои се постари и/или хронични болни, вообичаено се оние кои имаат потешкотии  при дишењето – диспнеа.

Знаци дека некое лице има диспнеа вклучуваат скратен здив, чувство на гушење или давење, стегање во градите, забрзано, плитко дишење, срцеви палпитации и тешко дишење.

7 ден

Според д-р Јарвис, „Кај поголемиот број луѓе, повеќето симптоми ќе се решат во рок од една недела“.

Седмиот ден, околу 85% од дијагностицираните со коронавирус забележуваат намалување на нивните симптоми, и при тоа е можно и излегување од изолација.

Сепак, доколку во едно домаќинство има еден член со симптоми на коронавирус, тогаш сите членови на домаќинството мора да останат во изолација и да не ја напуштаат куќата 14 дена.

Обично седмиот ден, останатите 15% (кај кои симптомите не се намалуваат и покажуваат знаци на диспнеа) се примаат во болница.

CDC советува на секој кој има алармантни, предупредувачки знаци за несакан развој на Covid-19, како перзистентна болка во градите или стегање, скратен здив и модри усна или лице, да му се укаже лекарска помош.

8 Ден    

Пациентите со сериозни симптоми и тешка клиничка слика имаат тенденција да развијат синдром на акутен респираторен дистрес (ARDS).

ARDS се јавува кога белите дробови се тешко воспалени поради инфекција или повреда, а воспалението предизвикува истекување на течност од околните крвни садови во алвеолите на белите дробови, со што дополнително се отежнува дишењето.

При оваа по живот опасна состојба, белите дробови не можат на виталните органи да им обезбедат  доволно кислород.

Симптомите на ARDS може да вклучуваат силен недостаток на здив, брзо, плитко дишење, умор, поспаност или забуна и чувство на слабост.
Според кинескиот центар за контрола и превенција на болести, 15 проценти од случаите ја достигнуваат оваа точка.

10 ден

Пациентите со влошени проблеми со дишењето обично се прифаќаат и лекуваат  во единицата за интензивна нега на десеттиот ден.